Предмет: Re: Муниција - врсти, калибар и начини на обележување 20/11/2013, 18:24
Планираш сам да полниш муниција? Ти се собрале бајаги празни патрони.
______________________ Si vis pacem, para bellum
beowulf
Број на мислења : 765
Предмет: Re: Муниција - врсти, калибар и начини на обележување 20/11/2013, 22:41
Alvar напиша:
Планираш сам да полниш муниција? Ти се собрале бајаги празни патрони.
Што мислиш зошто ги берам и зошто од кинеската страна порачав дигитална вага со прецизност од 0.01г? Прашањето е колку е исплатливо сам да полниш муниција. Јас ако полнам, а би полнел кога би нашол машина за полнење, би полнел повеќе од мерак. Последен пат кога ги видов цените на компонентите за полнење беа: 2 денари капислите, 250г барут(Милан Благојевич - Лучани мислам се викаше фирмата) - 500 денари. На опаковката пишуваше 2г барут оди во еден фишек калибар 12 или тоа значи 4 денари за барут од полнење. Опаковка од 100 тапи е 150 денари односно 1.5 денар за тапа. Е сега не ја знам цената на сачмите по килограм ама тешко дека ќе биде под 300 денари од килограм. Најисплатливо е човек сам да топи олово и да лие сачми ама и за тоа треба посебна печка за топење и сад со дизни за калибрација. Одпадно олово е 100 денари килограм...во Србија мислам дека килограм сачми е 350-400 динари. Да се вратам на математиката....ако сачмите килограм се 300 денари(ако воопшто негде се продаваат), а за еден фишек треба 32-34г сачми, тоа е 10 денари за сачми по полнење. Значи еден домашен патрон кошта 2 денари каписла + 4 денари барут + 1.5 денари тапа + 10 денари сачми = 17.5 денари за компоненти во стара чаура. Еден нов грчки фишек Club Nova e 18 денари. Еден комшија, стар човек Бог да го прости за своето чифте 16ка полнеше патрони на многу интересен начин без никакви машини или алати. Капислата не е проблем, ја избиваше со чивија, а новата со потчукнување ја набиваше во чаурата, тапите ги сечеше со замба(алат со кружен профил) од картон, а патроните наместо со машина ги затвораше со стопен восок. Над сачмите ставаше тапа од картон, а потоа над тоа стопен восок. Интересна работа.
Alvar
Број на мислења : 10941
Предмет: Re: Муниција - врсти, калибар и начини на обележување 20/11/2013, 22:47
beowulf напиша:
Што мислиш зошто ги берам и зошто од кинеската страна порачав дигитална вага со прецизност од 0.01г?
Не знам, не знам... сомнително беше тоа со прецизната вага. Него знам дека постариве често сами си ги полнеа патроните... дали порано материјалите беа поевтини, или новата муниција беше поскапа не знам. Инаку сачми се продаваа на времето во Микеи, а имаше и во продавницата за оружје во ТЦ Капиштец. Дали има сеуште, не би знаел.
______________________ Si vis pacem, para bellum
beowulf
Број на мислења : 765
Предмет: Re: Муниција - врсти, калибар и начини на обележување 20/11/2013, 23:03
Незнам зошто порано старите повеќе полнеле муниција, најверојатно фабричката муниција била скапа и ја немало доволно. Дедо ми Бог да го прости уште на времето(пред 35-40 години) кога го купил чифтето имал и алат за полнење. Чифтето му го зела полицијата, а од алатот остана уште машинчето за вадење и ставање каписи(ќе го сликам да го видите). Имам и една интересна оргинал кутија од црн барут за полнење на сачмарки, ќе ја сликам и таа да ја видите.
SIG
Број на мислења : 6108
Предмет: Re: Муниција - врсти, калибар и начини на обележување 6/1/2014, 23:42
Alvar
Број на мислења : 10941
Предмет: Re: Муниција - врсти, калибар и начини на обележување 7/1/2014, 00:46
______________________ Si vis pacem, para bellum
beowulf
Број на мислења : 765
Предмет: Re: Муниција - врсти, калибар и начини на обележување 8/1/2014, 22:29
Frogfoot напиша:
Интересно е што пред да се воведат специјализирани тешки калибри(како на сликата) за тешки митралези и противтенковски пушки, првите обиди да се подобри ефикасноста на пешадиското оружје против првите оклопни возила, освен користењето муниција која има панцирни зрна, односно зрна со челично јадро, било и тоа што војниците ги ваделе зрната од муницијата и истите ги ставале, но обратно, со шилестиот дел во чаурата, а задниот дел од зрното напред. На овој начин во чаурата се ослободувало уште малце место за барут па затоа освен што ги менувале зрната и дотурвале барут за додатна моќ на зрното. Чудно, но функционирало. Ова го правеле германците во првата светска војна кога оклопните возила биле со слаб оклоп, па можеле и со обична маузерка да му нанесат голема штета.
beowulf
Број на мислења : 765
Предмет: Re: Муниција - врсти, калибар и начини на обележување 8/1/2014, 22:33
Alvar напиша:
Оваа боло муниција добра е за сопки ставање, за друго мало морген.
Alvar
Број на мислења : 10941
Предмет: Re: Муниција - врсти, калибар и начини на обележување 10/1/2014, 13:16
______________________ Si vis pacem, para bellum
Alvar
Број на мислења : 10941
Предмет: Re: Муниција - врсти, калибар и начини на обележување 26/1/2014, 22:52