Sig Sauer 1911 Extreme Бео, можеби овој ќе те бендиса
Хехе ме бендисува, само знаеш што, кај СИГ САУЕР 1911ките има еден мал детал кој малце ми пречи. Кога инжинерите го дизајнирале пиштолот имале за цел нивниот пиштол да биде препознатлив и оригинален, па така на традиционално дизајнираната навлака стара 100 години, се решиле да и дадат малце СИГ САУЕР шмек со тоа што од отворот за исфрлување на чаурите до предната страна на навлаката ја инкорпорирале стандардната и препознатлива СИГ САУЕР вдлабнатина(која на горната страна малце ја стеснува навлаката) која се протега, како што реков, од отворот за исфрлување до предната страна. Поради тоа горната страна на навлаката добива малце коцкаст профил наместо стандардниот заоблен профил кој е карактеристичен за 1911, а и сите олд-скул пиштоли.
Иначе мене најмногу ми се прави ќејф за Kimber custom TLE 2(tactical law enforcement). Грците најблиску имаат дилер за Кимбер. Ова правиме муабет за сериски пиштоли од висока средна класа кои на америчкиот пазар се во рангот на 1000-1100 долари. Ех уште да го има и да биде во некои разумни граници - околу 1400 евра. Црн, бел не е битно, само би ја сакал варијантата без тактичка шина.
А еве ја и варијантата со шина.
SIG
Број на мислења : 6118
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 8/7/2012, 13:21
А Кимберов фаќа над 1000 евра?!
Alvar
Број на мислења : 11128
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 8/7/2012, 16:28
Ихааа.... комотно!
beowulf
Број на мислења : 765
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 8/7/2012, 17:17
Сигурно! Дури и да се најде за 1300-1400 евра тоа би било багателна цена.Еве ископав некои цени како се движи кимберот во Европа: Во Чешка, дилерот на Кимбер - Western guns and ammunition, на лагер ги има двата 'посиромашни' модели од custom 2 серијата т.е. ги има двата модели kimber custom 2 и kimber custom 2 stainless still без додавката TLE. Разликата е во тоа што предната страна од ракофатот не е чекирана и немаат ноќни нишани. Цената на црната верзија е 996 евра. http://www.zbrane-dave.cz/products/pro-crimson-carry-ii-kimber-pistole-cena-31-700-kc/
Еве ја понудата во Германија.Kimber custom 2 TLE SS кошта 1250 евра. Црната верзија, но со шина е 1390 евра. Ѕирни го kimber desert warrior, можеби ќе те бендиса. http://www.theduke.de/shop/kimber-3/10/1
Да, кога сме кај ручни рад... Smith & Wesson Performance Center, ми се чини дека ќе ве интересира.
volcko1
Број на мислења : 19
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 8/7/2012, 22:25
ima li kaj nas sig 45
volcko1
Број на мислења : 19
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 8/7/2012, 22:26
i koja cena ako ima
beowulf
Број на мислења : 765
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 8/7/2012, 22:54
Alvar напиша:
Да, кога сме кај ручни рад... Smith & Wesson Performance Center, ми се чини дека ќе ве интересира.
Поштовање за луѓето од Performance centar-от, си ја знаат работата.
ПС Волчко, мислиш на моделот П220 или 1911. Јас знам дека некогаш некои продавници имале п220, но варијантата во 9мм, за 45 не знам. Треба да се праша. Јави се во Таргетс во Скопје.