Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Тероризам - дискусија

Go down 
+10
Legija91
Alvar
KikoTE
Зоран
Supeme General
Subzero
Profesionalec
Генерал
SIG
AlexGreat
14 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next
АвторПорака
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Тероризам - дискусија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 4 Empty26/5/2013, 13:55

Alvar напиша:
Баш сега читав за инцидентов на Military Photos. Можно е да станува за copy-cat напад... но кој знае.
Како и да е, немам ниту грам сожалување за ова што им се случува на Америте, Британците, Французите, Швеќаните итн. И малку им е.
Што си дробеа нека си сркаат.

Да и јас воопшто не ги сожалувам, меѓутоа кога ќе го земеме фактот дека ние бевме директно инволвирани во инвазијата на Ирак и на Авганистан, каде што Американците се обидуваа да "внесат демократија" и гледаме дека во сите нејзини сојузнички земји се случуваат терористички напади... Знаејќи дека кај нас има за извоз такви паравоени и други терористички структури, го поставувам прашањето "Што ако...?".
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

beowulf


Број на мислења : 765

Тероризам - дискусија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 4 Empty26/5/2013, 21:58

Smrtnikot напиша:
Да и јас воопшто не ги сожалувам, меѓутоа кога ќе го земеме фактот дека ние бевме директно инволвирани во инвазијата на Ирак и на Авганистан, каде што Американците се обидуваа да "внесат демократија" и гледаме дека во сите нејзини сојузнички земји се случуваат терористички напади... Знаејќи дека кај нас има за извоз такви паравоени и други терористички структури, го поставувам прашањето "Што ако...?".

Такво нешто кај нас веќе се случи - Смилковското езеро. Со оглед на тоа што сторителите се екстремни исламисти може да се рече дека се водеа по девизата: Мисли глобално, делувај локално...мотивот им беше да убијат христијани да создадат страв и паника кај христијанското население.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10947

Тероризам - дискусија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 4 Empty27/5/2013, 00:26

Нова британска антитерористичка единица ќе ги лови радикалните муслимански свештеници (ВИДЕО)

Илјадници луѓе се потенцијално изложени на ризик да бидат радикализирани во Велика Британија, изјавила британската министерка за внатрешни работи за Би-би-си.

Британската влада подготвува нова антитерористичка единица што ќе се справува со радикалните проповедници и со екстремизмот, изјавија официјални лица денеска, неколку дена откако двајца осомничени, очигледно поврзани со екстремистички исламистички активисти, брутално убија еден британски војник на улица во Лондон.

Британската министерка за внатрешни работи Тереза Меј во интервју за Би-би-си изјави дека групата ќе разгледа дали се потребни нови надлежности и закони за да се ловат верските лидери и организации што промовираат екстремистички пораки и што регрутираат потенцијални проврзаници во затворите, училиштата и џамиите.

Илјадници луѓе се потенцијално изложени на ризик да бидат радикализирани во Велика Британија, изјавила Меј за Би-би-си.

„Ние треба да ги прочепкаме и институциите како што се универзитетите, без разлика што во затворите нè чека поголема работа на тоа поле“, рекла таа во телевизиско интервју.

Единицата ќе вклучува високи министри, шефот на полицијата во Лондон и шефот на британската служба за безбедност МИ5, и се очекува да се состане во текот на следните неколку недели.

Овој потег следува откако 25-годишниот британски војник Ли Ригби во средата попладне беше прегазен и избоден со ножеви во областа Вулвич во југоисточниот дел на Лондон, додека чекорел во близина на својата касарна.
[You must be registered and logged in to see this link.]

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Тероризам - дискусија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 4 Empty27/5/2013, 12:18

Ова треба одма да го пресликаме, дури имаме време! Да се основа ваква единица и да ги голта помрчина што би рекол Драган на овие со три-четврти што шетаат.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10947

Тероризам - дискусија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 4 Empty27/5/2013, 12:34

Еве, изгледа работат на случајот. Само се плашам дека со толку лабави регулативи истиов може (а претпоставувам и се) да се злоупотребува.

Некој во Македонија го купил најдобриот софтвер за шпионирање на граѓаните

Една германско-британска компанија пред неколку години создала софтвер што му овозможува на купувачот да следи сè што прават илјадници луѓе на своите компјутери, на своите мобилни, на своите таблети...
[You must be registered and logged in to see this link.]

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Тероризам - дискусија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 4 Empty27/5/2013, 13:20

„Лајк„-от е опасна работа друже..руши држави... треба да се контролира Smile
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Тероризам - дискусија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 4 Empty6/8/2013, 10:50

„Во Македонија се обучуваат исламски терористи за самоубиствени напади“


Во Македонија се обучуваат исламски терористи за самоубиствени бомбашки напади. Босна, Албанија, Косово, Македонија, јужниот дел на Србија и на Црна Гора во иднина треба да станат обединета исламска држава. Ова е првата фаза од окупацијата на Европа во смисла на исламистичкиот план „Европа 3000“. Терористичките обуки се вршат во „безбедните албански области“, односно во Албанија, Косово и еден дел од Македонија. Тие оперираат под заштитниот чадор на Албанската национална армија (АНА или АКШ), организацијата – наследник на УЧК, објавува државното руско радио „Гласот на Русија“ повикувајќи се на руски разузнувачки служби.

Се регрутираат и обучуваат Босанци и Албанци со словенски изглед за извршување терористички активности. Овие борци тогаш би можеле да патуваат низ целиот свет без да разбудат сомнеж кај полициските и разузнавачките служби. Исто така тие би можеле да пристигнат и во регионот на северен Кавказ. Овие терористи се нарекуваат „бели ѓаволи“. Тие добиваат најдобра обука и се подготвени за Џихад во цела Европа и Русија. Но, најпрво овие борци со словенски лица се чуваат како резерва. Тие се подготвени за изведување на самоубиствени напади, односно „маченичка смрт“ во името на Коранот.

Јадрото на оваа група го сочинуваат босански муслимани како и регрути од Чеченија и останатите кавкаски региони, објавува радиото „Гласот на Русија“.

Во продолжение во целост Ви го пренесуваме текстот со наслов:

„Босна како област за почеток на маршот: План „Европа 3000“

Кон крајот на август 2003 година водачите на радикалните исламисти заклучија дека е важно да се воспостави терористичка инфраструктура за да се донесе терористичката војна во Европа, Русија, Израел, а подоцна и САД. Авганистанскиот борец, близок до Талибанците и Алкаеда, Сахид Емир Муса Ајзи, е одговорен за реализација на овој план. Тој има задача да мобилизира регрути со „бел, европски изглед“.

Босна, Албанија, Косово, Македонија, јужниот дел на Србија и на Црна Гора во иднина треба да станат обединета исламска држава. Ова е првата фаза од окупацијата на Европа во смисла на исламистичкиот план „Европа 3000“. Според него, Европа треба да стане муслиманска земја – од Урал, па се’ до Велика Британија. Планот треба да се реализира во повеќе чекори, применувајќи ја тактиката „насилство и омраза“. Во предградијата на големите европски (и руски) метрополи треба да се создадат големи муслимански енклави. Целта е овие енклави да се обединат во еден исламски центар во подалечна иднина.

Вториот дел на овој план се вика „Кавказ 2000“. Неговите автори тргнуваат од претпоставката дека НАТО – во рамките на проширувањето кон Исток – под своја контрола ќе го стави Каспиското Море. На овој начин Каспиското Море воено и политички ќе се најде под влијание на Турција. Вашингтон и Истанбул на овој начин би го имале муслиманскиот свет под постојана контрола. Тоа практично значи контрола врз поголемиот дел од светските нафтени резерви и транспортните патишта кон Европа и Америка. Русија и Кина би се претвориле во „зелен појас“. Турција, којашто САД треба да ја направи воено најсилната земја во регионот, тогаш би била врската со Европа.

Освен тоа, било заклучено да се регрутираат и обучат Босанци и Албанци со словенски изглед за извршување терористички активности. Овие борци тогаш би можеле да патуваат низ целиот свет без да разбудат сомнеж кај полициските и разузнавачките служби. Исто така тие би можеле да пристигнат и во регионот на северен Кавказ. Овие терористи се нарекуваат „бели ѓаволи“. Тие добиваат најдобра обука и се подготвени за Џихад во цела Европа и Русија.

Но, најпрво овие борци со словенски лица се чуваат како резерва. Тие се подготвени за изведување на самоубиствени напади, односно „маченичка смрт“ во името на Коранот. Јадрото на оваа група го сочинуваат босански муслимани како и регрути од Чеченија и останатите кавкаски региони.

Терористичките обуки се вршат во „безбедните албански области“, односно во Албанија, Косово и еден дел од Македонија. Тие оперираат под заштитниот чадор на Албанската национална армија (АНА или АКШ), организацијата – наследник на УЧК.

Некои „хуманитарни организации“, коишто се наоѓаат на американската терористичка листа, се’ уште денес активни во Босна – иако не официјално. Тие се „Идеална Будуќност Босне“, „Ал-Харамајин“, „Фонд ал Нашаб ал-Акса“ и „Џемијат ал-Фуркан Тајибах ал-Фуркан“. Босанските тајни служби ги игнорираат овие организации. Има се’ повеќе „хуманитарни организации“, коишто се финансираат од исламистичките пари. Годишно на нивните сметки се слеваат стотици милиони долари. Овие пари се доволни за плаќање на вработените, да се привлечат нови приврзеници како и за основање на воени и религиски центри.

Парите за конфликтните региони доаѓаат од трговијата со дрога и оружје. Во централна Босна има околу 2.000 исламистички борци. Во камповите од подземјето младите муслимани минуваат низ тримесечна религиска, воена и терористичка обука.

Обучените терористи во странство стигнуваат организирано преку туристички агенции и „хуманитарни организации“. Исламските екстремисти од Босна и Херцеговина заминуваат во Кавказот и Авганистан, но исто така одат и во Европа и САД за легално да живеат таму.

[You must be registered and logged in to see this link.]

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Тероризам - дискусија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 4 Empty6/8/2013, 17:35

Не ми е јасно како покрај толку податоци од домашните и странските разузнавачки служби кои известуваат дека во Македонија има развиено терористички келии на одредено ниво кои се занимаваат со регрутација и обука на радикални исламистички припадници, нашите политички функционери и високи претставници на безбедносните сили делуваат како се да е во ред. Поради таквата незаинтересираност само во Македонија се обидуваат некои аматерски обучени терористичко-диверзантски паравоени формации да прогласуваат слободни територии или да ги предизвикуваат нашите безбедносни сили, како што беше случајот со операцијата "Планинска Бура". Замислете таквите случувања каква слика на дестабилизација на една земја создаваат во очите на меѓународната јавност.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Тероризам - дискусија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 4 Empty6/8/2013, 17:40

Затоа што истите тие политичари и партиските полтрони во безбедносните служби се занимаваат со други работи а тоа е како да останат што подолго на власт и да си ги полнат џебовите, а за безбедноста ќе се грижи некој друг кога овие ќе му ја дувнат ( или ќе се обидат да му ја дувнат ).

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Тероризам - дискусија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 4 Empty6/8/2013, 17:52

Генерал напиша:
Затоа што истите тие политичари и партиските полтрони во безбедносните служби се занимаваат со други работи а тоа е како да останат што подолго на власт и да си ги полнат џебовите, а за безбедноста ќе се грижи некој друг кога овие ќе му ја дувнат ( или ќе се обидат да му ја дувнат ).

Се надевам дека еден ден Министерството за Одбрана и Министерството за внатрешни работи ќе бидат раководени од личности кои навистина заслужуваат и е потребно да бидат на тие позиции.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Тероризам - дискусија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 4 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Тероризам - дискусија
Вратете се на почетокот 
Страна 4 of 7Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next
 Similar topics
-
» Кривично-правен аспек на Кривичното дело тероризам и Кривични дела поврзани со тероризам во КЗ на РМ
» Воената Академија на АРМ - дискусија
» Дискусија за студиите на Факултетот за безбедност
» Топ 10 најмоќни армии на светот - дискусија

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Тероризам - нова светска војна-
Отиди до: