______________________ "Through discipline comes freedom"
Гостин Гостин
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 5/8/2014, 13:45
Дали има некој повеќе информации за случката на трибина во Битола? Нешто не ми е јасно, МВР изветува дека "самоубиецот" ја земал бомбата од еден од полицајците, а Комитите кажуваат(и докажуваат со нивно видео) дека некој полицаец ја фрлил на земја. Комитите исто така се вадат на тоа дека на видеото "Турчин" ја држи бомбата во десната рака, а му пукнала во левата. Во ниеден случај никој не спомна кога каде или како пукнала бомбата, и нешто е чудно тука, бидејки бомбата е во рацете на "Турчин" околу 10 секунди, а времето до детонација било 3 секунди. Дали тоа значи дека "Турчин" ја активирал или?
Alvar
Број на мислења : 11127
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 5/8/2014, 14:12
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 5/8/2014, 16:07
Искрено не знам како би дошло до таква експлозија на шок бомба која би откинала рака на одредено лице ако тоа лице во истиот момент не ја држел бомбата, а притоа сите околу него имаат повреди на долните екстремитети. Единствено реално сценарио е дека бомбата му паднала на полицискиот службеник или му била одземена од страна на навивачот при што истиот ја активирал и дошло до пукање и повреда на раката. Не дека го оправдувам полицискиот службеник ама тоа ми изгледа некако нај реално...
______________________ "Through discipline comes freedom"
Гостин Гостин
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 5/8/2014, 18:36
Еве тука Турчин од прва рака објаснува како се случило тоа...
Генерал
Број на мислења : 2343
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 5/8/2014, 19:48
Ајде да се вратам на студентските денови.
Таканаречените "Шок бомби" се едно од средствата кои најмногу се употребуваат од страна на посебните или специјалните единици. Поради нивниот ефект тие се незаменлив дел од опремата на овие единици. Овие средства спаѓаат во групата на несмртоносни оружја и како такви се наменети за ситуации во кои нема услови за употреба на огнено оружје или најчесто кога сака да се избегне негова употреба ( најдобар пример се упадите во простории ). Нејзиното дејство е на тој начин што одкако ќе се извлече осигурувачот, во рок од 3-4-5 секунди просечна „Шок бомба“ испушта 175 децибели звук и 2,5 милиони кандели светлина на 5 метри. Со ова се предизвикува дезориентираност и приверемено слепило. Од друга страна доаѓа и психолошкиот ефект кој го имаат. Тоа е нивната примарна и единствена задача, никако да повредуваат или да убиваат.
За конкретната ситуација: На едно видео јасно се гледа дека, сега повредениот ја држи во раце бомбата повеќе од предвиденото време за нејзино активирање. Под претпоставка дека е фрлена од страна на полицајците логично е истата да била активирана.
При секоја интервенција постои одредена можност да дојде до губење или оштетување на опремата, што не мора да биде само по себе грев. НО, грешката кај полицајците треба да се бара во тоа што, полицаецот кој бил задолжен со оваа опрема согласно тактиката на работа ТРЕБА да се наоѓа зад кордонот. Според мене тоа е нивната грешка.
Секој човек знае дека доколку наиде на нешто за кое смета дека е бомба, мина или било какво опасно средство истото не треба да го допира. Не ми држат муабетите за жртвување дека тоа е сторено за спасување на останатите. И самиот признава дека ја зел од земја и сакал да ја фрли на празниот дел ( а јас мислам дека сакал да ја врати на полицајците бидејќи замавнува кон нив ).
Како и да е, од ова треба да извлечат поука и навивачите НО и полицијата. Да си направат самостојни дебрифинзи, анализи па ако треба и заеднички и да извлечат заклучоци како и што понатаму.
______________________ Потта штеди крв!
Зоран
Број на мислења : 3805
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 5/8/2014, 23:22
Генерал напиша:

Како и секој пат 100 % се согласувам со тебе, Но на тнр обични полицајци им фали тренинг( мое нестручно мислење) некако ми делува по неорганизирано од навивачите.