|
|
| 1. Пешадиска Бригада | |
|
+21Momak od Gjorce BoyfromKavadarci dzole Alvar Panter икс bucko123 Braveheart993 ESN AntiLigushi leopard РИС SIG Dejan N Зоран BABUN Smrtnikot JKD Генерал Legija91 Macedonian Knight 25 posters | |
Автор | Порака |
---|
Macedonian Knight
Број на мислења : 325
| Предмет: Re: 1. Пешадиска Бригада 25/4/2015, 12:41 | |
| Барем спремна армија имаме, нема на цедило да не остават | |
| | | ESN
Број на мислења : 1595
| Предмет: Re: 1. Пешадиска Бригада 25/4/2015, 14:34 | |
| Значи секој професионален војник кој е во пешадијата има секој месец 10 км марш и на секои 6 месеци физички проверки,така да има таму дозволено колку пати може да не ги поминеш вежбите ако направиш повеќе пати си одиш дома.Затоа дечките се стварно добри не се како обичните плавци да седат,да јадат ,да ги полнат мешаците без никакви проверки И затоа народот има повеќе верба во арм ______________________ СЕКОГАШ И СЕКАДЕ ПРВИ
| |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: 1. Пешадиска Бригада 25/4/2015, 17:19 | |
| - Macedonian Knight напиша:
- Барем спремна армија имаме, нема на цедило да не остават
Од кај знаеш дека дечките од МВР исто така не се спремни . Играм фудбал па не можам да ги натрчам . АЈ баталете бош муабет ве молам.Поготово елитните единици се коска у заби може да не носат + секој ден во спасувачки миси спасуваат животи секој ден те матка , те ваму те таму лудето буквално бдеат над нас. ______________________ Мијак 100 %
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: 1. Пешадиска Бригада 25/4/2015, 20:06 | |
| - Зоран напиша:
- Macedonian Knight напиша:
- Барем спремна армија имаме, нема на цедило да не остават
Од кај знаеш дека дечките од МВР исто така не се спремни . Играм фудбал па не можам да ги натрчам . АЈ баталете бош муабет ве молам. Поготово елитните единици се коска у заби може да не носат + секој ден во спасувачки миси спасуваат животи секој ден те матка , те ваму те таму лудето буквално бдеат над нас. Реално,обичните плавковци не се спремни.Оние што се во ПЕП,се по спремни,но не сите,бидејќи се огромен број и не може сите да се спремни,бидејќи имаат и години и стомаци но имаат искуство.Кај нас во Аеродром оние што се во ПЕП често се цивил,бидејќи они се сметаат за по спремни,по обучени,по искусни.Иако сум разговарал со еден од нив и ми има кажано дека проверките ги поминуваат од шала,односно дека им прогледуваат низ прсти...од една страна можеби така и треба,од друга и не треба...али они си знаат. За единиците нормално е друга песна,мада и таму можеш да најдеш исклучоци...пример во АЛФА има еден буцко,го има и на алфа акција и на неколку апсења...на алфа акција требаа да прекачат едно брденце(мислам беше парк тоа) едвај го искачи...мене да ме прашуваат,не би прогледувал низ прсти ни за еден од единиците,за ПЕП би формирал чети(знам дека се поделени така) ама првите чети да влагаат само спремни,и тие да имаат 20% поголема пплата,а останатите чети каде ќе бидат сместени по-не спремни,да примаат по 10% поголема плата. | |
| | | ESN
Број на мислења : 1595
| Предмет: Re: 1. Пешадиска Бригада 25/4/2015, 21:18 | |
| Jас ги цитирав само плавковците за други единици не зборев ______________________ СЕКОГАШ И СЕКАДЕ ПРВИ
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: 1. Пешадиска Бригада 30/4/2015, 15:29 | |
| Стационарно логорување на инженерискиот баталјон на АП „Криволак“ со реализирање на обука – програмски гаѓања и вежби со боеви МЕС Во период од 22.04. до 29.04.2015 година дел од потчинетите единици на инженерискиот баталјон (инжб) од 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), во согласност со Планот за обука реализираa стационарно логорување на Армискиот полигон „Криволак“, на кое спроведоа гаѓање со лично вооружување (л/в) и вежби за поединец и за единица со боеви минско-експлозивни средства (МЕС). Цел на активностите е оспособување и извежбување на припадниците на инжб за живот и работа во теренски услови, правилно ракување и употреба на л/в како и самостојно и колективно безбедно и правилно ракување со експлозивни полнења (е/п) и со средствата за палење на е/п. Логорувањето започна со дневно и ноќно гаѓање од л/в на стрелиштето „Брест“. Наредните денови, на вежбалиштето за инженериска обука „Мушанци“, се реализираа вежби со боеви МЕС за поединец и тоа: Изработка и палење на бавногорлива запалка, палење на е/п со бавногорлива запалка, палење на електрична детонаторска каписла (ЕДК) и палење на е/п со ЕДК. Во продолжение се реализираа вежби за единици и тоа: изработка на мрежа за фитилно палење и палење на е/п, изработка на мрежа за електрично палење и палење на е/п и покомплексните вежби - уривање на елементи и материјали и подготовка и палење на фугаси. На гаѓањата со л/в и на дел од вежбите со боеви МЕС присуствуваа претставници од инспецискиот тим од Секторот за Инспекција на Одбраната на Министерството за одбрана како дел од планираниот инспекциски надзор на единицата, командантите на Здружената Оперативна Команда, 1.мпбр и инжб и новопоставените потпоручници во единиците. Од извршената анализа, произлезе заклучок дека целта на вежбата е целосно реализирана. При тоа, успешно се вградени искуствата и знаењата стекнати низ обуките и е покажан висок степен на професионалност и извежбаност на припадниците на инжб. http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/04/logoruvanje_inzb.html | |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: 1. Пешадиска Бригада 5/5/2015, 13:40 | |
| | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: 1. Пешадиска Бригада 8/5/2015, 15:14 | |
| Одбележување на „Денот на четата АБХО“ На ден 08.05.2015 година во касарната „Чојлија“ во Петровец, со постројување на припадниците од четата за Атомска Биолошка Хемиска Одбрана (чАБХО) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада, Здружена оперативна команда, се одбележа 9 мај, Денот на единицата. Со одлука на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили 9 мај е одреден за Ден на чАБХО и носител на традицијата на денот на приемот на првата класа на регрути од родот АБХО. Пред стројот на четата беше прочитана честитка од Началникот на ГШ на АРМ до припадниците на четата како и стимулативни мерки по повод денот на единицата. Во досегашниот период четата со свои припадници учествувала на многу вежби во земјата и странство, методско нагледни вежби и предавања во АРМ и во останати државни институции и се одликуваат со голема професионалност и високо ниво на обученост. Основна мисија на Четата АБХО е обезбедување на висок степен на обученост и извршување на задачи за АБХ поддршка на единиците на АРМ и останати државни институции. http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/05/den_na_abho.html | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: 1. Пешадиска Бригада 15/5/2015, 14:27 | |
| | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: 1. Пешадиска Бригада 21/5/2015, 16:35 | |
| Свеченост по повод Денот на 4. механизиран пешадиски баталјон Денес во касарната „Чеде Филиповски - Даме“ во Кичево, со воена свеченост беше одбележан 21-ви мај, Денот на 4. механизиран пешадиски баталјон (4.мпб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), Здружена оперативна команда. Со одлука на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов за ден на 4.мпб е одреден 21 мај, како единица која ги продолжува традициите на формирањето на Кичевско-Мавровскиот партизански одред. Во рамките на прославата беше положено и свежо цвеќе на алеата на великаните во кругот на касарната, а на присутните со пригодни говори им се обратија и им го честитаа празникот командантот на единицата, потполковник Благоја Мијакоски и командантот на 1.мпбр, бригаден генерал Павле Арсоски. На свеченоста присуствуваа командантите на единиците од составот на 1. мпбр, претставници од локалната самоуправа во зоната на одговорност на единицата како и правни и физички лица со кои единицата има соработка. По повод денот на единицата, на свеченоста беа прочитани стимулативни мерки, а извидувачкиот вод од командна чета беше прогласен за најдобар вод од состав на баталјонот. Од формирањето на АРМ во 1992 година, 21 мај се одбележува како ден на сите досегашни единици кои беа лоцирани во гарнизонот во Кичево (13.пешадиска бригада и поранешната 2.механизирана пешадиска бригада) кои беа носители на традициите на одбележување на овој значаен датум за АРМ. http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/05/den_na_4mpb.html | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: 1. Пешадиска Бригада | |
| |
| | | | 1. Пешадиска Бригада | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|