Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Клубот за специјална обука “Регрут“

Go down 
+14
BABUN
Macedonian Knight
Subzero
tose
Зоран
beowulf
shady3
Kire1993
Stamenov
Alvar
IgorM
Генерал
SIG
Momak od Gjorce
18 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 11, 12, 13
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Клубот за специјална обука “Регрут“    Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 13 Empty20/9/2013, 13:09

Доколку не се знае функционирањето на пиштолот, не би требало да се најде во такви раце. Доколку се најде во рацете на некој кој го знае тоа мислам дека не се потребни некои додатни мерки на безбедност. Иако немам ништо против мерките кои ги има на Глок или ете ХС.

Што се однесува до „кочницата„ на ракофатот таа е направена да природно кога ќе ја фатиш автоматски ја притискаш и неа, покрај „Јазичето„ кое се наоѓа на чкрапалото, и го има и на Глок-от.

Е сега, ајде на кој како му одговара, иако за некој ни тоа не е доволно пошто во Хрватска имаше примери каде на полицаец кој го носи ХС-от на појас пиштолот „сам пука„ и го ранува во нога. Smile  Е сега, чива грешка е и како е можно до такво нешто да дојде баш би сакал некој да ми објасни.

Инаку, јас на мојот СИГ П229 кој е пократка верзија од оној со кој пукале во Регрут, бидејќи не сум крупен дечко како Шеди на пример, за поудобен и поцврст фат му врзувам грип кој што се врзува на тениските рекети и кој спречува лизгање или нелагода кога рацете се мокри, и искрено подобро ми лежи тогаш в рака.

Има луѓе кои сакат да има мааааалку потенок ракофат СИГ-от, иако не е голем, значи јас сум со просечни пропорции и немам проблем, но сепак би било подобро ако има малку потенок ракофат.

А Шеди, дали пукавте со ЦЗ99, мислам дека видов и тоа... и М57 да не видов? scratch  Една споредба на сите со кои пукавте, и од другите учесници коментарите..
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Клубот за специјална обука “Регрут“    Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 13 Empty20/9/2013, 16:59

Знаењето е една работа а безбедноста друго. Безбеден пиштол може да биде само плус доколку системот за безбедност ( кочницата ) не влијае на перформансите на стрелање. Во случајот на ХС тој не влијае затоа што нема дополнителни маневри за да се откочи оружјето. Да не заборавиме дека овие кочници штитат од неконтролирано испукување ( случајно ) или во случај доколку оружјето ни падне на земја особено на тврда подлога а овие ситуации можат да му се случат секому без разлика на искуството.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Клубот за специјална обука “Регрут“    Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 13 Empty20/9/2013, 17:51

Мислам дека поновиве пиштоли несмеат ни под разно да испалат без притискање на чкрапалото, макар од 100-ти кат паднале.
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Клубот за специјална обука “Регрут“    Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 13 Empty13/5/2014, 20:20

Се извинувам за задоцнетото известување меѓутоа тренинзите се одложени за извесно време па затоа РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ Е ПРОДОЛЖЕН!

КЛУБОТ ЗА СПЕЦИЈАЛНА ОБУКА “РЕГРУТ“ ОРГАНИЗИРА:

1) Обука за ракување со пиштол (Скопје, 12 мај-13 јуни);
2) Основна воена обука (Скопје, 12 мај-13 јуни);
3) Логорување со основна воена обука (имровизиран воен камп во источна Македонија, од 20 до 30 јуни).

КАРАКТЕРИСТИКИ:
1) ОБУКА ЗА РАКУВАЊЕ СО ПИШТОЛ ќе се изведува во Скопје, од 12 мај до 13 јуни, понеделник, среда и петок, од 17.00 до 18.00 часот, во стрелиште и сала во склоп на СРЦ Кале, членарина 1000 денари со вклучено боево гаѓање со пиштол. Гарантирани резултати за сите учесници, за жени и мажи, за возрасни и млади!

2) ОСНОВНА ВОЕНА ОБУКА ќе се изведува во Скопје, од 12 мај до 13 јуни, секој работен ден, од 17.00 до 18.30 часот, во стрелиште и сала во склоп на СРЦ Кале, на кејот на реката Вардар и во парк-шумата Гази Баба, членарина 1200 денари со вклучено најмалку едно боево гаѓање со пиштол.

3) ЛОГОРУВАЊЕ СО ОСНОВНА ВОЕНА ОБУКА ќе се изведува во текот на 10 деноноќија, од 20 до 30 јуни, во импровизиран воен камп во источна Македонија, цена 7000 денари (со покриени трошоци за сместување, исхрана, обука).

ПРИЈАВУВАЊЕ:
Заинтересираните кандидати можат да се пријават на ФБ страната на клубот “Регрут“.
Пријавата треба да содржи име и презиме, датум на раѓање, место на живеење, телефон за контакт како и обука на која кандидатот сака да учествува.

Повеќе информации на https://www.facebook.com/Klub.Regrut
Погледајте дел од воената обука “Регрут 2013“: https://www.youtube.com/watch?v=ktbNQtB8Qkw

04.05.2014 година
Генерал Стојанче Ангелов

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
GoranSIR

GoranSIR


Број на мислења : 10

Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Клубот за специјална обука “Регрут“    Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 13 Empty21/2/2016, 18:03

Поздрав, Дали оваа година(2016) ќе има повторно тренинзи?
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Клубот за специјална обука “Регрут“    Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 13 Empty21/2/2016, 18:38

GoranSIR напиша:
Поздрав, Дали оваа година(2016) ќе има повторно тренинзи?

Ангелов напиша на неговиот ФБ профил дека ќе имало,некоја скратена верзија која ќе била бесплатна...
Вратете се на почетокот Go down
GoranSIR

GoranSIR


Број на мислења : 10

Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Клубот за специјална обука “Регрут“    Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 13 Empty4/5/2016, 15:01

Изгледа ништо од оваа година или...? Барем јас му пишав на фејзбук уште немам одговор, да не го има некој запрашено ген. Ангелов приватно дали ќе има оваа година „РЕГРУТ“ ? study
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Клубот за специјална обука “Регрут“    Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 13 Empty4/5/2016, 19:08

Хм...искрено не знам да ти кажам. Мислам дека со оглед на ситуацијава оваа година МОЖНО Е да нема, бидејќи ова време веќе требаше да биде најавено.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Клубот за специјална обука “Регрут“    Клубот за специјална обука “Регрут“  - Page 13 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Клубот за специјална обука “Регрут“
Вратете се на почетокот 
Страна 13 of 13Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 11, 12, 13
 Similar topics
-
» Центарот за обука во Идризово
» Специјална антитерористичка единица - САЈ
» САЕ - Специјална Антитерористичка Единица - „Тигар„
» Гордан Акрап - Специјална војна
» Безбедносни сили на Мексико

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Министерство за Внатрешни Работи - МВР-
Отиди до: