Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР

Go down 
+18
makedonija:D
РИС
Smrtnikot
Macedonian Knight
Subzero
Mrshajnoski
Зоран
Генерал
SIG
Branitel
Makedon
Profesionalec
Davormkd
Тачка
Wolf
Momak od Gjorce
AlexGreat
Desperado
22 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 6 ... 9, 10, 11 ... 13 ... 17  Next
АвторПорака
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР   Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 10 Empty8/1/2013, 09:19

Mrshajnoski напиша:
Dali ima nekoj povekje informacii za voeniot aerodrom koj se naogja pod planina vo tetovo, mislam sekako deka postoi bidejki se gleda od avtopatot skopje-gostivar. Toa e voena oblast koja e zagradena so ograda i nema nikoj pristap tamo. Neznam tocno dali umprofor ili kfor bea tamu stacionirani pre 15 setina godini. Inace site avioni se povleceni so povlekuvanjeto na JNA.

За жал нема таков!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР   Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 10 Empty8/1/2013, 18:37

Има хелидром мислам.
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР   Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 10 Empty8/1/2013, 18:48

Frogfoot напиша:
Има хелидром мислам.

I na vodno ima , opcija da sleta 1 -2 letala.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР   Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 10 Empty8/1/2013, 20:01

Mrshajnoski напиша:
Dali ima nekoj povekje informacii za voeniot aerodrom koj se naogja pod planina vo tetovo, mislam sekako deka postoi bidejki se gleda od avtopatot skopje-gostivar. Toa e voena oblast koja e zagradena so ograda i nema nikoj pristap tamo. Neznam tocno dali umprofor ili kfor bea tamu stacionirani pre 15 setina godini. Inace site avioni se povleceni so povlekuvanjeto na JNA.

Ај ако можеш најдиго преку Google Maps,и пушти линк или слика...
Вратете се на почетокот Go down
Mrshajnoski

Mrshajnoski


Број на мислења : 237

Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР   Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 10 Empty9/1/2013, 17:44

41°59'57.11"N 21° 4'59.79"E range:1736m
ako se dobro pogledne mozat da se vidat i podzemni objekti spored senkite.
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР   Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 10 Empty9/1/2013, 17:57

Mrshajnoski напиша:
41°59'57.11"N 21° 4'59.79"E range:1736m
ako se dobro pogledne mozat da se vidat i podzemni objekti spored senkite.

Podzemni objekti se gleaat so IC kamera i ne se naogaat na google.
Вратете се на почетокот Go down
Mrshajnoski

Mrshajnoski


Број на мислења : 237

Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР   Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 10 Empty9/1/2013, 20:05

ok hangari i sto i dase no sepak se pokrieni so zemja moze da se zabelezat
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР   Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 10 Empty27/1/2013, 15:54

АРМ ќе ги реновира и реконструира објектите што ~ се потребни, а до 2020 година ќе ги дивестира капацитетите и инсталациите што не ги користи.

Проектите за подобрување на инфраструктурата за единиците на АРМ предвидуваат реновирање на касарните, модернизација на комуникацискиот систем и центри и модернизација на полигонот Kриволак и на центарот за зимска обука на Попова Шапка.

- Воената инфраструктура ќе продолжи да се користи за извршување на функциите и обврските на Министерството и на АРМ. До 2015 година командите и единиците на АРМ ќе бидат лоцирани во касарните и во придружните капацитети во: Скопје (2 касарни), Петровец, Чојлија, Тетово, Штип, Kуманово, Kичево, Велес, Прилеп и Kриволак. Воената инфраструктура во овие гарнизони ќе биде реконструирана и на тој начин ќе се подобрат работните и условите за живот - велат во Министерството.

АРМ досега ги напушти касарните и воената инфраструктура во Струмица, Битола, Гевгелија, Дојран, Дебар, Охрид, Радовиш, Kочани, Делчево и една кумановска касарна.

Освен тоа, ќе бидат пренаменети делови од скопските касарни „Илинден“ и „Гоце Делчев“, а до 2020 година преку планот за дивестирање на несуштинскиот имот ќе бидат предадени уште најмалку четириесетина караули, 15 деловни простори, 13 магацински групи, два дома на АРМ, три ресторани и две фарми.

Владата ќе одлучува за судбината на „прекубројните“ воени објекти.

- За начинот на отуѓување недвижности на Министерството одлучува Владата, според Законот за користење и располагање со нив. Средствата што се добиваат од продажба на недвижностите се слеваат во буџетот, а за нивно реалоцирање кон буџетот на Министерството за одбрана (во висина на отуѓениот имот), исто така одлучува Владата - велат во Министерството.

Според единствената досега објавена процена, вкупниот „прекуброен“ имот на Армијата, вредеше повеќе од 52 милиони евра.

Додека се ослободува од несуштинскиот, одбраната се обидува да ја подобри состојбата на имотот кој ~ е неопходен. Во рамките на проектот „Стандард“, за подобрување на работните услови на војниците, досега беа реконструирани објекти за живот и работа во неколку касарни на АРМ. Со американска донација ќе бидат модернизирани и центрите за комуникации на војската. Поради малиот буџет, АРМ ги рационализира и сите тековни трошоци за функционирање и одржување на инфраструктурата.

Подобрувањето на инфраструктурата вклучува и модернизација на полигонот Kриволак, каде што треба да се подобрат и модернизираат содржините за обука и вежби на единици до ниво на баталјон. До 2020 година треба да се подобрат и капацитетите за сместување и инфраструктурата за комуникации. Инфраструктурата за обука ќе опфати и полигон за увежбување на борба во урбани услови, полигон за планинско увежбување, полигон за вежби, африканско село, стрелиште за гаѓање со снајпер на позната далечина, стрелиште за гаѓање и полигон за вежбање во фрлање рачни бомби, а ќе биде изграден и центар за несмртоносно оружје.

На Попова Шапка АРМ ќе ги адаптира постојните капацитети во Центар за обука во зимски услови.

DNEVNIK
Вратете се на почетокот Go down
Macedonian Knight

Macedonian Knight


Број на мислења : 325

Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР   Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 10 Empty26/6/2013, 19:41

Имало господ ке направат нешто добро со армијата
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР   Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 10 Empty30/7/2013, 23:46

Тајниот град Јасен е лавиринт од ходници и соби за престој

На површина од 39 илјади хектари на планината Караџица, сместени се воени објекти скриени речиси 50 години од очите на јавноста
Стотици метри ходници, десетици простории за престој и уште неколку за командување и раководење со државата, во самата утроба на ридот

БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ
Резерват Јасен - Ако од оваа страна на Водно, во градот Скопје, не дај боже, се случи закана од нуклеарно, хемиско или биолошко оружје, чарето е отаде Крстот. Државните и воени функционери ќе можат успешно да ги преземаат стратегиските чекори за одбрана на земјата од непријателот. За успех во работата им се обезбедени струја, вода, леб и по некое диво свинче од недопрените падини на планината Караџица и дел од Јакупица.
На површина од 39 илјади хектари на планината Караџица, сместени се три воени објекти скриени речиси 50 години од очите на јавноста, кои армиските претставници во својот вокабулар ги нарекуваат "објекти од посебно значење за АРМ". Во понеделникот новинарите имаа можност да видат еден од тие објекти, преостанатите два не биле толку интересни, нў информираа домаќините од Армијата и од резерватот "Јасен".
Првиот знак дека во овие предели се крие нешто тајно ве очекува на 40-ина минути возење од Скопје по одминувањето на селото Нова Брезница, неколку километри по кривестата угорнина кога ќе ја видите таблата со предупредување: забранет лов, риболов, палење оган. Околу 1.100 метри надморска височина, сместено е ловиштето "Јасен". Железната ограда која се испречува на патот до пред неколку години можела да се помине само по два часа во денот во еден и два часа во спротивниот правец, или со специјална дозвола. Освен три-четири куќички, пет-шест вработени во резерватот и неколку тукушто испилени шарпланинчиња, за кои потоа дознавме дека, всушност, биле мелези, нема ништо интересно.
Од армискиот минибус се префрламе во џипови. Набрзо сфаќаме и зошто. Ќе треба да се вози низ шумско патче. "Патот" широк едвај 2,5 метри, е приказна сам за себе. Од едната страна карпи, планина, од другата бездна, според слободна процена длабока стотина метри. "Мрднеш, губиш" ситуација. Нема место да помине ниту едно возило, а камоли да се разминат две. Со целосна почит спрема Поречани, но останува нејасно како треба да се изгради патот кон Македонски Брод. Уште повеќе ако се знае дека патот е затворен и непрооден речиси шест месеци во годината. При најмал снег, возењето овде би било незамисливо, особено ако се знае дека пределот е непристапен и за возилата-чистачи на снег, бидејќи нивните "виљушки" ја надминуваат широчината на патот.
Стигнуваме до објектот од "особено значење за АРМ". Нў дочекува дрвена колиба која завршува во карпа висока стотина метри. "Ќе ги видиме просториите за сместување и местото каде што во евентуални воени услови би можело да се командува", ни најавува полковникот Чедо Крстевски. На самиот влез, колибата не открива веднаш за какво значајно стратегиско скривалиште станува збор. Во првата просторија, мини-трпезарија со кујниче, а потоа следува една прастара гарнитура за седење. Малку понатаму се собите за спиење. Во првата, два кревета и работно масиче, во следната кревети на спрат. Сў е чисто и скромно уредено. За одржувањето 24 часа дневно се грижат околу 25 луѓе вработени во обезбедувањето на резерватот "Јасен".
Тешка метална врата со скромни димензии во форма на јајце, конечно, го отвора она за што сите сме дојдени: тајниот град на Јасен. Почнува со ходник, кој личи на рударско окно, во некои делови ѕидовите се избетонирани, а во преостанатиот дел ве опкружуваат карпи, како во пештера. Подот е од павер-елементи, но надлежните се убедливи во тврдењето дека ексградоначалникот на Скопје, Ристо Пенов, не вмешал прсти и во овој проект. Велат изграден е во годините по Втората светска војна, паралелно со објекти од ист вид во сите други бивши ЈУ-републики. Откако пропешачивме стотина метри ходници, стигнавме до "срцето на објектот за раководење и команда", како што полковникот Крстевски ја нарекува мини-салата од 20-ина квадрати, на чии ѕидови висат топографски карти на Македонија. Стотина метри ходници понатаму, или поточно 700 метри во должина од едниот до другиот крај, и излеговме на другиот крај од бункерот, но и од другата страна на ридот. И од таа страна дрвена колиба со истиот распоред на соби, и со речиси идентичен изглед однадвор како и објектот од каде што влеговме. Бетонски објект опшиен со дрвени талпи, дополнително "заштитен" со лисја и со маскирни бои од страните и на покривот.
Тоа е тајниот град на Јасен. Сў на сў, стотици метри ходници, десетици простории за престој и уште неколку за командување и раководење со државата, во самата утроба на ридот, во областа што се нарекува Коломот. Домаќините ни откриваат дека уште три слични објекти со помал капацитет има во државава, и тие се од заштитен вид и затворени за јавноста.
На враќање од Коломот ги посетивме и магацинот за воена опрема и пекарницата, неколку километри од објектот. Магацинот зјае празен, додека пекарницата има капацитет за производство на 500 леба дневно. Дополнително, ако затреба, на луѓето сместени во бункерот на располагање им е и ладилник кој има капацитет да собере до 6 тони месо и други производи.
По пат назад кон ловиштето "Јасен", домаќините од АРМ ни објаснуваат дека вакви објекти се од големо значење за државата. "Мирот е променлива категорија на Балканот. Ако има вакви објекти, значи имаме и заштита, тие се богатство за државата", ни ја појаснуваат причината поради која 60 години бункерот се криел од очите на јавноста, но и од потенцијалните непријатели. Во меѓувреме, чукајќи на портите на НАТО, во АРМ немаат намера да се откажат од објектот, ниту од поширокиот реон затворен за јавноста. Планираат да го користат за вежби во мирнодопски услови, а се разбира и понатаму ќе го одржуваат за, не дај боже, да има каде да се сместат оние 50 раководители.

Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 10 30953

http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1907&stID=45518&pR=3
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР   Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР - Page 10 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР
Вратете се на почетокот 
Страна 10 of 17Отиди на страна : Previous  1 ... 6 ... 9, 10, 11 ... 13 ... 17  Next
 Similar topics
-
» Воени сили во Светот (воени сили за кои нема посебна тема)
» Здравствени и други прегледи за служба во институциите за безбедност
» Фортификација - објекти и техника
» Средства за упад во објекти
» Модуларни објекти - касарни

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: