Предмет: Re: ЕБР - Единица за Брзо Распоредување 11/3/2012, 14:15
Луѓе какви кривични пријави какви бакрачи. Секаде во светот се веќе познати тие работи само кај нас уште глумиме некоја конспиративност. Па дали има некој што не ја знае структурата на САС? На веб страната на МВР на Србија стои шемата на организација на САЈ. А згора на се, верувајте дека ти што сакаат да дознаат нешто за нашите единици тоа веќе одамна го знаат или директно влијаат на тоа.
______________________ Потта штеди крв!
SIG
Број на мислења : 6118
Предмет: Re: ЕБР - Единица за Брзо Распоредување 11/3/2012, 18:59
Токму така... ние како да имаме тајни супер оружја и илјадници припадници во замрзнувачи кои чекаат да бидат активирани се понашаме..
Генерал
Број на мислења : 2343
Предмет: Re: ЕБР - Единица за Брзо Распоредување 11/3/2012, 19:19
Ајде да се вратиме малку на темата ЕБР. Да пишам некој норми кои се потребни за влез во оваа единица. Кандидатот треба да: - Има работно искуство од 2 години како ОСЛ (овластено службено лице ) - Да изрази желба за работа во единицата - Да е психофизички здрав - ова го утврдуваат посебни комисии во МВР
Откако ќе се пријави кандидатот се подложува на физички тест кој се одредува во зависност од годините и полот на кандидатот. Разликата во нормите е неколку проценти па така да нема да навлегувам во детална елаборација, туку само ќе ги дадам основините норми: - 3 200 метри за помалку од 15 минути - 53 склека за 2 минути - 62 стомачни за 2 минути - 9 згиба.о Ова се основните физички норми кои треба да се исполнат. Доколку постои поголем број на кандидати од потребниот кои ги исполнуваат овие норми се селектираат оние кандидати кои имаат најдобри резултати.
Селектираните кандидати се упатуваат на 21 дневен селективен курс. Оние кандидати кои ќе го поминат курсот се упатуваат на Основна обука, за на крај целиот процес да заврши со Специјалистичката обука.
______________________ Потта штеди крв!
Зоран likes this post
Profesionalec
Број на мислења : 149
Предмет: Re: ЕБР - Единица за Брзо Распоредување 15/3/2012, 12:10
Овие сите работи треба да се направат одеднаш? мислам.. по трчањето одма склекови,згибови..без пауза така?
______________________ Don't underestimate your enemy!
Волчко
Број на мислења : 88
Предмет: Re: ЕБР - Единица за Брзо Распоредување 15/3/2012, 12:13
Секако дека има паузи не се роботи се од еднаш да направат
______________________ Success is how high you bounce when you hit bottom.
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: ЕБР - Единица за Брзо Распоредување 15/3/2012, 12:31
Мислам дека малку си претерал со времето за склекови и стомачни,иако ЕБР е специјална единица мислам дека нема олку строги критериуми,а времето за згибови неможам да го сватам 0,што 0...
Profesionalec
Број на мислења : 149
Предмет: Re: ЕБР - Единица за Брзо Распоредување 15/3/2012, 12:40
Јас би го ставил ова за секој во ЕБР да мора да го помине доколку сака влез,ова би бил минимум во некоја посебна единица. Едноставно мора да е спремен, не сметам дека е нешто екстра.
______________________ Don't underestimate your enemy!
Волчко
Број на мислења : 88
Предмет: Re: ЕБР - Единица за Брзо Распоредување 15/3/2012, 12:57
Ова не е ништо на други места во светот критериум е да направи 100 склека,стомачни во рок од 2 мин нашиве сигурно се попуштиле со стандардите.
______________________ Success is how high you bounce when you hit bottom.
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: ЕБР - Единица за Брзо Распоредување 15/3/2012, 13:06
Profesionalec напиша:
Јас би го ставил ова за секој во ЕБР да мора да го помине доколку сака влез,ова би бил минимум во некоја посебна единица. Едноставно мора да е спремен, не сметам дека е нешто екстра.
Па за да се влезе во ЕБР мора да се исполнат критериуми,и не само да се влезе туку секоја година мора да се поминат истите норми за да се остане во единицата...ЕБР нема таква формација па за да ги има овие критериуми што ги збориш ти...можеби одреден дел од единицата да но поголем дел не...можеби на 20/30 години не ти изгледа нешто екстра но на 40/50 години ке видам дали нема да ти биде нешто екстра...затоа што има голем дел во ЕБР што се постари од 40 години а има и такви што ја раситниле 50-та...
Генерал
Број на мислења : 2343
Предмет: Re: ЕБР - Единица за Брзо Распоредување 15/3/2012, 14:24
Нормите се тие. Ако добро проанализирате ќе видите и дека не е баш многу. За добро подготвен кандидат не би било порблем. Знам припадник на ЕБР кој има скоро 40 години и мислам дека сеуште го држи рекордот во стомачни за 2 минути 123 што значи за една секунда еден стомачен + овие 3. Пробајте и ќе видете дека не се многу. Значи нормата од 63 стомачни треба да биде исполнета за нешто повеќе од минута.
Згибовите немаат временска граница затоа што колку повеќе се задржуваш на шипката толку потешко ќе ти биде. Тие се прават експлозивно. Се фаќаш за шипката и почнуваш.
Што се однесува за годините како што кажав и порано постојат посебни критериуми за старосната граница и полот. Колку е постар кандидатот нормите се прилагодени за неговата возраст. Друго што треба да се знае е дека во ЕСЗ и ЕБР старосната граница е 40 години, по што припадниците кои го надминуваат овој критериум се прераспоредуваат на други работни места. Исклучок од ова се командните позиции каде границата е повисока.