Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Пиштоли и револвери

Go down 
+19
mojsejko
Stamenov
JKD
alexmkd
tose
Smrtnikot
Goust
Goran Apostoloski
Legija91
leopard
Zajcef
volcko1
Зоран
beowulf
Momak od Gjorce
Iko
Alvar
Генерал
SIG
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 41 ... 79, 80, 81 ... 90 ... 100  Next
АвторПорака
Reigns

Reigns


Број на мислења : 16

Пиштоли и револвери - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пиштоли и револвери   Пиштоли и револвери - Page 80 Empty27/5/2014, 17:33

Вие си знаете тогаш,јас за мене бар знам дека во мојата колекција нема никогаш да има пластики од бит пазар  Smile 
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10945

Пиштоли и револвери - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пиштоли и револвери   Пиштоли и револвери - Page 80 Empty27/5/2014, 19:16

Никој не вели дека Beretta-та не е квалитетен пиштол, како најстара компанија во светот која континуирано произведува оружје речиси 500-тини години (значи не почнува да произведува пиштоли нешто пред WWII) сигурно нема лош производ во нивната понуда... иако и они самите веќе почнуваат да се пре-ориентираат на пиштоли со рам од полимер (серијата Storm, Nano, Pico). Истото важи и за Sig Sauer кој ги произведуваат едни од најквалитетните пиштоли во моментов (но и најскапите). Тука е и Heckler & Koch чиј сум како е веројатно познато на форумов огромен фан. Истите во моментов произведуваат само пиштоли со полимерски рамови (USP, P8, P30, P2000 итн.), да не набројуваме колку само армии, полициски организации и специјални единици ги користат нив.
Но да речеш дека еден Taurus... или Tanfoglio се подобри од Glock, НИКАКО не можам да се сложам. Металните Тaurus-и се копии на 92-ката или на 1911-ката, ОК, не се лоши. Оние модерните со полимерски рам им се живо говно... неодамна поставив и видео каде еден таков кој го користи бразилската полиција пука сам од себа само со тресење.
Tanfoglio е пак примарно пиштол со спортска намена и како таков не може да го ставаме во ист кош со пиштоли чија примарна намена е службена/борбена. Но дури и како custom пиштол се нема покажано којзнае како. Имам читано еден куп сведоштва како од страна така и од регионов за пукнати делови, цевки, рамови и навлаки. Ако говориме за ултимативна верзија/копија на чешкиот CZ75 тогаш швајцарскиот Sphinx е каде каде подобро решение од Tanfoglio-то.
И на крај, не е коректно кон другите челнови кој самите поседуваат Glock (ги има неколку на форумов) да им велиш дека пишуваат глупости... или дека пиштолите им се од Бит Пазар. Едно е личниот субјективен суд, друго се фактите кои говорат поинаку. Glock е светски лидер во производство на пиштоли, било да се борбени, спортски или самоодбрамбени. Односот цена-квалитет е неприкосновен.
Лично, кога би имал пари да купам SIG P226 MK25, истите сепак би ги дал на Glock 19... а со парите од кусурот ќе си купам и еден G26.  Smile

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Пиштоли и револвери - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пиштоли и револвери   Пиштоли и револвери - Page 80 Empty27/5/2014, 21:19

Кога би имал пари да купи П226 МК5, би имал пари со кусурот да си купиш и Глок 19!  Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Пиштоли и револвери - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пиштоли и револвери   Пиштоли и револвери - Page 80 Empty27/5/2014, 21:26

Генерал напиша:
Frogfoot напиша:
Воопшто немам сомнеж дека Беретата е во самиот светски врв. Како што кажа Генерал, Колт, Берета, СИГ, Глок и некои други се класа за себе, докажани пиштоли.

Далеку од тоа дека другите не чинат или незнам што, но едноставно бројките на продадени и користени пиштоли од овие брендови говорат сами за себе.

Јас имам П229, со Глок досега не сум имал никакво искуство, но имам симпатии према тој пиштол и баш би сакал ергономски да „ми легне на рака„ тогаш веројатно ќе биде прв на мојата листа за купување на следен пиштол.

Абе ако сакаш да имаш искуство со Глок може да средиме нешто, само ми е страв да не го продадеш СИГ-от потоа.  lol! lol!  ( само пак да не ме скараат )

Мораме еднаш да договориме собир на најактивни форумаши кај што ќе имаме прилика да „мезнеме„  if you know what I mean...  Very Happy 

Искрено, прво нешто што ќе купам следно е или пумпарица или полуавтоматски снајпер. Дури потоа за неколку години веројатно ќе купам едно Глокче.. само незнам дали 17 или 19... ќе видиме према тоа кое како ми лежи во рака. Ама па знам...чим го поднаполнам џебот одма ќе ми се присака и една 1911ка...можда Џерихо... абе ќути... Laughing 
Вратете се на почетокот Go down
Reigns

Reigns


Број на мислења : 16

Пиштоли и револвери - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пиштоли и револвери   Пиштоли и револвери - Page 80 Empty27/5/2014, 21:40

Бев во очекување кога некој ќе пише вакво нешто,така да...

Еве да тргнеме од Таурус,ти викаш дека Таурус се копија што значи автоматски би била и Беретата копија знаеш зошто ? Незнам колку знаеш дека Таурус и Берета работеа заедно односно беа една фирма па после се раздвоија,тоа што некој пиштол пукал сам од себе незначи дека не се случило со некој друг пиштол или пак воопшто дека сите пиштоли се без некакви грешки,сите Глок пиштоли да не се совршени случајно ?
плус тоа Таурус револверите се фантастични кој има го знае тоа.

5 Кратниот светски шампион се натпреварува со Танфоглио пишав и предходно,одбери го најдобриот Глок и спореди го со Танфоглио Лимитед или пак со Танфоглио Шток стави ги еден до друг и увиди разлика а па да не правиме муабет за перформанси,и окинувањето е одлично за разлика од некои други пиштоли. Знам дека се такмичарски и дека не треба да ги споредуваме ама ете пишав по што не се согласувам со тебе со тоа дека Глок пиштолите се подобри,за уште една работа што не се согласувам е тоа дека велиш не се покажале убаво лично јас знам многу луѓе што имаат Танфоглио и се супер задоволни и немаат никакви проблеми плус и јас сум пукал и сум супер задоволен.

Пишав дека е глупост на коментарот дека Глокот е најдобар а не за да навредам некој и слично,мене лично ми се смешни Глоковите и имаат многу недостаци тоа е мое мислење,фала богу дека сите не сме со исти вкус нели ?
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10945

Пиштоли и револвери - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пиштоли и револвери   Пиштоли и револвери - Page 80 Empty27/5/2014, 23:36

Reigns напиша:
Еве да тргнеме од Таурус,ти викаш дека Таурус се копија што значи автоматски би била и Беретата копија знаеш зошто ? Незнам колку знаеш дека Таурус и Берета работеа заедно односно беа една фирма па после се раздвоија,тоа што некој пиштол пукал сам од себе незначи дека не се случило со некој друг пиштол или пак воопшто дека сите пиштоли се без некакви грешки,сите Глок пиштоли да не се совршени случајно ?
плус тоа Таурус револверите се фантастични кој има го знае тоа.

Друже, да разјасниме сепак некој работи. Beretta како фабрика (или во тоа време работилница) постои уште од 1526 години, значи веќе 488 години. Тоа се 300 години пред Бразил воопшто и да прогласи независност и стане држава. Каква иста фирма какви бакрачи. Taurus е формиран како компанија во 1939 год. а до 70-тите беше во сопственост на Smith & Wesson, од таму и сличноста на нивните револвери со оние на S&W. Beretta во 80-тите ги продава погоните во кој произведуваа оружје за Бразилската армија и полиција на Taurus. Од таму произлегуваат оние копии на 92-ката (т.е. Brigadir-от, бидејќи како што знаеш кочницата на Taurus-овите пиштоли е монтирана на рамот, не на навлаката). Значи воопшто не станува збор за иста или заедничка компанија.
Полимерскиот Taurus-PT24 го повлекоа целосно од употреба се додека Taurus не ги исправи грешките, значи не станува збор за неколку примероци, туку конструкциска грешка во самиот дизајн на пиштолот. И на крај, да, револверите им се одлични... но тие не се тема на муабетов.

Reigns напиша:
5 Кратниот светски шампион се натпреварува со Танфоглио пишав и предходно,одбери го најдобриот Глок и спореди го со Танфоглио Лимитед или пак со Танфоглио Шток стави ги еден до друг и увиди разлика а па да не правиме муабет за перформанси,и окинувањето е одлично за разлика од некои други пиштоли. Знам дека се такмичарски и дека не треба да ги споредуваме ама ете пишав по што не се согласувам со тебе со тоа дека Глок пиштолите се подобри,за уште една работа што не се согласувам е тоа дека велиш не се покажале убаво лично јас знам многу луѓе што имаат Танфоглио и се супер задоволни и немаат никакви проблеми плус и јас сум пукал и сум супер задоволен.

Епа сега, и претходно спомнуваш такмичарски пиштоли, а говориме за борбени пиштоли. Да, и McLaren и Bentley прават подобри аута од Volkswagen.. али не можеш да ги ставиш у ист кош, нели? Не пратам премноги IPSC натпревари и слично, но тие не се никаков критериум дали еден пиштол е поквалитетен од друг. Фабриката изработува лимитирани серии за своите натпреварувачи, а истите на располагање имаат и куп делови кој веројатно ги менуваат после секој натпревар. Во тој случај и Les Baer, Wilson Combat, STI, Nighthawk, Cylinder & Slide, Korth и други... прават подобри пиштоли од Glock. За 3000-4000 долари по парче.
Што се однесува како се покажале, колку просечен македонски стрелец испукува годишно куршуми... 100, 200, 500, 800? Било кој пиштол нема да има проблем со толку малку испукана муниција, но за разлика од кај нас... американскиот пазар е своевиден лакмус тест за издржливоста и квалитетот на одредени видови на оружје, таму просечен стрелец знае да испука и десетици илјади куршуми во годината.. а камоли професионалец. Па кај нас толку муниција не трошат ни полицаец ни војник во целиот работен век. И токму затоа Glock-от таму владее. Едноставен, екстремно доверлив, достапен по прифатлива цена и во секој калибар. Разгледај колку пиштоли годишно продава во САД Glock, а колку Tanfoglio... односно EAA Witness брендот под кој таму се продаваат.

Reigns напиша:
Пишав дека е глупост на коментарот дека Глокот е најдобар а не за да навредам некој и слично,мене лично ми се смешни Глоковите и имаат многу недостаци тоа е мое мислење,фала богу дека сите не сме со исти вкус нели?

Така е, затоа да не расправаме понатаму дали се смешни или не. Секој си има различни работи кој му се допаѓаат кај еден пиштол, пушка, ауто или жена.  Smile 
Лично, мене естетски не ми се нешто посебно, но ако треба да изберам пиштол во кој ќе имам апсолутна доверба дека ќе пукне секој пат кога ќе го повлечам орозот.. тоа сигурно би бил Glock.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10945

Пиштоли и револвери - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пиштоли и револвери   Пиштоли и револвери - Page 80 Empty27/5/2014, 23:42

tose напиша:
Пиштоли и револвери - Page 80 Az2jDkn

Тоше, 92-кава ти е одлична. Twisted Evil
Единствена мана и е цената од 1200-1300 евра.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Пиштоли и револвери - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пиштоли и револвери   Пиштоли и револвери - Page 80 Empty27/5/2014, 23:50

Frogfoot напиша:
Генерал напиша:
Frogfoot напиша:
Воопшто немам сомнеж дека Беретата е во самиот светски врв. Како што кажа Генерал, Колт, Берета, СИГ, Глок и некои други се класа за себе, докажани пиштоли.

Далеку од тоа дека другите не чинат или незнам што, но едноставно бројките на продадени и користени пиштоли од овие брендови говорат сами за себе.

Јас имам П229, со Глок досега не сум имал никакво искуство, но имам симпатии према тој пиштол и баш би сакал ергономски да „ми легне на рака„ тогаш веројатно ќе биде прв на мојата листа за купување на следен пиштол.

Абе ако сакаш да имаш искуство со Глок може да средиме нешто, само ми е страв да не го продадеш СИГ-от потоа.  lol! lol!  ( само пак да не ме скараат )

Мораме еднаш да договориме собир на најактивни форумаши кај што ќе имаме прилика да „мезнеме„  if you know what I mean...  Very Happy 

Искрено, прво нешто што ќе купам следно е или пумпарица или полуавтоматски снајпер. Дури потоа за неколку години веројатно ќе купам едно Глокче.. само незнам дали 17 или 19... ќе видиме према тоа кое како ми лежи во рака. Ама па знам...чим го поднаполнам џебот одма ќе ми се присака и една 1911ка...можда Џерихо... абе ќути... Laughing 

Бидејќи имам искуство и со 17 и со 19 можам да ти дадам мое видување од прва рака. Прво имав 19 од трета генерација но ја продадов затоа што имам малку поголема рака и малиот прст не легнуваше во жлебовите туку завршуваше на испакнатиот дел од рамката. За ова зборуваше и hickok45 ( оној старецот на јутуб ). Од друга страна пак тоа што е за нијанса помал овозможува подобра контрола. Друга причина беа +2 куршуми кај 17. Very Happy ( За ова имам и една анегдота ама да не излегувам од темата ). Проблем кај 17 е потешкотиите при прикриено носење и можеби за нијанса послаба контрола ( за ова и сам не сум сигурен и сакам да го проверам со правење на споредба кога ќе ги имам двата во исто време ).

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Reigns

Reigns


Број на мислења : 16

Пиштоли и револвери - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пиштоли и револвери   Пиштоли и револвери - Page 80 Empty28/5/2014, 10:34

Предходно пиша дека имало луѓе што имале проблем со Танфоглио (пукнати делови, цевки, рамови и навлаки) дали можеби познаваш некој со вакви проблеми ? по што јас сосема спротивно ти тврдам дека луѓе што знаат да ракуваат со пиштоли и што го имаат овој пиштол немале никогаш вакви проблеми а не станува збор за толку малку испукани куршуми како ти што кажа верувај ми.

Заборавив предходно да те прашам дали си пукал некогаш со Танфоглио ?
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10945

Пиштоли и револвери - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пиштоли и револвери   Пиштоли и револвери - Page 80 Empty28/5/2014, 12:35

Reigns напиша:
Предходно пиша дека имало луѓе што имале проблем со Танфоглио (пукнати делови, цевки, рамови и навлаки) дали можеби познаваш некој со вакви проблеми ? по што јас сосема спротивно ти тврдам дека луѓе што знаат да ракуваат со пиштоли и што го имаат овој пиштол немале никогаш вакви проблеми а не станува збор за толку малку испукани куршуми како ти што кажа верувај ми.

Заборавив предходно да те прашам дали си пукал некогаш со Танфоглио ?

Не, но не гледам како е тоа одлучувачки дали е Tanfoglio подобар пиштол од Glock? Не сум јас референцата која ќе го реши тоа, но светскиот пазар претпоставувам је.
Ако е подобар како што упорно тврдиш, наведи ми барем една армија или полиција која го користи како службено оружје.
Процентот на проблеми кој го имале корисниците на овие пиштоли, е поголем од оние со кој се соочиле корисниците на Glock, тоа го имам сретнато повеќепати како информација низ годините во кој ја пратам литературата за оружје (26-27 години).
Да, има Glock-ови кој се распаднати, распукани, експлодирале при користење... но тоа е поради фактот дека е најпроизведуван и користен пиштол на денешницава.
Такви работи при екстензивна експлоатација се случуваат. Но доколку моите пари ги ставам на тезга и треба да изберам помеѓу Glock или Tanfoglio.. тоа секогаш ќе биде првиот. Извини вака, личен став, личен избор.

http://gunwiki.net/Gunwiki/RefWitnessIssues
http://www.interforzebrescia.it/index.php?option=com_kunena&Itemid=91&func=view&catid=12&id=31766
http://nuke.sardiniashootingclub.it/TanfoglioSTOCKIISmontaggioeLucidatura/tabid/191/Default.aspx
http://www.thehighroad.org/archive/index.php/t-611862.html
http://www.gunvaluesboard.com/armi-fratelli-tanfoglio-9mm-jamming-constantly-517721.html
http://www.brianenos.com/forums/index.php?showtopic=136466
http://www.czfirearms.us/index.php?topic=17371.10;wap2




______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Пиштоли и револвери - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пиштоли и револвери   Пиштоли и револвери - Page 80 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Пиштоли и револвери
Вратете се на почетокот 
Страна 80 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 41 ... 79, 80, 81 ... 90 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Пиштоли и револвери

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Копнено вооружувње :: Пешадиско вооружување и опрема-
Отиди до: