Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонската воено-одбранбена индустрија

Go down 
+18
Legija91
BoyfromKavadarci
Predator1990
Patriot94
РИС
JKD
Dejan N
Iko
Alvar
beowulf
Генерал
Зоран
kocov
Profesionalec
Momak od Gjorce
shady3
Makedon
SIG
22 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 12 ... 20  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 5 Empty24/5/2013, 21:19

Frogfoot напиша:
http://www.eurokompozit.mk/product/rocket-launcher-rbr-120-mm-m90/

Ова нешто поново е? првпат го гледам..

Стршлен бе си го заборавил,никогаш не влезе во масивно произвотство,требаше со србите по пола да го прајме...се надевам дека ке дојдат боје времиња и ке влезе во масивно проицвотство,иако пишува дека веке се користи на википедија...

http://hr.wikipedia.org/wiki/M90_Str%C5%A1ljen


Последната промена е направена од Momak od Gjorce на 24/5/2013, 21:24. Мислењето е променето 2 пати.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 5 Empty24/5/2013, 21:21

Него глејте како Прилепска „ОСА“ боде по Сирија...

http://www.liveleak.com/view?i=a06_1369370388

додуша не е за неписмени...
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 5 Empty25/5/2013, 17:30

Momak od Gjorce напиша:
Него глејте како Прилепска „ОСА“ боде по Сирија...

http://www.liveleak.com/view?i=a06_1369370388

додуша не е за неписмени...
После обука од 30 секунди добро е што е жив.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 5 Empty11/6/2013, 13:27

Вработените во „Еурокомпозит“ од денеска во генерален штрајк

Околу 380 вработени во прилепската фабрика за наменско производство и еден од загубарите „Еурокомпозит“ од денеска стапија во генерален штрајк. Бараат исплата на четири плати и заостанатите придонеси и решавање на тешката состојба во фабриката.

- Моментално ситуацијата е многу тешка. Неколкупати апелиравме до владата да се изнајде решение. И се уште го упатуваме апелот, вели Бранко Чатлески, претседател на синдикалната организација.

Како што информира Лазо Ангелески, претседател на регионалниот синдикален совет, гранковиот синдикат за енергетика и рударство е во комуникација со надлежните министерства зашто е уверен дека за наменската фабрика има иднина.

Според директорот на „Еурокомпозит“ Никола Лучески, единствен спас е стратегиски инвеститор.

- Последниот тендер минатата недела не успеа. Се јави само една странска фирма и побара документација но и време за да го преиспита бизнис планот. Веднаш е пристапено кон нова тендерска документација, вели Лучески кој нагласува дека фабриката има заостанати долгови од преку еден и пол милион евра од неисплатени повеќегодишни кредити.

http://a1on.mk/wordpress/archives/163179

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 5 Empty11/6/2013, 23:37

ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПРИЛЕПСКИ „ЕУРОКОМПОЗИТ“

http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=8&item=27837
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 5 Empty14/6/2013, 21:28

Експлозија во Самоков


Сув барут експлодирал попладнево во магацинот на Сумбро Треијд дооел, поранешен Сувенир Самоков, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 5 Samokov
Во настаната експлозија нема повредени лица, а е настаната материјална штета која дополнително ќе се утврдува.
По првата експлозија набрзо настанале и две помали и поврзани експлозии. Веднаш се известени вработените на подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување кои се на терен со противпожарните единици. Известена е полицијата која испратила екипа од крим техника.
На самото место има сама мал чад од догорување, но поради специфичноста на магацинот може да се случат дополнителни експлозии во понатамошниот период, и заради тоа не може да се пријде на самото место на експлозијата, ќе се чека соодветен период кога ќе може да се интервенира.
Вработените од подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување заедно со противпожарните екипи и полицијата ќе останат на лице место да ја обезбедат локацијата до понатамошна интервенција.

http://www.hajdpark.mk/eksplozija-vo-samokov/

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 5 Empty10/7/2013, 17:19

Ирачките војници носат македонски шлемови и панцири

Новите ирачки сили за безбедност носат шлемови и панцири произведени во Македонија, а наменската индустрија извезувала и заштитна балистичка опрема за деминирање во Авганистан, Хрватска, Босна и Херцеговина и на Блискиот Исток. Со производи од македонски фирми „од глава до петици“ може да се опреми војник или полицаец, а единствено што не се произведува во земјава е оружје. Претставници од наменската индустрија тврдат дека може да произведуваат опрема со врвен квалитет и дека се развиваат нови производи, но потребна им е поголема поддршка. Во регионов, специјализирани државни агенции ги промовираат производите за војската и за полицијата.

Македонските производи за балистичка заштита – шлемови, панцири, штитови, композитен оклоп – се на светскиот врв на квалитетот, а според цената им се силна конкуренција на европските, американските и израелските, вели Никола Лучески, директор на наменската фабрика „Еурокомпозит“. Фабриката произведува цел спектар заштитна, но и друга воена опрема, вклучувајќи ги и најсовремените модели.

- Ги произведуваме сите видови шлемови и опрема од арамидни влакна (кевлар), а можеме да произведеме и каков било облик. Пред две години почнавме да развиваме нов, полиетиленски шлем, за чие производство беше заинтересирана и странска компанија. Сега имаме нов тип шлем, кој неодамна беше на тестирање кај македонските сили за безбедност – вели Лучески.

Тој вели дека опремата овозможува највисоки степени на заштита и дека квалитетот е на светско рамниште.

- Минатата година извезувавме панцири и шлемови во Ирак, извезувавме и деминерска опрема во Авганистан, Хрватска и Босна и Херцеговина, а извезувавме и во земји на Блискиот Исток – вели Лучески.

Покрај шлемови и панцири, во Македонија се произведуваат и полициски и балистички штитови, пендреци, цевки за рачни фрлачи на гранати, балистички елеци, заштитни кевларски плочи, но и ранци, вреќи за спиење, полициски и војнички ремени, футроли, бајонети, рамки за муниција...

Во Управата за наменско производство велат дека во земјава е обновено и производството на пиштолска муниција, а најавено е и проширување на производството со други видови куршуми. Македонски фирми ја шијат и новата униформа на АРМ, а веќе одамна преку лон-производство шијат и униформи за неколку странски војски, меѓу кои и британската. Македонски фирми произведуваат и балистички заштитни средства за прегледување оружје, како и роботи за двојна намена, кои може да се користат и во воени цели. (И.K.И.)

http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=68A521D399559D40A7B9A062EA5179F9
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 5 Empty10/7/2013, 17:28

Чекај, овие во стечај не отидоа?

Ме радува ете што барем нешто произведуваме и извезуваме. Ама треба мнооогу повеќе. Немораме оружје да произведуваме, но барем со вакви средства за заштита и муниција можеме да правиме кеш.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 5 Empty10/7/2013, 17:35

Мислам дека не,имаа некои штрајк пред месец дена ама од тогаш до сега нема ништо најавено...Може да произведуваме се ама треба пари,ни треба некоја јака фирма да ги земе под совоја капа овие фирми јас мислам,не би било лошо на роуд шоава што ги прават овие у влада да ги понудат на некоја од земјите до сега кај што биле,Турција,Кина,Русија итн...ама
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 5 Empty10/7/2013, 17:40

Абе нема потреба брат. Очигледно технологија имаме за вакви работи да произведуваме. Потребно е само обезбедување на пласман. Е сега очигледно овие имаат некаде освоени пазари, работава е што повеќе производи да се продаваат на нив.

И со муниција слабо стоиме...мора да се произведува и продава повеќе, и во разни калибри.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 5 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонската воено-одбранбена индустрија
Вратете се на почетокот 
Страна 5 of 20Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 12 ... 20  Next
 Similar topics
-
» Американска воздухопловна индустрија
» Македонската војска низ историјата
» Македонската хералдика - документарен филм
» Руско воено воздухопловство
» Југословенско воено воздухопловство (ЈРВ и ПВО)

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Копнено вооружувње :: Воени новитети-
Отиди до: