Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: САМОСТРЕЛ:ТИВОК И УБИСТВЕН 10/2/2012, 18:19 | |
| ОД АРСЕНАЛОТ НА СПЕЦИЈАЛНИТЕ СИЛИОваа малку поинаква „алатка” на војникот, за разлика од огненото оружје, е многу ретко користена во „вистинската ситуација” како што, впрочем, може да се види во акционите филмови каде што она што се прикажува неретко е и далеку од реалноста. Самострелот денес како оружје не може да се спореди со огненото оружје.И покрај тоа одредени негови карактеристики му отстапуваат место во арсеналот на армијата, но само во одредени единици, чии припадници знаат како и кога да го употребат. За добро обучениот војник припадник на специјалните сили кој ја разбира својата работа и добро го познава своето оружје,не постои оружје кое треба да се игнорира или потцени. Повеќе од јасно е дека денес, за одредени задачи каде што е потребна визуелна и звучна маскираност, пригушувачите на звук за огненото оружје се израмнуваат со тивкиот самострел. Сепак, самострелот, сe уште се употребува.Како и во многу други армии, овој тип на вооружување е застапен и во АРМ, секако, онаму каде што е потребен во високопрофесионални специјални сили кои имаат потреба од т.н. „стелт” оружје,на пример, за лов на дивеч за прехрана во природа на непријателска територија, со можност за користење на стрелки кои повторно можат да се употребат, потоа елиминација на непријателска жива сила на пократки растојанија кога се бара потполна звучна маскирност, употреба на стрелки со цијанид или друга хемикалија итн. ПРОЕКТИЛ – СТРЕЛАСамострелите истрелуваат проектил кој е потежок од зрното истрелано од огнено оружје, барем од она кое се смета како стандардно вооружување кое се задолжува на секој војник, не сметајќи ги крупнокалибарните зрна. Значи, тука ги споредувам 9 mm-пиштолска муниција и најчесто употребуваните калибри за масовно вооружување: 5.56 mm и 7.62 mm(кај овие калибри, проектилот од самострелот не може да се споредува заради естремните разлики во дострелот и пробојноста).Поголемата маса на проектилот (стрелата) која варира од видот на стрелата (дрвена, пластична, алуминиумска или некоја друга легура) носи и поголема кинетичка енергија од зрното.Пенетраторот на врвот претставува посебен дел од целокупниот проектил со форма која обезбедува, пред сe, сигурна пенетрација во целта.Тој е изработен од потврд материјал кој може без проблем да пробие подлабоко во целта.Всушност, проектилот кој неколкупати го споменав како „стрела“, е помал и пократок,но потежок од стрелата наменета за кла-сичниот лак (во превод значи клин, односно „bolt“).Значи, стрелката претставува проектил кој е составен од три основни делови: тело на стрелката, стабилизатор (кој се наоѓа на задниот дел од стрелата, а има задача да обезбеди стабилен лет на стрелката) и пенетраторврв на стрелата кој врши импакт со целта. Стрелката може да биде со три или со четири крилца на стабилизаторот и со две или со четири сечила на пенетраторот (најчесто), иако постојат голем број на различни врвови според обликот. Стабилизаторот се изработува од пластика или од мисиркин пердув, додека врвот може да биде од челик, челична легура, алуминиум итн. (во зависност од намената на стрелката). За лов, пожелно е врвот да има четири сечила за да направи поголема рана и побрзо искрварување на животното, а сечилата да се закосени под агол кој нема да дозволи стрелката да излезе од телото на животното. За вежбање, пенетраторот е мазен, со зашилен врв. Најчесто врвовите се завртуваат на предниот дел од стрелката како завртка (по потреба се менува). АРМ: „БАРНЕТ ПРЕДАТОР“(BARNETT PREDATOR)Моделот „Предатор” на компанијата „Барнет“ е солидно изработен самострел кој е во употреба во АРМ. Овој модел претставува еден од првите патентирани дизајни од модерен тип кој користи напреден лак и тетива со систем за затегање со футуристички изглед. Барнетовиот „Предатор“ може да истрелува стрелки од секаков материјал со три перки на стабилизаторот, а доаѓа во комплет со уште неколку стрелки за вежбање (тие се со стандардна глава – врв со мала површина,потоа не е профилирана како оние за лов, туку е мазна како зрно од куршум со поостар врв), кабел за затегање на тетивата, резервен алат и прибор, оптички нишан итн. Лакот е специфичен поделен е на четири краци,по два на секоја страна на чии краеви се вградени макари преку кои се префрлува тетивата.Ова е направено со цел да се добие поголема кинетичка енергија од помал распон на лак, а системот е конструиран за да ги пригушува вибрациите од тетивата при истрел (AVI system).Кај некои други модели постојат гумени амортизери кои ја амортизираат отуштената тетива (TAC15). Кога се работи со ова оруже особено важно е тетивата да се обработи со средство за подмачкување заради триењето на кое е изложена при контактот со водилката на стрелата. Може да дојде до несакано пукање на тетивата која, иако е како повеќеслојна, треба да се замени откако ќе се забележи кинење на некој од горните слоеви (конци).Кабелот за затегање кој доаѓа со самострелот овозможува олеснето напнување на тетивата – некои модели се опремени со макара со што самострелот може да се подготви за десетина секунди. Најчесто поставувано прашање од страна на оние кои за првпат се среќаваат со самострелот е неговата пробојност. Добар самострел со мазен врв и поголема моќ на тетивата може да пробие кевлар,односно шлем на војник,или кевларна заштитна плоча.Доколку таа е зајакната со керамичка плоча или со метал, тоа би претставувало проблем и се смета дека тука нема место за употреба на самострелот. Ако се користи стрелка со врв со сечила, подобро е двострано отколку четворострано сечило бидејќи има пого- лема пробивна моќ ( без проблем ќе пробие дрвена плоча од 25 mm).Исто така,четирикрилните стрели даваат подобра стабилност од трикрилните, па може да се каже дека правилниот избор би бил четворокрилен стабилизатор со врв со две сечива. | |
|
Desperado
Број на мислења : 70
| Предмет: Re: САМОСТРЕЛ:ТИВОК И УБИСТВЕН 10/2/2012, 23:56 | |
| Интересна тема братче.. значи ние во АРМ имаме само Барнет - Предатор. Колку парчиња имаме знаеш?
П.С Претпоставувам последнава слика е твоја?
| |
|
filip555
Број на мислења : 94
| Предмет: Re: САМОСТРЕЛ:ТИВОК И УБИСТВЕН 11/2/2012, 00:05 | |
| Super tema.. a kolku preciznost ima i kolku e dometot ako znaesh ? .. ______________________ "If you want peace, prepare for war." Flavius Vegetius Renatus. Roman Military strategist. c. 390. A.D
| |
|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: САМОСТРЕЛ:ТИВОК И УБИСТВЕН 11/2/2012, 00:18 | |
| Еве ви ги основните ТТ карактеристики за БАРНЕТ ПРЕДАТОР...незнам колку ги има во АРМ но мислам дека само Волците ги имаат во својот состав...да моја е од 18 агуст денот на АРМ,има и други слики од тој настан во темата „18 Агуст ден на АРМ“...
Вкупна маса: 3.7 kg Вкупна должина: 940 mm Ширина на лакот при релаксирана положба: 568 mm Должина на повлекување на тетивата: 336,5 mm Сила на повлекување на тетивата: 80 kg Кинетичка сила на лакот: 60 kg Брзина на стрелата: 114,3 m/s Силата на повлекување на чкрапалото: 1,58 kg Должина на стандардна вежбовна стрелка: 558 mm Оптички нишан: „Барнет“ 4 х 32 или нишан со „црвена точка | |
|
Branitel
Број на мислења : 5
| Предмет: Re: САМОСТРЕЛ:ТИВОК И УБИСТВЕН 11/2/2012, 14:49 | |
| На некои видеа имам гледано каде што користат и некои оружја,незнам како би ви ги опишал,но преку кои дуваат и исфрлаат нешто.Знаете за што станува збор,но дали имате слика од нив да видиме за какво оружје точно станува збор? | |
|
Wolf
Број на мислења : 115
| Предмет: Re: САМОСТРЕЛ:ТИВОК И УБИСТВЕН 11/2/2012, 15:23 | |
| Toa e Blowgun, blowgun i samostrel koristat samo volcite nituedna druga edinica vo mkd ne koristi takvo oruzje. | |
|
Гостин Гостин
| Предмет: Re: САМОСТРЕЛ:ТИВОК И УБИСТВЕН 2/7/2012, 16:38 | |
| Абе каков Блоуган АSS Vintorez би можело Русиве да пуштат срце да го извезуваат да купат нашиве. Го користат СПЕТСНАЗ (АЛФА, ГРУ, ВИМПЕЛ, ОМОН итн.) единиците. Се фалат дека е многу прецизен и добар и измислен за специјални операции. Користи 9X39 специјална подзвучна (субсонична) муниција под ознаки SP 5 и SP 6 (оваа е панцирно пробојна). Оваа муниција не се произведува никаде во светот освен во Русија. Има и автоматска верзија AS Val
Последната промена е направена од HolyTemple на 2/7/2012, 16:44. Мислењето е променето 1 пати |
|
Гостин Гостин
| Предмет: Re: САМОСТРЕЛ:ТИВОК И УБИСТВЕН 2/7/2012, 16:40 | |
| - Wolf напиша:
- Toa e Blowgun, blowgun i samostrel koristat samo volcite nituedna druga edinica vo mkd ne koristi takvo oruzje.
Волците го користат за тивко елиминирање на непријател од близина и стрелата има поголема енергија за да го онеспособи непријателот за разлика од зрното на куршумот. |
|
SIG
Број на мислења : 6108
| Предмет: Re: САМОСТРЕЛ:ТИВОК И УБИСТВЕН 2/7/2012, 17:10 | |
| Рака на срце и Винторезот може да пружи рафален оган. | |
|
Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: САМОСТРЕЛ:ТИВОК И УБИСТВЕН 2/7/2012, 17:58 | |
| И е докажан концепт. А самостеливе ги имаме одмана и се соманвам дека 2001 сме ги испробале. | |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: САМОСТРЕЛ:ТИВОК И УБИСТВЕН | |
| |
|