Инаку имам намера да сменам дршки или да му ставам гумена навлака.
Према цениве што ги гледам, за лампа, шина... тешко дека во догледно време ќе го направам ultimate.
beowulf
Број на мислења : 765
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 4/12/2012, 00:39
Шина ич не ти треба. Овие адаптери ем што се скапи, за да се прикачат најверојатно ќе треба бушење, а лепењето не бега. Башка тоа и грдо изгледаат, прегломазни се. Решение, ако сакаш пиштол со шина ќе си купиш нов фабрички направен со шина.
SIG
Број на мислења : 6118
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 4/12/2012, 18:45
Манијак е типов!
Alvar
Број на мислења : 11128
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 5/12/2012, 00:35
Поминав денес во Интерспорт, продавницата за оружје и опрема во ТЦ Капиштец. Имаат доста солидна понуда... но цените ми се некако надувани. Различни модели од израелските BUL, CZ75 во некоклку верзии, S&W M&P, Tanfoglio Witness и 1911, CZ999, ми се чини имаше и понекоја Beretta, како и доста верзии од словачкиот Grand Power K100.
Е вака би сакал да му ставам и на мојот..само многу сум пишман, ич не се ефтини ни лампите ... инаку интересна модификација на рамките на дршката има каде што може да се вгради ласер.
Инаку, Бео, и за ваква шина треба лепења,трте-мрте?
Не ми изгледа многу комплицирано,или можеби дека е фабрички?
Алвар брат, ако имаш толку ќеф, и ако те носи патот накај Охрид или Битола некој викенд, слободно јави се, ќе рокнеш некоја пачка.
Alvar
Број на мислења : 11128
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 5/12/2012, 20:33
Frogfoot напиша:
Е вака би сакал да му ставам и на мојот..само многу сум пишман, ич не се ефтини ни лампите ... инаку интересна модификација на рамките на дршката има каде што може да се вгради ласер.
По мене многу подобро решение отколку да монтираш шина. Тактичка лампа ионака не ти треба. Еве конкретно за SIG P229, Crimson Trace (најпопуларна и најквалитетна од оние кои нудат вакви производи).
Frogfoot напиша:
Алвар брат, ако имаш толку ќеф, и ако те носи патот накај Охрид или Битола некој викенд, слободно јави се, ќе рокнеш некоја пачка.
Здравје друже... ако идам натака обавезно ќе напраиме една Hickok45 shooting сеанса со тебе и со тавариш Беовулф.
______________________ Si vis pacem, para bellum
Генерал
Број на мислења : 2343
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 5/12/2012, 20:34
На Технома саемот пред 3 години имаше ласер и ламба за 1 600 ( не сум сигурен за поевтината ) а другиот беше 2 850. Оваа година не бев а сакав да земам. Инаку оргинална Глок ламба е 150 евра