Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 МВР - новости

Go down 
+36
IgorM
ace89
gunner
tose
ESN
assasian
Dejan N
Iko
Panter
JKD
РИС
alexmkd
dt71
marinium
Smrtnikot
Legija91
momo
shady3
macko23
Zajcef
dejand
Makedon
Gero
beowulf
Mrshajnoski
Subzero
Goust
Alvar
Wolf
filip555
Генерал
Зоран
meth
AlexGreat
Momak od Gjorce
SIG
40 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 17 ... 31, 32, 33 ... 66 ... 100  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

МВР - новости - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 32 Empty8/3/2013, 16:13

Frogfoot напиша:
Momak, mislam deka toa bese koga nasite protestiraa ili?

Незз
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

МВР - новости - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 32 Empty8/3/2013, 16:14

Frogfoot напиша:
Momak, mislam deka toa bese koga nasite protestiraa ili?

Да од четвртокот.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

МВР - новости - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 32 Empty8/3/2013, 16:18

Ма може да е и постара сликава,него за апсењето појше ми беше,него читнав негде дека го уапсиле тој што го запалил автобусот,наводно ке попие затвор...
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

МВР - новости - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 32 Empty8/3/2013, 16:20

Momak od Gjorce напиша:
Ма може да е и постара сликава,него за апсењето појше ми беше,него читнав негде дека го уапсиле тој што го запалил автобусот,наводно ке попие затвор...

Ако е точно оговарањето ...ке имало Катстрофа кога го запалиле автобусот на патниците не им дозволиле да испаднат така да ке било циркус за малку!!!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11099

МВР - новости - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 32 Empty8/3/2013, 16:39

Приведено лице кое се сомничи дека го запалил автобусот на ЈСП, го признал делото

Идентификувано и приведено е лицето кое во саботата на Пластичарската улица го запали автобусот на ЈСП. Се работи за 24-годишниот Е.Б., а како што информираат од полицијата, по неговата идентификација како учесник во саботните протести, истиот бил уапсен, а во разговорот во полициската станица самиот го признал делото.

Вчера вечерта, откако признал дека го запалил авотбусот на Јавното сообраќајно претпријатие, бил изведен пред истражен судија, по што му била одредена мерка притвор во време траење од 30 дена. Освен него, 30-дневен притвор има и за уште 4 лица.

Во притвор се наоѓа уште едно лице кое извршило каменување на автобусот пред истиот да биде запален, а според неофицијалните информации, постојат и снимки како истиот влегува и излегува од автобусот пред тој да биде запален, но не е познато дали и тој учествувал во палењето на автобусот, или само го извршил каменувањето.
http://libertas.mk/

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
shady3




Број на мислења : 113

МВР - новости - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 32 Empty9/3/2013, 22:20

Зоран напиша:
Frogfoot напиша:
Momak, mislam deka toa bese koga nasite protestiraa ili?

Да од четвртокот.

Од петокот е сликата, кога протестираа нашите. Не дека копиљов не си го заслужи ова на сликава, плус клоцањето што му го мавнаа после, ако му е кога фрла со стаклени шишиња по полицијата без никаква причина. Ако има едно здраво ребро после ова јас глата ја сечам
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

МВР - новости - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 32 Empty9/3/2013, 22:39

shady3 напиша:
Зоран напиша:
Frogfoot напиша:
Momak, mislam deka toa bese koga nasite protestiraa ili?

Да од четвртокот.

Од петокот е сликата, кога протестираа нашите. Не дека копиљов не си го заслужи ова на сликава, плус клоцањето што му го мавнаа после, ако му е кога фрла со стаклени шишиња по полицијата без никаква причина. Ако има едно здраво ребро после ова јас глата ја сечам

И тоа не е у ред!

Кривична ке го опамети.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

МВР - новости - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 32 Empty29/3/2013, 00:51

СТУДЕНТ НАПРАВИ МАПА НА КРИМИНАЛОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Дамјан Темелковски, скопјанец што во моментов живее во Лондон, е првиот студент што во државава направи функционална мапа на криминалот. Дипломирал на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), пренесува Нова Македонија.

Лани ова време барал идеја за семинарска работа и од професор добил некои примери од светот, од кои еден му оставил голем впечаток.

Тоа бил пример од Англија, каде што некои луѓе развиле систем што го кажува најдобриот пат за возење велосипед, ама не кој е најкраток, туку кој пат е најбезбеден. Ова го прави врз база на податоци од полицијата во врска со сообраќајки што вклучувале велосипеди.

- Јас сакав да пробам да направам таков систем во Скопје, само помалку комплексен, кој би го покажувал најбезбедниот пат за со автомобил низ Скопје, на пример. Се јавив во полицијата и разговарав со Иво Котевски, кој беше многу задоволен од мојата иницијатива и ја поздрави мојата идеја. Но сепак, ми појасни дека МВР нема доволно луѓе и пари да ми достави податоци за сообраќајките во градот. Иако тоа се податоци од јавен карактер, сепак за нивно процесирање требаат време и пари, а особено за сите сообраќајки - раскажува Дамјан како ја развил идејата и ја направил веб-страницата.

Во тој момент идејата за таков систем пропаднала, но Темелковски не се откажал. Разбрал дека полицијата секој ден на својата веб-страница објавува билтен на настани што се случиле претходниот ден. Тогаш Темелковски добил идеја дека може да ги искористи тие податоци и да направи некој систем. Целосна идеја за ликот и за содржината добил повторно од англиска веб-страница.

КАКО РАБОТИ СИСТЕМОТ

- Системот целосно го креирав сам, со тоа што се консултирав за многу работи со асистентот Милош Јовановиќ. Тој ми помагаше во процесот на изработување на системот со совети и препораки. Откако ја одбранив дипломската, по неколку месеци со луѓето од ФИНКИ ја стокмивме и ја објавивме мапата на веб-адресата на која е сега. Како што се гледа, тоа е на компјутер на ФИНКИ, така што немаме трошоци за добивање веб-адреса и тие се покриени од УКИМ и од Владата.

Улогата на полицијата во мапата е мала. Веб-страницата на Темелковски ги собира автоматски податоците и ги обработува.

- Како резултат на тоа што го прави системот во заднина (автоматски чита од веб-страницата на МВР, ги процесира тие податоци и ги прикажува на мапа) се добива мапа на Македонија со локации на сите настани за кои има објавено краток опис од МВР. Да спомнам дека приватноста е загарантирана со тоа што настаните се лоцирани само по име на улица во градовите или по име на село, па не може да знае некој точно каде се случило нешто и тоа да го злоупотреби. Дополнително, направив и топлинска карта, каде што се покажуваат истите настани, само не индивидуално туку слично на она што е на временска прогноза, црвено каде што се најмногу и слично. Општата цел е да се овозможи луѓето да се информирани за криминалот во населбите во кои живеат или планираат да живеат. Теоретски ова би довело до намалување на криминалот, зашто никој не сака неговата населба да биде со висока стапка на криминал. Ова не е ништо ново, ама она што е ново е тоа што системот користи отворени податоци, кои кој било може да ги види и анализира. Досега беше можно да се види колку и каде има криминал, но само со писмено обраќање до МВР - појаснува авторот Темелковски како работи системот.

Мапата ќе се усовршува

Примарната цел, според него, е намалување на криминалот во Македонија, а целната група се сите луѓе што имаат пристап до Интернет. Сепак, тој вели дека системот не е идеален оти ги нема предвид сите настани што се случиле, туку само избран дел од оние што ги објавува МВР и што се околу десет на ден. Статистички може да се каже дека ако за дел од случајно избрани настани важи ова дека би важело и за сите. Второ, настаните објавени од полицијата не се во структуриран облик. Тоа значи дека се напишани како реченици, а не во табела со вид, локација и датум. Системот самиот пробува да заклучи каде, кога и што се случило и бидејќи е само компјутер, може да згреши. Темелковски најавува дека оваа мапа на криминалот ќе ја надгради и догради и ќе биде вистински водич за безбедно движење и живеење во државава.

Автор: Кристина М.
Извор: Нова Македонија

Линк до веб страната (http://crimemap.finki.ukim.mk/view/crime_map.php?a=0&doma=1)


http://www.fakulteti.mk/news/13-03-28/student_napravi_mapa_na_kriminalot_vo_makedonija.aspx

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

МВР - новости - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 32 Empty13/4/2013, 11:37

Специјалните единици на МВР ќе ослободуваат ВИП личност

Во скопската касарна „Ѓорче Петров“ денеска ќе се одржи завршна вежба „Координатор – 2013“ во којашто ќе учествуваат сите специјални единици на МВР.

Целта на вежбата, согласно сценариото, ќе биде воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем и извлекување на ВИП лице од објект.

На вежбата „Координатор – 2013“ и презентација на опремата ќе присуствува и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/111905-Specijalnite-edinici-na-MVR-ke-osloboduvaat-VIP-licnost
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

МВР - новости - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 32 Empty13/4/2013, 12:02

Или со други зборови „Како да го извадиме Грујо од Влада под опсада на СДСМ-овци„.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





МВР - новости - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 32 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
МВР - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 32 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 17 ... 31, 32, 33 ... 66 ... 100  Next
 Similar topics
-
» АРМ - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Министерство за Внатрешни Работи - МВР-
Отиди до: