Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонската воено-одбранбена индустрија

Go down 
+18
Legija91
BoyfromKavadarci
Predator1990
Patriot94
РИС
JKD
Dejan N
Iko
Alvar
beowulf
Генерал
Зоран
kocov
Profesionalec
Momak od Gjorce
shady3
Makedon
SIG
22 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 7 ... 10, 11, 12 ... 15 ... 20  Next
АвторПорака
РИС




Број на мислења : 2577

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 11 Empty14/10/2015, 18:11

Да не има најава за некои тендери за набавка за АРМ во 2016 , па почнале да се рекламираат како можни посредници ?
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 11 Empty14/10/2015, 19:48

Зоран напиша:
HolyTemple напиша:
Ви текнува на фабриката во Сопиште со експлодира што загинаа неколку работници?

ИЦЕ МАК

http://www.icemak.com.mk/home.html
Да
ама ул бојмија не ме асоцира на она у Припор.
Ми личи на нешто купи препакувај.

Таму им е претставништвото највероватно за странки.
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 11 Empty14/10/2015, 19:51

Momak od Gjorce напиша:
Прв пат слушам за фирмава,интерсно...ова ми падна во очи највише

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 11 MQnlTz9


Ако ти текнува прошлата година за експлозија во фабрика во Сопиште, во кој загинаа четворица работници,

Еве потсетување за експлозијата

ХЕМИЧАРКАТА ЗЛАТА ТРЕТА ЖРТВА НА ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО СОПИШТЕ
Објавено: 03/10/2014 09:30

Три месеци по експлозијата во фабриката за експлозив „Ицемак“ во скопското село Сопиште, с` уште нема кривична одговорност против двајцата сопственици на фабриката, иако на почетокот од август на Kлиниката за реанимација почина и Злата С. (51). Досега од добиените тешки изгореници починаа тројца вработени, пишува Дневник.

Од МВР информираат дека минатата недела до Основното јавно обвинителство испратиле посебен извештај во врска со несреќата во која има тројца загинати.

fabrika sopiste- МВР минатата недела поднесе посебен извештај до Јавното обвинителство во врска со несреќата. Станува збор за несреќа во која има тројца загинати, но Обвинителството треба да процени дали против сопствениците на фабриката ќе бидат поднесени кривични пријави – велат од МВР.

Од Јавното обвинителство, пак, велат дека извештајот с` уште не стасал до нив.

– Јавното обвинителство очекува да пристигне извештајот од МВР во врска со случајот со експлозијата во фабриката во Сопиште. По добивање на извештајот, надлежното Основното јавно обвинителство – Скопје ќе продолжи со предистражните дејства со цел да се утврдат сите релевантни факти и докази во предметот, како и да се утврди дали има или не кривична одговорност по што ќе биде донесена и обвинителска одлука – велат од Јавното обвинителство.

Трагичната несреќа се случи на 24 јули попладнето кога Далибор K. (28) и неговите колеги Живко А.(59) и Злата биле на работа во фабриката за пиротехника „Ицемак“. Хемичарката и браварите во погонот со површина од 20 до 30 квадратни метри работеле на калапење гази. Во еден момент дошло до искрење на некоја од газите, по што настанале експлозија и пожар. Тројцата беа тешко повредени.

Највозрасниот од нив, Живко, почина три дена по експлозијата. Неколку дена потоа на повредите им подлегна и најмладиот повреден Далибор од скопската населба Припор, кој бил чирак во фабриката. Хемичарката Злата починала на 6 август на Kлиниката за реанимација.

Причина за експлозијата не била ниту инсталацијата во фабриката ниту опремата, туку искрење на запалка што ја внел некој од вработените, а не смеел да го внесе. Искрите од предметот ги запалиле ватите на кои имало барут. Тие почнале да горат и да пуштаат чад, но и да развиваат огромна температура поради што не дошло до појава на пожар, туку до експлозија.

Две недели по несреќата Државниот инспекторат за труд поднесе кривична пријава за фабриката „Ицемак“ од Сопиште.

По проверката на целокупната документација на вработените во фабриката, инспекторите утврдиле дека фабриката не презела заштитни и безбедносни мерки за вработените, кои немале завршено никаква обука за безбедност при работа.

http://mkd-news.com/hemicharkata-zlata-treta-zhrtva-na-eksplozijata-vo-sopishte/
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 11 Empty6/1/2016, 22:46

26 Октомври 2015
„11.Октомври – Еурокомпозит” го произведува непробојниот ѕид околу владата
https://10bez10.com/vesti/opshtina/4284-revolucionermk-11oktomvri-eurokompozit-go-proizveduva-neprobojniot-dzid-okolu-vladata
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 11 Empty8/1/2016, 03:08

Не сфаќам... зградата ќе ја обложуваат со ова, што ли?
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 11 Empty8/1/2016, 11:08

Појма неам,вајда само одредени делови,пошто знаеме дека на два пати гореше,или тогаш не беа поставени
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 11 Empty8/1/2016, 18:28

Ова ми личи на глупост.
нема таква заштита за фасада.

______________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 11 Empty2/3/2016, 23:07

Аирлија...

Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 11 Empty13/4/2016, 18:46

КОНЕЧНО НЕКОЈА ВЕСТ ОД НАШ ИНТЕРЕС




11.04.2016, 17:14
ДА СЕ УНАПРЕДИ ПРОИЗВОДСТВОТО НА ВОЕНА ОПРЕМА




За разлика од другите екс-ју републики кои ја развиваат наменската индустрија, кај нас и оние капацитети кои ги имавме, се или вон функција или произведуваат ограничен асортиман

Македонија има можности да го унапреди производството на оружје и воена опрема, но за тоа е потребна поголема соработка меѓу постојните фирми и надлежните органи. За разлика од другите земји од поранешна Југославија, кои ја развиваат наменската индустрија, кај нас и оние капацитети кои ги имавме, како Еурокомпозити или Сувенир сега се или вон функција или произведуваат ограничен асортиман производи. Но, таквата состојба може да се смени, бидејќи во земјава има обучен кадар, истакнаа вчера на прес-конференција членовите на новоформираната Групација за оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена при Стопанската комора на Македонија. Групацијата е формирана на 23 март годинава и засега има 28 членки, а повеќето од нив се занимаваат главно со трговија.

Во моментов, многу мал дел од производите што влегуваат во делот на вооружувањето и опремата се произведуваат од страна на домашни фирми. Со производство на ваква опрема се занимаваат четири-пет фирми, кои главно произведуваат панцири, шлемови, распрскувачка опрема, димни и гасни гранати, штитови, лансери за ракетни фрлачи и слично. Тоа значи дека најголемиот дел од потребите се задоволуваат од увоз, а само мал дел од домашно производство. Дури и кај муницијата производството е ограничено само на неколку калибри и типови куршуми.

Амбициите на членките на групацијата се во земјава да се привлечат и странски фирми, но за такво нешто се потребни соодветна државна поддршка и одредени бенефиции, односно субвенции по урнекот на странските директни инвестиции во економските зони. Логиката е кога земјата еден ден ќе биде дел од НАТО, според стандардите на алијансата, набавките се вршат од земјите членки, но и дека со оглед на големината на нашата земја, никој нема да влезе во производство само за задоволување на домашниот пазар.

Претседателот на групацијата, Димитар Мангутов, вели дека од интерес за нашата земја е да се привлечат странски фирми од областа на вооружувањето и воената опрема, бидејќи на таков начин ќе се подигне технолошкото ниво, но и стручната подготвеност на вработените.

„Вакви фабрики не можат да бидат лоцирани во постојните индустриски зони, туку за нив ќе треба да се обезбеди посебно место“, вели Мангутов.

При набавката на опрема, исто така може да се бара да се вклучуваат и домашни фирми.

„Со години се зборува за опремување на АРМ со современи транспортери. Но, наместо да се увезат, дел од нив може да се произведат кај нас или барем да се склопат тука“, вели потпретседателот на групацијата, Јовица Ѓуричиќ, додавајќи дека на таков начин може да се стане дел од производниот процес, при што ќе се ангажираат вработени кои истовремено ќе се обучат за одржување на опремата или за нејзина модернизација.

Инаку, основните цели и задачи на групацијата, меѓу другото, се унапредување на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста, давање мислења и предлози по прашања од заеднички интерес и покренување иницијативи за донесување и за измени во законската регулатива, како и воспоставување поблиска соработка со надлежните органи и институции во земјата. Во таа насока, како што беше истакнато, од посебна важност е соработката со министерствата за внатрешни работи и за одбрана.

„Кај сите членки постои интерес за решавање на прашања поврзани со измени во регулативата, или пак со практичната примена на законски решенија, како што е поефикасно водење и завршување на постапките за издавање одобренија за набавка на оружје, поедноставување на постапките за полагање ловечки испити итн.“, беше истакнато на прес-конференцијата. (М.Ј.)

http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=53886A0248BCD445B1DEB2AC115F8442
Вратете се на почетокот Go down
РИС




Број на мислења : 2577

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 11 Empty14/4/2016, 00:39

Хм , дали фирмава што сакаше да склопува БТР-4 , доколку би купиле шасии на cv90 како што купија Естонците по 600 000 евра парче може да интегрира купола на пример zssw-30 ?
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 11 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонската воено-одбранбена индустрија
Вратете се на почетокот 
Страна 11 of 20Отиди на страна : Previous  1 ... 7 ... 10, 11, 12 ... 15 ... 20  Next
 Similar topics
-
» Американска воздухопловна индустрија
» Македонската војска низ историјата
» Македонската хералдика - документарен филм
» Руско воено воздухопловство
» Југословенско воено воздухопловство (ЈРВ и ПВО)

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Копнено вооружувње :: Воени новитети-
Отиди до: