Овој е доста тежок..но убаво лежи во рака. Би сакал со П08 да направам една споредба кој е подобро ергономски решен, здравје ако имам можност некогаш.
Со оглед дека ги имам и двата разгледано, мене лично Р08-цата поубаво ми лежи во рака... тоа веројатно се должи на косината на ракофатот кој е доста слична со Glock-от да речеме. Но убаво лежи и Р38-цата... има и доста широк затворач (поради двете повратни опруги). Ептен е тенк.
Frogfoot напиша:
П.С Зошто швабите ги произведувале и двата пиштоли во исто време? Кој го користел Валтеров а кој Лугерот?
Зошто биле во војна со цел свет. Произведувале буквално еден куп модели на оружје за да постигнат да ги вооружат своите војници (но и сојузници) на сите фронтови. Исти модели во различни фабрики. Од P08, Walther P38, Walther PP/PPK, Mauser HSc, Sauer 38H... итн, итн. Секако, ги користеле и пиштолите (и пушките) од окупираните држави, и оние кои ги произведувале нивните сојузници... како Radom wz. 35 Vis, FÉG 37M Pistol, Browning Hi-Power, Steyr M1912, Astra 300/400/600, Beretta M1934, ČZ vz.24/27 итн. Инаку ги користеле сите единици... од Wehrmacht-от, Waffen-SS... Luftwaffe, морнарицата.... па се до Ordnungspolizei, Feldgendarmerie и Gestapo.
Бугарите да речеме имаат P08-ци со нивни жигови.
______________________ Si vis pacem, para bellum
SIG
Број на мислења : 6118
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 14/1/2014, 14:46
Фала на инфото брат.
Инаку, има многу убави пиштоли, но во оние што едноставно сакам да ги имам во мојот живот се, СИГ П229/6, П08 (морав да се задоволам со П38, иако ако имам прилика ќе го купам и Лугерот), сега сакам уште Глок, и 1911...
Има веројатно уште некој ама овие ми се во врвот кој сакам да ги имам, е сега ќе поминат уште години дури ги добијам и останатите два. Си го знаеме стандардот...
beowulf
Број на мислења : 765
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 15/1/2014, 00:17
Фрог, честито на набавката, си купил култен пиштол во одлична состојба за багателна цена, блазе си ти и со здравје да си го користиш. Иначе овие слики не се важат мораш да направиш подобри, посветли, по можност на дневна светлина(за да се долови вистинската убавина на пиштолот) и во друштво на помалото братче - сигот. И еден совет од мене - секогаш после пукање чисти го детално и подмачкув го(не е хромиран ко сигот), а и после баратање на суво, задолжително пред да го оставиш таму каде што го чуваш бриши го со микрофибер крпа за да нема траги од пот бидејќи потта од прстите е многу агресивна на брунираниот метал и може да кородира. Исто и рамката за куршуми секогаш чувај ја празна. Полни ја само пред пукање, рамките се потрошна роба, а ако дојде до замор на материјалот на пружината ќе имаш застои при пукањето.
beowulf
Број на мислења : 765
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 15/1/2014, 00:21
Frogfoot напиша:
сега сакам уште Глок, и 1911...
Многу бараш, нас од село не бркаат ние на попот ќерките за жени сакаме да ги земиме.
Alvar
Број на мислења : 11128
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 15/1/2014, 00:59
beowulf напиша:
Frogfoot напиша:
сега сакам уште Глок, и 1911...
Многу бараш, нас од село не бркаат ние на попот ќерките за жени сакаме да ги земиме.
Почни уште од денес да штедиш за вакво нешто... цена беше некоја ситница... 3-4000 долари.
______________________ Si vis pacem, para bellum
Legija91
Број на мислења : 1330
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 15/1/2014, 02:23
Со среќа нека ти е , добро да те служи.
______________________ If you're going throw hell, keep going.
SIG
Број на мислења : 6118
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 15/1/2014, 03:04
Фала многу за честитките дечки!!!
Инаку, да Бео, СИГ-от го бришам обавезно со таква крпа при чистењето, односно пред да го ставам во кутијата. Така ќе биде и со овој, но тек за 2-3 недели ќе направам слики пошто го купив, го оставив и другиот ден заминав странство, така да не е пукан од мене сеуште...башка со него добив и неколку парчиња муниција па кога ќе го распалам...одвај чекам!
Ќе има видео од пукањето здравје Боже..
А за Глокот и 1911ката ќе почекаме подолго време ми се чини, а во меѓувреме некој друг треба да се пофали со нешто ново, на пример Алвар е на ред колку што знам
Alvar
Број на мислења : 11128
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 15/1/2014, 13:12
Ехееее.... да имаше нешто ново (или старо) кај мене имаше да направам големи фотки како за на десктоп. Но здравје.... ќе биде некој ден.
______________________ Si vis pacem, para bellum
Alvar
Број на мислења : 11128
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 15/1/2014, 17:00
______________________ Si vis pacem, para bellum
Legija91
Број на мислења : 1330
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 18/1/2014, 04:08
Ја докопав од ФБ , за што пиштоли станува збор ?
______________________ If you're going throw hell, keep going.