Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Единица за Специјални Задачи „Тигар„

Go down 
+47
Цане
darkness
BoyfromKavadarci
Goust
GoranSIR
fantom1
bolee
Rashid
икс
Mrshajnoski
bojan111
losmi
ace89
leopard
Спенсер
makedonija:D
Smrtnikot
BABUN
assasian
ESN
JKD
Panter
Alvar
alexmkd
Legija91
Macedonian Knight
tose
misko alfa
beowulf
shady3
viktor
tigar
IgorM
Zajcef
Momak od Gjorce
Subzero
volcko1
TigerMKD
Wolf
Тигар
Profesionalec
Davormkd
Зоран
Генерал
SIG
Makedon
AlexGreat
51 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 7 ... 10, 11, 12 ... 55 ... 100  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 11 Empty2/12/2012, 23:48

Преку оваа стран што беа ставени немаше опција десен клик на сликата и copѕ image URL или слично,туку од десна страна на сликите имаш повеќе линкови Imаge links пишува само со едно кликање на IMG code автомацки се копира линкот,и треба само да го пастираш без ништо да додаваш...запомни за да ти ја покаже сликата како погоре треба на почетокот и на крајот од линкот да ти пишува [img]...Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 11 линк од слика...
Вратете се на почетокот Go down
Тигар

Тигар


Број на мислења : 29

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 11 Empty3/12/2012, 12:47

Припадниците на полициската специјална единица „Тигар“ се најдоа во репотажата на новинарот Кристоф Мацл во австрискиот весник Кроненцајтунг.

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 11 Tigri


Тој ги опишува Тигрите како македонската елитна единица, додавајќи дека по тренинзите со колегите од австриските „Кобри“, стануваат уште подобри,а во меѓувреме, се вбројуваат во врвните полиции на Балканот. Своите способности ги покажуваат при една акција против шверцери на Охридското езеро.

Македонските Тигри ги покажаа своите канџи

Пладневна идила на живописното Охридско езеро. Неугледен дрвен чамец лежи на песочната плажа. Одеднаш, истрели од пиштол. Автоматското оружје почнува да штрака, бучавата на моторни чамци и чадни бомби потсетуваат на молскавична војна! Точно, војната е во тек: борбата на македонските ловци на дрога против припадниците на хероинската мафија. И пред да сфатат што се случува околу нив, овие мрачни ликови лежат во песокот. Крупни полицајци има ставаат лисици на рацете. Пладневните ѕвона уште не замолкнале, а полициското комбе со уапсените шверцери на дрога се оддалечува од сцената.

Непоштедни вежби и најсовремени стратегии

„Сцените на оваа акција на едното од клучните места на т.н. „балканска рута“ мошне јасно покажуваат една работа: македонските специјални единици ја исполниле својата домашна задача!“ – тоа е коментарот и воедно признанието што шефот на австриските „Кобри“, Ханес Гулнбрајн, го дава за своите колеги. Под австриско раководство, тие со недели, па дури и месеци беа обучувани и „полирани“. Непоштедните вежби, суровите борби гради в гради, тактичката и стратешката обука, од многумина „слабаци“ направиле врвни полицајци.

Денес, специјалните единици се подготвени за акција за неколку минути: во секое време и на секое место! А без овие полициски професионалци, борбата со македонските мафијашки структури би била како игра на мачка и глушец. Дека полициските „Тигри“ не се мачиња за галење се покажа и при операцијата „Диригент“: Големиот удар против 55-члената нарко-банда, диригиран лично од директорот на Јавна безбедност, Љупчо Тодоровски. Организатори и курири се приведувани и во Виена и во Скопје. Притоа се запленети и 19 килограми дрога (во вредност од 800.000 евра).

Без доверба нема ни вмрежена полициска активност

„Директниот контакт со нашите колеги во Виена, одличната вмреженост и пред сè, личните познанства беа одлучувачки фактори“ – со овие зборови шефот на македонската полиција го објаснува „Безбедносното партнерство – ILECU“.

„Довербата е камен-темелник на меѓународната полициска соработка и на успешно спроведените полициски акции“, вели Герхард Ланг, со право гордиот шеф-стратег на Сојузната криминалистичка служба. Токму на тоа и се должи откривањето на сторителите и следењето на трагата до Македонија. Но, акцијата би била како шлаканица по површината на водата, доколку не им се „помрсат конците“ и на „кумовите“. Сепак, нарко-милионите претставуваат моќ и влијание во земја нагризена од корупција.
Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 11 Tigri1


Голобради момчиња наместо мажи како курири на дрога…

Оттаму, и шефот на Одделот за борба со економски криминал при крим-полицијата, Руди Унтеркефлер, на Македонците им дава правни совети во борбата против нарко-картелите. Всушност, јазот меѓу богатите и сиромашните во оваа мала балканска држава што е толку горда на „својот Александар Македонски“ е навистина голем: и додека на скопските булевари се нижат величествени објекти, заедно со новата (!) триумфална арка, а мафијашите поминуваат со своите „ферари“ пред луксузните хотели, илјадници други страдаат. „Оние што тука питаат со подадена рака, тие навистина се гладни. За да ја преживеат зимата, питачите собираат дрво за огрев“, објаснува еден полицаец, „додека нарко-бароните ладнокрвно ја користат токму оваа ситуација, во својата потрага по невработени што ќе им послужат како улични продавачи на дрога во земјите на ЕУ“.

Притоа, најчесто се регрутираат сиромашни момчиња од кои многумина преживуваат како продавачи на дребулии по раскрсници, перачи на шофершајбни или питачи. Брутални хулигани не доаѓаат предвид. Исклучиво момци без дамка во минатото и без каква било претходна казна се испраќаат на европските улици како продавачи на дрога. „Добрите момци без криминално минато не се упадливи. Со помош на туристичка виза, во Австрија остануваат до 90 дена и заработуваат 300 евра на ден. Притоа, не смеат да имаат контакти со никого. Доколку некој стане упадлив, или не го запази кодексот на молчење, истиот го враќаат назад“, објаснува инспекторот Горан Ф.

Во езерото длабоко 289 метри пливаат и трупови

Притоа, дрогата што Македонците ја нудат на нарко-пазарот е апсолутно висококвалитетна, апсолутно евтина и на крајот на секоја тажна наркоманска приказна, таа е апсолутно смртоносна! А, од длабочините на Охридското езеро, некои од вратените дилери никогаш не испливуваат на површина. Но, како и охридските рибари, така и ловците на дрога ги фрлаат своите истражни мрежи: „ако се појави хероинска ајкула, ќе биде харпунирана!“

„ILECU – ново оружје во борбата со мафија“

Побрза размена на информации благодарение на скратените и поедноставените комуникациски патишта. Дописи при допир на копче и добивање одговор во реално време! Тоа е новата девиза. „Под водство на Сојузната криминалистичка служба доаѓа до формирање на ILECU (International Law Enforcement Coordination Units” како револуционерна форма на полициската соработка во Европа, каде што заедно со Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Србија и Косово веќе две години се спроведуваат овие цели“, објаснува проектниот менаџер, генерал-мајорот Герхард Ланг од Сојузната криминалистичка служба. Вкупно 1200 полициски професионалци од овие држави се грижат за подобрата соработка во ЕУ.



http://denesen.mk/web/2012/12/03/makedonskite-tigri-gi-pokazaa-kandzite/

______________________
Ние не прашуваме КОЛКУ се, туку КАДЕ се!!!!
Вратете се на почетокот Go down
tigar




Број на мислења : 11

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 11 Empty21/12/2012, 14:38

kako moze da se stane snajperist ima nekakov poseben protokol ili ????
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 11 Empty22/12/2012, 16:22

tigar напиша:
kako moze da se stane snajperist ima nekakov poseben protokol ili ????

Нај добриот стрелец во водот оди на посебна дообука.
Вратете се на почетокот Go down
tigar




Број на мислења : 11

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 11 Empty23/12/2012, 00:09

da ama mora da vlezam vo specijalna edinica za snajperiam ili samo vo armijata
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 11 Empty23/12/2012, 00:35

tigar напиша:
da ama mora da vlezam vo specijalna edinica za snajperiam ili samo vo armijata

Снајперисти има и во МВР т.е и во ЕСЗ и ЕБР а имаш и во АРМ...

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
viktor




Број на мислења : 7

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 11 Empty1/1/2013, 23:36

Zdravo na site, nov sum na ovoj sajt i imam 14 godini, sakam da bidam vo specijalnata edinica volci ili tigri sto treba da napravam ponataka uste sum vo osnovno uciliste.. ima li nekoe sredno koe bi trebalo da zavrsam za vo ovie edinici ve molam odgovor Smile
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 11 Empty2/1/2013, 01:41

Имаш уште долго време другарче. Ако ти потрае љубовта, најпрво ќе одиш во војска или во полиција, во зависност од тоа кај сакаш да одиш, во Волци или Ренџери, или пак Тигри или ЕБР.

Не треба средно посебно, туку по завршувањето на воениот рок, кога ќе се распише конкурс ќе конкурираш. Ако сакаш во Тигрите или ЕБР мислам дека мораш 2 години да работиш како обичен полицаец па да конкурираш.
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 11 Empty2/1/2013, 12:20

viktor напиша:
Zdravo na site, nov sum na ovoj sajt i imam 14 godini, sakam da bidam vo specijalnata edinica volci ili tigri sto treba da napravam ponataka uste sum vo osnovno uciliste.. ima li nekoe sredno koe bi trebalo da zavrsam za vo ovie edinici ve molam odgovor Smile

Спорувај млад приајтеле, Боречка вештина ке ти е плус во ината замисла!
Вратете се на почетокот Go down
Wolf

Wolf


Број на мислења : 115

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 11 Empty2/1/2013, 15:25

нема цивилни за у пСО треба 2 години во АРМ да работиш, а за таму да се вработиш треба врски, млад си уште има време.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 11 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Единица за Специјални Задачи „Тигар„
Вратете се на почетокот 
Страна 11 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 7 ... 10, 11, 12 ... 55 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Слики "Единица за специјални задачи ТИГАР"
» САЕ - Специјална Антитерористичка Единица - „Тигар„
» ОМОН - Руска полициска единица за специјални намени
» „Бадем„ (Egoc) и „Единица 504„ - Израелски специјални воени единици
» 1/35 ГАЗ Тигар, Крим 2014. Звезда

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Министерство за Внатрешни Работи - МВР-
Отиди до: