Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон )

Go down 
+46
Спенсер
dzole
darkness
Momak od Gjorce
Panter
JKD
SIG
apajko
РИС
BABUN
Stamenov
Dejan N
ESN
tose
Smrtnikot
assasian
beowulf
Legija91
volcko1
IgorM
Iko
MatrinJ
Mrshajnoski
viktor
leopard
marijana
Goust
tigar
Alvar
Subzero
Генерал
dejand
Зоран
Vitoria
filip555
Desperado
glorijamk
tonin
Волчко
Тачка
Wolf
Profesionalec
diverzant
Makedon
1
AlexGreat
50 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 17 ... 31, 32, 33 ... 66 ... 100  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон )   пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 32 Empty16/12/2013, 20:31

Турција?
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон )   пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 32 Empty16/12/2013, 21:40

Frogfoot напиша:
Турција?

Да обука во кампот за планински командоси.

Вежбите ротираат еднаш се они домакини еднаш ние.

______________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон )   пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 32 Empty20/12/2013, 15:39

https://fbcdn-sphotos-d-a.akamaihd.net/hphotos-ak-prn2/q71/s720x720/1524810_10202259670927319_1819056447_n.jpg

Волците со единствениот црн појас во БЏЏ во Македонија-Роберт Наумовски,и главниот џит кун до тренер-Ивица Алексовски.. Cool 
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон )   пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 32 Empty20/12/2013, 15:52

Ете бе другар учеле и БЏЏ.
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон )   пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 32 Empty21/12/2013, 15:35

ЗАТВОРСКИОТ ЧУВАР КОЈ СЕГА ЌЕ КОМАНДУВА СО „ВОЛЦИТЕ“

Kога во јули 2005 година дипломецот Роберт Иванов застанал на платото пред Воената академија, наместо да ја фрли капата во воздух како нов потпоручник на АРМ, можел да ја фрли дипломата. За 90-те дипломирани питомци од неговата 11. класа на Воената академија немаше место во АРМ. Излегувајќи низ капијата на касарната „Гоце Делчев“, Иванов тој ден почнал тежок пат, долг осум и пол години, низ неколку години работа како затворски чувар, две успешно завршени селекции за специјални сили во АРМ и четири години служба како војник, за вчера конечно да стане офицер.

- Ми се исполни желбата, го остварив она по кое мечтаев осум и пол години, да бидам офицер на АРМ и конечно мојот чин да ги добие својата вредност и легитимитет - возбудено вели новиот потпоручник Иванов. До пред само два часа, тој беше професионален војник.

Успехот на потпоручникот Иванов не е само во тоа што по осум и пол години успеал да си го добие чинот, ниту во тоа што е прв и единствен ваков случај во АРМ. Денес, Иванов не е само офицер на АРМ. Тој е потпоручник на специјалните сили - баталјонот за специјални намени „Волци“.

Работа во затвор

Годината кога Иванов ја завршил Воената академија, АРМ минуваше низ трансформација, а во новата формација немаше место за новите потпоручници од 11. и од 12. класа. Од 90 питомци во 11. класа, во АРМ влегоа само 11 дипломци - тројцата најдобри питомци од класата, питомците-пилоти и неколкумина припадници на националностите. На другите им беше понудена работа како подофицери во АРМ, затворски чувари или судски полицајци или постдипломски студии без вработување.

- Се вработив во затворот Идризово. И таму имавме надеж дека еден ден сепак ќе станеме офицери. Но, мина долг период, многумина други си најдоа свое гнездо, сигурна работа и продолжија по патот по кој животот ги понел - вели Иванов, кој три и пол години минал како командир во затворското обезбедување.

Пред портите на „волците“

Но, за разлика од неговите колеги од класата, Иванов никогаш не изгубил надеж. Уште во 2006 година се пријавил на селективен курс за полкот за специјални операции, кој трае 24 деноноќија, а го минуваат само десетина отсто од пријавените. Иванов не само што го завршува, туку последниот ден го дочекува како најдобар на курсот. Но, АРМ ни тогаш нема место за нов потпоручник.

Несудениот офицер не се откажува. Во 2009 година повторно се пријавува на селективен курс за полкот за специјални операции. Овој пат, го остава сигурното работно место како командир на затворско обезбедување, решен во АРМ да влезе како обичен војник.

- Воден од силната желба да станам војник, се пријавив на селекција и во 2009 година. По тој курс потпишaв тригодишен договор за професионален војник - раскажува Иванов, кој до вчера го имаше тој статус.

Откако станал дел од полкот за специјални операции, Иванов една година и четири месеци минал во Ренџерскиот баталјон. Потоа, конечно остварил дел од својата желба - да стане дел од специјалните сили- „волците“ од баталјонот за специјални намени.

- Отсекогаш имав желба да бидам во оваа единица. Луѓето тука не се обични луѓе. Тие се челични. Луѓе од народот, обични, но со големо срце, храбри и чесни. За да се носи овој амблем, треба навистина да се заслужи - вели специјалецот.

Ако за исклучителни луѓе какви што се припадниците на македонските специјални сили може да се употреби терминот типичен, Иванов е типичен „волк“. Тие не се гардисти, избирани по висина. Меѓу нив има и повисоки и пониски, и покрупни и „поситни“. Но, сите се со атлетска става, исправени, витки, со сигурни, пресметани движења, но ненаметливи, со видлив спокој поради сигурноста во своето знаење и вештина. Токму таков е и најновиот офицер во таа единица. Поточно, таков е секој друг ден освен вчера, кога не можеше да ја сокрие возбудата од новата ситуација во која се наоѓа по одисеја од осум и пол години. Kако што самиот вели, годинава му се оствари најубавата новогодишна желба.

- Чувството е неописливо. Се соочив со безброј пречки, но мотивираноста кај мене беше најголема, и успеав да си го добијам чинот и да ја исправам таа голема неправда - вели новиот офицер на „волците“. Иванов нагласува дека неговата мотивираност не била индивидуална, туку ја делеле сите негови колеги во полкот.

Вели дека од првиот ден кога влегол во единицата не дозволил поради своето образование да се разликува од другите војници.

- Сепак сме војници, сите сме „волци“, без разлика на чинот. Разлика немаше, никогаш не сакав да прифатам кон мене некој различно да се однесува поради тоа што требаше да бидам офицер. Сакав да бидам како сите други војници - вели потпоручникот.

ЌЕ РАБОТАМ ТИМСКИ

Денес, тој е во единствена положба во АРМ да биде офицер што точно ќе знае како размислува, што чувствува и како функционира војникот со кого ќе командува. Тоа е и негова голема предност.

- Секогаш ќе ми биде најважно да го чујам мислењето на тимот пред секоја одлука. Сечие мислење е важно, а најважен е тимскиот дух - порачува новиот офицер.

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=4CCD9324AE1D1E4D9BAA319362575286
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон )   пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 32 Empty21/12/2013, 16:51

Човеков е жив пример за институционалната негрижа. Со завршена Воена Академија и поминати 2 селективни курса мораше да чека до сега за да го добие она што го заслужува. Но сепак ете тронка светлина за надежта на дипломците од Полициската Акадамија.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон )   пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 32 Empty21/12/2013, 16:59

Генерал напиша:
Човеков е жив пример за институционалната негрижа. Со завршена Воена Академија и поминати 2 селективни курса мораше да чека до сега за да го добие она што го заслужува. Но сепак ете тронка светлина за надежта на дипломците од Полициската Акадамија.
Imam dalecen rodnina ,
Koi posle VA se otkazha od diplomata i sega e vo EBR kako policaec!.
Tolku od organizacijata vo odbranata.

______________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон )   пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 32 Empty21/12/2013, 19:10

Зоран напиша:
Генерал напиша:
Човеков е жив пример за институционалната негрижа. Со завршена Воена Академија и поминати 2 селективни курса мораше да чека до сега за да го добие она што го заслужува. Но сепак ете тронка светлина за надежта на дипломците од Полициската Акадамија.
Imam dalecen rodnina ,
Koi posle VA se otkazha od diplomata i sega e vo EBR kako policaec!.
Tolku od organizacijata vo odbranata.

Разликата е огромна. Твојот роднина сам се откажал од дипломата. Згора на се голем дел од Волците се префрлија во ЕБР од одредени причини. Случајов кај човекот е карактеристичен што е единствениот со поминати 2 селективни курса а притоа не можеше да биде вработен.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон )   пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 32 Empty21/12/2013, 21:09

Генерал напиша:
Зоран напиша:
Генерал напиша:
Човеков е жив пример за институционалната негрижа. Со завршена Воена Академија и поминати 2 селективни курса мораше да чека до сега за да го добие она што го заслужува. Но сепак ете тронка светлина за надежта на дипломците од Полициската Акадамија.
Imam dalecen rodnina ,
Koi posle VA se otkazha od diplomata i sega e vo EBR kako policaec!.
Tolku od organizacijata vo odbranata.

Разликата е огромна. Твојот роднина сам се откажал од дипломата. Згора на се голем дел од Волците се префрлија во ЕБР од одредени причини. Случајов кај човекот е карактеристичен што е единствениот со поминати 2 селективни курса а притоа не можеше да биде вработен.

Генерале
Зборев за неправдата која им ја нанесе М.О.
распиша конкурс и на сред студирање на на МО му текна дека питомците им се вишок.

______________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон )   пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 32 Empty21/12/2013, 22:17

Слична неправда им се нанесува и на дипломираните, сегашните а најверојатно и на идните студенти на факултетот за безбедност, со тоа што тие излегуваат како готов производ на пазарот на работна сила, главно приспособени и обучени за работа во МВР а на крај завршуваат како општествен отпадок додека гледаат како некои кои едвај се стекнале со 4 години средно образование го преземаат нивното работно место на некој си распишан "јавен конкурс" или пак додека МВР прима некои со правен и економски факултет наместо дипломирани криминалисти.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон )   пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 32 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон )
Вратете се на почетокот 
Страна 32 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 17 ... 31, 32, 33 ... 66 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Војник по договор - работа

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: