|
|
| МВР - новости | |
|
+36IgorM ace89 gunner tose ESN assasian Dejan N Iko Panter JKD РИС alexmkd dt71 marinium Smrtnikot Legija91 momo shady3 macko23 Zajcef dejand Makedon Gero beowulf Mrshajnoski Subzero Goust Alvar Wolf filip555 Генерал Зоран meth AlexGreat Momak od Gjorce SIG 40 posters | |
Автор | Порака |
---|
Гостин Гостин
| Предмет: Re: МВР - новости 13/12/2012, 15:51 | |
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6117
| Предмет: Re: МВР - новости 22/12/2012, 14:45 | |
| Полициските „Шкода јети“ попладнево пристигнаа во дворот на Министерството за внатрешни работи. 150 нови „Шкода јети“ ќе ги заменат старите “Крајслери“ со кои се служеше МВР. Предвидено е во понеделник да го поминат првиот филтер на технички прием во, а потоа да се регистрираат. Новите аавтомобили ќе бидат промовирани во понеделник, а по 31 декември се очекува да ги заменат „Крајслерите“. Тендерот кој го доби „Порше Македонија“ изнесува 3,15 милиони евра. Во цената влегува и опремата која му е потребна на Министерството, ротациони светла, полициски ознаки и држачи за радио станици. http://press24.mk/story/avtomobili/novite-policiski-vozila-pristignaa-vo-mvr-%E2%80%9Ekrajslerite%E2%80%9C-naskoro-odat-vo-istorijata | |
| | | macko23
Број на мислења : 3
| Предмет: Re: МВР - новости 30/12/2012, 19:02 | |
| - meth напиша:
- момци дали знаете за ЕБР конкурсот јануари сега што ќе биде дали ќе примаат со служена војска само или ќе биде интерен меѓу полицијата ?
treba da e za site so se sluzele voen rok a ne samo za policajcite zs ako nikoj nesaka da se prijavo od policajcive kako ke go popolnat brojot vo ebr | |
| | | SIG
Број на мислења : 6117
| Предмет: Re: МВР - новости 2/1/2013, 15:21 | |
| Новите возила, веќе од утре ќе ги заменат „крајслерите“ стари повеќе од 12 години.
Како што истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, во моментов на улиците во исправна состојба сообраќаат 142 крајслери, а истите ќе бидат заменети со 150 „Јети“.
Новите полициски автомобили ќе бидат распределени во сите градови во земјава.
-Одредена бројка на крајселрите кои се во поисправна состојба, МВР ќе ги задржи за свои потреби, а за останатите ќе биде распишана продажба, истакна министерката.
Според неа, новите „Јети“ се поекономични, но и посигурни за полициските службеници. Колку за илустрација, „крајслерите“ трошеле 16 литри бензин , а „Јетите“ 6 литри дизел.
Годишниот трошок за одржување за „крајслерите“ изнесувал 6 илјади евра, а за новите автомобили сервисот за првите 3 години е бесплатен.
На денешната промоција присуствуваше премерот Никола Груевски и целиот полициски врв. | |
| | | SIG
Број на мислења : 6117
| Предмет: Re: МВР - новости 7/1/2013, 12:52 | |
| Припадниците на Едница за борба против криминалот „Алфа“ во годишниот извештај за минатата 2012 година при вршење на редовна мотопатролна дејност, вкупно извршиле легитимирање на 7979 лица, преглед на 821 ПМВ, а по разни основи приведени се вкупно 3434 лица.
И тоа по основ на телеграма 572 лица, по основ на Потраги, Гласник, Наредба од Основен суд – 359 лица, под сомнение за извршено кривично дело – 362, по извршено кривично дело – 356 лица, на лице место во вршење на кривично дело приведени се – 140 лица, за утврдување на идентитет – 43, за издржување на казна затвор – 207 лица, странски државјани со нерегулиран престој во РМ- 14 и за држење недозволени предмети – 12 лица.
Вкупно приведени лица по ЈРМ – 402 - Учество во тепачка - 148 - за физички напад – 89 - омаловажување на ПС - 10 - нарушен ЈРМ – 114 - прекршок на ЈРМ (комар, хазардни игри, проституција) - 3 - пиротехнички средства – 9 - закана по туѓ живот – 1 - напад на ПС – 8 - прекршок и непоседување ловна пушка – 6 - прекршок по Закон за обезбедување имот и лица - 14
Вкупно приведени лица со оружје – 49 - гасен пиштол – 13 - Пиштол – 20 - пушка – 5 - автоматска пушка - 2 - Сигнален пиштол – 6 - Приведени лица со ПМВ (пронајдено оружје)- 3
Вкупно приведени лица за поседување опојни дроги – 460 - НН тревкаста материја – 387 - НН прашкаста материја – 51 - НН таблети – 14 - НН материја – 1 - НН течност - 7 Вкупно приведени лица со ПМВ – 375 - по телеграма – 285 - непоседување на соодветна документација – 3 - сторен царински прекршок – 3 - под сомнение за фалсификат - 6 - недозволени предмети - 17 - сообраќаен прекршок – 61
Вкупно приведени лица со ТМВ- 70 - непоседување соодветна документација за огревно дрво – 69 - сообраќаен прекршок - 1
Приведени лица со моторцикл без документација - 22
Вкупна дадена асистенција при вршење претрес на дом и други простории – 124 и се пронајдени: пластичен пиштол, полиетенска кеса со НН растителна материја, паковка со НН растителна материја и две канти со засадени НН растенија; пронајден лап топ; пиштол и рамка за истиот; ловна пушка, патрони и куршуми; ловна пушка без одобрение; две автоматски пушки и еден пиштол; најлонска кеса со рачни сомнителни часовници; радио врска марка Супера; пронајдени ножеви и ченгели подобни за колење на животни; пронајдени повеќе куќишта од компјутери и харед дискови; компјутер, неколку мобилни телефони и сим картички; радио врска марка Супера; најлонска кеса со НН растителна материја; автоматска пушка, 25 светлечки куршуми; огнено оружје, разна растителна материја; околу 1,кг НН прашкаста материја и револвер марка Магнум; автоматска пушка со муниција, тромблонски додаток и муниција за гасен пиштол; два пиштоли и муниција за истите, две ПМВ под сомнение за извршено кд Фалсификување исправа; две ловни пушки и муниција за истите; пиштол; неколку ловни пушки и карабин, различна муниција; семки и полиетенска кеса на НН растителна материја; пиштол; две пушки карабин; автоматска пушка, поголема количина муниција, пиштол, рачна бомба кашикара, панцирен елек, маскирани униформи; 10 (десет) паковки со НН прашкаста материја;
- пронајдени и предадени 25 ПМВ барани по телеграма - предадени 5 ПМВ предмет на кд - Пронајден и предаден велосипед кој е предмет на извршено кд - Предадени 150 лица за нарушен ЈРМ (со тепачка или физички напад) - Асистенција за контрола на Угостителски објекти - Опсервација на паркинг простори - Опсервација на витални објекти - Опсервации на маркети - Пронајдено и предено ПМВ натоварено со огревни дрва - Предадени 2 лица за прекршок по Закон за обезбедување имоти и лица - асистенција за претрес на службени простории на фирма и обезбедување - Преземени мерки и активности за спречување на ЈРМ меѓу средношколци - предадено лице за пукање со огнено оружје (гасен пиштол) - Обезбедено ПМВ предмет на извршено кд - Одземен Полициски елек од цивилно ПМВ - Физичко обезбедување на Јавен обвинител - Физичко обезбедување на стадион - Вршено пребарување на терен и опсервација на околното место по сторено кривично дело Убиство на 5 лица - Пронајдено огнено оружје- пиштол марка Застава кал. 762 кој претходно е фрлено од возило во движење - предадени 3 лица фатени непосредно по извршено кривично дело - дадена асистенција на УЈП за пронаоѓање апарати и други средства за игри на среќа (пронајдени и одземени повеќе апарати) - предадени 3 лица фатени непосредно по извршено кривично дело - предадени 2 лица за бесправна продажба на огревни дрва - предаден моторцикл баран по телеграма - предаден моторцикл по сторен прекршок - предадено ПМВ натоварено со огревни дрва - асистенција за рушење објект - Предадени 8 ПМВ барани по телеграма - предадени 17 лица за илегален престој во РМ - предадено лица по извршено кд - предадени 97 лица за нарушен ЈРМ (тепачка, физички напад и сл.) - асистенција за рушење на ограда - пронајдено и доведено лице по барање на Т232 кое избегало од дома - асистенција за доведување во послушност душевно болно лице - Асистенција за транспорт на одземено ТМВ - Пронајдена натоварена приколка со огревно дрво (предадена во ПС Кисела Вода) - Пронајдено фрлено огнено оружје пиштол марка ЦЗ-М57 кал 7,62 (со записник предадено во ПС Кисела Вода) - Пронајдено ПМВ предадено на Т-281 - Предаден моторцикл предмет на извршено кд - Пронајдени поголема количина огревни дрва и дадена асистенција на Шумска полиција - Пронајдени и предадени 2 моторцикли предмет на кд - Предадени 2 лица странски државјани без документи за идентитет - Предадено лице фатено на лице место во вршење на кд - Пронајден и предаден револвер во ПМВ - укажано помош на повредено лице - предадено ТМВ натоварено со бесправно огревно дрво - пронајден и предаден моторцикл предмет на извршено кд - предадено малолетно лице на родител по изречена мерка од суд - Спречено лице со намера за самоубиство - Пронајден и предаден моторцикл предмет на извршено кд - предадено лице фатено на лм во вршење на кд - пронајден и предаден моторцикл предмет на извршено кд - предадени 2 странски државјани без документи - обезбедено лице место по извршено кд пукање со огнено оружје - асистенција за пронаоѓање на ПМВ кои било противправно одземено - предаден моторцикл за против правно одземање - пронајдено и предадено ПМВ предмет на извршено кд - предадени 6 лица странски државјани без никакви документи - пронајдено и предадено сомнително ПМВ - пронајдено и предадено опожарено ПМВ - асистенција за рушење на куќа - 2 - асистенција на државен пазарен инспекторат - пронајдени и предадени 2 ПМВ кои се предмет на кд – одземање ПМВ - обезбедување на транспортна стока - пронајден и предаден моторцикл предмет на извршено кд - предадени 2 лица за бесправна сеча на дрва - контрола на угостителски објект и константирани прекршоци - Пронајден мртов сторителот на кд Убиство - Пронајдена и предадена автоматска пушка - пронајдени и предадени 2 моторцикл предмет на извршено кд - асистенција за бесправно рушење на објект - пронајдено ПМВ предмет на сообраќаен прекршок - предадени 2 ПМВ предмет на извршено кд - контрола на угостителски објект - забележан и локализиран пожар во зграда - асистенција за пронаоѓање на пиштол - предадено лице по извршено кд – кражба - предадени 2 лица за недозволено играње комар - Предадени 4 лица за бесправен риболов - Предадени 2 лица – фатени на лице место во вршење на кд Вкупно извршен спровод на 76 лица
Излезено на лице место по извршено кривично дело - 2
Предадени лица на сообраќајна патрола- 92 | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: МВР - новости 8/1/2013, 14:22 | |
| | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: МВР - новости 3/2/2013, 13:39 | |
| ПОЛИЦИСКИ ЦЕНОВНИК Изнајми полицаец за 360 денари, а хеликоптер за 4.000 евра за час Од заштитна ограда, полициско обезбедување на концерти до хеликоптерско снимање филмови и реклами, Министерството за внатрешни работи нуди мени на услуги за определени цени. Најчести клиенти се спортски клубови и федерации, банки и фирми што работат со експлозивни материи, но и продуцентски куќи кои организираат концерти или снимаат реклами и филмови. Од 360 денари за полицаец за час до 4.000 евра за час летање со хеликоптер, с` се фактурира според важечките ценовници на МВР. - Обезбедуваме пренос на пари, на пример. Сите преноси на „Пошта“ и транспортот на пари од патарините, ги обезбедуваме сите концерти, натпревари, Скопскиот маратон... Изнајмуваме и заштитна безбедносна ограда, хеликоптери, сме работеле со екипи што снимаат спотови, реклами, со филмски продуценти - вели Иво Kотевски, помошник на министерот за внатрешни работи за односи со јавноста. Сите дополнителни трошоци се фактурираат, а Владата одлучува како ќе се плаќаат. Асистенција за транспорт Според Законот за полицијата, полицијата укажува асистенција по барање предвидено со посебен закон (за обезбедување транспорт на експлозивни материи, вонреден превоз и придружба на стоки и друго), за спроведување извршна одлука, во ситуации кога државниот орган што треба да ја спроведе очекува физички отпор, и при транспорт на пари и други вредни стоки на барање на фирмата што го извршува транспортот. Барањето за асистенција се поднесува најдоцна пет дена пред спроведувањето, а трошоците се на товар на барателот. Полицаец, ангажиран за обезбедување извршители или транспорт на експлозиви и други стоки, чини 360 денари за час, пропишува Решението за наплата на трошоци при укажување помош од полицијата. За асистенција при транспорт на пари или вредности, полицијата наплаќа 600 денари за полицаец за еден час. Во двата случаја при обезбедување транспорт се наплаќа по 60 денари за километар. - Најчесто поднесувани барања за асистенција до МВР се оние што се однесуваат на укажување асистенција предвидена со посебен закон (за обезбедување превоз на експлозивни материи, вонреден превоз и придружба на определени стоки и друго) и за обезбедување транспорт на пари и вредности. Kако баратели се јавуваат најчесто правни лица, поштата, банки и слично. МВР има склучено договори за обезбедување транспорт на пари и вредности со повеќе правни лица, како на пример со „Македонска пошта“, со Народна банка, со повеќе банки, со Агенцијата за државни патишта и други – вели Kотевски. Услуги за подлабок џеб Се изнајмуваат и полициските хеликоптери, но за клиенти со подлабок џеб. Според ценовникот за користење на хеликоптерите на МВР за потребите на други корисници, еден час летање со хеликоптер „Агуста-Бел 206“ чини 1.000 евра за час, „АБ-212 хјуи“ чини 1.500, а неговата помодерна верзија верзија „АБ 412“ чини 2.000 евра за час. Новите хеликоптери на МВР, руските „Ми-17/171“ се изнајмуваат за 4.000 евра за еден час. Условите и начинот на користење на хеликоптерите на МВР за потребите на МВР и на други корисници се уредени со Правилникот за полициските воздухоплови и персоналот во воздухопловството во МВР и Правилникот за воздухопловството во МВР. - Во согласност со одредбите од овие правилници, за потребите на корисниците надвор од МВР и другите органи на државната управа, а за превоз на лица и важни личности, превоз на опрема и предмети снимање од воздух, испитување и проверка на далноводи, гасоводи и нафтоводи и интервенции на телекомуникациски објекти, потрага и спасување од воздух, заштита на животната средина, медицинска евакуација повредени лица и слично, корисникот плаќа надоместок во висина определена со ценовникот на МВР – вели Kотевски. За секоја поединечна употреба на полициските воздухоплови, како и за континуирана употреба на полициските воздухоплови во определен временски период, се склучува писмен договор помеѓу МВР и корисникот. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8B9FD19176E3434B96FE6497CD3D062E ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Mrshajnoski
Број на мислења : 237
| Предмет: Штипјани ќе си добијат свој личен полицаец 6/2/2013, 14:25 | |
| Во општина Штип се оддржа прес конференција за новиот проект кој заеднички го спроведуваат општина Штип и СВР-Штип со наслов „Вашиот полицаец” Проектот е дел од активностите за зајакнување на концептот на работа на полицијата како јавен сервис на граѓаните кој предвидува секојдневен контакт на полициските службеници и граѓаните, нивно меѓусебно познавање и воспоставување на меѓусебна доверба. - Овој проект има за цел да ја подигне довербата во полицијата и да воспостави поголема врска помеѓу граѓаните и полицијата, со цел зајакнување на довербата и лесна достапност на полицијата до секој дел од градот, до секое маало, УЗ и граѓанин – изјави Ване Маневски, раководител на Секторот за јавни дејности при општина Штип. Според најавеното, сето ова ќе резултира со зачувување и подобрување на поволната безбедносна состојба на подрачјето на општините Штип и Карбинци, заедничко решавање на проблемите и ефикасно попречување на влијанието на сите негативни појави поврзани со безбедноста и истовремено градење на меѓусебна доверба и соработка помеѓу полицијата, граѓаните и останатите институции. - Полицијата ќе дели флаери низ урбаните заедници на кои ќе биде напишано името, контактот и телефонскиот број на секој реонски полицаец или безбедносна служба во тој дел од градот. На тој начин, граѓаните ќе знаат кое е службеното лице кое ја следи состојбата во нивното место на живеење и во случај на потреба, ќе имаат контакт и ќе знаат кому да му се обратат – изјави Дејан Петров, командир на полициската станица Штип. Добивањето свој полицаец за контакт ќе претставува одлична врска помеѓу граѓаните, полицијата и другите институции како полесно би ги воочиле проблемите во заедницата и со меѓусебна соработка истите ќе ги решаваат.
| |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: МВР - новости 6/2/2013, 16:19 | |
| Тоа што нашата Полиција, поранешна Милиција, го имала како пракса на работа, поточно го довела до ниво на совршенство, откако го уништија сега ни го продаваат како реформа. ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11097
| Предмет: Re: МВР - новости 6/2/2013, 17:11 | |
| Баш. Е сеа кога не им успеа експериментот на ОБСЕ со полицијата, како на времето што (не) им успеа на МПРИ со армијата... нашиве ќе се враќаат на старо. Се мислам доцна им е. Касно стиже Марко на Косово поље. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: МВР - новости | |
| |
| | | | МВР - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|