Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 1. Пешадиска Бригада

Go down 
+21
Momak od Gjorce
BoyfromKavadarci
dzole
Alvar
Panter
икс
bucko123
Braveheart993
ESN
AntiLigushi
leopard
РИС
SIG
Dejan N
Зоран
BABUN
Smrtnikot
JKD
Генерал
Legija91
Macedonian Knight
25 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 9 ... 15, 16, 17 ... 35 ... 54  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 16 Empty22/5/2015, 12:29

Twisted Evil Twisted Evil Twisted Evil Twisted Evil

Вежбовни активности на тенковскиот баталјон

Припадниците од тенковскиот баталјон од составот на 1. механизирана пешадиска бригада - Здружена оперативна команда, реализираа подготвителни гаѓања со вооружување на Оклопно Механизираните Единици (вОМЕ) на тенк Т-72 на стрелиштето за гаѓање со вОМЕ на Армискиот пологон Криволак.

Гаѓањето претставува континуитет на планираната обука и вежби со новопоставениот персонал во тенковскиот баталјон и притоа беа реализирани подготвителни гаѓања на реден број 9 и 10 со противавионски митралез НСВ 12,7 мм, во согласност со Упатството и програмата за гаѓање со вооружување на ОМЕ

Предвидените гаѓања беа успешно реализирано и беа постигнати завидни резултати со што уште еднаш беше потврдена сплотеноста на припадниците од тенковскиот баталјон со тенкот Т-72.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/05/vezba_tenkovski_bataljon.html

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 VoUWLYx

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 SWziEUN

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 ISgKWSi

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 FZRzlDB

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 MiLTk7A

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 GjPOFWv

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 SKQ2ZOC

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 TkotO1m

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 9igew2j

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 VV3RZYW

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 Lzevilp

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 LY8m02e
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 16 Empty22/5/2015, 12:44

Убави слики .
Уште да се во друштво на БВП-2 и Мб-лт.

______________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 16 Empty2/6/2015, 15:48

Одбележување на “Ден на тенковскиот баталјон“

На ден 02.06.2015 година со почеток во 11.30 часот во касарната „Чојлија“ во гарнизонот Петровец, со воена свеченост припадниците од тенковскиот баталјон (тб) го одбележаа 2 јуни, Денот на единицата.

Со указ на Претседателот на Република Македонија 2ри јуни е одреден за ден на тенковскиот баталјон, како носител на традициите на денот кога за прв пат во АРМ, е формиран тенковски вод од родот ОМЕ (Оклопно Механизирани Единици) во составот на тогашната гардиска бригада.

На свеченоста присуствуваа: командантот на 1.мпбр, претставници од Сојузот на борците, команданти на бригади и баталјони од составот на АРМ, поранешни команданти и припадници на единицата како и претставници од локалната самоуправа, верски заедници, јавни и приватни претпријатија и други гости.

Пред присутните, пригодно обраќање имаа командантот на тб и командантот на 1.мпбр. Од страна на командант на тб, потполковник Тони Седмаков, се даде краток осврт на историскиот развој на единицата, професионалната работа на тенкистите, високата мотивираност и покажаните вештини и обученост.

На свеченоста, по завршување на официјалниот дел, единиците продефилираа пред присутните, се соопштија стимулативни мерки за припадниците на тб, а за најдобар вод беше прогласен вториот тенковски вод од првата тенковска чета од составот на баталјонот.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/06/den_na_tenkovski_bataljon.html

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 IqqgZUa

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 XBDq33W

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 R6JVt4T

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 MFvZlWu

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 QlZW0xW

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 OTCP2If
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 16 Empty5/6/2015, 15:00

Одбележување на 14 годишнина од загинувањето на припадници од АРМ во 2001 година

Денес, 05 јуни 2015 година во касарната Н.Х. “Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово со воена церемонија се одбележаа четиринаесет години од трагичното загинување во 2001 година на постар водник 1 класа Исак Руфати и војниците Николче Китанов, Блашко Толев, Златко Миленковски, Благоја Сиљановски и Пеце Матичевски, припадници на АРМ од гарнизон Тетово.

На церемонијата пред построените единици и гости заменикот на командантот на 3. механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) одржа пригоден говор. Во продолжение на активноста, пред спомен одбележјето на загинатите беше положено свежо цвеќе од страна на делегации на Армијата на Република Македонија, сојузот на борци од Тетово и здруженија на граѓани.

Со денешното чествување, како и на останатите загинати припадници на АРМ во изминатиот период, припадниците на АРМ уште еднаш им оддадоа почит на загинатите за нивната храброст, несебичност и пожртвуваност и кои за одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на нашата татковина, Република Македонија, несебично го положија и својот живот.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/06/odbelezuvanje_14_godisnina.html

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 1

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 3

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 7
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 16 Empty5/6/2015, 15:02

Посета на единици на АРМ од страна на претставници на Амбасадата на САД во Република Македонија

На ден 05.06.2015 година претставници на Канцеларијата за соработка во одбраната при Амбасадата на САД во Република Македонија остварија посета на гарнизонот Кичево.

Ова е последна од серијата на планирани посети на единиците на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) од составот на Здружената оперативна команда кои се сместени во гарнизоните Тетово, Штип, Куманово и Кичево.

Во состав на делегацијата од Амбасадата на САД покрај одбранбеното аташе на САД во Р. Македонија полковник Томас Батлер, беа и останатите припадници од канцеларијата за воена соработка, придружувани припадници од командата на 1мпбр, и главните подофицери во ГШ на АРМ од ЗОК и 1.мпбр.

Целта на посетите е запознавање со статусот на опремата која е набавена преку ФМФ фондот на САД, како и со припадници од единицата кои се школувани по ИМЕТ (International Military Education and Training) програмата.

За време на посетите делегацијата покрај останатото имаше можност да се запознае и со улогата, задачата и мисијата на единиците. Во продолжение беа одржани оделни состаноци со претставници од единицата.

На крајот на посетите се реализираа ТТ-зборови од средствата кои се обезбедени преку ФМФ фондот и останатите средства од американско потекло при што делегацијата се запозна и со познавањето на припадниците од единиците со намените и особините на средствата.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/06/poseta_ambasada_sad.html

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 6NYCnPi

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 3dnkEWo

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 7rWiZt1

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 DMQpp3X

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 97zJnH4
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 16 Empty18/6/2015, 16:04

Посета на чАБХО од страна на помошникот на одбранбеното аташе на Руската федерација

На ден 18.06.2015 година (четврток) се реализира посета на помошникот на одбранбеното аташе на Руската федерација, мајор Виталиј Суханов на четата за Атомска Биолошка Хемиска Одбрана (чАБХО) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), Здружена оперативна команда.

Целта на посетата која се одвиваше во просториите на 1.мпбр во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, беше искажаното барање на претставниците на Руската федерација за посета на четата АБХО и запознавање со можностите на истата.

Од страна на командирот на четата, мајорот Зоран Сандев гостите беа запознаени за структурата, мисијата и задачите на четата. За време на посетата, беше прикажан тактичко-технички збор на кој беа изложени средствата за лична и колективна АБХ заштита со која располага единицата.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/06/poseta_rusko_atase.html

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 7I4pK9x

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 0I7IMoX

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 EQPs0h6

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 SxDdP6Q

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 R8McRVP

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 SmQZUhf

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 LLFgOIJ
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 16 Empty24/6/2015, 23:04

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 O2k73LR
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 16 Empty25/6/2015, 14:21

Вежба на командно место - „ЈУНИ-2015“

Во време од 23.06. до 25.06.2015 година командата и штабот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) и штабовите на потчинетите единици реализираа Вежба на командно место - „ЈУНИ 2015“.

Цел на вежбата е извежбување на персоналот од командата и штабот на 1.мпбр и штабовите на потчинетите единици во прикажување на оперативната ситуација на карта, одлука на штабот во тимска работа во процес на донесување на воена одлука, размена на информации помеѓу секциите на штабот, изработка на оперативен план и симулирање на истиот на карта.

Вежбата се реализираше во 4 фази и тоа: подготовка за изведување, изведување на вежбата, поседнување на реоните за употреба во кругот на касарните и враќање во своите мирновремени локации. Сценариото е базирано на фиктивен настан и нема поврзаност со настани кои се случиле или ќе се случат во иднина.

Во подготовките за изведувањето на вежбата со персоналот од командата и штабот се формира тим кој го изработи сценариото и концептот на операции и беше обработена темата „Процес на донесување на воена одлука“.

По отпочнување на динамиката, командата на бригадата во оптимално време донесе одлука и ги изработи потребните борбени документи. За кусо време единиците се дислоцираа во реонот на употреба и се пристапи кон решавање на инциденти од страна на раководството на вежбата. По успешното изведената операција и воспоставување на мирот, учесниците на вежбата ја реализираа и последна фаза од вежбата, а тоа е успешно враќање на штабовите во своите мирновремени локации.

Од извршената анализа на вежбата, произлезе заклучокот дека целта на вежбата е целосно реализирана, прикажан е висок степен на професионалност и извежбаност на командатa и штабот на бригадата и штабовите на потчинетите единици како и успешно вградени искуствата и знаењата стекнати од учеството на голем дел од персоналот на планирачки конференции и мултинационални вежби во земјите на НАТО алијансата.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/06/vezba_komandno_mesto.html

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 Jz7AxVq

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 LhAKGor

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 SYgCFfS

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 43kdlSI
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 16 Empty25/6/2015, 21:16

море агресивен нашиов батка...се шалам,супер е.

Малку старо ама мислам го немаше никој постирано.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 16 Empty26/6/2015, 15:08

Заедничка обука на припадниците од АРМ со Територијалните противпожарни единици во Куманово и Кичево

На ден 26.06.2015 година во касарните „Боро Менков“ во Куманово и „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево се реализира заедничка обука на припадниците на АРМ од овие гарнизони со припадници од територијалните противпожарни единици (ТППЕ) од Куманово и Кичево на тема: „Против пожарна заштита, пристап и гаснење на пожар, употреба на против пожарни апарати и средства за гаснење на пожар“.

Заедничката обука со ТППЕ од гарнизоните каде се сместени единиците на АРМ се организира врз основа на цивилно воената соработка и плановите за обука на 1.механизиран пешадиски баталјон и 4.механизиран пешадиски баталјон од составот на 1. механизирана пешадиска бригада.

Обуката првенствено е наменета за противпожарните екипи на АРМ од касарните, а се состои од теоретски и практичен дел. Во теоретскиот дел на обуката од страна на професионалните пожарникари се презентираа опасноститте што ги предизвикуваат пожарите и преземање на превентивни мерки и заштита од пожари, додека на практичниот дел од страна на пожарникарите беа покажани постапките на гаснење пожар со против пожарно возило, преземање мерки и гаснење на пожар до доаѓање на противпожарно возило итн.

Целта на обуката која се реализира пред почеток на летната сезона, кога опасностите од пожари се зголемени е извежбување на припадниците на АРМ со потребните постапки при гасење на пожари, со што секоја потенцијална појава на пожар во круговите на касарните или надвор од неа ќе биде професионално и навремено спречена.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/06/pp_obuka_kicevo_kumanovo.html

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 SHnLDFJ

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 PVYUlSA

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 YHAyTdY

1. Пешадиска Бригада  - Page 16 A0VBV4O
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





1. Пешадиска Бригада  - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 16 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
1. Пешадиска Бригада
Вратете се на почетокот 
Страна 16 of 54Отиди на страна : Previous  1 ... 9 ... 15, 16, 17 ... 35 ... 54  Next
 Similar topics
-
» Воздухопловен "ВИНГ"
» 63. Падобранска Бригада

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: