Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 МВР - новости

Go down 
+36
IgorM
ace89
gunner
tose
ESN
assasian
Dejan N
Iko
Panter
JKD
РИС
alexmkd
dt71
marinium
Smrtnikot
Legija91
momo
shady3
macko23
Zajcef
dejand
Makedon
Gero
beowulf
Mrshajnoski
Subzero
Goust
Alvar
Wolf
filip555
Генерал
Зоран
meth
AlexGreat
Momak od Gjorce
SIG
40 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5 ... 52 ... 100  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

МВР - новости - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 4 Empty3/4/2012, 16:20

Полицајците со нова униформа

Министерството за внатрешни работи објави огласи за доделување договори за јавни набавки на делови од работната униформа на полицијата, предвидени со Планот за јавни набавки за 2012 година, а согласно Уредбата за униформата и ознаките на униформата на полицијата.

Огласот се однесува за набавка на 8.000 пара чевли и на 8.000 пара летни панталони за припадници на полицијата.

Чевлите, согласно описот од Уредбата треба да бидат изработени од природна кожа во црна боја и посебни карактеристики на квалитетот наведени во тендерската документација.

Јавното отворање на огласот за чевли е закажано за 2 мај годинава, а постапката целосно ќе се спроведува преку електронскиот систем за јавни набавки и ќе заврши со електронска аукција како последна фаза од отворената постапка.

Критериум за доделување на договорот е економски најповолна понуда, при што за цената ќе се доделат максимум 70 бодови, а за квалитетот максимум 30 бодови. Квалитетот ќе се докажува преку лабораториска анализа на поднесените мостри согласно барањата од техничката спецификација.

Панталоните, пак, треба да бидат изработени од материјал тергал во темно сина боја и посебни карактеристики на квалитетот детално опишани во тендерската документација.

Јавното отворање на огласот за панаталони е закажано за 23. овој месец. И оваа постапка целосно ќе се спроведува преку електронскиот систем за јавни набавки, и ќе заврши со електронска аукција како последна фаза од отворената постапка.

Критериум за доделување на договорот за оваа постапка е најниска цена, при што мострите на понудувачите задолжително треба да ги задоволат барањата дефинирани во деталната техничка спецификација и мострата на договорниот орган. Квалитетот и на овие мостри исто ќе се докажува преку лабараториска анализа на поднесените мостри согласно барањата од техничката спецификација.

Преку електронскиот систем за јавни набавки, согласно Годишниот план за набавки од 2012 година, започнати и објавени се и две одделни постапки за набавка на 2.000 маици и 8.000 капи за полицијата

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/66560-Policajcite-so-nova-uniforma
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

МВР - новости - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: МВР ќе набавува ново блиндирано возило   МВР - новости - Page 4 Empty3/4/2012, 17:43

Службата за јавни набавки на МВР објави оглас за доделување на договор за јавна набавка на ново блиндирано патничко моторно возило со највисок степен на заштита. Финансиските средства се одобрени во Буџетот за 2012 година, а набавката е предвидена во Планот за јавни набавки на МВР за 2012 година.
Во тендерската документација МВР предвиде општи и посебни услови и барања, со цел успешно реализирање на набавката, во делот за одржување, двегодишен гарантен рок без ограничување на километри, бесплатна обука за двајца возачи кај производителот на возилото и слично.

Исто така, предвидено е рокот за испорака на возилото да биде 40 дена од склучување на договор. Согласно тендерските услови, најповолната понуда ќе биде избрана со јавно наддавање. Истата во целост, односно 100%, ќе зависи од цената која што ќе биде понудена од учесниците во тендерот. Заинтересираните ќе може да ги достават понудите во наредните 40-тина дена, а за 15 мај е закажано нивниото отварање.

Возило со вакви карактеристики последен пат набавено пред 12 години, а двете со кои располага Министерството веќе се во голема мера амортизирани.

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/66568-MVR-ke-nabavuva-novo-blindirano-vozilo

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
filip555

filip555


Број на мислења : 94

МВР - новости - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 4 Empty3/4/2012, 18:26

Ајде Ајде.. Фала му на господ нешто ново да се купи , сеа уште и армијата малце да ја дотераат и ќе биде во ред ! jupii jupii

______________________
"If you want peace, prepare for war."
Flavius Vegetius Renatus. Roman Military strategist. c. 390. A.D
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

МВР - новости - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 4 Empty3/4/2012, 18:58

filip555 напиша:
Ајде Ајде.. Фала му на господ нешто ново да се купи , сеа уште и армијата малце да ја дотераат и ќе биде во ред ! jupii jupii

Со 8-те милиони сигурно ќе дочекаме

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

МВР - новости - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 4 Empty3/4/2012, 19:00

Генерал напиша:
filip555 напиша:
Ајде Ајде.. Фала му на господ нешто ново да се купи , сеа уште и армијата малце да ја дотераат и ќе биде во ред ! jupii jupii

Со 8-те милиони сигурно ќе дочекаме

Грешка другар
+ * се за армијата.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

МВР - новости - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 4 Empty3/4/2012, 21:44

filip555 напиша:
Ајде Ајде.. Фала му на господ нешто ново да се купи , сеа уште и армијата малце да ја дотераат и ќе биде во ред ! jupii jupii

Да знаеш уште колку има да биде се во ред Smile ... нека не те буни шминката.. додека не видиш не верувај!
Вратете се на почетокот Go down
filip555

filip555


Број на мислења : 94

МВР - новости - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 4 Empty3/4/2012, 21:50

Знам , знам , али шо може да се напраи затоа само позитивно мислење Wink Wink

______________________
"If you want peace, prepare for war."
Flavius Vegetius Renatus. Roman Military strategist. c. 390. A.D
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

МВР - новости - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 4 Empty3/4/2012, 21:58

Инаку што се однесува до сегашната униформа на МВР морам да кажам дека истата од практичен аспект е голем промашок. Особено зимските јакни. МВР мора да се консултира со стручни лица или најдобро со оперативците ( полицајците ) и врз основа на нивните потреби и сугестии да создаде една, единствена и практична униформа која ќе остане во подолга употреба ( а не да го менуваме моделот на неколку години ). Што се однесува до бомбастичната најава за набавката на пантолони и кондури би се смеел да не е за плачење работата. Објавуваат дека ќе набават пантолони како да е тоа којзнае каква инвестиција. Оние кои добро ги познаваат приликите во МВР знаат дека таму нема набавено униформа неколку години и дека истава е дотраена. Инаку ако сакате можам и да ви презентирам според правилникот на МВР на колкав временски период се менуваат деловите од униформата. Еве само за фамозните пантолони дека се менуваат на 24 месеци. Е сега МВР набавува 8 000 а на секој полицаец му следуваат 4 пара пантолони, 2 летни, 2 зимски. Сега вие пресметајте каква набавка е направена.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

МВР - новости - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 4 Empty3/4/2012, 22:01

Колку вкупно полицајци има во служба ако не е тајна? Вака испаѓа дека само 2000 полицајци ќе имаат среќа да се облечат во ново..
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

МВР - новости - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 4 Empty3/4/2012, 22:14

Frogfoot напиша:
Колку вкупно полицајци има во служба ако не е тајна? Вака испаѓа дека само 2000 полицајци ќе имаат среќа да се облечат во ново..

Моменталната бројка реално ни тие самите не ја знаат. Пред некоја година МВР имаше 13 000 вработени вклучувајќи ги тука и административните служби, инспекторите, командните кадри итн. Моја претпоставка е дека станува збор за 8 000 полицајци кои според ова ќе добијат по еден пар пантолони и нека му ја мислат кога ќе ги перат и пеглат

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





МВР - новости - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 4 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
МВР - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 4 of 100Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5 ... 52 ... 100  Next
 Similar topics
-
» АРМ - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Министерство за Внатрешни Работи - МВР-
Отиди до: