Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР

Go down 
+18
makedonija:D
РИС
Smrtnikot
Macedonian Knight
Subzero
Mrshajnoski
Зоран
Генерал
SIG
Branitel
Makedon
Profesionalec
Davormkd
Тачка
Wolf
Momak od Gjorce
AlexGreat
Desperado
22 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 7 ... 10, 11, 12 ... 17  Next
АвторПорака
Smrtnikot

Smrtnikot

Број на мислења : 1272

Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР   Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 11 Empty31/7/2013, 01:57

Momak od Gjorce напиша:
Тајниот град Јасен е лавиринт од ходници и соби за престој

На површина од 39 илјади хектари на планината Караџица, сместени се воени објекти скриени речиси 50 години од очите на јавноста
Стотици метри ходници, десетици простории за престој и уште неколку за командување и раководење со државата, во самата утроба на ридот

БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ
Резерват Јасен - Ако од оваа страна на Водно, во градот Скопје, не дај боже, се случи закана од нуклеарно, хемиско или биолошко оружје, чарето е отаде Крстот. Државните и воени функционери ќе можат успешно да ги преземаат стратегиските чекори за одбрана на земјата од непријателот. За успех во работата им се обезбедени струја, вода, леб и по некое диво свинче од недопрените падини на планината Караџица и дел од Јакупица.
На површина од 39 илјади хектари на планината Караџица, сместени се три воени објекти скриени речиси 50 години од очите на јавноста, кои армиските претставници во својот вокабулар ги нарекуваат "објекти од посебно значење за АРМ". Во понеделникот новинарите имаа можност да видат еден од тие објекти, преостанатите два не биле толку интересни, нў информираа домаќините од Армијата и од резерватот "Јасен".
Првиот знак дека во овие предели се крие нешто тајно ве очекува на 40-ина минути возење од Скопје по одминувањето на селото Нова Брезница, неколку километри по кривестата угорнина кога ќе ја видите таблата со предупредување: забранет лов, риболов, палење оган. Околу 1.100 метри надморска височина, сместено е ловиштето "Јасен". Железната ограда која се испречува на патот до пред неколку години можела да се помине само по два часа во денот во еден и два часа во спротивниот правец, или со специјална дозвола. Освен три-четири куќички, пет-шест вработени во резерватот и неколку тукушто испилени шарпланинчиња, за кои потоа дознавме дека, всушност, биле мелези, нема ништо интересно.
Од армискиот минибус се префрламе во џипови. Набрзо сфаќаме и зошто. Ќе треба да се вози низ шумско патче. "Патот" широк едвај 2,5 метри, е приказна сам за себе. Од едната страна карпи, планина, од другата бездна, според слободна процена длабока стотина метри. "Мрднеш, губиш" ситуација. Нема место да помине ниту едно возило, а камоли да се разминат две. Со целосна почит спрема Поречани, но останува нејасно како треба да се изгради патот кон Македонски Брод. Уште повеќе ако се знае дека патот е затворен и непрооден речиси шест месеци во годината. При најмал снег, возењето овде би било незамисливо, особено ако се знае дека пределот е непристапен и за возилата-чистачи на снег, бидејќи нивните "виљушки" ја надминуваат широчината на патот.
Стигнуваме до објектот од "особено значење за АРМ". Нў дочекува дрвена колиба која завршува во карпа висока стотина метри. "Ќе ги видиме просториите за сместување и местото каде што во евентуални воени услови би можело да се командува", ни најавува полковникот Чедо Крстевски. На самиот влез, колибата не открива веднаш за какво значајно стратегиско скривалиште станува збор. Во првата просторија, мини-трпезарија со кујниче, а потоа следува една прастара гарнитура за седење. Малку понатаму се собите за спиење. Во првата, два кревета и работно масиче, во следната кревети на спрат. Сў е чисто и скромно уредено. За одржувањето 24 часа дневно се грижат околу 25 луѓе вработени во обезбедувањето на резерватот "Јасен".
Тешка метална врата со скромни димензии во форма на јајце, конечно, го отвора она за што сите сме дојдени: тајниот град на Јасен. Почнува со ходник, кој личи на рударско окно, во некои делови ѕидовите се избетонирани, а во преостанатиот дел ве опкружуваат карпи, како во пештера. Подот е од павер-елементи, но надлежните се убедливи во тврдењето дека ексградоначалникот на Скопје, Ристо Пенов, не вмешал прсти и во овој проект. Велат изграден е во годините по Втората светска војна, паралелно со објекти од ист вид во сите други бивши ЈУ-републики. Откако пропешачивме стотина метри ходници, стигнавме до "срцето на објектот за раководење и команда", како што полковникот Крстевски ја нарекува мини-салата од 20-ина квадрати, на чии ѕидови висат топографски карти на Македонија. Стотина метри ходници понатаму, или поточно 700 метри во должина од едниот до другиот крај, и излеговме на другиот крај од бункерот, но и од другата страна на ридот. И од таа страна дрвена колиба со истиот распоред на соби, и со речиси идентичен изглед однадвор како и објектот од каде што влеговме. Бетонски објект опшиен со дрвени талпи, дополнително "заштитен" со лисја и со маскирни бои од страните и на покривот.
Тоа е тајниот град на Јасен. Сў на сў, стотици метри ходници, десетици простории за престој и уште неколку за командување и раководење со државата, во самата утроба на ридот, во областа што се нарекува Коломот. Домаќините ни откриваат дека уште три слични објекти со помал капацитет има во државава, и тие се од заштитен вид и затворени за јавноста.
На враќање од Коломот ги посетивме и магацинот за воена опрема и пекарницата, неколку километри од објектот. Магацинот зјае празен, додека пекарницата има капацитет за производство на 500 леба дневно. Дополнително, ако затреба, на луѓето сместени во бункерот на располагање им е и ладилник кој има капацитет да собере до 6 тони месо и други производи.
По пат назад кон ловиштето "Јасен", домаќините од АРМ ни објаснуваат дека вакви објекти се од големо значење за државата. "Мирот е променлива категорија на Балканот. Ако има вакви објекти, значи имаме и заштита, тие се богатство за државата", ни ја појаснуваат причината поради која 60 години бункерот се криел од очите на јавноста, но и од потенцијалните непријатели. Во меѓувреме, чукајќи на портите на НАТО, во АРМ немаат намера да се откажат од објектот, ниту од поширокиот реон затворен за јавноста. Планираат да го користат за вежби во мирнодопски услови, а се разбира и понатаму ќе го одржуваат за, не дај боже, да има каде да се сместат оние 50 раководители.

Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 11 30953

http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1907&stID=45518&pR=3

Старо и премногу комерцијализирано. Не верувам дека во иднина ќе биде од некаква корист.
Вратете се на почетокот Go down
Mrshajnoski

Mrshajnoski

Број на мислења : 237

Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР   Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 11 Empty17/12/2013, 01:40

Kolku sto vidov vo tekstot pisuva LAVERINTI, DESETICI SOBI I NEKOLKU SOBI ZA KOMANDUVANJE> A potoa e objasneta samo edna komandna soba i drugite sigurno gi videle ili im bilo kazano za niv no ne pisuva nisto. No sigurno na novinarite ne im kazale se sto ima. Ako pekarata ima kapacitet za 500 lebovi vo denot togas sigurno ne e tolku mal objekt kolku sto e opisano od strana na novinarot.
Вратете се на почетокот Go down
Mrshajnoski

Mrshajnoski

Број на мислења : 237

Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР   Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 11 Empty17/12/2013, 01:44

I isto taka denes vidov sliki od site voeni bazi na amerika sobrani na edno mesto mislam deka na tocka.mk bese objaveno.
Dali nekoj moze da napravi sliki so google map na site voeni objekti vo makedonija.
Вратете се на почетокот Go down
РИС

Број на мислења : 2555

Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР   Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 11 Empty17/12/2013, 06:57

Да бе , да не сакаш и слики од подземниот аеродром .
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран

Број на мислења : 3805

Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР   Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 11 Empty17/12/2013, 16:55

РИС напиша:
Да бе , да не сакаш и слики од подземниот аеродром .
Луѕге не постои подземен аеродорм никаде на свет.
Пистат мора да е надвор. или повеке писти..
Скриени се леталата на безнбедно.
А на планина од 2800 метри писта не се прави а и ветер дува корне.
Толку од чичко Зоки.

______________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce

Број на мислења : 12354

Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР   Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 11 Empty30/12/2014, 15:41

Министерот Јолевски ја посети поранешната касарна во општина Василево

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, денеска оствари средба со градоначалникот на општина Василево, Ванчо Стојанов, по што заедно ја обиколија и старата касарна во месноста Владевци.

“Целта на мојата посета е да дадам поддршка во претворањето на овој поранешен воен комплекс во комплекс кој ќе обезбеди економски развој”, истакна министерот по посетата на поранешната касарна. Јас, додаде министерот, давам огромно значење не само на стандардот на припадниците на Армијата, туку и на квалитетот на живот на граѓаните на Република Македонија.

Градоначалникот на општината, Стојанов порача дека по предавањето на комплексот од страна на Министерството за одбрана, општината има изработено урбанистички план согласно кој се планира изградба на хотелски комплекс, објекти од здравствената дејност или пензионерски домови. Станува збор за три хектари на една парцела со чиј развој ќе се и кон развој на туризмот во општината, информираше Стојанов.

Воениот комплекс во Владевци е предаден на локалната самоуправа како дел од проектот “Старите касарни за нов развој”.

http://www.morm.gov.mk/?mainnews=ministerot-jolevski-ja-poseti-poranesnata-kasarna-vo-opstina-vasilevo&lang=mk

Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 11 DrFOF15

Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 11 P9oUbvQ

Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 11 28IKrhZ

Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 11 2BRKZkS

Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 11 M2dfdcC
Вратете се на почетокот Go down
makedonija:D

Број на мислења : 2

Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: подземни бази    Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 11 Empty17/1/2015, 20:50

дали армијата ги одржува до ден денес подземните бази на јасен Smile
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран

Број на мислења : 3805

Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР   Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 11 Empty18/1/2015, 00:03

makedonija:D напиша:
дали армијата ги одржува до ден денес подземните бази на јасен Smile
Да се е фул.

______________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин

Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР   Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 11 Empty18/1/2015, 16:45

Зоран напиша:
А на планина од 2800 метри писта не се прави а и ветер дува корне.

Воопшто не е проблем таа висина, највисокиот аеродром е на над 4000м, а ветер за авиони е добра работа, проблем е ако е променлив(дува од кај ке му текне)
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран

Број на мислења : 3805

Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР   Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 11 Empty18/1/2015, 17:11

MISFIT напиша:
Зоран напиша:
А на планина од 2800 метри писта не се прави а и ветер дува корне.

Воопшто не е проблем таа висина, највисокиот аеродром е на над 4000м, а ветер за авиони е добра работа, проблем е ако е променлив(дува од кај ке му текне)

Праиме муабет за егзотика или нешто функционално.
И за крај има разлика од аеродорм до хелиодром ( ПОљана или нешто слично).

______________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content

Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР   Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 11 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР
Вратете се на почетокот 
Страна 11 of 17Отиди на страна : Previous  1 ... 7 ... 10, 11, 12 ... 17  Next
 Similar topics
-
» Воени сили во Светот (воени сили за кои нема посебна тема)
» Здравствени и други прегледи за служба во институциите за безбедност
» Фортификација - објекти и техника
» Средства за упад во објекти
» Модуларни објекти - касарни

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: