Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 МВР - новости

Go down 
+36
IgorM
ace89
gunner
tose
ESN
assasian
Dejan N
Iko
Panter
JKD
РИС
alexmkd
dt71
marinium
Smrtnikot
Legija91
momo
shady3
macko23
Zajcef
dejand
Makedon
Gero
beowulf
Mrshajnoski
Subzero
Goust
Alvar
Wolf
filip555
Генерал
Зоран
meth
AlexGreat
Momak od Gjorce
SIG
40 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 15 ... 27, 28, 29 ... 64 ... 100  Next
АвторПорака
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

МВР - новости - Page 28 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 28 Empty6/2/2013, 20:27

Никогаш не е доцна. Сеуште е голем бројот на луѓе кои работеле по тој систем на работа или пак учеле од некој кој работел, така да лесно ќе се вратиме на тоа. Англија со Боби може вода да ни носи Very Happy

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

МВР - новости - Page 28 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 28 Empty6/2/2013, 21:40

Генерале, многу те почитувам, пред се поради тоа што си „веќити оптимиста„ Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

МВР - новости - Page 28 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 28 Empty8/2/2013, 12:32


Македонските полицајци останаа без здравствено осигурување?
Македонија | 8. февруари 2013 - 11:04

Press24 ја провери информацијата во ФЗО. Од таму се уште проверуваат дали станува збор за некоја техничка грешка и од кои причини осигуреникот не може да ги оствари своите права.

Вработените во министерството за внатрешни работи останале без здравствено осигурување од почетокот на месецов. Читатели на Press24 велат дека во екот на сезоната на грипот, тие мораат приватно да ги плаќаат лековите.

„Осигуреник преку МВР на 7 ми февруари 2013 година без платено здравствено осигурување кое истекло на 31.1.2013.... Да напоменам дека плави картони за месец февруари има и тоа јануари/февруари но на здравствената картичка покажува дека осигурувањето е платено до 31.1.2013. Тоа значи дека ние 7 дена сме без здравствено осигурување цело семејство со се моите две малолетни деца кои денес поради вирозата која владее морав да ги носам на лекар при што лекарствата(сирупите) бевме приморани приватно да ги платиме заради неплатеното здравствено осигурување.... за кое дознавме во аптеката

Мислам дека можете да ја проверите картичката во ФЗО видов дека имаат проверка доколку инсталирате софтвер кој го има на нивната страна. “ - пишува читател на Press24
Press24 ја провери информацијата во ФЗО. Од таму се уште проверуваат дали станува збор за некоја техничка грешка и од кои причини осигуреникот не може да ги оствари своите права.

http://press24.mk/story/makedonija/makedonskite-policajci-ostanaa-bez-zdravstveno-osiguruvanje

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

МВР - новости - Page 28 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 28 Empty8/2/2013, 16:26

08.02.2013 Презентација во МВР

Нова форензичка лабораторија за компјутерски вештачења

Денеска во Одделот за криминалистичка-техника при Министерството за внатрешни работи беше промовирана новата форензичка лабораторија за компјутерски вештачења која благодарение на издвоените 4.000.000 денари во рамки на проектот на Владата на РМ за опремување на научно-истражувачки и апликативни лаборатории, беше опремена со најсовремена техника.


Со зголемувањето на присутноста и употребата на интернетот и информатичките технологии, но и нивната злоупотреба при вршењето на кривичните дела, надградбата на капацитетите на МВР за нивно откривање се јави како неминовна потреба. Почнувајќи од областа на економскиот и финансискиот криминал, преку детстката порнографија и компјутерскиот криминал, практично и не постои кривично дело каде нема потреба од вештачење на паметни телефони, лап-топ компјутери или друга технологија која служи за комуникација или чување на податоци.

Отсекот за информатичко криминалистички испитувања врши анализа на компјутерска опрема која претставува предмет или средство за извршување на одредени кривични дела. Целта на овие анализи е да се пронајдат електронските траги, да се интерпретираат и да се достават пред судските органи за понатамошна постапка. Електронските траги пронајдени на анализираните медиуми честопати се и единствен доказ во кривичната постапка.

Со проектот на Владата на РМ за хардверско и софтверско опремување на Одделот за криминалистичка техника во делот на компјутерската форензика се овозможи анализите на доставената компјутерска опрема да се вршат поефикасно, навремено и да се подобри квалитетот на вештачењата.
Целта на лабораторијата е да прерасне во акредитирана лабораторија каде ќе се вршат сите видови на вештачења од областа на компјутерскиот криминал, кои по својот квалитет ќе биде на еднакво ниво со земјите од Европската Унија. Исто така оваа лабораторија планира да основа и свој тренинг центар за обука на експерти во областа на компјутерската форензика.

Компјутерската опрема (хардвер и софтвер) која што е набавена со проектот на Влада на РМ се состои од:

- процесирачки станици FRED предвидени за работа во лабораториски услови со можност за аквизиција и анализа на одземената компјутерска опрема;

- форензички лаптопи кој овозможува брзо, ефикасно и безбедно да се направи форензичка копија од хард дисковите за складирање на податоци и анализа на истата во теренски услови;

-користење на UltraKit со кој се овозможува да се направи форензичка копија од медиумите кои се анализираат, а притоа да се сочува интегритетот на податоците;

- софтвер Field Intelligence Model како составен дел од EnCase со кој ќе се овозможи анализа на вклучени компјутери, мрежа и сервери без нивната работа да биде прекината;

-софтвер FTK за анализа и креирање на форензичка копија од анализираните медиуми, процесирање на различни видови на податоци од форензичките копии.

http://www.mvr.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=12016&mid=1367&tabId=358&tabindex=0

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11099

МВР - новости - Page 28 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 28 Empty12/2/2013, 12:58



Тројца синови на кафеанџија ограбиле бензинска

Tројца кумановци, синови на сопственикот на ресторанот „Калабрија“ вчера ја ограбиле бензинската пумпа на „Лукоил“ кај село Романовце. Уапсени се по само 3-4 часа.
СВР Куманово поднело кривични пријави за разбојништво против Р.А.(22), А.А.(21), Н.А.(20) и А.А.(17) од Куманово, како и К.Р.(17) од с.Долно Свиларе, Скопје.
Како што објаснува МВР, ограбувачите првин 20 минути после полноќ вчера отишле на бензинската пумпа на локалниот пат Куманово - село Романовце, наполниле гориво и платиле, по што отишле во „Калабрија“ лоциран спроти бензинската пумпа. Но, во 5.40 часот се вратиле на бензинската, при што двајца од нив, со фантомки на главите, влегле во објектот. Притоа едниот извадил пиштол, го репетирал и вперил во вработениот М.И.(28) од Куманово. Заканувајќи му се на вработениот, од касата украле 5.000 денари и избегале.
После пријавата полицијата почнала потрага и околу 9 часот петмината се приведени. Претрес во домовите на пријавените и во објектот „Калабрија“, пронајдени се одземените пари и облеката што ја носеле за време на извршување на разбојништвото, вели МВР.
Истражен судија на сите им одредил притвор од по 30 дена. Првите тројца пријавени се познати сторители на кривични дела за што СВР Куманово им има поднесувано кривични пријави и тоа: на првопријавениот за разбојништва, напад на службено лице при вршење работи на безбедноста и тешки кражби, на А.А. за убиство во обид и на Н.А. за предизвикување општа опасност, тешка кражба и кражба.
http://plusinfo.mk/vest/80107/VIDEO-Trojca-sinovi-na-kafeangzija-ograbile-benzinska

Племето шабанско.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

МВР - новости - Page 28 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 28 Empty13/2/2013, 12:39

„Hytera Mobilfunk“ го прошири мобилниот радио систем за потребите на полицијата
Објавено: пред 38 минути
Прочитано: 137
Печати
Сподели со твоите пријатели!

Германската компанија „Hytera Mobilfunk“, која изработува професионални мобилни радио системи, го прошири Тетра радио системот, кој го користи македонската полиција, за дополнителни 26 базни станици, разменски јазли (exchange nodes) и интернет протокол технологија, извести Telecompaper, повикувајќи се на информации од компанијата.

Заедно со партнерот „Nokia Siemens Networks“ (NSN), „Hytera Mobilfunk“ го постави Тетра радио системот во Македонија уште во 2008 година, тогаш под име „Rohde & Schwarz Professional Mobile Radio“.

Првата инсталација на мрежата имаше 42 базни станици, резервни разменски јазли и можности за управување со мрежата, како и контролен центар произведен од NSN. Во 2012, „Hytera Mobilfunk“ доби договор за проширување на мрежата со нови базни станици преку тендер со цел да се покрие поголема територија со AccessNet-T интернет протокол.

Покрај ова, беа донесени и компјутери за администрирање на радио системот, а, исто така, постоечките контролни центри беа модернизирани со нови карактеристики каков што е географски информативен систем (GIS).

Инсталацијата и мрежната интеграција беа завршени на крајот од 2012 или два месеци пред рокот. Покрај опремата, компанијата беше задолжена да ја подготви локацијата за дополнително проишување со главна сервисна просторија.

Од примеот, Тетра системот работи на ниво на тестирање, а ќе влезе во функција на почетокот на февруари во присуство на висок претставник на Европската унија, се вели на крајот од веста.

http://www.plusinfo.mk/vest/80260/Hytera-Mobilfunk-go-proshiri-mobilniot-radio-sistem-za-potrebite-na-policijata

Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11099

МВР - новости - Page 28 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 28 Empty13/2/2013, 13:46

Нивното соопштение:

Hytera Mobilfunk expands the TETRA radio system of the security authorities in Macedonia

11.02.2013

Bad Münder, Germany - Hytera Mobilfunk GmbH expands the existing TETRA radio system in Macedonia by 26 base stations, exchange nodes and state-of-the-art IP technology. The network is used by the Macedonian security authorities for public safety.

Together with the partner Nokia Siemens Networks (NSN), Hytera Mobilfunk GmbH delivered the TETRA radio system of the security authorities in Macedonia as early as in 2008, then still under the name of "Rohde & Schwarz Professional Mobile Radio GmbH". The first installation of the network comprised 42 base stations, redundant exchange nodes and network management features as well as control centre technology made by NSN. In 2012, Hytera Mobilfunk GmbH was awarded the contract to expand the network by further base stations within the context of a tendering process to augment the service area with the ACCESSNET-T IP TETRA radio system.

The network expansion comprises 26 TETRA base stations of the type DIB-500 R4.1, a completely IP-based TETRA switch IP Node as well as workstation computers to administrate the radio system. In addition, the existing control centres were modernised and provided with new features (GIS/AVL).

The special feature to be emphasized is that with ACCESSNET-T IP, the new network constituents are completely networked with each other via a completely IP-based network. E1-links can still be used in the existing network. The link between the new network segment and the existing network is implemented by a CS/IP bridge that permits Hytera's customers to expand their existing networks with the state-of-the-art ACCESSNET-T IP at any time.

The project handling of Hytera Mobilfunk was able to implement the installation of the network as well as the integration of the new network elements at the end of 2012, thus beating the customer's schedule by two months. Apart from delivering the TETRA infrastructure, Hytera Mobilfunk GmbH was also responsible for rendering the entire location fit for the expansion (mast, service room). Since the acceptance test, the TETRA system has been operating in test mode and will go live at the beginning of February in the presence of high-ranking EU representatives.

Project highlights:

- Existing network with 42 TETRA base stations for the public safety in Macedonia.
- Network expansion by 26 TETRA base stations with state-of-the-art IP technology.
- CS/IP bridge for network expansion with state-of-the-art IP-based TETRA system
- Terminals of various manufacturers are in use
- Implementation and acceptance tests 2 months earlier than scheduled
- Modernisation of the existing control centre technology and expansion by new features such as GIS/AVL

http://www.hytera.de/en/news-events/latest-news/details/hytera-mobilfunk-erweitert-tetra-funksystem-der-sicherheitsb/bPid/710/

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11099

МВР - новости - Page 28 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 28 Empty21/2/2013, 17:53



МВР заплени арсенал оружје, осомничените во притвор

Во притвор заврши битолскиот обвинител, негоивот возач и уште двајца прилепчани кои обвиниетелството ги гони за примање награда за противзаконито влијание и недозволена трговија со оружје, информираат од МВР. Полицијата во акцијата под кодно име „Хераклеа“ реализирала два случаи едниот го работи прилепското обвинителство, вториот организиран криминал во Скопје. Кривична пријава за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, до прилепското обвинителство, од страна на полицијата има поднесено до еден 39 годишен прилепчанец од чија куќа вчера бил запленет арсенал оружје. Кривичната пријава за недозволена трговија со оружје од страна на Истражниот судија била проширена за уште едно 38 годишно лице од Прилеп поради постоење на основано сомнение дека е инволвиран во трговијата со оружје.

Тресет и деветгодишниот прилепчанец, според полицијата на заинтересирано лице-купувач во ноември минатата година, му продал автоматска пушка калибар 7,62 мм за износ од 800 евра. Исто така утврдено е дека тој нудел за продажба разновидно огнено оружје автоматски пушки, пиштоли, бомби, муниција, по различни цени во зависност од видот на заинтересирани купувачи.

Во вториот случај МВР, поднесе кривична пријава против Јавен Обвинител во ОЈО Битола за сторено кривично дело примање награда за противзаконито влијание и 53 годишен вработен во ОЈО Битола, поради постоење на основано сомнение за кривично дело помагање.

Според полицијата искористувајќи ја службената положба и овластување како Јавен обвинител во ОЈО Битола, на лице од Битола против кое во текот на јули минатата година од Управата за јавни приходи му е поднесена кривична пријава, му ветувал дека ќе посредува кај негов колега - јавен обвинител, кој бил надлежен да постапува по кривична пријава како и ветувања дека ќе влијае кај други вработени во Јавното Обвинителство или во Основен суд –Битола, заради издејствување на поблага казна или друг вид на „привилегии“ за пријавениот. Возачот пак посредувал и го советувал „клиеното“ како да се однесува при распитото кај истражниот судија. торопријавениот, му помагал на начин што ги договарал и присуствувал на средбите помеѓу јавниот обвинител и лицето против кое се води кривичната постапка, на кои средби му давал совети во врска со кривичната постапка којашто се води против него, односно како да постапи при распитот пред истражен судија и други правни совети.
http://plusinfo.mk/vest/81472/VIDEO-MVR-zapleni-arsenal-oruzhje-osomnichenite-vo-pritvor

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Mrshajnoski

Mrshajnoski


Број на мислења : 237

МВР - новости - Page 28 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 28 Empty23/2/2013, 01:03

Тројца Хунзи повредени во тепачка, повод политичката криза во Македонија
Во среда навечер во тепачка која се случила во северен Пакистан во местото Муртазабад повредени се тројца припадници на Хунзите. Тепачката настанала по завршувањето на централниот Дневник на МТВ1 кој редовно се следи преку сателит.
Во локалното кафуле ,,Аминта” две спротивставени групи влегле во жестока расправија за актуелната политичка криза во Македонија. Едната група позната по своите либерални политички убедувања почнала да извикува пароли против Владата, на што група конзервативни Хунзи возвратила со повици „Уа комуњари“ и „Бранко битанга“.
Во општата тепачка биле употребувани секакви предмети и шишиња при што повредени се три лица, двајца од нив се лесно повредени, а третиот полесно.
По пријава од сопственикот интервенирала пакистанската полиција и спречила инцидент од поголеми размери. Според портпаролот на СВР Муртазабад, во тек се информативни разговори со инволвираните во тепачката, а полицијата набргу ќе излезе со кривични пријави против учесниците.
Полицијата додава дека бројот на инциденти во областите населени со Хунзи е значително зголемен по заострувањето на политичката криза во Македонија. Оттаму се надеваат на брзо решение на оваа криза и наоѓање компромис помеѓу двете страни, со што ќе се смири безбедносната ситуација и во овој регион на северен Пакистан.
samo edna mala parodija za relaksacija Smile))
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

МВР - новости - Page 28 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 28 Empty23/2/2013, 14:35

Laughing Laughing Laughing
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





МВР - новости - Page 28 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 28 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
МВР - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 28 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 15 ... 27, 28, 29 ... 64 ... 100  Next
 Similar topics
-
» АРМ - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Министерство за Внатрешни Работи - МВР-
Отиди до: