Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонската воено-одбранбена индустрија

Go down 
+18
Legija91
BoyfromKavadarci
Predator1990
Patriot94
РИС
JKD
Dejan N
Iko
Alvar
beowulf
Генерал
Зоран
kocov
Profesionalec
Momak od Gjorce
shady3
Makedon
SIG
22 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4 ... 11 ... 20  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 3 Empty30/1/2013, 12:45

Па како може да зараборува кога ништо не произбедува...нема никаков извос,за по дома стандарт најосновни рабори...
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 3 Empty30/1/2013, 12:55

Генерал напиша:

Македонската военонаменска индустрија, како дел од комплексот на ЈНА, до 1990 година имаше 19 фабрики. Гигантот „Еуроинвест“ произведуваше композитна заштита за некогаш најдобриот тенк, југословенскиот „М-84“, кој се покажа подобар од американскиот „абрамс“ во првата заливска војна.


Во ниеден случај...
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 3 Empty6/3/2013, 11:18

„Сувенир“ е подготвен да произведува и за НАТО!

Потекнувам од прекрасна држава каква што е Чешка. Имаме многу убави места, и историски и природни. Ги запознав во поголем дел државите од поранешна Југославија од мојата првична работа, но по доаѓањето во Македонија бев вистински запрепастен.Толку прекрасна природа,чист воздух, добра храна... навистина не очекував, вели Давид Јунд, првиот човек на чешката компанија „Сумбро“, сопственик на поранешен „Сувенир“.

„Сумбро", односно поранешен „Сувенир", македонскиот производител на муниција во Самоков е пример како може да работи една фабрика кога ќе се најде во рацете на успешен бизнисмен. Од пропаднат и запечатен објект поранешен „Сувенир" со инвестицијата на чешката компанија „Сумбро" прерасна во фабрика која напролет планира нови инвестиции, нови погони и нови вработувања.

„Дај Боже да ни се множат ваквите инвеститори во Поречиево, во чија пустелија се загубија сите наши надежи.Чешкиот газда на „Сувенир" се покажа на дело, а не само на празни зборови што ни ги даваше претходно платеникот на грчкиот инвеститор. Платите ни се редовни и досега не сме имале никаква мака со директорот на фабриката", вели еден од педесетте работници во „Сумбро" кои после многу чекање и денгубење со разни лажни инвеститори, како што велат, фабриката за муниција си најде асолен газда.

„Сувенир" во времето важеше за најголема фабрика за оружје во регионот. Во славното минато имаше околу петстотини работници. Нејзиното пропаѓање го заокружи и гркот Василиос Пападополус кој во февруари 2006 година ја купи фабриката за 500.000 евра, иако претходно „Сувенир" беше проценет за петпати повисока цена. Гркот не само што не ја стави фабриката во погон, туку во негово време испарија многу вредни машини, сопственост на тогашната државна фабрика. Околу 120 работници колку што требаше да се вработат до крајот на 2006 година останаа да чекаат сериозен инвеститор затоа што државата го раскина договорот со грчкиот бизнисмен. Пет години „Сувенир" зјаеше празна се дури чешката компанија „Сумбро" не стана нов газда на фабриката која беше позната по производство на разни видови муниција и експлозиви. За новите газди многу малку се знае во македонската јавност. Но, Давид Јунд, генерален директор и управител на „Сумбро" е познат бизнисмен со големо искуство во областа на оружјето, муницијата, поправката и ликвидацијата на воената техника. Неговите блиски соработници ни откриваат дека предмет на негов интерес се и цивилните области и дека неговите фирми успешно работат во цел свет. Оттаму било логично што тој решил да го дополни своето портфолио и со фирма, која работи во овој регион. Во интерес на управителот на „Сумбро", секогаш му било да ги развива активностите, а не да ги задушува. Од разговорот со него дознаваме дека е воодушевен од природните убавини на Македонија. Доаѓа од Пардубице, место на стотина километри одалечено од преубавата Прага. Го прашавме господинот Јунд да ни раскаже за впечатоците, а пред сè за овој неексплоатиран предел на Поречието, каде што е сместена фабриката за муниција:

Давид Јунд

„Ова навистина не е едноставно прашање. Потекнувам од прекрасна држава каква што е Чешка,. Имаме многу убави места, и историски и природни. Ги познавав во поголем дел државите од поранешна Југославија од мојата првична работа, но по доаѓањето во Македонија бев вистински запрепастен. Толку прекрасна природа, чист воздух, добра храна... навистина не очекував. Иако немав време да ја погледнам многу целата земја, туку само патот Скопје – Самоков преку Стража или Прилеп или, пак, Јасен, ми даваат сигурен впечаток дека одморот поминат со семејството во оваа земја ќе биде интересен и пријатен. А, на прашањето за Порече? Како турист знам дека ако ми се укаже можност и време да одам пешки на излет, тогаш излетот до Кичево, Гостивар и сетне пешки до Скопје е за мене предизвик. А, предизвиците јас ги примам со задоволство".

Како носител на многу значајна инвестиција во Македонија како ја оценувате бизнис климата во земјава?

„Бизнис климата не е во многу аспекти специфична. Легислативата е, практично, еднаква со онаа од државите на Европската унија. Дури и може да се констатира дека во некои области е и помалку бирократска во споредба со некои други држави. Мислам дека државата многу добро се справува и во борбата со корупцијата. Јас, како дипломиран инженер во областа на експлозиите многу го поздравувам строгиот, но, сепак, коректен пристап на надлежните органи какви што се полицијата, Заводот за вработување, Заводот за заштита на работа".

Дали сте задоволни од условите за бизнис што ги нуди Македонија, конкретно во делот со кој Вие се занимавате? Имавте ли проблеми од која било природа (законски, кадровски) кога почнавте да работите во земјава, а и сега? Имате ли забелешки на начинот на кој се работи овде?

„Ова прашање е нужно да се подели на два дела. Како што веќе реков, пристапот на надлежните органи кон странците како што сум јас и кон областа во која работам е, едноставно, професионален. И целосно разбирам дека некои процеси подразбираат и сериозни процедури. Во професионалната област постои мал проблем. Со тоа што фирмата неколку години не работела, испаднала практично една генерација, која би можела во континуитет да ги преземе искуствата од изработката на муниција и експлозиви.Се трудиме тука, во секој случај, да ја искористиме соработката со Заводот за вработување, како и производите на оваа држава. На пример, системот „Обука" или „Практиканти" го сметам за многу корисен не само за фирмата, туку за целиот регион околу Македонски Брод.“

Во каква состојба ја затекнавте фабриката „Сувенир"? И што, всушност, моравте да направите за да ја вратите во производствена кондиција?

„Претпријатието пред доаѓањето на новиот инвеститор морало да преживее многу тешки периоди. Одржувањето на ареалот и постојните машини страдале. Во согласност со ставот дека ќе мораме да инвестираме, ние и се впуштивме во тоа. На пример, една од значајните инвестиции беше реализацијата на новиот систем за затоплување, која ја остваривме кон крајот на минатата година. Во последно време ни успева да го стабилизираме производството на муниција, ги разрешивме извесните недостатоци во областа на квалитетот и се подготвуваме за ширење на производството со други видови за кои има интерес на пазарот. Сега уште го довршуваме и процесот на подготовка на ареалот за повторно воведување на производството на експлозии".

Во „Сумбро" се работи со полна пареа. Со истото темпо се прават и планови за во иднина.

„Фирмата како интерес има зацртано да ја развива областа на муницијата за цивилна и за воена употреба за која имаме пласман. Потоа, да почнеме производство и дистрибуција на експлозиви за цивилна употреба во каменоломите. Притоа, интересно е да се констатира дека примарните суровини за добивање на минералните суровини и камења потекнуваат од македонски извори.Областа на останатите производи е засега под знак прашање. Опремени сме со преси, за подготовка на метали, имаме искуство со обработката на метали, но засега немаме најдено партнер, кој во нашиот ареал би пројавил интерес да работи. И со тоа да го поддржи овој прекрасен, но воедно сиромашен регион.

Откако беа направени измени во Законот за промет и производство на вооружување и воена опрема, Вашата компанија доби право не само да произведува, туку и и да тргува со оружје и муниција во Македонија, исто како и домашните фирми?

„Нашите производи не се определени само за извоз, туку и за домашниот пазар. А, при држењето до сите законски барања, оружјето и муницијата не се во ништо понебезбедни од автомобилот што може да го купи секој. Не сакам да ја банализирам продажбата на оружјето и муницијата никако, ама со тоа што ја задржавме соодветната лиценца, ние немаме можност да продаваме каде било, кому било и што било. Мораме да имаме трговски партнер што поседува слична дозвола. А, во случајот со експортот, за секој извоз се бара дозвола. Тоа значи дека ни треба и друга лиценца што ја издава надлежното министерство по проверката на трговскиот партнер. Таквиот систем ни дава можност, а најпосле и нè обврзува да ги реализираме сите трговски случаи во согласност со легислативата.

На почетокот на Вашето доаѓање во Македонија имаше информации дека оружјето што ќе се произведува во поранешен „Сувенир" ќе биде исклучиво наменето за потребите на НАТО?

„Не ми се допаѓа тоа кога некој шири непроверени информации. Ние сме бизнисмени, како и сите други. Ќе го произведуваме она за што ќе има интерес на пазарот. Способни сме да произведуваме за НАТО, но и за цивилните норми на ЦИП.

Стојанка Митреска

http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/suvenir-e-podgotven-da-proizveduva-i-za-nato
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 3 Empty6/3/2013, 13:06

Под која Фирма сега се води нашава фабрика,како се викаше чешката компанија?
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 3 Empty6/3/2013, 13:09

Пишува, „Сумбро„ .
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 3 Empty6/3/2013, 17:48

Frogfoot напиша:
Пишува, „Сумбро„ .

Ништо не можам да најдам под тоа име зато и прашав,можеби самок кај нас се вика така...
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 3 Empty6/3/2013, 17:58

Е и тоа е можно...

Мислам Алвар знаеше..
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 3 Empty6/3/2013, 18:24

Frogfoot напиша:
Е и тоа е можно...

Мислам Алвар знаеше..

Мислам дека е реномирана компанија од Чешка ама кој да копа по страниците на Маф.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 3 Empty6/3/2013, 19:07

Ги најдов,ако се овие иначе компанијава се вика Real Trade...

http://www.realtrade.cz/en/about-us
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 3 Empty6/3/2013, 19:09

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 3 File
Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 3 File
Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 3 File
Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 3 File
Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 3 File
Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 3 File
Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 3 File
Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 3 File
Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 3 File
Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 3 File
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 3 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонската воено-одбранбена индустрија
Вратете се на почетокот 
Страна 3 of 20Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4 ... 11 ... 20  Next
 Similar topics
-
» Американска воздухопловна индустрија
» Македонската војска низ историјата
» Македонската хералдика - документарен филм
» Руско воено воздухопловство
» Југословенско воено воздухопловство (ЈРВ и ПВО)

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Копнено вооружувње :: Воени новитети-
Отиди до: