Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„

Go down 
+14
Спенсер
tose
KKikoMKD
skopjanec
leopard
JKD
Mrshajnoski
legend1979
Зоран
Profesionalec
Генерал
SIG
Momak od Gjorce
AlexGreat
18 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5 ... 10 ... 17  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„ - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„   Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„ - Page 4 Empty26/4/2013, 15:56

ИСТОРИЈАТ И ФОРМИРАЊЕ НА ХЕЛИКОПТЕРСКАТА ЕДИНИЦА ЗА ПОЛИЦИСКИ НАМЕНИ “ЈАСТРЕБИ”

Официјално, Хеликоптерската единица била формирана во 1969 година во склоп на тогашната Македонска милиција, но во моментот на создавањето Хеликоптерската единица не поседувала ниту едно летало и како таква продолжила да функционира на хартија, се до 1970 година кога бил испорачан и првиот хеликоптер Augusta-Bell AB206AJetRanger II, кој бил донесен од Италија. На тој начин тогашниот Македонски Републички Секретаријат за Внатрешни работи станал втор полициски оператот на хеликоптери во Југославија, после Словенија.
Веднаш по пристигнувањето на хеликоптерот се започнало со континуирани обуки и вршење на работите од својот делокруг на работење. Главна улога тогаш на Хеликоптерската единица била мониторинг на границите на Југославија со Бугарија, Грција и Албанија, хуманитарни мисии, како и други работи од делокругот на своето работење се со цел зачувување и заштита на интересите на Македонија. За жал, есента 1972 година, за време на мисија, првиот и единствен хеликоптер бил целосно уништен во инцидент блиску селото Лојање, Шар Планина, Тетовско. Набргу потоа, Републичкиот Секретаријат за Внатрешни работи нарачал друг хеликоптер AB206 од Agusta. Единицата била оставена без хеликоптер се до 1973 година, кога нов AB206BjetRanger II хеликоптер бил ставен на располагање на единицата. Како резултат на одличното работење во деведесеттите години, единицата ја има добиено и престижната Златна плакета за нејзината работа во сферата на цивилната заштита.

Организациската поставеност на Хеликоптерската единица за полициски намени во Министерството за внатрешни работи

Хеликоптерската единица за полициски намени е дел од Одделот за воздухопловни единици на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Министерство за внатрешни работи

Биро за јавна безбедност

Централни полициски служби

Оддел за воздухопловни единици

Хеликоптерска единица за полициски намени

Употреба на полициските воздухоплови

Полициските воздухоплови се употребуваат за потребите на Министерството, за потребите на други органи на државната управа и за потребата на други правни и физички лица, во согласност со намената и опремата на полициските воздухоплови. Во своето работење полициските воздухоплови се употребуваат за вршење на следниве работи:

Превоз на луѓе и опрема;
Превоз на ВИП личности;
Активности во соработка со организациските единици на МВР;
Извидување и контрола на сообраќај;
Извидување и контрола на државната граница;
Извидување, следење, набљудување, документирање и снимање од воздух;
Маркирање и одбележување на цели од воздух;
Подршка на полициските сили од воздух;
Обука, дообука, тренажа и пробни летови;
За потребите на други корисници, полициските воздухоплови можат да се употребуваат за вршење на следниве работи и услуги:

Превоз на ВИП личности;
Превоз на опрема и предмети;
Испитување и проверка на далноводи, гасоводи и нафтоводи;
Интервенции на телекомуникациски објекти;
Потрага и спасување од воздух;
Заштита на животната средина;
Медицинска евакуација на повредени лица;
Превоз на лица заболени од определени болести и на инвалиди;
Снабдување со храна, лекови, како и превоз на лица и опрема во и од непристапни области;
Значењето на Хеликоптерската единица за зголемување на ефикасноста во полициското работење и некои акции во кои била вклучена

Хеликоптерската единица за полициски намени, опремена со најразлична софистицирана опрема е витален дел на секоја модерна полиција, бидејќи со својата организациска поставеност е во соработка со сите други организациони единици на Министерство за внатрешни работи и им стои на нивно располагање за остварување на своите цели, почнувајќи од надзор на државната граница, обезбедување претставници од други земји, оперативни активности со свое директно учество во акциите, потоа, интервенции при природни непогоди, хуманитарни задачи, дотур на храна и лекови.

http://atlantica.atamacedonia.org.mk/index.php/vase-mislenje/item/360-istorijatot-i-formiranje-na-helikopterskata-ednica-za-policiski-nameni-jastrebi
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„ - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„   Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„ - Page 4 Empty2/6/2013, 13:37

Хеликоптерска единица на МВР го извади телото на загинатиот битолчанец на Пелистер

Специјална хеликоптерка единица на Министерството за внатрешни работи во соработка со специјално обучени лица во планински услови на Дирекцијата за заштита и спасување, денеска напладне го извадија телото на загинатиот битолски планинар кое беше пронајдено во провалија во месноста Големо Езеро на Баба Планина.

Портпаролот на СВР-Битола Магдалена Димитровска потврди дека телото за починатиот П.К. роден 1981 година во Битола е предадено на обдукција во Клиничка болница со цел утврдување на причините за несреќниот настан на Пелистер.

-Утрово околу 03.30 часот во СВР-Битола беше пријавено дека е пронајдено мртво тело на 32 годишниот битолчанец П.К., кое било лоцирано во провалија во близина на Големо Езеро на Баба Планина. Сега веќе починатиот П.К. заминал на планинарење и последен телефонски контакт остварил во текот на вчерашниот ден во 13.30 часот. Неговите родители испратиле пријатели да го пронајдат П.К. и го пронашле во провалија длабока околу 30 метри, истакна Димитровска.

Поради непристапност на теренот претпладнево беше активирана специјална хеликоптерска единица на МВР со тим од кримтехничари и лекар кои го пронајдоа телото, го извлекоа од провалијата и е предадено на обдукција во Клиничка болница, истакна Магдалена Димитровска, портпарол на СВР-Битола.

http://a1on.mk/wordpress/archives/158758

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„ - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„   Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„ - Page 4 Empty4/6/2013, 13:18

Летечките полицајци го ризикуваат својот за да спасат туѓ живот

Седум хеликоптери има на располагање специјализираната хеликоптерска единица на МВР, која во ова време од годината постојано има акции за спасување изгубени планинари, а најмногу спасувачки мисии биле изведени со воздухопловот „Б-412“. Тие беа активни и во последниот случај кога полицискиот тим беше повикан за извлекување на телото на младиот планинар од Битола, кој возејќи велосипед, се лизнал од планинскиот пат и паднал во бездна длабока 30 метри каде што трагично загинал. Нашата репортерска екипа ја посети Хеликоптерската единица, која пред нас ги демонстрираа своите можности.

Полициските хеликоптери и специјалците интервенираат секогаш кога станува збор за извлекување повредени или за спасување лица од тешко пристапни места. Во недостиг на таканаречената горска служба за спасување, каква што има во сите развиени земји, полициските „тигри“ и хеликоптерската единица на МВР се оние на кои им се јавуваат кога има проблеми со изгубени или повредени планинари, алпинисти или излетници, а кои не можат да бидат спасени од Црвениот крст или од Дирекцијата за заштита и спасување.

Алпинистичкиот тим и Хеликоптерската единица на МВР интервенираат заедно кога станува збор за изгубени или повредени планинари. Хеликоптерската единица располага со три хеликоптери од типот „АБ-206“, „АБ-212“ и „Б-412“ и четири хеликоптери „МИ-17“.

Пилотите се искусни со завршено школување во поранешните југословенски земји, а повеќето што сега работат во оваа единица порано биле пилоти во армијата на Македонија.

Овие два тима заедно реализирале повеќе акции, а само годинава учествувале во три спасувачки акции, од кои последната беше пред два дена на Пелистер. Началник на одделот за воздухопловни единици е пилотот Драги Мицев.

- Пред околу еден месец спасивме 13 планинари од Скопје, кои се изгубиле на Водно. Меѓу нив имаше шест деца на возраст од 10-ина години, четири жени и тројца мажи. Тие од Kрстот на Водно тргнале кон Матка, но залутале. Потоа побарале помош на телефонскиот број 192, по што бевме ние повикани. Стапивме во контакт со планинарите и ни дадоа координати и ги лоциравме. Хеликоптерот најде во близина место за слетување и ги земавме 13-те изгубени излетници - вели Мицев, кој како пилот работи од 1991 година.

Полицијата за спасување најчесто го користи хеликоптерот „Б-412“ бидејќи овој хеликоптер поседува витло за спасување, односно сајла што се спушта и се крева.

На витлото може да се закачи и кошница за спасување, со која може да се кренат и повредени лица. Задолжително во секоја спасителна акција има и лекар од ЕСЗ.

Пилотот вели дека го користат и хеликоптерот „МИ-17“, кој исто така има сајла, но за овој хеликоптер потребно е подолго време за подготовка за да се стави во функција.

- Со кошницата, која се закачува на сајлата на „витлото“, може да се крене товар до 270 килограми. Сајлата има должина од 70 метри. Брзината, кревањето и спуштањето на кошницата или другата опрема се регулира со џојстик. Ова претставува модерен систем што го користат речиси сите служби за спасување во светот - вели пилотот Мицев.

На хеликоптерот „Б-412“ пред четири години дополнително било вградено витлото. Другите четири хеликоптери „М-17“ имаат фабрички вградено витло.

За да дејствува овој тим, оние што бараат помош првин треба да се јават во дежурниот оперативен центар на бројот 192. Од таму се бара дозвола за дејствување од министерот или од директорот на Бирото за јавна безбедност. Дејствуваат во текот на работното време, најмногу за 35 минути. Но ако станува збор за неработни денови, бидејќи немаат 24-часовно дежурство, на местото на несреќата стигнуваат за еден-еден и пол час.

Лидерот на алпинистичкиот тим на МВР, Горан Стрезовски, раскажува како се одвива една акција. Откако ќе се подготват, го лоцираат местото и ако повредениот е во свесна состојба, разговараат со него или со некој што е со него за да знаат што треба да земат од опрема бидејќи не е можно да се понесе целата опрема.

- Ако хеликоптерот не може да слета, тогаш лебди во воздухот и ние се спуштаме. Пилотот претходно прави процена дали може да лебди во место бидејќи тоа зависи од временските услови. Ако не, тогаш лета до најблиското место што е безбедно за слетување и потоа пеш одиме до местото на несреќата. Откако ќе стасаме до повредениот, го мобилизираме и на раце го транспортираме до хеликоптерот. Ако станува збор за непристапен терен, правиме жичница со јажиња, го извлекуваме повредениот и го носиме до хеликоптерот - вели Стрезовски.

Ако има можност, како што беше во случајот со повредениот планинар на Матка од пред три недели, тогаш хеликоптерот лебди во воздух, четворица алпинисти се спуштаат на земја и во зависност од повредите на планинарот, симнуваат носилка, пелена или кошница.

Една од најтешките и најспецифични акции за специјалците била пред околу четири години кога од непристапен и тежок терен извлекле тешко повредена алпинистка од Битола. Специјалците навреме стасале на местото, но спуштањето до повредената било многу отежнато поради струењето на воздухот. Но, и покрај сè, навреме ја извлекле и ~ дале прва помош, по што ја однеле во болница. Алпинистката, за жал, подоцна им подлегна на повредите.

- Нема лесна и тешка акција, сите се со висок ризик бидејќи одиме во најтешки услови каде што другите служби не можат да ја завршат работата - завршува Стрезовски.

Потешко од управување авион

Пилотите велат дека хеликоптерот е трипати потежок за управување од авион.

- Самата динамика е покомплицирана, хеликоптерот слетува и летнува вертикално и на мал терен. Освен тоа, и намената и задачите што ги извршува хеликоптерот се потешки, на пример, транспорт на луѓе и на опрема, контрола на сообраќај на државната граница, извидување на државната граница, спасување лица, превоз на ВИП-личности, потоа за комерцијални потреби на фирми за што оваа единица има изготвено и правилник - вели пилотот Мицев.

Недостигаат пилоти

Во Хеликоптерската единица бројот на пилоти е минимален, што претставува и една од причините поради која пилотите не работата 24 часа. Проблемот, како што наведуваат, е што постарите колеги-пилоти заминале во пензија, а нови нема или има малку бидејќи во Македонија не постојат соодветни професионални школи.

- Моментално, во Хеликоптерската единица има двајца нови пилоти, кои ја завршија обуката. Други двајца пилоти сè уште се обучуваат и за една година и тие ќе ~ се придружат на единицата.

Хеликоптерската единица за полициски потреби има одобрение за обука на пилоти за потребите на МВР. Но обуката не започнува од нула. Пилотите што веќе се пријавиле мора да имаат спортска дозвола за летање или приватна дозвола за пилот на комерцијален лет. Ако кандидатите дојдат со овие дозволи, тогаш почнуваат со обука за пилоти во Хеликоптерската единица за полициски потреби - вели пилотот Мицев.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=82CB7E8F4375AB4DB829A05899FEE4FE
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„ - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„   Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„ - Page 4 Empty30/9/2013, 12:42

Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„ - Page 4 Azrh
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„ - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„   Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„ - Page 4 Empty30/9/2013, 13:29

Momak od Gjorce напиша:
Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„ - Page 4 Azrh
OKo jastrebovo.
Akoneka se mnozhat.

cijae ovaa
Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„ - Page 4 Pict54
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„ - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„   Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„ - Page 4 Empty30/9/2013, 13:34

da se znae koj e koj.Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„ - Page 4 Israeli+uavs
Вратете се на почетокот Go down
legend1979

legend1979


Број на мислења : 48

Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„ - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„   Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„ - Page 4 Empty17/11/2013, 21:30

Kolku imame Hermes 450?
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„ - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„   Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„ - Page 4 Empty17/11/2013, 21:36

Мислам 4.
Вратете се на почетокот Go down
legend1979

legend1979


Број на мислења : 48

Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„ - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„   Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„ - Page 4 Empty17/11/2013, 23:39

7 helikopteri i 4 bezpilotni letela :-)
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„ - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„   Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„ - Page 4 Empty18/11/2013, 10:30

Никаде не е објавено колку.
А има и поголеми и помали , Скајларк на пример.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„ - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„   Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„ - Page 4 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Полициска хеликоптерска единица „Јастреби„
Вратете се на почетокот 
Страна 4 of 17Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5 ... 10 ... 17  Next
 Similar topics
-
» Полициска единица „АЛФИ”
» САЕ - Специјална Антитерористичка Единица - „Тигар„
» ЕБР - Единица за Брзо Распоредување
» ЕИП - Единица за интервентна полиција
» ПЕП - Посебна единица на полицијата

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Министерство за Внатрешни Работи - МВР-
Отиди до: