Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 МВР - новости

Go down 
+36
IgorM
ace89
gunner
tose
ESN
assasian
Dejan N
Iko
Panter
JKD
РИС
alexmkd
dt71
marinium
Smrtnikot
Legija91
momo
shady3
macko23
Zajcef
dejand
Makedon
Gero
beowulf
Mrshajnoski
Subzero
Goust
Alvar
Wolf
filip555
Генерал
Зоран
meth
AlexGreat
Momak od Gjorce
SIG
40 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 16 ... 28, 29, 30 ... 64 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11099

МВР - новости - Page 29 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 29 Empty28/2/2013, 13:14

Дедо застрела разбојник во село Којково

Ноќеска во селото Којково во околината на Кратово се одвивала вистинска драма.
Двајца разбојници влегле во куќата на двајца старци и цела ноќ ги малтретирале. Старицата била неподвижна, а дедото бил врзуван, тепан и измачуван.
Според неофицијални извори на Канал 5 старецот некако успеал да се ослободи и со ловечка пушка ги застрелал двајцата напаѓачи, едниот починал на лице место, а другиот бил ранет.
Во моментов полицијата врши увид во слабо населеното Којково и со официјални информации за настанот МВР ќе излезе подоцна./М.Ј.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=107747

Браво за дедото! aplauz
Иако сега претпоставувам дека ќе го осудат за двојно убиство.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

beowulf


Број на мислења : 765

МВР - новости - Page 29 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 29 Empty28/2/2013, 13:46

Badass дедо. Twisted Evil
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

МВР - новости - Page 29 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 29 Empty28/2/2013, 14:51

Браво за дедото!!! aplauz
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




МВР - новости - Page 29 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 29 Empty1/3/2013, 22:05


Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11099

МВР - новости - Page 29 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 29 Empty3/3/2013, 18:25

Alvar напиша:
Иако сега претпоставувам дека ќе го осудат за двојно убиство.

Ете ти! Evil or Very Mad

ПО МАKИТЕ СО РАЗБОЈНИЦИТЕ ЗА ПЕНЗИОНЕРОТ ЌЕ СЛЕДУВААТ И СУДСKИ ПОСТАПKИ

Храбриот дедо од Kојково ќе одговара за убиство и за нелегално оружје

Храбриот пензионер од кратовското село Kојково, кој на свои 73 години успеа да се ослободи од јажињата со кои бил врзан во својот дом, а потоа со пушка да убие еден и да рани друг разбојник, кои го тероризирале него, а и сопругата, ќе одговара за три кривични дела. Тој е пуштен на слобода и се лекува во неговото село бидејќи од мачењето му биле нанесени повреди. Сепак, нема само повредите да ги донесе дома од овој драматичен настан. Против него се поднесени кривични пријави за убиство, за обид за убиство и за поседување нелегално оружје.

Инаку, како што информиравме, пред три дена Зоран З. (28) од селото Пантелеј и Б.И.(34) од селото Полаки, Kочанско, со такси-возило заминале за село Kојково. На таксистот наводно му кажале дека требало да се видат со нивен пријател. Со маски на главите и со ракавици на рацете влегле во куќата на Љ.М.(73), кој живеел со сопругата Ц.М.(73), која инаку е болна и неподвижна.

Тука почнал теророт. Им удирале тупаници и ги малтретирале за да им кажат каде се парите. Потоа со јаже му ги врзале рацете и нозете на пензионерот, кој бил упорен и не им кажал каде се парите од пензијата. Нервозни, разбојниците почнале да ја пребаруваат куќата. За тоа време дедото успеал да се одврзе, зел ловна пушка и ги начекал двајцата во моментот кога излегувале од куќата со украдените пари. Тој пукал кон двајцата, по што Зоран З. Бил погоден, паднал на самото место и починал.

Ранет бил и Б.И., но успеал да избега и дошол до такси-возилото што ги чекало на оддалеченост од околу 5 километри од местото на настанот. Тој сега е на лекување на клиниката за неврохирурхија. Против него е поднесена пријава за разбојништво.

Од полицијата ни рекоа дека во текот на судската постапка ќе се дознае дали пријавата за убиство против пензионерот ќе биде за убиство во нужна одбрана или, пак, убиство извршено во миг. С` зависи од тоа каде биле престапниците, дали во неговиот дом или тој пукал во нив додека биле на бегање.

Според адвокатот Даниел Георгијевски, убиство во миг се третира како привилегирано дело на лишување.

- Kарактеристична е силната надразнетост на сторителот, доведен во таква фаза без своја вина. Во случајов станува збор за малтретирање кое го довело во таква силна надразнетост.

Од правен аспект, за да се третира како убиство во миг, потребно е убиството да се изврши непосредно веднаш по нападот. Ваквото дело, се смета дека е умислено, односно сторителот дејствува со стеснета свест, одлуката е брза, изненадна, сторителот е свесен за дејствието и последицата, и се согласува со нејзино настапување - вели адвокатот.

Од друга страна, според него, кај нужната одбрана наместо одбивање на нападот, сторителот го лишува од живот напаѓачот во состојба на силна надразнетост, дури и кога завршил нападот.

- Ако станува збор за нужна одбрана, односно нејзино пречекорување, сторителот го одбива нападот со уверување дека единствено на тој начин може да го одбие - анализира адвокатот Георгијевски.

Сепак, покрај убиството и обидот за убиство, проблем со законот на пензионерот му направила и старата ловџиска пушка, која ја чувал дома и со неа ги одбрани домот и неподвижната баба. Токму поради таа пушка му е поднесена уште една пријава за нелегално поседување оружје.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=534C11A3932B3C47AB6D6AFEE5E9B9CB

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

МВР - новости - Page 29 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 29 Empty3/3/2013, 21:56

@ Alvar аватаров ти е пестицд кој е масовно злоупотребуван.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11099

МВР - новости - Page 29 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 29 Empty3/3/2013, 22:07

Јесте да. Апропо настаниве мислам соодветен дека е. Wink
Башка, ја знаеш онаа навивачката што обично се пее кај нас.

Да ми помине лутината ќе си го вратам стариот. Не дека не би ги пратил на туш со пестициди... тоа стандардно.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

МВР - новости - Page 29 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 29 Empty3/3/2013, 22:35

Alvar напиша:
Јесте да. Апропо настаниве мислам соодветен дека е. Wink
Башка, ја знаеш онаа навивачката што обично се пее кај нас.

Да ми помине лутината ќе си го вратам стариот. Не дека не би ги пратил на туш со пестициди... тоа стандардно.



Мал совет не убива отровот дозата е таа која брка работа!
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

МВР - новости - Page 29 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 29 Empty3/3/2013, 22:36

Срамота,жал ми падна за дедово...

http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=E102F89046C8C244A1FD63C4E8EE2B63
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

МВР - новости - Page 29 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 29 Empty3/3/2013, 22:36

Momak od Gjorce напиша:
Срамота,жал ми падна за дедово...

http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=E102F89046C8C244A1FD63C4E8EE2B63

Правда за дедото.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





МВР - новости - Page 29 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 29 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
МВР - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 29 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 16 ... 28, 29, 30 ... 64 ... 100  Next
 Similar topics
-
» АРМ - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Министерство за Внатрешни Работи - МВР-
Отиди до: