Вчера сабајлето на Камник пукав со Глок(искрено немам појма кој беше ама 9мм) и CZ-75 SP-01. Прво пукав со чешкиот, да ти е мерак да го држиш во рака, кочница од двете страни што ми одговара, само не очекував дека неможе да се закочи ако нема куршум во цевката. Глокот некако повеќе клоцаше со секој куршум и повеќе ми забегуваа куршумите со него. Го пробав и CZ Cadet како и да се вика со 22-ката, ама не е тоа тоа, подобор ќе пукам 10 9мм него 30 22-ки. Метата беше обичната на 15м и ништо посебно не беа погодоците, сепак ми е првпат. Нека каже некој дали вреди да се проба Сиг следен пат или да си продолжам со ЧЗ?
П.С. Дали е дозволено неиспукан куршум да земам со мене? За чаура знам дека не е проблем...