Предмет: Re: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) 22/5/2024, 13:19
P.S. Не е лошо модератор/администратор да ги премести последните 2-3 страни од темата за артилериски орудија овде, бидејќи таму се офтопик, а овде ќе имаат континуитет на муабетот за модернизација.
______________________ Si vis pacem, para bellum
SIG likes this post
Macedonian Knight
Број на мислења : 325
Предмет: Re: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) 22/5/2024, 14:28
Alvar напиша:
Па добро, не се така беше лошо од донираната опрема, некои работи прилично беа корисни во 2001-ва... како Хермелините, М101 и М-30 хаубиците, Т-55-ките, и Пинцовите од Швајцарија мислам беа. Швабите во последен момент ја откажаа донацијата во пешадиско оружје која требаше да биде обемна... но тоа е тоа. Одамна имам чуено за Sten автоматите но ги имам заборавено, ако е вистина тоа е топ Ако има турски репетирки од Mauser тип најдобро да ги поделат по спортскиве клубови, или нек ги продадат на колекционери.
Купувам Стен и турски Маузери поволно Шега настрана ако има распродажба и ако се во добра состојба ќе има голем интерес да се купат.
leopard
Број на мислења : 583
Предмет: Re: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) 22/5/2024, 14:31
Не станува збор дали се добри или лоши,сакав да го доловам моментот,ставот на државата и раководството тогаш,дека министерот не одлучи во тој момент,дека беа политички договори внатрешни,како да настапиме,и што ни треба.Дел одбивме,дел добивме,дел не.Ама се створија услови,односно преоден период каде што формиравме база,живи единици со исправна опрема со доволно резервни делови и адекватна обука.За тој период да го искористиме да присобереме денар и да купиме тоа што навистина ни треба,а системски работите да се решат за тој период,и единиците да бидат во тренажа на основна постара генерациска опрема.Вистината, реалноста е таа,напишана е во публикации на МО соодветно на годините на издавање,другово е чаршиски разговор.
РИС
Број на мислења : 2586
Предмет: Re: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) 26/5/2024, 23:56
Предмет: Re: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) 19/6/2024, 17:49
ФАНТОМ 69 има ли новости од Турска , нели требаше да стигне некоја опрема од таму ?
gol_den_phantom69
Број на мислења : 648
Предмет: Re: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) 19/6/2024, 22:40
РИС напиша:
ФАНТОМ 69 има ли новости од Турска , нели требаше да стигне некоја опрема од таму ?
Ako stigne i koga ke stigne ke ima objaveno javno valjda do kraj na ovaa godina prvin trrba da stignat uste jltv pa se drugo
РИС likes this post
РИС
Број на мислења : 2586
Предмет: Re: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) 30/7/2024, 19:50
Новиот министер сеуште не се изјаснува која е неговата визија за АРМ, што планира да купи од оружје за да ја модернизира армијата по негов терк . БАВНО но сепак се гледа крајот на иницираните набавки од прошлава влада за опремување на ЛПБГ од Штип , знам дека војниците не се баш најзадоволни од личната опрема ,ама батаљонот како така ќе биде опремен со нова опрема , иако треба уште многу да се стори задоволството да биде потполно . Но владате не треба тука да заспие , треба веднаш да отпочне со опремување со втор ЛПБ , јас би рекол Кичевскиот батаљон , прашањето е дали пак со СТРАЈКЕР и ЈЛТВ , или некој поевтини оклопни транспортери како ПАТРИА 6/6 или турска АРМА 6/6 и КОБРА 2 , На ниво на армија треба да се довршат проектите , транспортни хеликоптери , и дронови , и би отпочнал , набавки на радари и 1 батерија ПВО среден домет ,
Alvar
Број на мислења : 11132
Предмет: Re: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) 30/7/2024, 23:11
Ја бил сосема задоволен ако потегне иницијатива да се стегнат касарните за почеток, се е распад и не се чепнати уште од време на ЈНА. Вчера гледав слики и некои клипови од посетата во Штип, ја мислам Јемен има подобри касарни од нас... нека не се лутат припадниците стационирани таму. За почеток тоа бетонската шкорпија треба да оди во отпад.
______________________ Si vis pacem, para bellum
ESN and gol_den_phantom69 like this post
РИС
Број на мислења : 2586
Предмет: Re: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) 31/7/2024, 11:33
Толку ли се лоши условите во касарната во Штип , нели реновираа нешто таму .
gol_den_phantom69
Број на мислења : 648
Предмет: Re: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) 31/7/2024, 12:22
РИС напиша:
Толку ли се лоши условите во касарната во Штип , нели реновираа нешто таму .
samo 1 paviljon e renoviran ako moze da se kaze taka.. drugiot pocnaa i na pola gi fativme rabotnicite kako sakat da ukradat neso i prestana so rabota taa firma godina ipol taka stoese na pola sega pred 3 4 meseci pak pocnaa so butkanje se so bese napraeno i pak od pocetok kvalitetot na renovacija e boze moj duri za 1viot objekt i komandantot se pobuni i ne sakase da go primi ali padna naredba od glavnata i toa morase.. 🫣 P.s ne e samo vo stip sekade e taka i toa e rezultat na 30godini ne odrzuvanje ama neli nato sme samo toa se forsira a yslovite ne se bitni..
Sponsored content
Предмет: Re: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации)