Сега е јасно зашто ме ве ре то толку сериозно си ја сватиле работата.
Alvar
Број на мислења : 11100
Предмет: Re: МВР - новости 8/3/2013, 11:33
Полицијата вчера масовно апсеше низ скопски Чаир
Триесетина лица од скопски Чаир, сите учесници на минатонеделните насилни протести во Скопје, биле уапсени вчера вечерта во голема полициска акција. Како што дознаваме, тоа се лица што полицијата ги идентификувала како водачи на протестите, а уапсени се пред новите најавени протести на граѓаните од албанска националност, кои треба да се одржат денеска по завршувањето на петочната молитва во Јајапашината џамија во Чаир.
Од полицијата ги потврдија вчерашните апсења и најавија дека ќе продолжат да апсат.
„Полицијата ќе продолжи да ги приведува сите лица за кои има сознанија дека учествуваа во минатонеделните насилства“, изјави Иво Котевски, заменик – министер во МВР задолжен за односи со јавноста.
Граѓаните од албанска националност, преку социјалните мрежи, веќе неколку дена се самоорганизираат за денешните протести. Како место на собирање е одредена Јајапашината џамија, а протестите треба да почнат околу 12.30 часот, кога завршува петочната молитва во џамијата. Според најавите, протестантите оттука ќе тргнат кон Владата, каде што ќе го изразат револтот поради тепањето млади Албанци од страна на Македонците, кои ден претходно протестираа поради назначувањето на Талат Џафери за министер за одбрана. Од исти причини тие се собраа и минатата сабота, но протестот ескалираше во големо улично насилство и напнати меѓуетнички тензии. Тие се собраа пред Владата, но собирот веднаш ескалираше во улично насилство, во кое беа повредени повеќе граѓани, полицајци, беа демолирани десетици автомобили, а беше и запален еден автобус на ЈСП. http://www.mkd.mk/makedonija/politika/policijata-vchera-masovno-apseshe-niz-skopski-chair
______________________ Si vis pacem, para bellum
Зоран
Број на мислења : 3805
Предмет: Re: МВР - новости 8/3/2013, 11:53
Alvar напиша:

Значи до наредбата било . Падна наредба и МВР си ја заврши работата!