Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+18
shady3
Wolf
beowulf
tose
JKD
Mrshajnoski
gladiator_17
Iko
alexmkd
Генерал
assasian
Momak od Gjorce
РИС
Legija91
Smrtnikot
Зоран
Alvar
SIG
22 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 39 ... 75, 76, 77 ... 88 ... 100  Next
АвторПорака
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 EmptyСре 06 Aвг 2014, 12:50

Потребата од континуиран тренинг е евидентна во секоја област од полициското работење. Почнувајќи од секојдневното вршење на задачите ( позорна - патролна дејност, контрола на лица и возила и легитимирање на лица итн. ) а завршувајќи со извршување на посебни задачи како што е оваа - обезбедување на натпревар со висок ризик. Ние имаме кадар кој може да ги спроведува овие тренинзи, поголеми дополнителни средства и трошоци не се потребни. Потребна е само добра волја и мотивирање на полицајците.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 EmptyСре 06 Aвг 2014, 17:26

Се согласувам. Има една Словенечка поговорка која гласи vaja dela mojstra а значи нешто како вежбата прави мајстор. Ова важи за сите области од животот, не само полициската работа.

 ziveli 
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 EmptyНед 10 Aвг 2014, 14:00




______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 EmptyПон 11 Aвг 2014, 11:35

Џабе не замараат со гејциве, тие не ни се вистинскиот проблем у никој случај.

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 EmptyСре 13 Aвг 2014, 10:10

Апсењата во Косово аларм за Македонија

Косовската полиција уапси 40 жители на Косово, кои се потенцијална закана за безбедноста, а претходно биле дел од радикалните формации на ИСИС и Ал Нусра на боиштата низ Сирија и Ирак. Се трага уште по 17 лица, кои наводно планирале напад на косовските и меѓународни институции.

Според информациите од косовските медиуми, најмногу од уапсените се од регионот Феризај или Урошевац - дури 11, а неколкумина од нив и во градот Качаник, кој се наоаѓа на „една педа“ земја од територијата на Македонија. Засега нема информации дали разбиената радикална мрежа има свој линк во земјава.

Официјално, деветмина македонски државјани загинале борејќи се против Асад или во редовите на Исламската држава, но според надлежните нема причина за загриженост, бидејќи тие главно живееле во странство, каде и биле регрутирани. Тврдат дека, според оперативните сознанија, во земјава не постои нешто што би функционирало како регрутен центар или центар за обука на радикални исламисти.

„Најголем дел од лицата кои загинаа во борбите во Сирија и Ирак подолг период не престојуваат во земјава. Тие се регрутирани во центри во некои земји на балканот и Европската унија“, информираат од МВР.

Сепак познавачите на безбедносните состојби на Балканот предупредуваат дека апсењата на Косово, конечно, треба да го вклучат алармот и кај безбедносните служби во Македонија. Според нив, речиси е неверојатно радикалните структури кај нашиот сосед да немаат пуштено пипци или корени во земјава, ако со сигурност се знае дека метастазите на џихадизмот екстремно брзо се шират на Балканот.

Информациите што стигнаа од Косово, велат, беа вознемирувачки. Тамошните полициски службеници во рамките на истрагата извршиле над 60 претреси на различни локации, вклучувајќи и џамии за кои се верува дека служеле за регрутни центри. Запленето е големо количество оружје, експлозиви и муниција од различен калибар.

Полициската акција ја поздрави и претседателката на Косово, Атефите Јахјага, која порача дека оваа држава не смее да биде засолниште на екстремистите и извор на криминални и терористички активности, кои би го загрозиле мирот, стабилноста и уставното уредување.

„Акцијата во Косово треба да ни служи за пример, како треба да реагира државата во ситуација на закана по безбедноста“, вели професорот по безбедност и бивш разузнувач Владимир Пивоваров.

Ние, додава Пивоваров, премногу лесно, дури можам да речам незаинтересирано, поминуваме преку еден сериозен проблем, кој е закана по безбедносната состојба.

„Случувањата на Косово потврдуваат дека ѓаволот ја однел шегата. Погледнете само колку земји во регионов донесоа закон по брза постапка со кои се пресретнуваат ваквите ризиците. Мислам на Косово, БиХ, Албанија, претходно Србија...Тие со закон им забранија на нивните државјани да учествуваат во било каков воен конфликт во странска држава. Казните се драконски, минимум 10 години. Очигледно е дека луѓето си работат на својата евроатланска интеграција, а ние и натаму се прашуваме зошто сме на дното“, вели Пивоваров.

Причините зошто се' уште не се регулираат ваквите појави, според него, веројатно се од политичка природа. „Сите знаеме дека еден од оние кои заминаа во Сирија беше момчето кое ја постави бомбата пред гимназијата во Куманово во ноември 2002 година. Таа експлодираше, но среќа беше што ѕвончето заѕвоне една минута подоцна, инаку ќе имавме десетици мртви деца. Тој беше осуден, но потоа излезе на слобода“, вели Пивоваров.

Тој разочарано констатира дека ниту една од албанските партии не организирала дебата на оваа тема, ниту, пак, се слуша некаков глас од Владата.

„Слушаме само неуморни повторувања дека ситуацијата внимателно се следи и дека доколку треба ќе бидат превземени сите потребни мерки. До кога така? Додека не ни се случи нов „Монструм““, вели Пивоваров.

Пред неколку месеци на вакви проблеми како во Косово предупреди и поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов, кој побара од владата да донесе стратегија за да се справи со, како што рече, исклучително сложените безбедносни проблеми кои може да настанат од страна на оние што учествуваат во борбите во Сирија.

Според косовските медиуми водачот на радикалната група Бујар Брахими за време на полициската акција не бил пронајден во неговиот дом.

Брахими кој потекнува од Косовска Митровица бил припадник на групата „Исламска држава“ во Сирија и е близок пријател на еден од водачите на оваа група Мавдрим Мухаџери, кој две години работел за НАТО во Авганистан. Во април година тој се вратил во Косово и веднаш почнал да агитира меѓу граѓаните да заминат и да им се „приклучат на останатите муслимани во џихадот“. Во акцијата во Косово беа затворени два објекта за кои постојат сомнежи дека биле користени за регрутирање на младите луѓе за заминување во Сирија. Станува збор за илегалната и импровизирана џамија во зградата „Термокоса“ во населбата Дарданија во приштина и за „Кулата на сирачињата“ во Превала, кои според полицијата биле зборните места за оваа терористичка мрежа.

Неодамна некои западни медиуми пишуваа за опасноста од вахабистички движења на Балканот. Пред неколку години и Зимер Салихи имам од косовско-албанската џамија во Лондон издаде комунике со кое предупреди на ширење на радикален ислам кај муслиманите-Албанци. Тој нагласи дека состојбата е критична и во Македонија. Алармантен беше и самиот факт што и Исламската верска заедница призна дека во земјава има радикални исламски групи. Се појавија и шпекулации дека се проповедала радикална идеологија во скопските џамии - Иса Бег, Султан Мурат и Хатунџук-џамијата, кои подолго време не биле под контрола на ИВЗ.

http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=C8A3A2317C6D73488F58B5BF2DBC21A7

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 EmptyСре 13 Aвг 2014, 13:17

Вечер игра Македонија-Израел,ги чуваат израелциве многу јако,и како што ми кажаа,Мосад се дојдени за таа намена...
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 EmptyСре 13 Aвг 2014, 15:04

Секаде кај и да одат израелците се под зајакнат надзор... платија со крв тие за тоа, си имаат свои причини.
Вратете се на почетокот Go down
BABUN

BABUN


Број на мислења : 133

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 EmptyСре 13 Aвг 2014, 18:31

JKD напиша:
Вечер игра Македонија-Израел,ги чуваат израелциве многу јако,и како што ми кажаа,Мосад се дојдени за таа намена...
Мосад кога е заминат од тука...а не да дојди  Smile 
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 EmptyСре 13 Aвг 2014, 19:11

Па не би се сложил со тоа дека е заминат...мислам дека мошне добро е укопан тука...
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 EmptyЧет 14 Aвг 2014, 12:33

Нели имаше некоја статија кадешто бифшиот прв разузнавач кажува дека пред 5 години имало над 15 раз. служби кај нас што работат, а денес само Мосад
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 76 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 39 ... 75, 76, 77 ... 88 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: