Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонската воено-одбранбена индустрија

Go down 
+18
Legija91
BoyfromKavadarci
Predator1990
Patriot94
РИС
JKD
Dejan N
Iko
Alvar
beowulf
Генерал
Зоран
kocov
Profesionalec
Momak od Gjorce
shady3
Makedon
SIG
22 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 11 ... 20  Next
АвторПорака
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 2 Empty29/3/2012, 17:48

Човекот кој учествувал во проектирањето ми беше колега во еден голем Мет .комбинат.
Даобар обид.
Вратете се на почетокот Go down
kocov




Број на мислења : 137

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 2 Empty29/3/2012, 18:44

Зоран напиша:
Човекот кој учествувал во проектирањето ми беше колега во еден голем Мет .комбинат.
Даобар обид.

Па мислам дека е оваа фрлачка како производ беше сопственсот на некој си Металски ремонт од Скопје
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 2 Empty29/3/2012, 19:08

kocov напиша:
Зоран напиша:
Човекот кој учествувал во проектирањето ми беше колега во еден голем Мет .комбинат.
Даобар обид.

Па мислам дека е оваа фрлачка како производ беше сопственсот на некој си Металски ремонт од Скопје
машино ремонт таму бил вработен .
Но на пазарот има толку многу кастиори и слични на нив да е не рентабилно да правиш нови .
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Македонската воено-наменска индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 2 Empty29/8/2012, 14:05

Македонската военонаменска индустрија, како дел од комплексот на ЈНА, до 1990 година имаше 19 фабрики. Гигантот „Еуроинвест“ произведуваше композитна заштита за тенкот „М-84“. „Металскиот завод Тито“ правеше мултипликатори за тенк, куполи и други помошни делови. „Сувенир“ од Самоков произведуваше муниција. Денес скопски „Диаг“ прави значки за шведската армија, „Винка“ од Виница шие кошули за холандската армија, „Единство“ од Валандово ги шие сите униформи за британската војска. Прилепски „Еурокомпозит“, дел од некогашниот гигант „Еуроинвест“ трупа загуби, но сепак прави панцири и зољи, кои одат на доработка во Србија

МАКЕДОНСКАТА ВОЕНА ИНДУСТРИЈА БЕЗ СТРАТЕГИЈА

Од осумдесет милијарди до неколку милиони евра се движи поединечната годишна заработувачка на воено-одбранбените индустрии на балканските земји. Единствено Македонија слабо заработува. Секоја година оваа воено-одбранбена индустрија на балканските земји рапидно расте и се зголемува во светски размери. Нашите соседи градат нови погони и фабрики, измислуваат нови оружја и иновации и ги презентираат на саеми и на економски собири што ги организираат овие држави.
На самиот врв се наоѓа Турција, чија заработувачка од оваа индустрија експертите ја проценуваат на една милијарда евра. Следна е Србија, која во соработка со Хрватска и со Босна и Херцеговина, во последниве години станува глобален фактор во зоната од одбранбеното производство.

Поранешна Југославија годишно остваруваше неколку милијарди долари со извоз на оружје, воена опрема и воен инженеринг, кој подразбира пред сé проектирање, изградба и контрола на работењето на воени фабрички комплекси, подземни магацини, фабрики за муниција и експлозив, пристаништа и аеродроми. Проектирањето во текот на 1980-тите му беше препуштено на Воено-градежниот институт, кој ја спроведуваше и контролата на работењето, додека за градежните изведби на овие објекти беше ангажирано цивилно градежништво.


Македонската воено-одбранбена индустрија е неконкурентна

Иако Македонија е земја што по распадот на заедничката држава имаше готови специјализирани фабрики и погони наменети за оваа индустрија, таа како гранка од нашата економија е комплетно запоставена и неконкурентна за извоз, а некогашните фабрики останаа недоволно искористени и нефункционални.
Македонската военонаменска индустрија, како дел од комплексот на ЈНА, до 1990 година имаше 19 фабрики. Гигантот „Еуроинвест“ произведуваше композитна заштита за некогаш најдобриот тенк, југословенскиот „М-84“, кој маестрално го победи американскиот „абрамс“ во Првата заливска војна.
Произведуваше и панцири и шлемови. Вториот гигант, „Металскиот завод Тито“ (МЗТ), со 1.200 работници, правеше мултипликатори за тенк, куполи и други помошни делови. Дури и Русите ги купуваа менувачите за нивните тенкови „Т-55“ од МЗТ.

„Сувенир“ од Самоков беше примарна фабрика за производство на муниција за ЈНА, а извезуваше и во САД. „Тетекс“ од Тетово ги произведуваше најдобрите шинели за ЈНА.

- Денес сме на самото дно од регионот во зависност од тоа каде можевме да бидеме. Одбранбената индустрија е подзаборавена од државата и од сите. Од фабрики што беа гиганти на балканските простори ние денес имаме само урнатини - вели пензионираниот полковник.

Иако балканските земји, објаснува Марковски, барем оние од бивша Југославија, не предничеа многу пред нас по осамостојувањето, сега ситуацијата е комплетно различна, бидејќи нивните влади навреме го забележаа потенцијалот на оваа економија, комплетно растурена во војните во регионот.

Според него, регионот денес има дузина претпријатија што живуркаат, но сепак по нешто произведуваат, иако ништо особено не се прави за да се модернизираат овие погони.

Приватни компании, како скопски „Диаг“, ги произведуваат значките на шведската армија, „Винка“ од Виница шие воени кошули за холандската армија, „Единство“ од Валандово ги шие сите униформи за британската војска. Прилепски „Еурокомпозит“, фабрика што беше дел од некогашниот гигант „Еуроинвест“, сѐ уште е во државна сопственост и трупа загуби, но сепак има своја програма. Прави панцири и зољи, кои ги извезува за доработка во Србија.



Турција е неприкосновена

На самиот врв неспорно се наоѓа Турција, која е глобален фактор и сериозен играч според обемот на военото производство. Фабриките се многубројни. Некои од нив се во приватна сопственост, некои под капата на државата. Произведуваат сѐ што може да се направи, од оклопни возила и ракети до летала, а истовремено имаат и одлично разработен пазар каде што ги продаваат производите. Околу осумдесет отсто од целокупната одбранбена индустрија во Турција е лоцирана во Анкара. Според пишувањата на весникот „Хуриет дејли њуз“, овој сектор на Турција годишно има осум милијарди долари приход.

Српската одбранбена индустрија во изминативе две години остварила извозен пораст од 250 милиони евра годишно. Воената индустрија на северниот сосед се враќа на светската сцена на голема врата, што е можеби поголемо изненадување во однос на успесите на кои Србите се горди, како на пример тоа што имаат едни од најдобрите тенисери во светот, констатира британски „Економист“.

Северна Африка е главна цел на српскиот извоз, а новата година би можела да донесе големи добивки, пишува „Економист“, цитирајќи го српскиот министер за одбрана дека земјата е блиску до потпишување договор вреден 500 милиони долари за изградба на воени болници во најмалку две арапски држави.
Како што информира весникот, Србија ќе освои договор вреден 400 милиони долари за модернизација на 149 тенка „М-84“, кои поранешна Југославија ги извезувала во Кувајт во 1991 година. Дополнителни адути што неретко се продаваат се авионите за обука „ласта 95“. Само лани, поради образовни цели, војската на Ирак откупила 20 вакви летала.

Неодамна, пак, хрватското министерство за одбрана со компанијата „ХС продукт“ од Карловац потпиша договор за финансирање производство на домашни јуришни пушки од нулта серија со боева муниција од 5,56 милиметри, односно според НАТО-стандардите. Оваа инвестиција на државата, вредна 600 илјади евра, се верува дека во иднина ќе ги помати сметките на локалните конкуренти и сериозно ќе се продава во регионот и во земјите од Блискиот Исток. Одбранбеното претпријатие „Крко интернационал“ се смета за најпрофитабилно во оваа земја, со годишна заработувачка од 20 милиони долари.

Бугарија скромна, но присутна на пазарот

Според најавите, најверојатно Србија и Хрватска ќе се обидат да ја ревитализираат оваа производствена линија и заедно да се појават на пазарот на воената индустрија.

„Претис“ во Вогошка, „Игман“ во Коњиц, „Витезит“ во Витез, „Зрак“ во Сараево, „Чајавец“ во Бања Лука, „Соко“ во Мостар, „Братство“ во Нови Травник, институтот за технички напредок „Орел“ и „Фамос“ во Храсница, се босанските армиски индустриски капацитети. Тие произведуваат сѐ, од куршуми за малокалибарски пиштоли до проектили за лансирни рампи.

Најуспешното претпријатие е „Игман“ во Коњиц. Фирмата извезува цел дијапазон од својата муниција и заработи речиси 15 милиони евра минатата година. Сите производители на оружје во БиХ се согласуваат дека односите во однос на сопственоста на ваквите претпријатија мора да се редефинираат.

Воената индустрија кај источниот сосед е скромна во споредба со другите, но сепак профитабилна. Бугарија произведува модерно оружје, како автоматски пушки „АК-74“ и „АР-М1“, кои се стандардни во потрошувачката во земјите од регионот.

- Фабриките на Софија се познати по своите антитенковски ракетни комплекси „фагот“ и „конкурс“, пешадиски оклопни возила „БМП-23“, оклопни транспортери и артилерија - објаснува воениот експерт Благоја Марковски.



Грција, Словенија и Албанија полоши од Македонија

Овие три балкански земји слабо или речиси ништо свое не произведуваат на пазарот. Словенија делумно има производствени капацитети на резервни делови од поранешната југословенска воена индустрија, но тие се тесно поврзани со српската или со хрватската воена индустрија. Податоците за Албанија се сиромашни. Единствено е познато дека оваа земја има големо количество вооружување, останато од времето на диктаторот Енвер Хоџа. Западниот сосед единствено располага со погони за репарирање и сервис на автоматските пушки „калашников“. Сепак, Албанија и натаму бележи забележителен пораст на извозот на оружје, муниција и други армиски средства од сопствените резерви од кои заработува по 40 милиони американски долари, се вели во информацијата на албанскиот центар за трговија, пренесена од тамошните медиуми.

Грција е на самото дно во поглед на производствената моќ, но таа е меѓу првите пет земји во светот со највисоки трошоци за набавка на оружје во изминатава декада, а ова го покажуваат резултатите од истражувањето на Меѓународниот институт за проучување на мирот (СИПРИ)


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=82912839587&id=9&prilog=0&setIzdanie=22666
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 2 Empty3/9/2012, 01:49

Според мое мислење, најголем профит можеме да постигнеме ако произведуваме муниција, експлозив, гранати од сите типови кои се користат на боиштата. Муницијата во целина е непресушен извор на пари. Да произведуваше Самоков муниција, во денешно време сега ќе се наполнеше со пари. Ќе ја продадеше скоро цела муниција на Америчкиот пазар кој сите знаеме дека фабриките таму не можат да постигнат со производство, америкаците се во постојана паника од недостаток на оружје и муниција, и бараат разни начини да купат муниција, поради вовеувањето на данок врз оружјето и муницијата од страна на администрацијата на Обама, со што цивилите прават огромни резерви на муниција во домашни услови. Но тоа е кога се нема стратегија и ум за сигурна заработувачка. Јас се уште незнам зашто Самоков се затвори. Самоков може многу брзо да се воздигне ако ја земе некој сериозен газда. Нека фрли неколку милиони евра и може да купи машини за правење муниција со последна најмодерна генерација на технологија за таа намена. Слично може да направи и Еурокомпозит.

Инаку да произведуваме пешадиско оружје, топови, и возила не сум за тоа, бидејќи како прво треба да се најде купувач за тоа, ама производството ќе биде лимитирано бидејќи возилото и деловите не се потрошна роба како муницијата и гранатите второ, има илјадници фирми кои прават возила. Ова е мое мислење, како гледам на работите.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 2 Empty3/9/2012, 10:00

Самоков веќе го има купено една чешка фирма, само незнам дали произведуваат нешто.
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 2 Empty3/9/2012, 14:24

Frogfoot напиша:
Самоков веќе го има купено една чешка фирма, само незнам дали произведуваат нешто.

Real Trade

http://www.realtrade.cz/en

Oни кажуваа дека производството во Самоков требаше да почне уште од нова година - 2010 ама немам слушнато дека нешто се почна.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 2 Empty2/1/2013, 19:56

Продолжен рокот за продажба на ОХИС и Еурокомпозит

Крајниот рок за подигање на тендерската документација за јавните повици за продажба на АД ОХИС-Скопје и на „11 Октомври Еурокомпозит“ АД Прилеп е 16 април годинава, додека крајниот рок за доставување понуди за Еурокомпозит истекува на 18 април во 13 часот, а за ОХИС на 19 април во 13 часот.

Вака, информира Министерството за економија, одлучи Владата на последната седница одржана на 28 декември минатата година.

- Со оглед на наближувањето на датумот на објавување на Одлуката за распишување на локалните избори, продолжувањето на роковите по овие два јавни повици е согласно членот 11 ставот 3 од Законот за спречување на корупцијата кој гласи: „Од денот на донесување на Одлуката за распишување избори, па до завршувањето на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и на градот Скопје не може да се врши никаква вонредна исплата на плати, пензии, социјална помош или други исплати од буџетски средства или средства од јавните фондови, ниту да се отуѓува државен капитал“, соопшти Министерството за економија.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=12120
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 2 Empty2/1/2013, 20:14

Дај нека го земат некој па барем муниција нека прават...
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 2 Empty30/1/2013, 12:30

Македонскиот буџет не се полни со производство на оружје

Според некои процени, поединечната годишна заработувачка од оваа индустрија во некои балкански земји се движи од неколку десетина милиони евра (БиХ заработува 25 милиони евра годишно) до осумдесет милијарди евра (колку што годишно заработува Турција). Единствено Македонија слабо печали на ова поле


ПОДЗАБОРАВЕНИ ИНДУСТРИИ
Македонската военоодбранбена индустрија како да е подзаборавена, иако неодамна се појави информација дека две американски фирми фрлиле око на прилепската фабрика од наменската индустрија „Еурокомпозит“.

Тоа не е случај и во соседните држави. Секоја година токму оваа военоодбранбена индустрија на балканските земји се зголемува, најчесто благодарение на странски инвестиции. Нашите соседи градат нови погони и фабрики, работат на ново оружје и иновации. Притоа го презентираат на саеми и на економски собири.

Според некои процени, поединечната годишна заработувачка од оваа индустрија во некои балкански земји се движи од неколку десетина милиони евра (БиХ заработува 25 милиони евра годишно) до осумдесет милијарди евра (колку што годишно заработува Турција). Единствено Македонија слабо печали на ова поле.

Токму сега, кога се става акцент на привлекувањето странски инвестиции, државата како да го подзаборави тоа дека мора да ја промовира и оваа гранка од нашата индустрија.

За разлика од нас, Србија напредува на ова поле и ја промовира оваа военоодбранбена индустриска гранка.

Според најавите, Белград ќе ја зајакнува економската соработка со Обединетите Арапски Емирати, по посетата на шеикот на оваа земја во Србија.

Министрите за одбрана Александар Вучиќ и за финансии Младен Динкиќ пред официјалните претставници во Абу Даби ги претставија можностите за производство и за пласман на оружје и муниција, како и за создавање заеднички развој на ракетен систем и авиони за тренинг.

- Мислам дека имаме добри вести за нашите граѓани во Србија, пред сè за нашата наменска индустрија, и очекуваме тоа да биде финализирано наскоро. Станува збор за неколку проекти за кои разговаравме со шеикот Мухамед - рече министерот Вучиќ.

Слично на договорот со Обединетите Арапски Емирати, во Србија ќе се гради и фабрика за модерно вооружување во тимска соработка со Русија.

Потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогозин изразил желба да ѝ помогнат на Србија во пласманот. Судејќи по изјавите на руските и на српските државници вклучени во заедничкиот проект, станува збор за развој и за производство на модерно оружје, кое натаму двете земји ќе го пласираат на трети пазари.
Оваа меѓудржавна соработка на нашиот сосед добива на тежина ако се знае дека нарачките на воена опрема од руско производство, според податоците на Федералната служба за военотехничка соработка на Русија, изнесуваат 46 милијарди долари годишно.

Неконкурентна индустрија

Иако Македонија е земја што по распадот на заедничката држава имаше готови специјализирани фабрики и погони наменети за оваа индустрија, таа како гранка од нашата економија е комплетно запоставена и неконкурентна за извоз, а некогашните фабрики останаа недоволно искористени и нефункционални.
Македонската военонаменска индустрија, како дел од комплексот на ЈНА, до 1990 година имаше 19 фабрики. Гигантот „Еуроинвест“ произведуваше композитна заштита за некогаш најдобриот тенк, југословенскиот „М-84“, кој се покажа подобар од американскиот „абрамс“ во првата заливска војна.
„Еуроинвест“ произведуваше и панцири и шлемови. Вториот гигант „Металскиот завод Тито“ (МЗТ), со 1.200 работници, правеше мултипликатори за тенк, куполи и други помошни делови. Дури и Русите ги купуваа менувачите за нивните тенкови „Т-55“ од МЗТ. „Сувенир“ од Самоков беше примарна фабрика за производство на муниција за ЈНА, а извезуваше и во САД. „Тетекс“ од Тетово ги произведуваше најдобрите шинели за ЈНА. Прилепски „Еурокомпозит“, фабрика што беше дел од некогашниот гигант „Еуроинвест“, сѐ уште е во државна сопственост и создава загуби, но сепак има своја програма. Прави панцири и зољи, кои ги извезува за доработка во Србија.

Денес функционираат приватни компании, како скопски „Диаг“, која произведува значки за шведската армија, „Винка“ од Виница, која шие воени кошули за холандската армија, и „Единство“ од Валандово со шиење униформи за британската војска.

Можеме да профитираме

Има многу простор за идно здружување и пласман на одбранбената воена индустрија на Македонија и на Србија, коментираат познавачите на состојбите, а оваа соработка последен пат беше спомената лани во февруари, по средбата на министрите за одбрана Фатмир Бесими и тогашниот негов српски колега Драган Шутановац. За жал, оттогаш, освен неколкуте изјави на политичарите, немаше конкретни чекори на ова поле.

Универзитетскиот професор Зоран Ивановски објаснува дека токму оваа индустрија е исклучително важна и оти тоа е голем бизнис од сите аспекти. Тоа може да помогне да се полни буџетската каса.

- За да ги погледнеме позитивните придобивки од оваа индустрија треба да се свртиме и да ја анализираме токму структурата на американската економија во делот со военоиндустриските комплекси - вели Ивановски.

Тој објаснува дека најистакнат историски пример е токму политика на американскиот претседател Реган кон наменската индустрија, која за времето на неговото раководење со САД помогнала во голема мера да се пополни огромниот буџетски дефицит во таа држава во тоа време.

- Интервенирањето на државата во оваа индустрија во САД помогна да се зголемат буџетските расходи и приходи и да се интензивираат истражувањата на ова поле, да се активира компјутеризацијата и да се инкорпорира во нивните индустриски воени комплекси. Токму ваквата политика беше овековечена со добро познатиот продукт наречен војна на ѕвездите, за кој верувам дека сите имаат слушнато - посочува Ивановски.

Девизен прилив

Професорот е дециден дека инвестирањето во оваа индустрија е одличен чекор и тоа неминовно би ја динамизирало економијата во секоја гранка на државата.

- Преку ваквата политика САД профитираа со доминација на светскиот пазар на оружје, од што тие имаа огромна и сестрана бенефиција. Впрочем, можете само да замислите колку луѓе и компании се потребни за производство на еден носач на авиони, нуклеарна подморница или, пак, модерен воен авион - вели Ивановски.

Професорот напоменува дека ако се погледне историјатот на оваа индустрија на нашата држава и фактот дека таа потекнува од воената индустрија на СФРЈ, лесно може да се утврди која од поранешните држави имаше најголеми придобивки по распадот.

- Во Југославија македонските претпријатија од оваа гранка како „Еурокомпозит“ или „МЗТ“ одлично стопанисуваа, но ние во процесот на осамостојувањето некако се откажавме од овие капацитети и ги подзаборавивме. За разлика од нас, Србија има успешни чекори во оваа сфера, па дури некои од овие претпријатија успешно и ги приватизираа. Токму овие фабрики со своето работење на соседот му донесоа и сѐ уште му носат значаен девизен прилив во буџетот, а, што е уште поважно, тоа се големи капацитети што вработуваат голем број луѓе - изјави Ивановски.
Кина не може да купува во САД
Ивановски објаснува дека секогаш кога станува збор за странска инвестиција во оваа индустрија само по себе прашањето станува сензитивно од неколку аспекти.
- Практиката покажала дека воено моќните држави внимаваат кому му ги продаваат овие индустриски погони. Доколку, на пример, некоја американска компанија што е дел од одбранбената индустрија пропадне и мора да се продаде, секако дека нема да биде дозволено купувач да биде некоја кинеска фирма, туку таа ќе му се препродаде на подобен партнер од САД или на земја што е близок сојузник на САД - заклучува Ивановски.
Лавров: Македонија е клучна за стабилен Балкан

Русија ја гледа Македонија како клучен партнер во нејзината мисија за стабилизација на Балканот, рече вчера Сергеј Лавров, шефот на руската дипломатија, на средбата во Москва со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.
- Немаме отворени прашања, имаме историја на добри односи. Постојат значајни потенцијали и ние треба да ги фокусираме нашите напори тие да се реализираат - посочи Лавров.
Според него, Русија е против прекројување на границите во Европа, особено на Балканот.
- Ние сме против прекројување на границите во Европа. Сите треба да ги почитуваат принципите на Повелбата од Хелсинки. Ова се однесува и на ситуацијата на Балканот. Таму се пролеа многу крв и никој не сака да се повторат слични сценарија - додаде Лавров.
Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски увери дека Македонија не поддржува национализам и прекројување на границите и дека таа е добар пример за мултиетнички и мултирелигиски соживот.
- Државите на Балканот се мали и во нивен интерес е да бараат интеграција и транспарентност - рече Попоски.
Лавров и Попоски на средбата потпишаа спогодба за отворање културни центри во Москва и во Скопје, како и план за консултации за министерствата за надворешни работи на двете земји.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=13013855446&id=9&prilog=0&setIzdanie=22792

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 2 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонската воено-одбранбена индустрија
Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 20Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 11 ... 20  Next
 Similar topics
-
» Американска воздухопловна индустрија
» Македонската војска низ историјата
» Македонската хералдика - документарен филм
» Руско воено воздухопловство
» Југословенско воено воздухопловство (ЈРВ и ПВО)

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Копнено вооружувње :: Воени новитети-
Отиди до: