|
|
| Единица за Специјални Задачи „Тигар„ | |
|
+47Цане darkness BoyfromKavadarci Goust GoranSIR fantom1 bolee Rashid икс Mrshajnoski bojan111 losmi ace89 leopard Спенсер makedonija:D Smrtnikot BABUN assasian ESN JKD Panter Alvar alexmkd Legija91 Macedonian Knight tose misko alfa beowulf shady3 viktor tigar IgorM Zajcef Momak od Gjorce Subzero volcko1 TigerMKD Wolf Тигар Profesionalec Davormkd Зоран Генерал SIG Makedon AlexGreat 51 posters | |
Автор | Порака |
---|
Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„ 3/12/2015, 20:00 | |
| - Генерал напиша:
- bolee напиша:
- Fala za informaciive inace sto sodrzi toj selektiven test sto go zborite ? sto pravat ?
Прво имаш склекови, стомачни, згибови и трчање. Оние норми што беа за прием на курсот за полицајци. 55 склека, 60 тина стомачни, 10 згиба, 3200 метри трчање за 13:30. Ова се минималните. Колку подобар резултат толку подобро. Потоа селективен од 24 дена ( доколку има ). Е таму - масакар. Generale na plashi decata se e za luge samo trebit KIF ( meraklija d a si za rabotata). ______________________ Мијак 100 %
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„ 3/12/2015, 20:15 | |
| За ЕСЗ не е 24 дневен селективен туку 7 и траа до четирии саат после си идеш дома,другиот ден пак,ко равотно време... | |
| | | Smrtnikot
Број на мислења : 1272
| Предмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„ 3/12/2015, 20:35 | |
| - Momak od Gjorce напиша:
- За ЕСЗ не е 24 дневен селективен туку 7 и траа до четирии саат после си идеш дома,другиот ден пак,ко равотно време...
По истиот концепт е слективниот на ЕБР, меѓутоа трае околу 1 месец, така да се сомневам дека во ЕСЗ селективниот е 7 дена. ______________________ "Through discipline comes freedom"
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„ 3/12/2015, 20:36 | |
| многу многу многу лошо,и јас имам слушнато дека е така...штета,а таква единица,која има голема историја,треба да биде најтешка за влагање... | |
| | | Panter
Број на мислења : 455
| Предмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„ 22/12/2015, 19:23 | |
| Владимир Дамчевски | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„ 23/12/2015, 01:02 | |
| | |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„ 23/12/2015, 01:14 | |
| - SIG напиша:
- Кој е дечково?
припадник на есз тигар,загина во расправија со локални бандити или припадници на друга единица,не се сеќавам најдобро,за нова година ми се чини,во Деспина..извадиле пиштоли ама другиот бил побрз...лесна му земја. | |
| | | Panter
Број на мислења : 455
| Предмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„ 23/12/2015, 03:33 | |
| - SIG напиша:
- Кој е дечково?
На 24 демекври 2007 година ПОЛИЦИСКА ПРЕСМЕТКА ПРЕД КАФЕАНАТА "ДЕСПИНА" ВО СКОПЈЕ Убиен специјалец Пред кафеаната "Деспина" во скопската населба Мичурин бил убиен Владимир Дамчевски (26) од демирхисарското село Слепче, припадник на единицата "Тигри". Трагедијата се случи на прослава на новогодишната вечер во кафеаната Деспина во скопски Мичурин. На 24 демекври 2007 година по претходна расправија а потоа и тепачка меѓу присутните во кафеаната. Во пресметка меѓу припадник на Единицата за брзо распоредување и припадници на елитната единица "Тигри" при МВР, пред кафеаната "Деспина" во скопската населба Мичурин, вчераутро со неколку куршуми од пиштол бил убиен Владимир Дамчевски (26) од демирхисарското село Слепче, припадник на единицата "Тигри". Во престрелката ранет во главата е и Бобан М. (35) од Скопје од Единицата за брзо распоредување во МВР, кој веднаш бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје. Врз него е извршена хируршка интервенција и, според лекарите, тој не е во животна опасност Деверот на слобода, снаата во притвор за убиство на полицаец Полицијата поднесе кривична пријава против Савка М. (33), која е осомничена за убиството на полицискиот „тигар“ Владимир Дамчевски, а го ослободила нејзиниот девер, Сашо Максимовиќ Скопјанката Савка М. (33) е осомничена за убиството на полицискиот „тигар“, Владимир Дамчевски (27), кој беше убиен кон крајот на декември лани, пред ресторанот „Деспина“ во Скопје. Таа е снаа на Сашо Максимовиќ (24), кој беше претходно осомничен за убиството и веќе издржа 45-дневен притвор. Резултатот од тестот на парафинската ракавица покажал траги од барутни честички кај осомничената, по што против неа била поднесена кривична пријава за убиство. Осомничената од понеделникот е во 30-дневен притвор во истражниот затвор „Скопје“, а нејзиниот девер во вторникот бил пуштен од притвор. Истрагата утврдила дека Савка М. со умисла го убила Дамчевски испукувајќи во него десет куршуми од пиштол. Од извори во истрагата дознаваме дека осомничената, која се брани со молчење, тврди дека зад убиството е нејзиниот девер, кој, според неговите изјави за истражните органи, не се сеќавал на ништо. Крвавиот инцидент се случи на 24 декември вечерта, пред ресторанот „Деспина“. Сашо Максимовиќ, неговиот брат Бобан Максимовиќ и Александар Тројанов (25), двајцата припадници на полициската Единица за брзо распоредување, и Николче Најдовски (27) од Велес со своите девојки и сопруги седеле во сепаре во кафеаната. Во еден момент расположениот Сашо се качил на масата и почнал да игра. Тогаш дошол келнерот и го замолил да слезе од масата оти така замолил газдата и покажал кон Славчо Неделковски (36) припадник на „Тигрите“. Сашо слегол од масата, се упатил кон Неделковски и почнал да се расправа со него. Кавгата продолжила во ходникот. Бидејќи кафеаната била полна со гости тие излегле надвор. Веднаш по нив излегле и братот на Сашо, Бобан, сопругата на Бобан, Савка и нивните пријатели Тројанов и Најдовски. Во одбрана на Неделковски пристигнал и неговиот пријател Драган Темелковски. Расправијата прераснала во тепачка. Набргу наишол и Дамчевски, кој се обидел да ја смири ситуацијата. Неделковски го извадил службениот пиштол „глог“, но во метежот повеќепати бил удрен по раката, па пиштолот му паднал. Во тој момент Савка го зела пиштолот и го убила Дамчевски испукувајќи во него десет куршуми во главата и во телото. Веднаш по убиството истражен судија им одредил и притвор на учесниците во тепачката, во која настрада полицаецот, полицајците Неделковски и Тројанов како и на Најдовски. Тројцата се пријавени за учество во тепачка. | |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„ 23/12/2015, 14:09 | |
| во скоро време "дознав" дека има голема,не знам како да ја наречам,омраза,ривалство,потсмев меѓу тие две единици...што апсолутно не треба да биде така.Ривалство да има е нормално и позитивно,но не и омраза.Сигурно да бил обичен газда не би тргнал накај него и не би прераснало во нешто такво,но бидејќи бил тигар,а овој од ебр,било причина + да не си го прегази егото и да не го послуша... | |
| | | Panter
Број на мислења : 455
| Предмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„ 23/12/2015, 19:23 | |
| - JKD напиша:
- во скоро време "дознав" дека има голема,не знам како да ја наречам,омраза,ривалство,потсмев меѓу тие две единици...што апсолутно не треба да биде така.Ривалство да има е нормално и позитивно,но не и омраза.Сигурно да бил обичен газда не би тргнал накај него и не би прераснало во нешто такво,но бидејќи бил тигар,а овој од ебр,било причина + да не си го прегази егото и да не го послуша...
JKD ne pravi film za sto i kako bilo tocno e deka ima rivalstvo i Omraza megu niv toa najdobro si go znaat tie.JKD tie ne znaele deka gazdata im e kolega od MVR a se mislele deka se bogovi deka rabotat vo MVR i mozat da pravat sto sakaat! Eve podetalno Кафената била полна со гости. Прославувале вработени од "Тинекс" маркетите. Меѓу гостите биле и Бобан М. и неговиот брат Сашо М., А.Т.(25) од Скопје и Н.Н. (27) од Велес-припадник на ЕБР, со женско друштво. Околу полноќ Сашо М., видно расположен, се качил на стол. Веднаш бил предупреден од персоналот на кафената да се симне. Разлутен од тоа, Сашо отишол на масата каде што седел Славе и му рекол: "Немај гајле, ние сме од МВР". Газдата почнал да се подбива со гостинот, велејќи му: "Вие од МВР сте многу силни". По кусата препирка, Сашо се вратил на масата и му рекол на неговиот брат дека газдата ја исмејува полицијата. Бобан, лут од тоа што го слушнал, отишол кај Славе и почнал да му вика. За да не ги вознемируваат другите гости во кафената, Славе заедно со браќата и жените излегол надвор. На десетина метри од кафеаната, по жестоката расправија, тие ги извадиле пиштолите и почнале со нив да се маваат. Ненадејно на местото каде што се тепале пристигнал и Владимир Дамчевски, кој се приклучил на тепачката за да го одбрани нападнатиот колега "тигар". Во мешаницата на Славе Н. му паднал пиштолот од раце и една од жените го зела и му го подала на Сашо М., кој го репетирал и почнал да пука. Со еден од испуканите куршуми тој смртно го погодил во главата Дамчевски, кој од здобиените повреди починал на самото место. Најверојатно од рикошетиран куршум, повреден во главата бил и Бобан М. кој веднаш бил пренесен во Ургентниот центар. | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„ | |
| |
| | | | Единица за Специјални Задачи „Тигар„ | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|