Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Клубот за специјална обука “Регрут“

Go down 
+14
BABUN
Macedonian Knight
Subzero
tose
Зоран
beowulf
shady3
Kire1993
Stamenov
Alvar
IgorM
Генерал
SIG
Momak od Gjorce
18 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 8, 9, 10, 11, 12, 13  Next
АвторПорака
BABUN

BABUN


Број на мислења : 133

Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Клубот за специјална обука “Регрут“    Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 9 Empty22/7/2013, 14:40

Frogfoot напиша:
Ај на ПП ако си ти „сметачот„ за Битола Smile 
Друг е сметачо, јас саде барам некој колку да пополнам бројка ziveli 
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Клубот за специјална обука “Регрут“    Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 9 Empty29/8/2013, 20:33

Клубот за специјална обука “Регрут“ по втор пат организира основна воена обука “РЕГРУТ 2013/2“.

Обуката ќе започне на 09 септевмри 2013, ќе се изведува во Скопје, ќе трае три месеци, тренинзите ќе се одржуваат секој работен ден од 17.00 до 18.30, може да учествува секое лице кое е во добра здравствена состојба, без разлика на пол и возраст, месечната членарина изнесува 1.200 денари (за жени, за бранители и за деца на бранители членарината изнесува 800 денари) со најмалку едно боево пукање со пиштол месечно.

Доколку се пријават доволен број на заинтересирани кандидати, постои можност да се организира обука и во други места.

ВАЖНО!!!
1) Во текот на обуката учесниците ќе треба да извршуваат разновидни наредби и команди;
2) Делови од обуката ќе бидат проследени со зголемен ризик за учесниците;
3) Делови од обуката ќе се изведуваат со огнено оружје и боева муниција;
4) Делови од обуката ќе бидат обработени на ниво на елементарно запознавање;
5) Секој учесник мора да биде во добра здравствена состојба за тренинг, што се докажува со потврда од специјалист по спортска медицина;
6) Учесник кој ќе се однесува неодговорно или недисциплинирано ќе биде исклучен од обука.

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ОБУКАТА
1) Развивање на менталната дисциплина;
2) Зголемување на самодовербата;
3) Зголемување на физичките способности;
4) Подобрување на физичкиот изглед;
5) Совладување на индивидуални воени вештини;
6) Совладување на техники на правилно ракување со пиштол.

ПРИЈАВУВАЊЕ
Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават најдоцна до 08-ми септември 2013 година со порака во инбокс на ФБ страната на клубот “Регрут“ https://www.facebook.com/Klub.Regrut или на телефон 077 740 292.
Пријавата треба да содржи име и презиме, датум на раѓање, место на живеење (престојување) и телефон за контакт.
Дополнителни информации може да добиете доколку поставите прашање во инбокс на ФБ страната на клубот.
Детални информации за обуката може да добиете на трите воведни предавања и тренинзи (09-ти, 10-ти и 11-ти септември 2013 година).

ПРЕД ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ, РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ ДОБРО ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА НАШИОТ КЛУБ И ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ЈА НАШАТА ПРОГРАМА ЗА ОБУКА – ТАМУ ЌЕ НАЈДЕТЕ ОДГОВОР НА СИТЕ ВАШИ ПРАШАЊА

КЛУБ ЗА СПЕЦИЈАЛНА ОБУКА “РЕГРУТ“

Вовед
Клубот за специјална обука Регрут е здружение на воени ветерани кои работат на унапредување и усовршување на борбените вештини на своите членови. Клубот своите права, должности и одговорности ги остварува во согласност со Уставот, законите и статутот.

Цели на клубот
1) Стекнување и развивање на борбена дисциплина;
2) Стекнување и развивање на навики за точно и потполно извршување на команди и наредби;
3) Стекнување, развивање и усовршување на индивидуалните борбени вештини;
4) Стекнување и развивање на чувство за тимска и усогласена работа;
5) Зголемување на храброста, самодовербата, довербата во останатите членови на клубот и навикнување на опасност.

Активности на клубот
1) Изведување на строева обука;
2) Организирање на обука за развој, одржување и усовршување на физичките способности;
3) Организирање на обука за стекнување, развивање и усовршување на техники на напад и самоодбрана;
4) Организирање на обука за стекнување, развивање и усовршување на техники на ракување со огнено оружје (пиштол, пушка, снајперска ловечка пушка);
5) Организирање на обука за стекнување, развивање и усовршување на разни видови на индивидуални командоски техники.

Членување во клубот
Член на клубот може да биде секое полнолетно лице кое го прифаќа статутот и програмата на клубот.
Малолетно лице со наполнети 14 години може да се зачлени во клубот само доколку неговиот законски застапник (татко, мајка, старател) даде писмена изјава за согласност за зачленување.
Одлука за зачленување во клубот донесува претседателот на клубот по претходно пополнето писмено барање на кандидатот за членство во клубот.

П Р О Г Р А М А
за организирање и реализација на
ОСНОВНА ВОЕНА ОБУКА “РЕГРУТ 2013/2“

ВОВЕД
Основната воена обука “Регрут 2013/2“се состои од вежби за развој на физичките способности, вежби за напад и самоодбрана и вежби за стекнување на воени вештини.
Овие вежби ја зголемуваат мускулната маса и мускулната дефиниција, ги намалуваат масните наслаги и ги развиваат еластичноста, силата, експлозивната сила, издржливоста, брзината, прецизноста, координацијата и рамнотежата.
Обуката е наменета за лица со добра здравствена состојба, за мажи и за жени, без разлика на возраста или моменталната физичка подготвеност (кондиција).

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА
1) Строева обука
2) Вежби за развивање на физичките способности
3) Техники на напад и самоодбрана
4) Основна обука за ракување со пиштол
5) Елементи на прецизно пукање
6) Индивидуални техники на совладување на простор
7) Техники на совладување на разни видови на препреки
Техники за навикнување на крв, вода, оган, височина, тесен и затворен простор
9) Вежби за развивање на чувство за тимска и усогласена работа
10) Обука за давање на прва помош

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОБУКАТА
Основната воена обука “Регрут 2013/2“ ќе трае три месеци и тоа од 09-ти септември до 13-ти декември 2013 година. По потреба времетраењето на обуката може да се продолжи.

ДИНАМИКА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ТРЕНИНЗИТЕ
Тренинзите ќе се одржуваат секој работен ден (од понеделник до петок) од 17.00 до 18.30 часот. По потреба тренинзите може да траат подолго.
Учесниците се должни да дојдат најмалку 15 минути пред почетокот на тренингот.
Учесниците се должни да присуствуваат на најмалку 3 тренинзи неделно.
Заради подобар ефект препорачливо е присуство на сите 5 тренинзи неделно.

МЕСТО НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ТРЕНИНЗИТЕ
Тренинзите ќе се одржуваат во Скопје, во близина на спортската сала Кале (на кејот од левата страна на реката Вардар), во парк-шумата Гази Баба, на Водно, на затвореното стрелиште Магнум и на други стрелишта и локации.

РАКОВОДИТЕЛ И ИНСТРУКТОРИ
Непосреден раководител и главен инструктор на основната воена обука “Регрут 2013/2“ ќе биде генерал Стојанче Ангелов - претседател на Клубот за специјална обука “Регрут“.
Делови од обуката ќе се изведуваат во соработка со Полициски клуб за боречки и други спортови “Тигар“ под раководство на д-р Страшо Глигоров.
Пукањето со пиштол ќе се изведува во соработка со стрелачкиот клуб “Магнум“ и со други стрелачки клубови.

ОПРЕМА ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА
Првата фаза од обуката ќе се изведува во спортска опрема по сопствен избор.
Втората фаза од обуката може да се изведува во униформа на “Регрут“.

ТЕСТИРАЊЕ
Во текот на обуката ќе се вршат тестирања на учесниците за утврдување на моменталните физички способности, степенот на совладаност на обуката и прецизноста при пукање со пиштол.

УВЕРЕНИЕ
Секој учесник кој успешно ќе ја заврши обуката ќе добие уверение за завршена “Основна воена обука“ и “Основна обука за ракување со пиштол“. Овие уверенија се наменети исклучиво за потребите на клубот “Регрут“.

ЧЛЕНАРИНА
Членарината за учество на основната воена обука “Регрут 2013/2“ чини 1.200 денари месечно.
За бранителите од 2001-та и за деца на бранители членарината изнесува 800 денари (со приложено уверение за бранител).
За жени (девојки) - 800 денари.
Членарината се уплаќа на сметка на клубот.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
Секој кандидат за учество на обуката, од 09-ти до 11-ти септември, задолжително треба да приложи:
1) Потврда од специјалист по спортска медицина за способност за тренинг (може да се извади со упат од матичен доктор и плави картони, чини околу 150 денари);
2) Уплатница со уплатена месечна членарина.
Пред започнувањето со обуката секој кандидат пополнува:
1) Барање за зачленување во клубот “Регрут“;
2) Барање за учество на основната обука “Регрут 2013/2“.

СОДРЖИНА НА ОСНОВНАТА ВОЕНА ОБУКА “РЕГРУТ 2013/2“
1.СТРОЕВА ОБУКА
1)Цел на строевата обука
2)Основни поими (строј, редица, колона)
3)Строеви работи
- Ставови без оружје
- Ставови со оружје
- Строево движење
- Свртување
4)Приоѓање и поздравување
5)Строеви и строеви распореди на тим или група
- Зборни строеви (еднореден и двореден строј, колона по еден и двајца)
- Престројување (во место и во движење)
- Свртување на тимот или групата во лево и во десно

2.ВЕЖБИ ЗА РАЗВИВАЊЕ НА ФИЗИЧКИТЕ СПОСОБНОСТИ
1) Растегнување
2) Трчање
3) Скокови
4) Склекови
5) Згибови
6) Стомачни
7) Чучнувања

3.ТЕХНИКИ НА НАПАД И САМООДБРАНА
1) Техника на напад
- Удари со раце
- Удари со нозе
- Фрлања
- Лостови
2) Техники на самоодбрана
- Падови (напред, назад, во страна)
- Одбрана од удар со рака
- Одбрана од удар со нога
- Одбрана од напад со пиштол, нож, стап, шише, стол и сл.
- Одбрана од фат за коса, врат, облека, рака, преку раце и сл.

4.ОСНОВНА ОБУКА ЗА РАКУВАЊЕ СО ПИШТОЛ
1) Намена, борбени особини, техничко-тактички податоци, главни делови, расклопување и склопување, начин на чување и одржување, калибри, муниција
2) Мерки на безбедност при ракување со пиштол
3) Техника на правилно држење на пиштолот со двете раце
4) Полнење и празнење на рамката (магацинот) на пиштолот
5) Административно полнење, полнење (репетирање), проверка, закочување и празнење на пиштолот
6) Повторно полнење на пиштолот (тактичко и брзинско)
7) Борбени ставови за пукање со пиштол:
- Стоечки
- Клечечки
- Калифорнија
- Седечки
- Лежечки
- Лежечки на грб
Бирање и користење на засолниште
9) Заземање на борбен став од било која претходна позиција
10) Менување на позицијата со превртување во лево и во десно
11) Свртување од стоечки борбен став во место
- На лева и десна страна
- Полукружно (преку лево и десно рамо)
12) Вежбање на прецизно пукање во празно (без муниција) или со вежбовен пиштол
13) Постапка при појава на застој на пиштолот за време на пукање
14) Изведување на презицно пукање во кружна мета на растојание од 10 метри

5.ЕЛЕМЕНТИ НА ПРЕЦИЗНО ПУКАЊЕ
1) Ставови за прецизно пукање
- Бирање на став за прецизно пукање
- Начин на заземање на ставот
- Грешки при користењето на ставот
2) Правилно држење на оружјето
- Држење со една рака
- Држење со две раце
- Потпирање на рацете
- Грешки при држењето или потпирањето на оружјето
3) Нишанење
- Општо за нишанењето
- Начини на нишанење
- Грешки при нишанењето
4) Дишење
- Значење на дишењето
- Начин на дишење при пукање
- Дишна пауза
5) Повлекување
- Техники на повлекување
- Грешки при повлекување
6) Фактори кои влијаат врз прецизното пукање
- Објективи
- Субјективни

6.ИНДИВИДУАЛНИ ТЕХНИКИ НА СОВЛАДУВАЊЕ НА ПРОСТОР
1) Видови на индивидуално движење
- Исправено движење (одење, трчање, претрчување - по права линија и цик-цак)
- Поднаведнато движење (одење, трчање, претрчување - по права линија и цик-цак)
- Движење клекнат (свртен во правецот на движење, свртен странично во однос на правецот на движење - на лева и десна страна, свртен со грб во правецот на движење)
- Ползење (стомачно, четвороножно, странично, грбно, во склек, “црв“)
- Комбинирано движење
2) Совладување на простор од страна на поединец со врзани раце и (или) нозе со сите видови на движење
3) Кондициони маршеви со различна должина, со различно темпо, по различен терен, без опрема, со полна опрема или со товар
4) Совладување на тактичка патека со комбинирано движење (натпревар помеѓу членовите на клубот)

7.ТЕХНИКИ НА СОВЛАДУВАЊЕ НА РАЗНИ ВИДОВИ НА ПРЕПРЕКИ
1) Пешадиски препреки
2) Oгнени препреки
3) Водени препреки
4) Агли, врати и прозори
5) Сајли и јажиња

8.ТЕХНИКИ НА САМОКОНТРОЛА ВО СТРЕСНИ СИТУАЦИИ
1) Контакт со крв
2) Совладување на водени препреки (реки, бари, езера)
3) Совладување на огнени препреки
4) Совладување на височини
5) Совладување на тесен и затворен простор

9.ВЕЖБИ ЗА РАЗВИВАЊЕ НА ЧУВСТВО ЗА ТИМСКА И УСОГЛАСЕНА РАБОТА
1) Изведување на тимски строеви работи
2) Тимско кревање и носење на греди
3) Тимско влечење на возило

10.ОБУКА ЗА ДАВАЊЕ НА ПРВА ПОМОШ
1) Средства за давање на прва помош
2) Укажување на прва помош во разни ситуации
- Престанок на дишење
- Појава на крварење
- Настанување на скршеници
- Каснување од змија
- Струен удар
- Давење во вода
- Труење со алкохол
- Труење со гасови
- Хемиски повреди
3) Транспорт на повредениот

29.08.2013 година
Клуб “Регрут“
Генерал Стојанче Ангелов

https://www.facebook.com/Klub.Regrut/posts/594009560640488
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Клубот за специјална обука “Регрут“    Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 9 Empty29/8/2013, 23:35

Му пишав инбокс за во Битола доколку се организира обука да ме има во предвид.
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Клубот за специјална обука “Регрут“    Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 9 Empty3/9/2013, 10:04

Би сакал да прашам некој ако знае или можеби некој кој учествувал во претходната обука, дали уверението мора да биде од специјалист по спортска медицина (значи да се поминат сите тестови итн.) или може да биде уверение од матичен лекар? И доколку е од спортска медицина, ако може некој да ме упати каде би можел да најдам специјалист по спортска медицина.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Клубот за специјална обука “Регрут“    Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 9 Empty3/9/2013, 11:31

Најдобро пиши во инбокс на страницата на Регрут.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Клубот за специјална обука “Регрут“    Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 9 Empty9/9/2013, 19:44

(ВИДЕО) Првата чета на „Регрут“ спремна !

http://brif.mk/makedonija/video-prvata-cheta-na-regrut-spremna/
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Клубот за специјална обука “Регрут“    Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 9 Empty9/9/2013, 22:49

Momak od Gjorce напиша:
(ВИДЕО) Првата чета на „Регрут“ спремна !

http://brif.mk/makedonija/video-prvata-cheta-na-regrut-spremna/
Еден наш истакнат форумџија е во прв план.
Браво друже наздравје обука.
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Клубот за специјална обука “Регрут“    Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 9 Empty9/9/2013, 22:56

Има некој наш форумџија у втората чета? Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
alexmkd

alexmkd


Број на мислења : 122

Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Клубот за специјална обука “Регрут“    Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 9 Empty9/9/2013, 23:01

Frogfoot напиша:
Му пишав инбокс за во Битола доколку се организира обука да ме има во предвид.
i jas mu rekov ako ima vo bitola dek idam
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Клубот за специјална обука “Регрут“    Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 9 Empty10/9/2013, 07:59

Smrtnikot напиша:
Има некој наш форумџија у втората чета? Very Happy
U regrut da ne meshame poimi.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Клубот за специјална обука “Регрут“    Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 9 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Клубот за специјална обука “Регрут“
Вратете се на почетокот 
Страна 9 of 13Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 8, 9, 10, 11, 12, 13  Next
 Similar topics
-
» Центарот за обука во Идризово
» Специјална антитерористичка единица - САЈ
» САЕ - Специјална Антитерористичка Единица - „Тигар„
» Гордан Акрап - Специјална војна
» Безбедносни сили на Мексико

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Министерство за Внатрешни Работи - МВР-
Отиди до: