Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Пешадиско оружје во состав на АРМ

Go down 
+15
РИС
ESN
JKD
Macedonian Knight
Alvar
MakoM
Зоран
Makedon
beowulf
SIG
Wolf
meth
Генерал
AlexGreat
Momak od Gjorce
19 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 5, 6, 7 ... 10, 11, 12  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пешадиско оружје во состав на АРМ   Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 Empty28/9/2014, 23:36

Macedonian Knight напиша:
Иначе од кога користиме M16-A2

Од никогаш
Вратете се на почетокот Go down
Macedonian Knight

Macedonian Knight


Број на мислења : 325

Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пешадиско оружје во состав на АРМ   Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 Empty28/9/2014, 23:40

Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 3TaJ1yo

Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 GIYp7Bv
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пешадиско оружје во состав на АРМ   Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 Empty28/9/2014, 23:42

Подготовка во тренинг центарот за мировни операции во Германија за ротација во мисијата ИСАФ Афганистат
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пешадиско оружје во состав на АРМ   Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 Empty29/9/2014, 02:32

Нивни и хамериве се ? пошто нашиве немаат такви стакла колку што знам ? блиндирано стакло е тоа или обично ?
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пешадиско оружје во состав на АРМ   Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 Empty29/9/2014, 12:27

JKD напиша:
Нивни и хамериве се ? пошто нашиве немаат такви стакла колку што знам ? блиндирано стакло е тоа или обично ?

Хамерите и опремата се целосно на Американската армјиа која е стационирана во Европа,поточно Германија(кој се останавени уште од времето на Варшавскиот ПАКТ,тоес падот на берлинскиот зид,и најверојатно САД нема да ги повлекува својте трупи од Европа уште долго време),а обуката ја спроведуваат повеќе инсруктори од повеќе НАТО армии,вака од далеку не може да се каже дека е блендирано,личи на плексиглас
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пешадиско оружје во состав на АРМ   Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 Empty22/10/2014, 13:56

Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 MvcrLVm
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пешадиско оружје во состав на АРМ   Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 Empty22/5/2017, 15:18

БУЏЕТИТЕ НА АРМИИТЕ ОД БАЛКАНОТ ЗАВРШУВААТ ВО НАТО
Вооружувањето со европски и со американски пушки - задолжително?

Има ли алтернативи при вооружувањето на армиите од Балканот со пешадиско стрелачко оружје? Дали т.н. интероперабилност на балканските армии со НАТО подразбира и задолжително вооружување и купување оружје од НАТО? Каде ќе завршат големите контингенти „конзервирани“ калашњикови

Се чини дека полека но сигурно југословенска верзија на светски познатата автоматска пушка „калашњиков“, која беше главното „лично пешадиско оружје на ЈНА“, а остана како такво долги години по распадот на Југославија, го губи приматот во полза на европски и американски модели на автоматски оружја. Последен ваков пример во кој некоја држава од поранешната Југославија започнува да го менува главното оружје на пешадијата неодамна беше регистриран во Србија. Има ли алтернативи при вооружувањето на армиите од Балканот со пешадиско стрелачко оружје? Дали т.н. интероперабилност на балканските армии со НАТО подразбира и задолжително вооружување и купување оружје од НАТО? Каде ќе завршат големите контингенти „конзервирани“ калашњикови?

Белгиска пушка во рацете на српските војници

Балканските медиуми деновиве најавија дека Србија наскоро ќе започне со набавка на современа автоматска пушка „скар - Л“, која е произведена во погоните на белгиската фабрика „ФН Херштал “. Од Министерството за одбрана на Србија потврдија дека со овие нови пушки ќе бидат опремени оние единици што извршуваат посебни операции и задачи. Набавката на овие нови пушки во српската јавност го добила називот „проект 1.500“, бидејќи оружјата за почеток биле наменети да опремат точно 1.500 војници со најсовремена опрема и вооружување.
- Автоматските пушки користат 5,56-милиметарска муниција и се од моделот „скар - Л“, а бројот и цената на набавените пушки се окарактеризирани како доверливи информации, но се дел од програмските документи за опремување и модернизирање на српската војска - велат упатените во набавката.
За разлика од многуте пушки што се користат во денешницата од многу армии во светот, „скар - Л“ е оружје на 21 век. Развојот на пушката бил инициран во 2004 година, а истата година тие првпат биле употребени во практиката од страна на американските сили.
- Откога пушката ја прифатија американските специјалци, таа стана популарна меѓу армиите во светот и моментално е присутна во борбените дејства во Авганистан и во Ирак. Според расположливите информации, оружјето, освен САД, го користат и војските на Белгија, Турција, Индија и Јапонија - објаснуваат експертите.

Македонија

Во Македонија, пак, и натаму доминантно оружје на пешадијата се југословенските автоматски пушки произведени во фабриката за оружје во Крагуевац, Србија, а тоа се моделите на автоматите „М-70“ и „М-70А“ и снајперската пушка „М-93 црна стрела“.
Од АРМ официјално објаснија дека вооружувањето и опремата на единиците на војската се во согласност со воената класификација, а нивните модели се јавно објавени.
- Според воената класификација, оружјето се дели на пешадиско лично вооружување и опрема наменети за сите единици во АРМ, каде што спаѓаат автоматските пушки, снајперски пушки, пиштоли, и на колективни борбени средства, каде што се вбројуваат артилериското оружје и опремата за него - велат од АРМ.
Во меѓувреме, неофицијално но регистрирано од камерите и фотографиите на медиумите на воените паради, смотри и мировни мисии надвор од државата, нашите армиски специјални сили ги користат моделите на американската пушка „колт М-4“ и германскиот „хеклер“.

Црна Гора, покрај големиот странски арсенал, развива и домашна пушка

Најмалата југословенска република, Црна Гора, која е формално во процес да стане најнов член на НАТО, својата пешадија во најголем дел ја опремува со пушките од југословенската ера од моделите „М-70“ и „М-72“. Покрај овие основни оружја, црногорската војска ракува и со австриската пушка „штаер “, германската „Г -33“. Според пишувањата, пак, на подгоричките медиуми, во скоро време се очекува оваа земја да ја пушти во употреба автоматската пушка од домашно производство „тара ТМ -4“, која во овој момент сѐ уште е во фаза на тестирање.
Хрватска со американска пушка и сопствено оружје, но со НАТО-стандарди

За разлика од мноштвото поранешни југословенски републики, хрватската војска во одбраната на државата, освен пушките што потекнуваат од времето на некогашната ЈНА, користи американскo автоматскo оружје „М-4“, но и сопствен модел на јуришна автоматска пушка „ВХС-Д“.
Оваа високомодерна хрватска пушка првпат во употреба е пуштена во 2009 година, а освен од хрватската војска, таа се користи од вооружените сили на Ирак и армијата на Филипините. Компанијата „Продукт“, која ја произведува пушката одреди цена по модел за ова оружје што изнесува 10.000 куни. Пушката е долга меѓу 765 и 950 милиметри, тешка е 3,5 кг, може да испука 850 куршуми во минута, а користи муниција по НАТО-стандарди, со калибар од 5,56 милиметри.

Босанските сили со најшарена палета автоматски пушки

Во Босна и Херцеговина, пак, тамошната пешадија користи шаренолико вооружување на своите пешадиски трупи, добиено главно од донации по завршување на војните во 1990-тите години. Во палетата пушки што ги користи оваа војска влегуваат американските пушки „М-16“, „М-4“ и „АР-15“, германските „хеклер“ - „Г 36“ и „Г 3“, кинеската пушка „Т -91“, рускиот пушкомитралез „бизон“ и југословенската пушка со двата модела „М-70“ и „М-72“, произведена во фабриката „Застава “ во Крагуевац.

Словенија се брани со белгиска супермодерна пушка

Покрај неколкуте модели на југословенската пушка, словенечката армија во својата секојдневна употреба веќе неколку години ја користи белгиската автоматска пушка „ФН 2000“. Оваа пушка е дизајнирана и произведена во 1995 година во Белгија, а пуштена е во армиска употреба во 2001 година. Таа располага со четири специјални варијанти и модели, во зависност од потребите за нејзината армиска употреба. Тежината на оружјето е 3,6 кг, основниот модел е долг 688 милиметри, а тактичкиот модел на „ФН 2000“, кој меѓу другото може да се користи како снајпер, е долг 744 милиметри. „ФН 2000“ е широка 81,3 милиметар. Оружјето користи НАТО-муниција од 5,56 милиметри, а во една минута може да испука до 850 куршуми. Оваа белгиска пушка има ефективен дострел од 500 метри, а на себе може да ги носи сите модерни електронски уреди, кои му ја олеснуваат на војникот употребата на оружјето.

новамакедонија

Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 ZKVBr62

Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 1nQd9Ut
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пешадиско оружје во состав на АРМ   Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 Empty18/8/2017, 16:59

Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 HjaUf9S
Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 RXNfxIR
Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 9wmBhly
Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 7ujlgTr
Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 5Skeg3S
Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 2YqAevM
Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 V3eHTsS
Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 3Zd3Zwt

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пешадиско оружје во состав на АРМ   Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 Empty18/8/2017, 17:21

Браво Алвар
ја спаси честа
ми се причини дека видов 416-417

што сеподновила арм за разлика од лани.

______________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пешадиско оружје во состав на АРМ   Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 Empty18/8/2017, 17:49

Нема 416 / 417.

Само ова сликнав бидејќи останатото беше горе долу исто како и претходните години, М70, М95, М21, ЦЗ99, ЦЗ75, М76, СВД, М84....

Гледам нова оптика има на М249, како и нови ласерски обележувачи.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пешадиско оружје во состав на АРМ   Пешадиско оружје во состав на АРМ - Page 6 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Пешадиско оружје во состав на АРМ
Вратете се на почетокот 
Страна 6 of 12Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 5, 6, 7 ... 10, 11, 12  Next
 Similar topics
-
» Средства за физичка заштита - (панцири,тактички елеци,шлемови...)
» Оклопни возила во состав на МВР
» Тенкови и оклопни возила во состав на АРМ
» ПО (против-оклопни) средства во состав на АРМ
» Гасно оружје

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: