Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Тероризам - дискусија

Go down 
+10
Legija91
Alvar
KikoTE
Зоран
Supeme General
Subzero
Profesionalec
Генерал
SIG
AlexGreat
14 posters
Отиди на страна : 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next
АвторПорака
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

Тероризам - дискусија Empty
ПишувањеПредмет: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија Empty1/8/2011, 23:53

Дефиниција на тероризмот

Тероризмот претставува незаконско користење на сила и насилство од страна на поединци или групи кои имаат директна врска со странските сили или пак, чии активности ги преминуваат националните граници, насочени против лица или објекти со цел да ги заплаши или да го принуди населениетo или било кој сегмент од општеството во остварување на своите политички или општествени цели. Во денешно време, најголем број на меѓународни терористички организации се спонзорирани од една или повеќе држави. Терористичките организации добиваат целосно поодршка од владите на државите- спонзори односно за своите активности имаат охрабрување во вид на финансиска помош, обука и заштита од една или повеќе влади.

Почетоци на тероризмот

Тероризмот со меѓународно значење своите зачетоци ги има уште во далечната 1930 година, кога беше извршено првото грабнување на авион, за денес да прерасне во глобална закана и сериозен акт на современата цивилизација. Современиот меѓународен тероризам не се однесува само на едно изолирано општество, односно не е насочен само против интересите на една држава. Неговата деструктивна моќ подеднакво ја чуствува целокупната меѓународна заедница што значи дека е неопходна да се познаваат сите видови на поврзаност меѓу терористичките акти и севкупните односи и состојби во меѓународната политика. Голем број на меѓународни конвенции го инкриминираат терористичкото однесување и ги обврзуваат сите земји да се борат со сите средства на правната држава против сите видови на тероризам. Од тој аспект, можеме да константираме дека меѓународниот тероризам претставува збир на активности забранети со меѓународното право, насочени против поединци, групи, држави и нејзини институции.
Со меѓународниот тероризам исто така се кршшат сите конвенции за заштита на човековите права и слободи во национални и меѓународни рамки, со што во голема мера се загрозува хуманата, индивидуалната безбедност на луѓето кои се повеќе постануваат жртви на ова современо зло. Во извршувањето на терористичките активности важна улога имаат и државите, кои условно можеме да ги поделиме во три групи:
Држави кои не го подржуваат тероризмот, меѓутоа тој се спроведува на нивна територија;
Држави кои не го спроведуваат тероризмот, меѓутоа го подржуваат;
Држави кои го подржуваат тероризмот или од кои доаѓаат програмите и силите кои го спроведуваат.
Држави кои го спонзорираат тероризмот се: Куба, Иран, Ирак, Либија, Северна Кореа, Судан и Сирија.
Најновата етапа во развојот на тероризмот, претставува глобална закана и го отвара патот за создавање на нова “Империја на насилство” односно светот го внесува во новото “Царство на стравот и ужасот”. Пречекорувањето на последниот праг на тероризам ќе значи отворање на нова “Цивилизациска врата” во пеколот, иако за утеха ќе констатираме дека шансите за успешен супертерористички акт сѐ уште се минимални, но до кога…?
Остварувањето и реализацијата на овој “Терористички сон” е можно, говори и податокот дека денес во светот има преку 3000 терористички организации со вкупно 200 000 терористи. За големината и јачината на терористичките организации илустративно говорат за извршените 73 785 терористички инциденти од 1970 до 1997 година. Исто така, мошне значајно е и тоа што тероризмот се става и во функција на интернационализација на војна. Всушност тероризмот во поново време се дефинира и како “војување”- војување со ниско ниво, конфликт од мали размери, односно војување со низок интензитет на употреба на насилство за остварување на определени политички цели. Но, во исто време, неговите активности се повеќе се ставаат и во функција на интернационализација на војната, посебно на граѓанските конфликти. Создавањето на се поголем број меѓународни терористички организации и сериозноста на тероризмот како нуклеарна, биолошка и хемиска закана претставува Ахилова петица на нашата цивилизација- смртна опасност за иднината на човештвото. Глобалните закани во целост претставуваат закани на новото време- сериозна опасност за меѓународниот мир и безбедност. Современиот тероризам само ја зголемува таа опасност, кој зајакнува се повеќе од ден на ден. Светот повторно е изложен на нови големи и опасни терористички провокации.

Терористички дејства како облик на специјална војна

Специјална војна претставува збир на организирани и координирани политички, економски, психолошки- пропаганди, обавештајно- субверзивни, а често и воени акции, мерки и постапки кои ги презема една или повеќе држави против други земји( група држави) народноослободителни или револуционерни движења, пред се поради наметнување на хегемонија, мешање во постоечките политички, економски и општествени односи, остварувања на одредени цели и интереси.
Преку специлалната војна пред се се остваруваат целите и интересите на големите сили во светот. Целите на големите сили пред се се одредуваат од страна на највисоките државни раководства, врз основа на проценките од моменталната меѓународна ситуација. За остварување на зацртаните цели големите сили (држави) ангажираат обавештајни и други служби и институции, потоа разни здруженија и организации, а по потреба и вооружени сили.
Терористичките дејства претставуваат битен облик на специјална војна. Трминот тероризам покрива мноштво различни и контрадикторни толкувања. Денес доминираат три типа и тоа: анахистичкиот, неофашистичкиот и државниот тероризам. Така “Црвени бригади”, “Фракцијата на црвената армија”, “Дирекната акција” се мотивирани од малограѓанска псевдореволуционерност, “Нов напредок”, “Нова сила”, ”Национален фронт” се профашистички групи, а во некои земји од парламентарните демократи до јужноамериканските диктатури, Израел и Јужна Африка, со различни мотиви и образложенија се развива државниот тероризам. Без оглед на тоа како се декларира, секој вид на тероризам ги загрозува демократските процеси и објективно им оди по рака на десничарско- реакционерните сили.
Експанзијата на насилство од сите бои и видови, во поново време предизвикува аларм за опасност дури и од нуклеарен тероризам. Бранот на злото со “Работно име” Меѓународен тероризам започна во 1968 година, односно по низата значајни настани што беа карактеристични за тој период ( поразот на Арапите во војната со Израел), создавањето на селските герила во Латинска Америка. Кога во затворската ќелија во 1977година, лидерите на “Фракцијата црвена армија” Урлике Мајнхов и Андреас Бадер извршија самоубиство, четири години подоцна “Црвените бригади” беа практично уништени. За западноевропските земји настапи затишје и уверување дека тероризмот конечно е задушен или во најмала мерка обезглавен. Меѓутоа се покажа дека и покрај сите удари што му се задаваат, тероризмот опстојува и јакне како стоглава хидра на која на местото на отсечената глава израснуваат две. Сведоци сме на повторно насилство и провокации. Повторна реафирмација за овој феномен почна спроти католичките празници во 1984 година кога Италијанските неофашисти предизвикаа експлозија на воз во тунел при што загинаа 17 лица, а повеќе од сто беа ранети. Во 1985 година во Атинскиот четврт глифида летна во воздух ноќен клуб во кој беа ранети 79 лица од кои 39 американски војници стационирани во најблиската воена база. Во едно Париско предградие беше убиен едн висок воен Француски стручњак во Министерството за одбрана, а одговорноста за ова убиство ја презеде организацијата “Директна акција”.
На 11 септември 2001 година беше урнат “стамбениот центар” во Њујорк во кој згинаа околу 3100 цивили. За овој напад одговорноста ја презеде Авганистанскиот терорист Бин Ладен. Во 2002 година во снајперските три неделни напади во Америка беа убиени 10 цивили, а тројца беа потешко ранети. За овој терористички напад беше обвинет 41 годишниот терорист Џон Ален Мухамед и 17 годишниот Џон Ли Молво. Основно обележје на тероризмот е неговата континуираност (непрекинатост). Дефинирањето на тероризмот сѐ уште не е завршено главно поради две основни причини: според едни теоретичари е невозможно да се дефинира поради неговите разни облици, а според други, поради политичката обоеност на самиот термин што исклучува секаква објективност.
Етимолошки терминот тероризам непосредно произлегува од латинскиот израз “терор” и означува психичка состојба на страв, ужас од определена опасност што постои или пак во секој момент се очекува. Тероризмот се јавува се јавува со различни идејно- политички сфаќања и вредности, односно неговото толкување е условено класно и идеолошки. Освен ова, се јавуваат и двојни мерила при толкувањето. Така тероризмот кој и одговара на политиката на владеачките кругови се дефинира како политички акт, при што убиство на лојален граѓанин или на дипломатски претставник се прикажува на пример како политички, односно како дело на демократската опозиција или како борба за политички права, а истите форми на тероризам што ги загрозуваат интересите на тие земји се кваликификуваат како криминал и злосторство.
Тероризмот претставува метод на политичка борба заради здружувања на власта, но истовремено и метод за борба против постојаната власт, што значи дека тероризмот како средство на политичка борба подеднакво го користат и оние што се на власт, но и подчинетите. Во повеќе наврати тероризмот е поистоветуван со герилата( германските акуи). Меѓутоа постојат значителни разлики меѓу тероризмот и герилата. Пред се грилските акуи се карактеризираат по тоа што се вршат во рурални средини, а не во градски како тероризмот.
Герилците за разлика од терористите, оперираат во релативно броен состав и на ослободените територии спроведуваат и организираат сопствена власт. ЦИА располага со сопствен центар за обучување во методите за задушување на востаничките движења ( базите Келт Пирг и Форд Браг во Северна Каролина, базата Форд Амаларг во зоната на Панамскиот канал), а покрај ова илјадници офицери и подофицери на Латинско- американските армии се обучувани во други воени логори во армијата на САД за пресметка со востаничките движења. На овој начин, меѓународниот тероризам претставува средство за остварување на блоковската политика, при што не престануваат обвиненијата меѓу големите сили.
Во минатото тероризмот бил ексклузивност на мажите, а во поново време се ангажираат и значителен број на жени како на пример, легендарниот лик на палестинката Леига Калед која на 20 години возраст поточно во 1969 год. Го принудила пилотот на авионот на компанијата ТИА наместо за Сан Франциско да лета за Дамаск. После ова грабнување извршува пластична операција и учествува во уште неколку акции, а потоа станува пратеник на Националниот совет на Палестина. Потоа следуваат Урлике Мајнкоф која била мозок на јадрото на “Фракцијата на Црвената армија”, потоа Барбара Мајер наречена “Ангел на смртта” и еден од основачите и идеолозите на “Црвените бригади”, Маргарита Кагол. Ова се само неколку од големата галерија на женски терористи, така што тезата дека тероризмот е ексклузивност само на мажите се прави неодржлива и неоснована.
Социјалната структура на терористите исто така е различна и во истата влегуваат личности од сите слоеви. Кога зборуваме за личноста на терористот, не можеме да ги прифатиме теориите според кои тие се главно ментално растроени личности, криминалци, садисти, односно неморални личности. Тоа би било апсурдно, затоа што досегашните откриени водачи, идеолози и членови на некои терористички организации, биле претежно млади образовани луѓе со инзвнодредни интелектуални способности, па дури и со највисок степен на универзитетска наобразба.


Објекти на нападот

Објекти на нападот, односно жртви на терористите можат да бидат разни политички личности, функционери, судии и јавни обвинители, високи воени и дипломатски претставници, банки, полициски станици, претставништа, складишта и други јавни објекти, Кога се избираат жртвите, односно објектите се врши таканаречен селективен терор. Овие напади терористите ги вршат со атентати, грабнувања или земање на заложници, киднапирање на авиони, уривања со експлозии, подметнување пожари и други диверзии.
Битен елемент кај сите облици на тероризам е насилството, кое претставува средство заради постигнување на одредена политичка цел. Гледано објективно, терористичките акции ги изведуваат мали групи при што употребените средства се огромна неусогласеност со целта. Општ заклучок е дека со примена на тероризмот не може да дојде до целосна промена во системот и глобалните политики на одредени земји. Историски гледано не постои пример каде што тероризмот довел до општонароден бунт туку тој е успешен само во специфични случаеви и услови кога настапуваат со јасно дефинирани цели како на пример, киднапирање, со кое сакаат да ослободат затворени терористи.

Цели на терористичките акции


Целите на тероризмот се секогаш политички обоени и можат да бидат различни, почнувајќи од изнудување на одредени отстапки, преку промена на дел од внатрешната и надворешната политика па се до јасно манифестирана желба за соборување на поредокот односно освојување на власта. Условно политичките цели на терористичката активност можеме да ги групираме во посредни и непосредни. Непосредни цели се давање публицитет на своите дела и идеи, потоа нанесување штета на меѓународниот углед на една земја, предизвикување принуди, разни изненадувања, обезбедување на симпатии на одредени слоеви и маси, вршење притисок врз оние кои ја подржуваат антитерористичката активност.
Конечните цели можат да бидат конкретни (преземање и консолидирање на политичка власт во одредено општество) или неодредени ( покренување светска револуција во интерпретација на оние терористички групи чии цели ги надминуваат националните граници, а кои ги нарекуваат анархисти), а такви се црвените бригади, црвената армија, раф, директна акција и други. Меѓународниот тероризам како историска категорија претставува екстремен метод на насилство со кое организира група или здружение, организација или држава односно нејзин орган, кој имаат своја идеологија, цел и план, континуирано се обидуваат преку најкраток пат да ги остварат своите цели, и тоа преку напади на претставници на власта, симболи на државата, но и неселектирање на жртви, а примарна цел е да се предизвика застрашување.
Денес не постои општо прифатена дефиниција за меѓународниот тероризам, а нема ниту согласност за неговата појава. Се наметнува констатацијата дека причините и условите за појавата на меѓународниот тероризам се општо специфични и разновидни за одредени региони и земји, времиња и околности во кои се појавуваат. Со тоа се покажа целокупната сложеност и разликите во интерпретирањата на причините за тероризам, а особено разновидни се толкувањата за причините на најновиот бран меѓународен тероризам. Тезата што ја лансираат Соединетите Американски Држави се сведува на тоа дека овој вид на насилство води директно потекло од Блискиот Исток и е во функција на палестинското прашање и исламскиот фундаментализам.
За реакционите сили на десницата меѓународниот тероризам е составен дел на разните мировни движења. Според одредени согледувања во меѓународната заедница причините за појава на меѓународниот тероризам се поделени на внатрешни и надворешни. Внатрешните причини се резултат на општествено- политичката и економската состојба во одредена земја, каде што се репродуцира тероризмот. Тие можат да се манифестираат:
Во услови на терор од страна на државата чиј режим е најчесто диктаторски, на кој терор најчесто се одговара со против удар ( режимите во Латинско- американските земји).
Во криза на системот и неговите вредности иако се постигнува успех во економскиот развој ( развиените земји на запад) при што поради низа околности и значајни политички, економски и општествени процеси се јавува тероризам.
Од името на револуцијата, со цел да се воспостави тероризам како облик на владеење ( германскиот национален социјализам и фашизмот во Италија).
Надворешните причини за појавата на тероризмот се производ на политиката и техничко- технолошкиот развој.
Како побитни фактори( причини) за појавата на експанзијата на меѓународниот тероризам во светски рамки како внатрешни така и надворешни можеме да ги наброиме следниве: релативниот неуспех на руралните герила на Латинско- американските земји,народноослободителните движења во извесни случаеви, кршење на основните правила на човекот, толерантна политичка клима, промените во вкупната стопанска ситуација што доведе до миграциони движења и концентрирање на странски работници од кои некои им обезбедуваат засолништа, помош и поддршка на терористите, ерозија на постојаните институции на власта, национализмот и шовинизмот, сепаратистичките и етничките групи кои сакаат поголема автономија и сопствена земја, техничко- технолошкиот развој како процес, улогата на средствата за масовно комуницирање односно големиот публицитет на секоја изведена терористичка акција.


Механизмот на терористичкото дејствување

Мораме да истакнеме дека современите терористички организации меѓусебно значително се разликуваат во поглед на нивната големина, организациона поставеност,географски простор на дејствување, идеолошка платформа, меѓутоа сите тие одредени слични организациони и тактички обележја пред се во нивната конспиративност, дисциплинираност, фантастичност, максимално користење на изненадување.
Со цел да видиме како функционира една типична терористичка организација, како пример ќе ја прикажеме организацијата на “Марсар Барајев“ кој беше убиен во самата терористичка акција пред една година. Во организационата структура на “Марсар Барајев“ се наоѓал извршен комитет во кој влегуваат раководители на организацијата. Тие се шефови на организацијата кои даваат дефинитивна согласност, наредби и интервенираат како врховно заповедништво. Инаку во извршниот комитет постојат три секции: политичка, воена и информативна. Највисоко воено политичко тело на организацијата претставува стратегиската дирекција.


Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Тероризам - дискусија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија Empty4/8/2011, 23:54

Преглед на позначајни терористички организации

Денес во светот малубројни се земјите во кои не се манифестирал тероризам со меѓународен елемент. Во Европа позначајни терористички организации се: “Црвената армија“- Германија, ИРА- Северна Ирска, ЕТА- Шпанија, Директна акција- Велика Британија итн. Во Латинска Америка постојат различни терористички организации кои се продукт на специфичните состојби на овој континент: “Тумпамаросите“- Уругвај, “АЛН“- Бразил, “Монтонеросите“- Аргентина, “ЕМ- 19“- Колумбија, “Сандеро Луминосо“- Перу итн. Во Северна Америка најпознати се: Метереолозите- САД, Фронтот за ослободување на Квибек- Канада.
На блискиот исток: Исламските екстремисти, екстремните Палестински терористички организации, ционостичкиот тероризам од страна на Израел, проиранскиот Хезболах, тероризмот на Сиките во Индија, Алкаеда- Авганистан, Чеченските организации итн.


Последици од тероризмот

Секој облик на тероризам е неприфатлив, претставува општествена негативна појава и е неспоив со хуманистичките цели. Бидејќи тероризмот е појава која датира и опстојува уште многу одамна жртвите и последиците од истиот се многу големи. Во најново време со појавата и примената на најсовремените борбени средства последиците од постоењето на овој вид на тероризам се несразмерно поголеми во споредба од порано. Стравувањето од меѓународниот тероризам денес е стигнато и до таа мерка што се очекува и примена и на нуклеарните борбени средства со помал интензитет само за да се остварат поставените цели, не обрнувајќи внимание на поголемиот број човечки жртви и материјални штети.


Напори за сузбивање и елиминирање на тероризмот

Покрај постоењето на несогласување околу дефинирањето на тероризамот, меѓународната заедница сепак успева да согласи некои категории на насилство да се сметаат за меѓународен тероризам ( Хашката, Монтреалската, Њујоршката конвенција), како и другите политичко правни инструменти изготвени во ООН ( декларации), дирекно или индирекно зборуваат за тероризмот како глобален проблем и негово елиминирање (сузбивање).
Соочени со предизвиците и ескалацијата на меѓународниот тероризам државите настојуваат да го спречат и начелно сите се согласуваат за неопходноста за безкомпромисна борба. Меѓутоа идеолошката и блоковската конфронтација оневозможуваат да се спроведат таквите декларативни заложби пред се и поради тоа што одредени земји преку тероризмот остваруваат сопствени цели. Досегашните одбрамбени средства и механизми преку тероризмот не се покажаа доволно ефикасни односно не ги спречија и уништија неговите корени, што значи дека научно не се доволно испитани сите причини за негово настанување па е невозможно да се примени соодветна терапија.
Но сепак постојат доста познати антитерористички единици во светот кои успешно изведуваат операции против тероризмот како на пример западно германската антитерористичка “ ГСГ-9”; “САС”; и “ СБС” во Велика Британија; единиците на “НОСК”-Италија; Египедската антитерористичка единица” САИКА”; “Зелените бајретки” и” Ренџерите” како и “ДЕЛТА” одредите во САД; Руските специјални антитерористички единици “СПЕНЦАЗ”. Поранешниот шеф на Американската дипломатија Џорџ Шулц создаде доктрина за борба против тероризмот според која секоја терористичка акција мора да биде одмаздена односно САД ќе употреби воена сила.



Извор: Википедија
Вратете се на почетокот Go down
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

Тероризам - дискусија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија Empty4/10/2011, 01:35

ДИЈАСПОРА И ТЕРОРИЗАМ 

Тања МИЛОШЕВСКА 
Филозофски факултет, Институт за одбранбени и мировни студии
 

Апстракт:

Овој труд ги резимира видовите на безбедносните последици произлезени од присуството на групите на дијаспората, и ги открива оние фактори кои што имаат тенденција да го зголемат или намалат нивото на безбедност.  
Исполитизираните,  радикализираните  и  организираните миграциски групи и заедници на дијаспората денес функционираат 
како  мостобран  за  терористичките  групи.  Здруженијата  на дијаспората  во  светот  се  значајни  и  сè  повеќе  имаат  улога на исполитизирани учесници.
Како  резултат,  опстанокот  на  терористичка  група  зависи  од силата на самата терористичка група но и од силата на мрежата 
за поддршка на терористичките групи. Стратегиското слабеење на терористичките  групи  бара  разбирање  на  внатрешните  и надворешните фактори и услови кои ја ескалираат и де‐ескалираат мигрантската и поддршката од дијаспората за тероризам.

______________________
Born to be Macedon!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Тероризам - дискусија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија Empty11/3/2012, 19:40

Ајде да пишам нешто и на оваа тема.
Борбата против тероризмот се дели на два вида и тоа:
- Антитероризам
- Контратероризам

Антитероризмот претставува превземање на превентивни мерки, односно превентивно делување во борбата против тероризмот. Во овој дел акцентот се става на безбедносно разузнавачките служби и нивните дејствувања.
Превентивни дејствија:
- Собирање на разузнавачки податоци за безбедносно интересни лица, организации и сл.
- Следење на сомнителни банкарски трансакции
- Замрзнување на банкарски сметки
- Развивање на безбедносна култура
- Психолошко-пропагандно дејствување ( едно од најсилните оружја на разузнавачките служби )
- Превентивни полициски, оперативно-тактички мерки и дејствија ( позорна и патролна дејност, евиденција на извршители на кривични дела (КД), на моторни возила, контролирање на гранични премини, контрола над прометот и користењето на огнено оружје итн.)

Контратероризмот како метод на борба против тероризмот опфаќа превземање на офанзивни мерки и дејствија кои имаат за цел спречување на терористичките закани. Еве една дефиниција од која јасно може да се види што претставува контратероризмот. Дефиницијата ја дава ФБИ а гласи:
„Контратероризмот претставува, здружени технички и оперативни активности составени од отворено, офанзивно и директно дејствување против сите видови на терористички дејства, организации и последици кои настануваат од нивното дејствување.“ Кај овој вид на борба акцентот паѓа на Специјалните единици.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Profesionalec

Profesionalec


Број на мислења : 149

Тероризам - дискусија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија Empty12/3/2012, 10:55

Поимите анти-тероризам и контра-тероризам често се бркаат.

______________________
Don't underestimate your enemy!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Тероризам - дискусија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија Empty12/3/2012, 11:13

Profesionalec напиша:
Поимите анти-тероризам и контра-тероризам често се бркаат.

Точно. Ме чуди фактот што и во официјалните безбедносни кругови се случува тоа.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Тероризам - дискусија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија Empty14/3/2012, 22:43

ГЛОБАЛНИОТ ТЕРОРИЗАМ И БАЛКАНОТ


Темата на тероризмот за Балканот никогаш не ја изгубила актуелноста, дури и тогаш кога во континуитет не се случиле негови еклатантни пројави. Актуелноста не е исчезната заради редица причини, а најважната е дека низ Балканот поминувале, а и сега поминуваат, реалните но и имагинарните граници, како на реални империи, така и на интереси, без оглед на повремените поместувања на гео-политичките граници. Тие граници никогаш и никој не ги земал како дефинитивен факт и заради тоа во одредени периоди се случувале како еклатантни политички, воени судири, така и акти на насилие кои, според денешните дефиниции, се сметаат за тероризам.

ПРЕДИСТОРИЈА

Во стогодишниот период (1912-2012) на Балканот, најдолгиот период на мир бил оној од 1945 до 1990 година. Тоа се должело, како на исцрпеноста од двете светски војни, така и на воспоставената биполарна структура на светот. Во таа слика на светот, не треба да се занамерува, ниту пак минимизира, СФРЈ играше активна улога, како балансер меѓу силите на Запад и Исток, но и како повремен медијатор при помали и поголеми спорови низ целиот свет. Биполарниот свет беше резултат на неколку битни договори (Техеран, Јалта) и во таа смисла договорните страни, без оглед на спротивставените интереси и тежината на проблемот, сепак водеа сметка за тоа дека политичкиот договор секогаш е можен, односно нужен. Во овој период светот не оскудеваше од војни. Освен ослободителните војни во колониите на старите империи, неколкуте габаритни воени интервенции, како и низата отворени прашања во "Златниот Триаголник" (нафтата на Блискиот и Средниот Исток-поконкретно!) тоа беа вентилите "за испуштање пареа" и места во кои беа создавани причините за нови договори и нови распореди на интересите. Помалите недоразбирања (како на пример нерешените гранични прашања на СФРЈ со Италија) секогаш, без оглед на вжештеноста на реториката, завршуваа со договор. Со или без посредници. Важното е што говорот на насилието (оружјето), барем на тлото на Европа беше, така барем се мислеше тогаш, исклучен во решавањето на споровите. Исклучоците како ИРА, ЕТА, се дел од правилата на играта воспоставени за тлото на Европа, односно потврда на тоа правило.

Ова движење на Историјата течеше до средината на осумдесттите кога стартуваше глобалниот проект "Распаѓање на биполарниот свет". Во почетокот на деведесеттите тој распад и се случи и на СФРЈ. На Балканот, на територијата врз која, како што споменавме, се вкрстувале, се допирале гранците на империите, односно интересите. Затоа тој распад се случи на така крвав начин, бидејќи завојуваните страни "не беа оставени сами" и на секоја, дали пред, дали за време, дали потоа и се придружија заинтересираните. Без оглед на тоа како ги објаснија односно јавно ги декларираа нивните интереси. Како и да е, распадот беше платен скапо, со многу човечки и материјални жртви, а опоравокот трае и до денешен ден.

Од интерес на нашата дебата е следното:

По распадот на СФРЈ, на Балканот една држава исчезна, а се појавија нови седум!
Новосоздадените држави, воглавно, се слаби структури, со многу проблеми во инсталирањето на државни капацитети, разјадувани од корупција, нискокапацитетни политички елити, а соодветно на темата која е од наш интерес, неспособни да се носат со многуте предизвици на времето;
Постоењето на вакви држави со слаби капацитети овозможи широко распростирање на организирани криминални активности кои дополнително ги слабеат државните апарати, ги корумпираат, тоа криминално миље исто така е одличен канал за трансфер на идеи, луѓе кои имаат и други, поинакви намери. Разграничувањата внатре во криминалните/терористичките групи понекогаш се невозможни со оглед на тоа што системот на самоодржување припадниците на овие групи ги става во двојна улога;
Во регионот, покрај неколкуте постигнати договори (Дејтон, Рамбуе, Охрид, резолуции на ООН и др.), повремени или подолги престои на мировни мисии (УНПРОФОР, УНПРЕДЕП, КФОР и сл.) некои прашања останаа нерешени, и што е поважно, се разгоруваат! Се повторува историјата, а тоа е дека на Балканот секогаш кога ќе се издејствува, односно случи мир, всушност станува збор за незавршен мир ;
Териториите каде невралгичните точки останаа како висок политички и "друг" приоритет можеме да ги лоцираме како: БиХ, Санџак, Косово, Македонија, а доколку бидеме пофлексибилни при класифицирањето тогаш тоа ќе важи и за Србија (Јужна);
Последно, но исто така важно, е дека во разрешувањето на било кој вид на спор, воената, насилната методологија, а особено по крвавите војни при распадот на СФРЈ, добија скоро еднакво право на граѓанство, како и политичките, што во добата на биполарниот свет, барем во Европа беше незамисливо!

ГЛОБАЛНИ ПРЕТПОСТАВКИ

Тероризмот не е нова појава во историјата. Доколку појдеме длабоко во историјата во секој период можеме да регистрираме многу случаи на насилни акти кои не се воени, туку се резултат на типични терористички активности.

(Нема да навлегуваме во содржината на десетици дефиниции за тоа што е тероризмот бидејќи претпоставката е дека аудиториумот овој поим го има апсолвирано во сите варијанти, деривации и нијанси).

За потребите на оваа дебата ние временски ќе се лоцираме на 20 и 21 век, не само како временски блиски, туку и заради спецификите на Балканот каде терористичките акти скоро никогаш не биле автономни акции на поединци, или пак помали групи на, исто така, поединци-идеалисти. Уште треба да додадеме дека организираните борбени, револуционерни структури на Балканот, никогаш не негувале особени симпатии за актите, односно извршителите, на теоризам, бидејќи ги сметале за штетни, а со оглед на бруталните реакции на државите по случувањата на терористички насилија. Но, како и да е, Балканот, така да се каже, е едно од родните места на тероризмот во овој облик познат и денеска, разбирливо, со нужните "модернизации". Првата светска војна започна по терористичкиот акт во Сараево од страна на група која била екстензија на тајни служби на најмалку две држави. Ова е една од верзиите на тероризам кој ја ужива подршката на организирани структури, какви што се државите, односно нејзините служби. Понатамошниот тек на настаните на Балканот (пошироката територија на етничка Македонија) сосема ја докажуваат тезата. Во сите колежи во рамките на она што се нарекувало ВМРО, или негови фракции, биле длабоко инволвирани службите на Балканските држави, најмалку, а би било неправедно сиот товар да се натовари само врз грбот на тогашната бугарска држава. Веќе се несомнени некои докази презентирани од страна на историската наука, за учеството на, барем, неколку балкански држави, па и од пошироко и подалеку. Илустрацијата со меѓувоените колежи ја користиме само за да ни послужи за полесно разбирање на заканите кои би можеле да ги идентификуваме по опсежната дебата, но и подоцнежна анализа на состојбите во регионот. Сепак, не само во подготовките на материјалот, туку и во многу студии, произлезе еден недвосмислен заклучок: На Балканот, вклучително и Македонија, невозможни се акти на теоризам, а притоа во нив да не се директно или индиректно (со нечинење!) замешани организирани структури, како што се држави, односно нивните служби. Дали станува збор за свесни политички одлуки, или пак за одметнати фракции на службите, тоа сепак е работа, надлежност, но и одговорност на државите во чии што рамки тие дејствуваат.

Работите околу тероризмот особено се искомплицираа со појавата на тнр. Глобален Тероризам каде целта на терористички акти не се веќе само држави, туку, буквално, цел свет, со приоритети за кои, не секогаш е јасно зошто и според кои критериуми се одбрани. Идеолошката платформа врз која се потпираат овие групи веќе не се некакви намери за ослободување на некоја територија, држава, или пак насилие заради идеолошка спротивставеност со властите на одредена држава. Германските терористи од РАФ, Црвените Бригади, Јапонската ослободителна армија и слични групи, беа насочени против системот, односно неговото олицетворение-државата. Тие во себе немаа интернационални димензии, ако во ова не се сметаат врските кои ги воспоставуваа помеѓу себе, или пак со некои ослободителни движења кои не се стеснуваа од терористички акти (Палестинци)! Индициите за тоа дека на почетокот, но и подоцна биле пенетрирани од страна на разни служби, во случајов се битни само како премиси од кои специјалистите би извлекувале одредени заклучоци и поуки. Но, сето тоа е далеку од ова што денес го имаме пред себе како организација/организации на глобални терористи.

Кога станува збор за Глобалниот Теоризам, зборуваме пред сè за идеолошки чадор, религиски интониран и од таа појдовна точка (станува збор за некоја од верзиите, односно компилациите на било која религија, но во случајов доминираат групите потпрени на Исламот) тој чадор послужува за полесно воспоставување, како на регрутната база, така и за полесно одредување на целите кои би биле нападнати. Прелесен би бил заклучокот дека целта е само христијанскиот свет, во секој случај, но перцепцијата на глобалниот тероризам сепак е таа и за тоа не би требало да се бараат причини во некои од фобиите на западниот свет, бидејќи иако не би било неточно, тоа не би ја осветлило, до крај, суштината на проблемот. Сепак станува збор за сложена структура, а во исто време децентрализирана до ниво на самостојни ќелии и со правила на функционирање и дејствување во кои искуствата на тајно организирање, не само во источниот свет, очигледно добро се проучени и применети. Притоа, бидејќи нивното меѓусебно комуницирање ниту постои, а што е поважно, никогаш не може, до крај да се дознаат сите врски на поедини групации. Било да станува збор за вертикални, било хоризонтални релации.

Врвот на оваа појава светот имаше прилика, во директен пренос, да го види на 11.9.2001 во Њујорк. Не дека свест за тоа немаше, ниту пак соодветните служби и пред тоа не знаеја за постоењето на вакви закани. Токму спротивното. Но акцијата против Кулите Близначки, заради глобалниот ефект, предизвика драстично освестување, прегрупирање и воспоставување на нови доктрини во борбата против, во овој момент, една од најголемите закани за човештвото.

ОКОЛНОСТИ

Постојат повеќе причини за појавата на глобалниот тероризам. Овде ќе се задржиме на некои моменти.

За неговата распростарнетост, жестокост, секако дека придонесе непостоењето, односно исчезнувањето на на механизмите на биполарниот свет во кој, парадоксално, покрај спротивставеноста на блоковите, акциите на терористите спаѓаа во делот на биполарниот фолклор. Откако завршија "воените игри" на сцената настапија автохтони организации кои, случајно или не, како врвни непријатели ги идентификуваа САД и сите нивни екстензии. Било да станува збор за држави, банки, компании, организации, поединци итн. Хаосот на распадот во поедини региони, вклучително и СФРЈ, беше одлична почва за обид (нема податоsци за успешноста, но сериозни индиции има!) за инсталирање на инфраструктура која би била база за дејствување. Според она што е достапно од отворените извори на информации, некои од обидите биле успешно спречени, но поуките од "успешните" акции на терористите не треба да се забораваат.

Во околностите кои можат да им погодуваат на терористичките активности сметаме дека треба да се осврнеме на два моменти:

1. Либералниот капитализам помеѓу останатото подразбира висока мобилност на луѓето, особено од земјите на Третиот Свет кои, во потрага по егзистенција, станаа крупен социјалнен и демографски фактор во некои земји од западниот свет. Се разбира со сите тегобности и фрустрации на живот во земји кои во нив гледаат нужно зло, односно работна сила за занимања кои стануваат непривлечни за домородното население. Дојденците се лоцирани во социјалната маргина, а како такви се одлична база за воспоставување на точки од кои може да се поаѓа во акции насочени против светот на оние кои ги тормозат на глобално ниво. Бидејќи станува збор, во најголем број на случаи, за слоеви кои се склони за рудиментарно, црно-бело, интерпретирање на стварноста, секој агитатор со намери кои во себе ги содржат и актите на тероризам се соочува, така да се рече, со отворена врата. На жестокоста и подготвеноста за акција и погодуваат разно-разните фобии на западните општества, како и отвореното манифестирање на истите кон "дојденците" со што комплексот акција-реакција секако дека е подготвен за примена.


2. Во деценијава зад нас светот живее во период на финансиска и генерално економска криза која најнапред ги загрозува овие социјални групи, создавајќи слоеви на очајници кои во одреден момент многу лесно завршуваат или од другата страна на законот, или пак на улица во најбуквална смисла на зборот. Притоа, ниту за нив ниту пак за државите во кои се наоѓаат е јасна границата помеѓу кршењето на законот со обичен криминал и со подготвеност за соучесништво во акти кои, во свеста на извршителот имаат третман на одмазда.
Се разбира со ова не се исцрпуваат сите причини, особено не причината со социјалниот статус, со оглед на тоа дека е голем бројот на терористички акти кои ги извршиле сосема солидно етаблирани поединци, а припадници на економската емиграција.

БАЛКАНОТ

На Балканот со закана од тероризам соочувањето беше пред, односно за време на војните во Босна. На муслиманска страна се појавија доброволци (дали некој ги "барал", дали дошле самоиницијативно, дали некои држави од исламскиот свет ги понудиле, а босанските муслимани не можеле, или не сакале да ги одбијат-сеедно!) од исламскиот свет. Одреден број од нив, останаа и по завршувањето на војната и БиХ до денешен ден не е на чисто што би требало да прави со нив. Некои од нив, во меѓувреме, се огрешија и од законот, некои живеат сосема адаптирани во тоа општество, некои беа протерани-испорачани, а за некои нема сознанија со што точно се занимаваат. Ја уживаат дискретната заштита на некои исламски кругови, но проблемот се јавува токму тука. Дали од шпекулативни, дали пак од реални причини тие, секогаш бидуваат покажувани со прст, а како на потенцијална закана за мирот, односно како терористички потенцијал. И не само тоа. Тие се идентификуваат (основано или неосновано) како носители на радикални верзии на Исламот и дека се врската помеѓу центрите на радикалниот ислам и поединци од локалното население кое им се придружува.

Секако дека многу од материјалите достапни по медиумите се преполни со шпекулации, но сосема е јасно дека "доброволците", како и кругови во близина на исламскиот клер секогаш се извор преку кој се постигнува ефектот на вознемиривање, но и во тоа може да има добра страна, доколку надлежните власти ги држи во состојба на мобилизираност од потенцијалните закани. Слично е и во Србија - Санџак, каде една одметната фракција, а прилично бројна, па дури и доминантна, инсталира посебна Верска Заедница на муслиманите во Санџак, а нивниот предводник се издигна на ниво на политички фактор, со премолчена согласност на српските власти кои, дали заради коалициони, политикантски причини, се или пасивни, или пак кога дејствуваат, тоа го прават прилично несмасно.

Ако на ова се додаде корпусот на отворени прашања на Северно Косово, проблематичниот ангажман на Србија во настаните таму, ќе видиме дека на Балканот (бивши територии на СФРЈ) состојбите може да се интерпретираат како сосема погодни за воспоставување на она што во времето кога почнуваа војните воената пропаганда на Милошевиќ го нарекуваше Зелена Трансферзала. А сето ова е, во воздушна линија, не повеќе од 200 километри од границите на Македонија.

МАКЕДОНИЈА

Во изминатите дваесет години темата на глобалниот тероризам и тоа како е присутна како во круговите на надлежните служби, така и во академските кругови.

Генерално, стануваше збор за јавни искази за постоење на индиции за присуство на поединци, на инфраструктура, на трансферзали, обиди за конституирање на ќелии и сл. Разбирливо, државните органи беа прилично воздржани и штури во исказот, додека академските кругови во нивните јавни анализи секогаш предупредуваа дека Македонија никако не може да биде имуна од заканите од овој вид и дека треба да се однесува одговорно. На ова треба да се додадат некои реални случувања со групи кои (како за време на воената криза во 2001-та, така и подоцна) изведоа помали, или поголеми терористички акции, со евидентирани ефекти, ама и никогаш, до крај, разјаснета мотивација. Низ јавноста проциркулираа некакви опскурни соопштенија пласирани преку интернет, а кои се повикуваа на некакви ослободувачки намери, или пак бараа причини за нивната активност во постапките на македонската држава и тоа беше сè. Би било наивно овие појави да ги сместуваме во групата на активности кои се автохтоно родени, а водени од криминалци кои во актите на тероризам се аматери. Очигледно беше дека, барем една од намерите, одржување на континуитетот на говорот на оружјето како една од алтернативите во односите, како во Македонија, така и пошироко.

Според официјалните извори на Република Македонија, некои од припадниците на овие групи, беа изведени пред законот, а некои не, а за неколку случаи од осудените, до денешен ден остануваат нејасни околностите на нивната инволвираност. Државата, во рамките на нејзините капацитети, но и во соработка со други држави успеваше да ја сочува безбедноста, барем од овој вид на закани, или пак штетите да ги сведе на минимум.

ГЕНЕОЛОГИЈА НА РАДИКАЛИЗМОТ

За време, но и по распаѓањето, на Југославија во новосоздадените држави растењето на влијанието на десничарските партии не беше некој феномен кој треба да не зачудува. Но, политичките групации кои за себе велат дека се десни според нивната ориентација, многу малку се разликуваат од тнр. левичарски, особено во отежнатото разбирање на околностите кои произлегуваат од мултинационална и мултиконфесионална структура на општетството. Ако на ова се додаде и силната религиска компонента (кокетирање со клерот, инсистирање на религиска компонента на нацијата/земјата, прикриен или јавен анти-секуларизам итн.) во нивното вкупно дејствување, сосема е јасно дека во таков амбиент ќе се родат, инсталираат, развиваат, поттикнуваат разни облици на радикализам, вклучително и насилен. Дали притоа религискиот предзнак ќе биде поистакнат, или во крајна линија дури и ќе го нема, е сосема небитно. Битното е што почвата за виреење на радикали од сите бои е доволно "наѓубрена". Во ситуација пак кога, дури и само една политичка групација инсистрира на религиските аспекти на општеството, е сосема доволно за манифестација на разни облици на радикализам како акција, но и реакција на поединци, односно групи.

Цената на наметнатиот атеизам (станува збор за земјите на тнр.социјалистички блок) освен со примитивното десничарење е платена со рудиментарен распоред на политичките ориентации, од една страна, а од друга со експанзија на милитантни социјални акции, вклучително и на оние кои се повикуваат на религиски премиси, или уште подрастично, религиско-национални. Таков пример имавме во соседството (Милошевиќ). Воената машинерија која ги водеше војните на териториите на СФРЈ тоа многу добро го разбра. Војните коие се водеа во Хрватска, Босна, Косово се водеа не само против Хрвати, Бошњаци или Албанци. Тие се водеа и против католици и муслимани. Се разбира и "другата страна" возврати со исти премиси против, не само Срби, туку и против православни! Милошевиќ, кој цел живот бил атеист, зајава врз религиско-националистичка реторика и последиците сè уште се чувствуваат, односно тешко се санираат. Ние, до денешен ден, се соочуваме, како во секојдневната комуникација, така и во медиумите со немушти, шпекулативни интерпретации на "православен фундаментализам", "исламски фундаментализам" и слични "изми".

Но, кога се во прашање корумпираните балкански политички елити, "духот од шишето" одамна е пуштен, па популистичко-тоталитарниот приод во владеењето, сосема добро ја знае формулата национализам+религија, како идеална платформа за висок рејтинг, соодветно и одржување на власт.

МАКЕДОНСКИОТ АМБИЕНТ

Во случајот на Македонија, сметавме дека треба да бидеме експлицитни, национално-религискиот момент, послужи за градење на позиции кои Македонија ќе ја држат подалеку од НАТО и ЕУ, а притоа, ќе нагласиме и подолу, заради расклатувањето на институциите (партизација, непотизам, корупција, некомпетентност) тие нема да можат да бидат доволно способни да го препознаат радикализмот и против него да изградат соодветни механизми за одбрана.

Тоа е амбиентот во кој реалнните закани од автономни, или пак диригирани терористички елементи би можеле да дејствуваат и на наша територија. Особено ако се имаат во предвид вжештените состојби во северно Косово. Таму, во околности на сосема нејасни дејствија на некои кругови од српската држава, како и тоталната компромитираност на еден дел од косовските политички елити, конфронтациите веќе се доведени до состојби во кои реални воени ефективи се на терен. Имајќи ги пак во предвид проценките на нашите капацитети, не е нереално да се градат претпоставки дека во игра би можеле да бидат и воведени сценарија во кои Македонија би добила "свое место"!

На амбиентот во кој треба да се биде максимално претпазлив, треба да се додаде фактот дека внатрешните односи во општеството никогаш не го достигнаа оптималното ниво на хармоничност, нужност за мултинационалните и мултиконфесионалните општества. Договорот од Охрид обезбеди само појдовна точка, но неговата примена во десетте години доживеа како нагорнини, така и удолнини. Вклучително и последниот период од три-четири години кога примената се формализира до гротескни димензии (правична застапеност!) кое се одразува и ќе се одрази на потполно расипување на институционалните капацитети, вклучително и службите одговорни за безбедноста.

Исто така, нивото на разговор, дијалог, во општеството е доведено до најниски можни гранки и во тој дијалог, ако за дијалог може да станува збор, усвитената реторика, говорот на омраза доминираат. Од тоа ниво, до нивото на насилие не е далеку. Како социјална појава (зголемена агресивност, драматичен пораст на ситен и среден криминал, појава на организирани групи на насилници-навивачи, зголемен број на нерешени случаи на ситен криминал итн.) е регистрирано од страна на објективните набљудувачи и предупредувањата се упатени како до надлежните така и до јавноста.

Исто така, не треба да се испушти од вид дека во Македонија се живее тешко и дека преку 30% од населението е "од онаа страна на сиромаштијата", што е алармантно, особено во контекст на потенцијал кој би можел на еден, или на друг начин да биде употребен во активности на ќелии кои (нема достапни податоци) или се на поминување, или пак се веќе тука.

Македонската држава, односно нејзините власти, барем според она што го демонстрираат како начин на владеење, одговорност, односно неодговорност, злоупотреба на репресивниот апарат и многу други несоодветни постапки, никако не влеваат доверба дека ќе бидат способни да се носат со вакви предизвици. Тоа е една надолна линија која, за среќа, досега не е ставена на испит.

-Сметаме дека предупредувањата треба да се повторат, особено кон властите иако голите предупредувања нема да имаат никаква вредност, ако нештата се случат. Во случајот со тероризам, терористички акти, не треба да се доведеме во ситуации да пост-фестум ги бараме одговорните, а штетите(жртвите) веќе да бидат зад нас. Затоа препорачуваме:

-Зајакнување на соработката со НАТО и ЕУ особено во сегментот на безбедноста и воспоставување на односи на доверба во кое ќе се подразбира дека Македонија ќе ги реафирмира нејзините намери за искрено членство;

-Ажурирање на политиката на вработување, обука и ангажирање на припадниците на сите служби надлежни за безбедноста, со акцент на сегментот на тероризам согледан од најширок можен агол;

-Проверка на досегашните дејствија на службите и органите, како во целост, така и поединечно, во насока на јасна контрола на теренот;

-Воспоставување на уште повисоки стандарди на контрола (внатрешна и надворешна) на работењето на службите надлежни за вкупната безбедност;

-Обезбедување на непречено, но и транспарентно финансирање на опремувањето и активностите на службите надлежни за безбедноста;

-Заради подигање на јавната свест за сите облици на насилие, потребно е одбегнување на кампањски пристап кој досега беше сведен само на ТВ огласување кое не дава никакви ефекти;

-Преобмислување наа сите облици на политиките во социјалната сфера со оглед на огромните бројки на невработени и социјални случаи;

-Ригидна контрола на организираните групи на спортски навивачи, комбинирана со мерки на државата кон организаторите на спортски натпревари, но и други видови на масовни собирања;

-Натамошно реформирање на образовниот систем и системски мерки и политики на Владата и општеството за спречување и решавање на сè поприсутното насилие на младите во училиштата;

-Вклученост на академските кругови во разбирањето и анализата на темите врз крајно професионални и високи научни стандарди;
Активна улога на невладиниот сектор во превенцијата и унапредувањето на општествената свест за овие појави.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Тероризам - дискусија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија Empty3/5/2012, 09:38

Само како потсетување за она што го напишав пред некое време а сега е актуелно.

Генерал напиша:
Ајде да пишам нешто и на оваа тема.
Борбата против тероризмот се дели на два вида и тоа:
- Антитероризам
- Контратероризам

Антитероризмот претставува превземање на превентивни мерки, односно превентивно делување во борбата против тероризмот. Во овој дел акцентот се става на безбедносно разузнавачките служби и нивните дејствувања.
Превентивни дејствија:
- Собирање на разузнавачки податоци за безбедносно интересни лица, организации и сл.
- Следење на сомнителни банкарски трансакции
- Замрзнување на банкарски сметки
- Развивање на безбедносна култура
- Психолошко-пропагандно дејствување ( едно од најсилните оружја на разузнавачките служби )
- Превентивни полициски, оперативно-тактички мерки и дејствија ( позорна и патролна дејност, евиденција на извршители на кривични дела (КД), на моторни возила, контролирање на гранични премини, контрола над прометот и користењето на огнено оружје итн.)

Контратероризмот како метод на борба против тероризмот опфаќа превземање на офанзивни мерки и дејствија кои имаат за цел спречување на терористичките закани. Еве една дефиниција од која јасно може да се види што претставува контратероризмот. Дефиницијата ја дава ФБИ а гласи:
„Контратероризмот претставува, здружени технички и оперативни активности составени од отворено, офанзивно и директно дејствување против сите видови на терористички дејства, организации и последици кои настануваат од нивното дејствување.“ Кај овој вид на борба акцентот паѓа на Специјалните единици.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Subzero

Subzero


Број на мислења : 213

Тероризам - дискусија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија Empty3/5/2012, 10:02

Jas kako sto zabelezhav sega vo sovremenoto opshtestvo retko doagja do sudir pomegju dve drzhavi(zboruvam za voen
sudir) Sekogash ednite se spasiteli i chuvari na mirot, a drugite teroristi.

Kako sto bese NATO- milosredni angel vo SRBIJA lol! lol! lol! lol! lol! lol!
Вратете се на почетокот Go down
Profesionalec

Profesionalec


Број на мислења : 149

Тероризам - дискусија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија Empty4/5/2012, 00:07

Шест илјади исламски терористи крстосуваат низ Балканот

Експертот по тероризам Котовчевски тврди дека Ал каеда планирала Балканот да биде главна база од која ќе регрутира оперативци за своите цели во Европа. Македонија, Бугарија и Хрватска требало да станат центри и воени командни бази од кои ќе се раководат сите терористички операции во континентот.

[You must be registered and logged in to see this image.]

ЗЕЛЕНАТА ТРАНСВЕРЗАЛА СЕ УШТЕ Е АКТИВНА ВО РЕГИОНОТ
Апсењето на осомничените дваесетмина за кои има индиции дека се убијци од масакрот кај Железарско Езеро отвори прашање што е актуелно изминативе неколку години: има ли во Македонија радикални исламистички структури што ја искривуваат сликата на традиционалниот ислам. Овие луѓе камуфлирани во современи меѓународни криминални групи сѐ уште крстосуваат низ Балканот користејќи ги рутите на таканаречената „зелена трансверзала“ и сѐ уште се сериозна закана за безбедноста на регионот, согласни се консултираните експерти од неколку земји од регионот.
Ова беше само дел од темите за кои неодамна се расправаше и на тркалезната маса „Глобалниот тероризам и Балканот“, која ја одржа Институтот за социолошки и правно-политички истражувања.

Професорот Митко Котовчевски вели дека тероризмот на Балканот и во светот има моќ да набие клинови длабоко во општеството и да предизвика раздор и негово распаѓање.

- Носителите на бранот на терористички активности со децении, но и во иднина на овие простори ќе бидат увезени активисти од Блискиот Исток - истакна Котовчевски.

Според неговите информации, бројката на овие припадници на глобалните терористички мрежи што сега живеат на овие простори е околу 6.000 лица.

- Колебањето на Западот во решавањето на мноштвото воени конфликти што изникнаа на овие простори во 1990-тите, како на пример војната во Босна, доведе до формирање плодна почва за размножување и за регрутирање активисти на светски терористички организации, од кои најголем број се со ирански предзнак - рече Котовчевски.

Македонија е база на Ал каеда
Помладиот брат на Ајман ал Завахири, можниот наследник на Осама бин Ладен, на чело на Ал каеда, со години ги раководел акциите на исламските терористи на Балканот, алармира професорот Котовчевски.

Тој важел за експерт за логистика и се смета дека неколкупати досега бил во Македонија и на Балканот.

Инаку, Ајман ал Завахири е роден во 1953 година во Каиро, каде што и се школувал, а во 1974-та дипломирал и добил титула инженер. Истата година добил работа во една градежна фирма и се преселил во Саудиска Арабија. Неговото име во 1981 година се најде на телеграма за апсење веднаш по убиството на египетскиот престолонаследник Анвар Садат, но подоцна беше ослободен од обвинение.
Под закрила на хуманитарната организација „Исламик релиф“ често патувал во Босна, Хрватска и во Албанија.

Според Котовчевски, Осама бин Ладен на крајот од 1993 година официјално го поставил Мухамед ал Завахири на местото главен командант на операциите на Балканот. Оттогаш тој работи на ширење на терористичката мрежа во регионов. Од Бугарија во 1994 година раководел со акциите на муџахедините во Босна, а од скривниците во Албанија регрутирал борци за единиците на ОВК.

Како што се испоставило подоцна (по големиот случај во Египет, таканаречен „Повратник од Албанија“) парите за овие акции Ал Завахири ги добивал директно од Осама бин Ладен.

- Последен пат овој човек бил присутен во Македонија во 2002 година, а сето тоа е добро документирано во МВР. Тој тогаш се обидел да регрутира активисти за да се нападне главниот извор на вода за главниот град на државата, но, за среќа, бил спречен во намерата од безбедносните служби - вели Котовчевски.

Во април 2004 година Завахири е уапсен во Обединетите Арапски Емирати, а потоа испорачан во Египет, каде што во затвор минал неколку години. На крилата на египетската револуција, која неодамна го тргна од власт Хосни Мубарак, Завахири од новата власт е ослободен со амнестија за политички затвореници. Сепак, само неколку дена по ослободувањето под голем притисок на САД тој е уапсен и моментално се наоѓа повторно во ќелија во египетски затвор.

Бели муџахедини

Многумина стравуваат дека милитантни вахабити и други екстремисти би можело да ги прескокнат границите на Балканот и да се измешаат во западните општества пред да извршат терористички напади. Такви, како што пишува лондонскиот весник „Џејнс дифенс“, веќе имаше, кога лани во март еден косовски Албанец на аеродромот во Франкфурт уби двајца Американци. Во 2008 година тројца браќа Албанци со потекло од Македонија беа обвинети за подготовка на напад врз американска база во Њу Џерси. Претходно, во полициска акција во Србија кај вахабитите беа најдени големи количества оружје, наменети за терористички акции во регионот. Босанскиот доселеник Адис Медуњанин вчера беше обвинет за планирање терористички напад на подземната железница во Њујорк. Тој е прогласен за виновен по сите точки од обвинението, вклучувајќи ги и оние за користење оружје за масовно уништување, повеќе обиди за убиство и давање поддршка на странската терористичка организација Ал каеда. На Медуњанин му се заканува доживотна затворска казна.

Експертот по тероризам Котовчевски тврди дека Ал каеда планирала Балканот да биде главна база од која ќе регрутирале и ќе испорачувале оперативци за своите цели во Европа.

- Регрутираните од Балканот по физиономијата не би личеле на Арапи, а потоа лесно би се вклопиле во другите европски држави за да ги исполнат целите на терористичката организација - објаснува Котовчевски.

Најголемата замисла на Ал каеда, резимира тој, била Македонија, Бугарија и Хрватска да станат главните центри и воени командни бази од кои ќе се раководат сите нивни операции во континентот.

ЗДРУЖУВАЊЕ ПРОТИВ ТЕРОРИЗМОТ

Професорката од Факултетот за безбедност Фросина Ременски превенцијата на оваа негативна безбедносна ситуација што е присутна во регионот ја најде во процесот на здружување на европските држави и нивните безбедносни системи.

- Усогласувањето на законодавството меѓу сите земји од регионот и заедничката антитерористичка борба заедно со решавањето на горките економски проблеми би придонеле да се намали можноста некое лице од овие или оние причини да се придружи кон каузата на радикалните терористички организации - децидна е Ременски.

Зелена трансверзала

Владо Азиновиќ, универзитетски професор од Сараево, експерт за тероризам, вели дека терминот „зелена трансверзала“ во јавноста е во оптек уште од времето на поранешна Југославија, а особено бил актуализиран пред распадот на заедничката држава.

- „Зелената трансверзала“ е теорија што има за цел да објасни обид на обединување на териториите на кои живеат муслимани на Балканот. Во оваа голема држава би влегле делови од Албанија, Косово, Македонија, Санџак (дел од Србија и Црна Гора) и Босна и Херцеговина а центар на сѐ би била Турција. Оваа теза има за цел да ја претстави опасноста на територијална и демографска промена на христијанската Европа - го дефинира поимот Азиновиќ.

Можно е оваа мегаломанска идеја, смета професорот, навистина да постоела во нечии глави во моментите на распадот на Југославија како аргумент на оние сили што се противеа на независност на сојузните републики. Професорот Азиновиќ сепак истакнува дека секој акт на тероризам е дело на мала група што е посебно обучена и идеолошки индоктринирана, а таквата група ужива морална или некоја друга поддршка на поголеми заедници и се бори за нивните политички цели.

Радикалните исламисти доаѓаат од Иран

Воениот аналитичар Петар Шкрбина вели дека на овој проблем треба да му се пристапи со голема сериозност.
- Службите на поранешната држава активно работеа на спречување на постоењето на „зелената трансверзала“, термин што е користен за означување на патот по кој се инфилтрираат оперативците на терористичките организации од Блискиот Исток на почвата на Европа како што се Хамас, Хезболах, Курдската работничка партија и многу слични на нив - подвлекува Шкрбина.
- Токму поради оваа цел акцијата беше наречена „Корен“, која требаше да го спречи „всадувањето“ на овие безбедносни ризици и елементи на оваа почва - истакнува тој.
Траекторијата позната како „зелена трансверзала“, појаснува експертот, почнува од Иран, потоа преку Ирак и соседните земји стигнува до Турција. Оттука вратата кон Европа е отворена, па преку Бугарија и земјите на поранешна Југославија економските азиланти стигнуваат до ЕУ.

Десет најактивни терористички организации на балканот

Ал каеда
Египетски исламски џихад
Ал Гама ал исламија
Хамас
Муслимански браќа
Херакат ул Ансар
Херакат Такфир ва Хиџра
Хезболах
Албанска национална армија
Исламски муџахедин



Извор белградска „Политика“

______________________
Don't underestimate your enemy!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Тероризам - дискусија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Тероризам - дискусија
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 7Отиди на страна : 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Тероризам - нова светска војна-
Отиди до: