|
|
| Пиштоли и револвери | |
|
+19mojsejko Stamenov JKD alexmkd tose Smrtnikot Goust Goran Apostoloski Legija91 leopard Zajcef volcko1 Зоран beowulf Momak od Gjorce Iko Alvar Генерал SIG 23 posters | |
Автор | Порака |
---|
SIG
Број на мислења : 6118
| | | | beowulf
Број на мислења : 765
| Предмет: Re: Пиштоли и револвери 10/7/2012, 13:35 | |
| - Frogfoot напиша:
- Овој е Кимбер кастом ТЛЕ 2? Значи кога би го зел во Европа негде, или Македонија би бил 1200-300 евра а?
Да тој е. Да, во Европа би бил, уствари е, 1200-1300(варијантата TLE 2 RL(rail) - односно истиот, но со шина - 100тина евра плус), а во Македонија се плашам да не е накај 2000 евра. .....основната цена + царини, даноци, карго, маржа..... | |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: Пиштоли и револвери 10/7/2012, 14:15 | |
| Овие пиштоли од 1911 фамилијата се многу скапи и не верувам дека се продаваат кај нас, може по порачки само да се донесат. |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Пиштоли и револвери 10/7/2012, 14:31 | |
| Бео, во споредба во квалитетот на изработка, функционалноста, и општо со Глок, СИГ (конкретно со П229), ХС-2000 на пример, како би го споредил? ако може малце да ми објасниш. | |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: Пиштоли и револвери 10/7/2012, 14:41 | |
| - Frogfoot напиша:
- Бео, во споредба во квалитетот на изработка, функционалноста, и општо со Глок, СИГ (конкретно со П229), ХС-2000 на пример, како би го споредил? ако може малце да ми објасниш.
Јас можам да ти кажам дека овие 1911 пиштоли се изработуваат со висок квалитет, изработени се од квалитетен челик, прецизни се, и се класика. За карактериститките и споредбите со другите пиштоли Beowulf може да ти дообјасни. |
| | | beowulf
Број на мислења : 765
| Предмет: Re: Пиштоли и револвери 10/7/2012, 17:23 | |
| - Frogfoot напиша:
- Бео, во споредба во квалитетот на изработка, функционалноста, и општо со Глок, СИГ (конкретно со П229), ХС-2000 на пример, како би го споредил? ако може малце да ми објасниш.
Ај утре ќе напишам нешто, сега морам да се спремам за на работа. | |
| | | beowulf
Број на мислења : 765
| Предмет: Re: Пиштоли и револвери 12/7/2012, 00:06 | |
| Околу споредбата на квалитетот на изработка на кимберот со сиг, глок, хс 2000, може да се рече дека и нема некоја си драстична разлика бидејќи сите наведени пиштоли имаат изградено реноме токму по својот квалитет и функционалност. Тоа што наведените марки котираат високо и со еден збор може да се рече дека се високо квалитетни не значи дека изработката на своите пиштоли ја прават на најквалитетните можни начини. Како по некое правило, колку еден оружарски бренд(сиг, кимбер или ЧЗ на пример) стакнува се повисока репутација, наместо тие да воведуваат се понови методи со кои поквалитетна изработка на своите производи ќе им биде императив, тие гледаат производниот процес да го поевтинат до максимум. Ако пример за квалитетна изработка на едно парче оружје е тоа сите делови на тоа парче оружје да се изработени по метод на глодање од цели парчиња челик со современи и прецизни ЦНЦ машини, еве неколку примери каде горенаведените марки гледаат да забушаваат и да скршнат се со цел поевтина и побрза изработка: Сиг Сауер пиштолите од 80тите па до денес важат за едни од најдобрите и најквалитетни пиштоли. Е сега што е тука интересно, до средината на 90тите, СИГ-овите беа изработувани по најбрзиот и најевтин начин што воопшто постои - штампање односно профилирање на метални лимови и заварување.....поевтино амин. Методи користени за масовно производство на оружје во втората светска војна. Од Средината на 90тите СИГ усвоија метод на глодање кој е многу попрецизен и поскап за изработка, но тоа не значи дека денес сиг го напуштија тој евтин метод('штампањето') на изработка. Од денешната палета на оружје со сигурност знам дека моделите 2022, Про, можеби и 250 се прават по овој метод. Имам читано дека, незнам колку е тоа точно, испорачките за некои армии дури и денес се со пиштоли со штампана навлака. Друго на што сиг штедат е цевката. Цевка ко цевка, изгледа дека е изработена од еден дел, но не е така. За да изработката се убрза, на цилиндричната цевка(на делот кај лежиштето) нахнадно се набива квадратест профил кој служи како брава. Тоа се фиксира со мала чивија, малце ќе се исполира, и невешто око ќе мисли дека е едноделна. Истиот метод на изработка на цевки го користат и хрватите кај ХС пиштолот. Па дури и србите во последно време го користат овој поевтин и побрз метод. Друга голема 'болка' кај Сиг, па и кај сите други реномирани производители на оружје е се почестото и помасовно изработување на поситните делчиња, кои не трпат големи оптеретувања, по методот MIM(molded injection method), односно лиење во калап. Многу е јасно дека квалитеот на овие делови не е на нивото како глоданите делови. Повеќето фабрики дури почнаа и клучните делови од пиштолот(навлаката и рамот) да ги прават по методот на лиење во калап.Најдобар пример за тоа е Чешка Зброевка. Кога станува збор за глоковите, тие не користат лиени делови, но затоа многу поситни делови од пиштолот се изработуваат по методот на штампање и профилирање од челични лимови. Евтин и брз метод, но за жал со овој метод не може да се постигне прецизно склопување. И на крај - Кимбер. Кимбер денес важи за еден од најквалитетните производители на 1911ки на америчкиот пазар(а впрочем ако не се лажам денес го држи и најголемото парче од колачот со 1911 дури и пред колт), но исто така важи и за еден од најголемите производители кои користат најмногу МИМ делови во своите пиштоли. Затоа злите јазици го викаат МИМбер. Како било, битно е дека клучните делови на овој пиштол(навлаката, рамот, цевката и некои поситни внатрешни делчиња кои трпат триење и оптеретување) се изработени по методот на глодање од цели парчиња кален челик. Бидејќи на многу фанови на 1911 им е наполнет мозокот дека МИМ деловите се ѓубре(што не е вистина, а и ко за некое чудо тие исти МИМ делови не им сметаат во другите не1911 пиштоли), одкако ќе го купат пиштолот менуваат се живо и диви што е МИМ.....барем 1911 платформата е популарна по тоа што секој дел и изменлив, а на нивниот пазар деловите за 1911 се како мутерчиња и штравчиња кај нас. За крај, нешто што е карактеристично за Кимбер и за што многу ги хејтаат, а тој што ги купува треба да знае и 'живее' со тоа(барем извесно време), е тоа што најголем дел од моделите што ги нудат не се доверливи додека се нови. Тоа е затоа што во фабриката пиштолите ги произведуваат со толку мали толеранции што самата фабрика препорачува "break in period", односно период на разработка, од 500-800 куршуми(и тоа исклучиво ФМЈ зрна) како се би легнало на свое место, па дури после може да се очекува 100% доверливост. Значи, за време на разработката застоите се за очекување, но доверливост сепак не би била на толку ниско ниво со што пиштолот би бил неупотреблив - доверливоста би била 95 - 98% со тенденција на намалување до апсолутна доверливост после периодот на разработка. Е сега дали вие би сакале ваков пиштол? Јас Да, тоа не би ми пречело. Не само кимбер дури и најреномираните Custom производители на 1911 препорачуваат период на разработка во кој не гарантираат 100% доверливост. Е тој што сака максимално затегнат пиштол мора да го плати и цехот. Затоа и постојат две групи на љубители на 1911, едните се олд склул типови кои сакаат лабав mil spec 1911 без многу ѕунѕурки кој ќе функционира и во најекстремни услови, а другите сакаат максимално прецизно и фенси изработен и затегнат 1911. Јас во овие другите сум. ПС И за крај нешто што е заедничко за најголем дел од прозводителите на пиштоли, и ме нервира, и неможам да сватам, се рачките односно кориците на пиштолот. Не ми е јасно како е можно до толку да штедат што на нецело кило челик, кој го продават 600-700-1000 евра, ставаат рачки изработени од најобична пластика или гума од чкљ класа. Како е можно ножеви кои се по 20евра стандардно да одат со рачки од високо квалитетни композите Г10, Зител, Микарта и сл. и да им се исплаќа да ги продаваат, а овие на производи поскапи за 50 пати од едно ноже до толку штедат што ставаат најобична пластика. | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Пиштоли и револвери 12/7/2012, 00:51 | |
| Богами си се изнапишал. А и во потполност се согласувам со постот. Само нешто да дополнам бидејќи ме потсети. SIG порано на своите P226/228/229 водилката за повратната пружина ја изработуваше од челик, денес истата е од пластика. Барем оние SIG-ови кои се изработуваат во САД. За германскиве не знам. | |
| | | beowulf
Број на мислења : 765
| Предмет: Re: Пиштоли и револвери 12/7/2012, 01:02 | |
| За германските и јас не знам, тоа Фрогфут може да ни го каже, ама најверојатно и тие се пластични. Еве и кај ЧеЗетката водилката за повратната пружина е пластична. | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: Пиштоли и револвери 12/7/2012, 12:25 | |
| Poveke ke se troshi, treba fabrikata da raboti! | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Пиштоли и револвери | |
| |
| | | | Пиштоли и револвери | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|