Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Тероризам - дискусија

Go down 
+10
Legija91
Alvar
KikoTE
Зоран
Supeme General
Subzero
Profesionalec
Генерал
SIG
AlexGreat
14 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next
АвторПорака
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Тероризам - дискусија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 5 Empty6/8/2013, 17:56

Терористички аларм во арапските земји, МНР уште ја скенира состојбата

Американските, британските, норвешките амбасади на Блискиот Исток и во Африка се празнат пред заканата од можен терористички напад.

Македонија се уште ги анализира состојбите. Македонското Министерство за надворешни работи, по последната тревога низ дипломатските претставништва на западните земји во светот, информира дека постојано ги ажурира податоците, но засега нема официјален став дали ќе се преземаат мерки за безбедност и во македонските дипломатските претставништва кои се наоѓаат во земјите под закана од терористички напади.

Од МНР велат дека досега не било практика, Македонија да повлекува амабсадор или официјален претставник на дипломатските претставништва странство дури и при големи кризи, а како пример ги наведуваат случувањата во Косово и Египет.

Од земјите кои деновиве се сметаат за ризични, Македонија има амбасади во Катар и Египет и Турција, а голем дел од арапските и африканските земји ги покрива преку амбасадите низ Европа.

Светот и денеска го тресе страв од евентуалните напади на Ал Каеда. Соединетите Американски Држави и Велика Британија веќе ги евакуираа амбасадите во Јемен, а американската амбасада во Тирана е под максимално засилено обезбедување.

Стејт Департментот дури побара владините претставници и американските граѓани да го напуптат Јемен. По САД, Велика Британија, Франција и Германија, денеска и Норвешка најави затворење на 15 амбасади Африка и Азија.

Според весникот„Њујорк тајмс“, САД донеле одлука за времено затворање на амбасадите откако пресретнале порака на лидерот на Ал Каеда Ајман ал Завахири, во која тој наредил на припадниците на оваа терористичка мрежа да извршат напад во Јемен.

Јеменските власти објавија список од 25 терористи од Ал Каеда на арапскиот полуостров кои планирале терористички напади во Сана и други градови во државата.

Министерството за внатрешни работи на Јемен соопшти дека осомничените планирале да нападнат канцеларии на странски организации и објекти во државата.

[You must be registered and logged in to see this link.]

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10947

Тероризам - дискусија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 5 Empty22/9/2013, 22:51

Kenya mall attack: Death toll rises to 68
[You must be registered and logged in to see this link.]

Israeli forces enter Nairobi mall, Kenyan president's nephew, fiancee among dead
[You must be registered and logged in to see this link.]

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10947

Тероризам - дискусија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 5 Empty26/9/2013, 20:56

Галерија од нападот во Најроби, Кенија (18+). Племето шабанско. Evil or Very Mad 
[You must be registered and logged in to see this link.]

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10947

Тероризам - дискусија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 5 Empty18/10/2013, 00:03


______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Тероризам - дискусија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 5 Empty11/11/2013, 20:48

Конечно уште една победа над тероризмот. Довчерашните најголеми непријатели заедно во еден технолошки напредок. Руски инжињери во соработка со НАТО конструираат високотехнолошки систем.


Еве како НАТО ќе ги открива бомбашите самоубијци



Објавени се снимки од новата технологија на НАТО во борбата против тероризмот. Станува збор за метода која без задржување и преглед на сите патници на јавниот превоз, лесно ќе ги открива бомбашите самоубијци, дури и во маса луѓе.
Со тајно тестирање во една европска подземна железница покажале како ќе се детектираат експлозивите.

Експлозивот на еден човек го активирал алармот. За среќа, станувало збор само за тајно тестирање на нова технологија,за пронаоѓање експлозиви на далечина. Бомбашите самоубијци би требале да се откриваат без контролен преглед, и во маса луѓе.

„Станува збор за ненаметлива метода. За неа не ви треба преглед, не треба да ги задржувате другите патници. Вие гледате сомнителни нешта на далечина додека останатиот дел од превозот нормално продолжува“ – рекол Џејми Си од НАТО.

Терористичките мети се фреквентни места, како подземната железница. Нападите на Лондон, Мадрид и Москва се изведени токму на системот на јавниот превоз.

„Во тоа време јавниот превоз беше послабо заштитен од авионскиот. И затоа одлучивме да развиеме технологија која би го заштитила и ваквиот тип на инфраструктура“ – рекол Пјер Шару.

Но, проектот кој досега чинел 4,8 милиони евра, би требало да се прилагоди на сите потенцијално критични мети. Сигурносните мерки и инаку се зголемени после терористичките напади. Благодарение на новата технологија, патниците посигурно ќе можат да се чувствуваат на аеродромите, дури и при вакви нереди.



Проектот на заедничките сили веќе три години го развиваат НАТО и Русија.

„Ова е одличен пример на меѓународна соработка, бидејќи терористичката закана е проблем во целиот свет“ – рекол Михаил Королев, главен инженер.

Сигурносните камери, полициските кучиња, скенери – тоа се само некои од начините со кои светот се бори против тероризмот. Со ваквиот проект, се оди неколку чекори подалеку.

[You must be registered and logged in to see this link.]

„Ваквата висока технологија ќе доведе до намалување на терористичките напади, тоа е она што луѓето го очекуваат и за што ќе ни бидат благодарни“ – рекол Димитри Рогозин, амбасадор. Експертите веруваат дека со ова би можеле да стават крај на најголемиот проблем на 21-ви век.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Тероризам - дискусија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 5 Empty17/12/2013, 21:27

Борбата против тероризмот е како да си голман. Може брилијантно да одбраниш стотици голови, но луѓето ќе го запомнат само ударот што поминал покрај тебе. Пол Вилкинсон

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Тероризам - дискусија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 5 Empty18/12/2013, 00:23

Во суштина тероризмот е широк поим, меѓутоа во последно време се поистоветува со радикален ислам, што и не е далеку од вистината кога ќе се земе во предвид статистиката за сите акти на тероризам во светски рамки во поглед на извршителите. Всушност кога на некој обичен граѓанин ќе му го спомнеш зборот тероризам, веднаш во глава му доаѓа слика од некој чичко со голема брада и автоматска пушка или кило експлозив околу појас...
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10947

Тероризам - дискусија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 5 Empty18/2/2014, 17:20

Екстремистички туристи: 250 џихадисти се вратиле во Велика Британија – некои од нив желни за напади

Околу 250 британски џихадисти се вратиле во Велика Британија по обуката и борбите во Сирија, изјавил за Сандеј тајмс висок британски безбедносен офицер. Безбедносните служби ги следат „екстремистичките туристи“, стравувајќи дека тие би можеле да вршат напади во земјата.

Министрите биле информирани дека повеќе од 400 Британци отишле во Сирија за да се вклучат во милитантните активности, а „многу повеќе од половина од оние што отпатуваа сега се вратија“, рекол офицерот за Тајмс.

Високи безбедносни претставници изјавија дека бројот на „повратниците“ сега е пет пати поголем од претходно пријавената бројка, истакнувајќи ја растечката закана од т.н. „екстремистички туристи“, кои одат во воените зони и се враќаат дома како тврдокорни милитанти.

„За некои нивниот џихад е завршен, други ќе им помогнат на другите да патуваат во Сирија, додека трети ќе собираат пари за борба“, вели безбедносниот извор.

Безбедносните служби будно ги следат 250-те повратници, меѓу кои има и неколку ветерани-радикали што се бореле во Авганистан или во Пакистан. Повеќемина други учествувале во борба или биле обучени за пукање или за други вештини применливи во терористички операции, а некои покажале спремност за извршување напади во Велика Британија, се вели во извештајот на безбедносните претставници.

„По неколку стотици луѓе одат таму. Може да бидат повредени или убиени, но нашата најголема грижа е тоа што кога ќе се вратат се радикализирани, можеби се и милитаризирани, може да имаат мрежа на луѓе што ги обучуваат да користат оружје“, изјавил шефот на полицијата во Лондон, сер Бернард Хоган – Хоу, за Сандеј тајмс.

Британскиот министер за имиграции и безбедност Џејмс Брокеншир за Раша тудеј изјавил дека британската влада е „решена да ги открие, да ги попречи и, кога е можно, да поведе истрага против сите терористички закани, било да се меѓународни или домашни“.

„Знаеме дека постои ризик од радикализирани поединци вратени во Велика Британија, но не треба да има сомнеж дека полицијата и разузнавачките агенции работат да ги идентификуваат и да ги спречат потенцијалните закани и да ја заштитат националната безбедност. Полицијата има моќта да испитува и да приведува поединци на границата на Велика Британија за да ги истражи сите знаци на учество во тероризам“, рекол министерот.
[You must be registered and logged in to see this link.]

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10947

Тероризам - дискусија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 5 Empty14/8/2014, 02:37

[You must be registered and logged in to see this link.]

Ахаааа... кај нив им смета и одма праќаат полиција, кај нас може да го мавтаат секој ден на протести. П***а им м***р дволична!

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Тероризам - дискусија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 5 Empty14/8/2014, 12:37

Alvar напиша:
[You must be registered and logged in to see this link.]

Ахаааа... кај нив им смета и одма праќаат полиција, кај нас може да го мавтаат секој ден на протести. П***а им м***р дволична!

Хипокризија !
На блудницата Вавилонска.
Имама дојам дека им сметаме како племе па не требат ненаметливо , полека со суптилен притисок, со ......

______________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Тероризам - дискусија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 5 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Тероризам - дискусија
Вратете се на почетокот 
Страна 5 of 7Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next
 Similar topics
-
» Кривично-правен аспек на Кривичното дело тероризам и Кривични дела поврзани со тероризам во КЗ на РМ
» Воената Академија на АРМ - дискусија
» Дискусија за студиите на Факултетот за безбедност
» Топ 10 најмоќни армии на светот - дискусија

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Тероризам - нова светска војна-
Отиди до: