Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 МВР - новости

Go down 
+36
IgorM
ace89
gunner
tose
ESN
assasian
Dejan N
Iko
Panter
JKD
РИС
alexmkd
dt71
marinium
Smrtnikot
Legija91
momo
shady3
macko23
Zajcef
dejand
Makedon
Gero
beowulf
Mrshajnoski
Subzero
Goust
Alvar
Wolf
filip555
Генерал
Зоран
meth
AlexGreat
Momak od Gjorce
SIG
40 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 14 ... 24, 25, 26 ... 62 ... 100  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

МВР - новости - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 25 Empty5/12/2012, 18:04

Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

МВР - новости - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 25 Empty5/12/2012, 18:47

HolyTemple напиша:
ВИДЕО: Со оклопно полициско возило МВР го презеде Шукри Алија од косовските власти


Новинарството ни е крш. Навидум ситни работи ама навистина ме нервираат што така површно се однесуваат кон известувањето. Значи не е преземен со оклопно возило туку е донесен од косовска страна со оклопно возило.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




МВР - новости - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 25 Empty5/12/2012, 19:25

Генерал напиша:
HolyTemple напиша:
ВИДЕО: Со оклопно полициско возило МВР го презеде Шукри Алија од косовските власти


Новинарството ни е крш. Навидум ситни работи ама навистина ме нервираат што така површно се однесуваат кон известувањето. Значи не е преземен со оклопно возило туку е донесен од косовска страна со оклопно возило.

Точно така Генерале, косвската полиција го донесе со оклопно возило GURKHA произведено од Канадската фирма Terradyne Armored Vehicles Inc

МВР - новости - Page 25 GURKHA_MAPV_Police_Truck

http://en.wikipedia.org/wiki/Terradyne_Armored_Vehicles_Inc._GURKHA
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

МВР - новости - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 25 Empty5/12/2012, 20:22

Црното возило со купола не е нашиот Волф? Иако го сместија во Транспортер, ЕСЗ дојде со Волфот како што видов или сум се збунил.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

МВР - новости - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 25 Empty5/12/2012, 20:35

Frogfoot напиша:
Црното возило со купола не е нашиот Волф? Иако го сместија во Транспортер, ЕСЗ дојде со Волфот како што видов или сум се збунил.

ЕСЗ се оние со комбињата VW Транспортер. Оклопното возило е косовско.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




МВР - новости - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 25 Empty5/12/2012, 22:41

Со ротациски светла возат и тие што треба и тие што не треба



Градоначалникот на општината Аеродром со години се вози во „полициско БМВ“, со видно истакнати ротациски светла. Автомобилот му бил даден на привремено користење. Наводно не смеело од него да се извадат сирената и синото и црвеното светло. Тврдат дека досега не ги вклучиле, а додека возилото било кај нив нема ни да ги користеле





Законски е пропишано кои возила можат да носта ваква опрема
Злоупотреби со светлечка опрема за возила
Возила со различни варијанти на сино-црвени ротациски светла што им даваат првенство на минување во Македонија има стотици. Ги има на „опели“, „шкоди“, „фордови“, „мерцедеси“, „голфови“ и „ландровери“.
Опремата ја имаат полицијата, војската, царината, пожарникарската бригада и итната медицинска помош, но и градоначалници на општини, директори на затвори, директори на јавни претпријатија и агенции, лидери на политички партии и агенции за обезбедување. Ги употребуваат кога треба, ама често и кога не треба, кога за нив нема некоја исклучителна потреба, кога некому му се брза.

Опрема што лесно се набавува

Претекнуваат и од лево и од десно, се качуваат на тротоари или минуваат преку тревници. Сакаат што поскоро и полесно да минат низ сообраќајниот метеж. Да не се чека на семафор, за побрзо да се стигне на работа или да се појде на состанок. Се ставаат дури и како статусен симбол. Лесно се набавуваат, за дваесетина евра на Интернет, а ги има дури и во слободна продажба, низ продавниците за автомобилски делови и на пазарите.

Казните за незаконско користење се само парични, злоупотребите внатре во службата не се ни казнуваат, па состојбата со повластениот статус во сообраќајот станува хаотична.

- Осветлување и сирена не им следуваат на сите. Право на користење имаат само највисоките државни функционери. Законот прецизира кои точно имаат првенство на минување. Секоја држава посебно го уредува користењето на светлата за привилегирано движење во сообраќајот. Се прави процена за работата што се извршува и врз основа на тоа се издава или не се издава дозвола за користење. Порано, на пример, кога државата беше силно централизирана, ротациски светла имаа мал број возила. Сега е поинаку. Но, како и да е, законот мора да се почитува и секоја злоупотреба мора да биде санкционирана - вели Трпе Стојановски, професор на Факултетот за безбедност во Скопје.

Злоупотребата тешко се утврдува

Тешко е, напоменува професорот Стојановски, да се утврди злоупотребата на ротациските светла инсталирани на службените автомобили и таа да се санкционира. Проблемот со евентуалната злоупотреба би бил решен кога возачот би бил должен да ја евидентира секоја, па и најкратката употреба на посебната сигнализација, како што го прават тоа кога употребуваат палка или пиштол. Врз основа на евиденцијата, според Стојановски, лесно е да се утврди дали употребата на ротациските светла била дозволена или не.

Право на користење, како што ни е потврдено од Министерството за внатрешни работи, имаат полицајци кога тоа е неопходно за ефикасно и безбедно извршување на службената работа што не трпи одложување, итната медицинска помош и пожарникарите при ургентна интервенција, кога брзаат некому да му го спасат животот, како и сите возила што се придружба. Ги вклучувале и возилата на Управата за извршување санкции кога превезувале лица лишени од слобода. Дали привилегија да користат „ротација“ имале одделни градоначалници, директори на јавни претпријатија и агенции за обезбедување не знаеја да ни кажат.

- Уреди за давање посебни светлосни и звучни знаци смеат да се вградуваат само на возила определени со закон и со акт на Владата на Република Македонија. Тоа, главно, се возила на полицијата, воената полиција, царината, јавното обвинителство и судот. Тие возила имаат право на првенство на минување во однос на сите други возила. Кој смее да има ротациски светла и кога смее да ги користи во детали е предвидено во Законот за безбедност во сообраќајот - велат од Министерството за внатрешни работи.

Градоначалникот на општината Аеродром со години се вози во „полициско БМВ“ со ротациски светла.
Автомобилот ја има целата опрема за привилегирано минување. Има сино-црвени светла и сирена, со кои, ако затреба, може да помине кога сака, каде сака и како сака.

- Станува збор за службено возило, кое ни е дадено на привремено користење, заедно со ротациските светла. Возилото ќе се врати, а дотогаш опремата нема да се користи како што не се користела ни досега - информираат од општината Аеродром.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12512926186&id=12&prilog=0&setIzdanie=22747
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

МВР - новости - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 25 Empty6/12/2012, 12:38

Уапсен командирот на езерска полиција
Четврток, 06 Декември 2012 12:30

Под сомнение дека бил вмешан во криминал со криволовство и дозволувал нелегален улов на риба, утринава е уапсен командитор на езерската полиција во Охрид.
Според првичните информации, покрај командирот, кој подолг временски период за одреден паричен надоместок, дозволувал да се лови риба во езерото, осомничени се уште три лица.

Повеќе детали за случајот денес се очекува да бидат соопштени од Директорот на Бирото за Јавна безбедност, Љупчо Тодоровски.

http://www.kurir.mk/makedonija/crna-hronika/94636-Uapsen-komandirot-na-ezerska-policija

ПС Инаку тоа командитор е командир. ( Ах ова наше чудесно новинарство )

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

МВР - новости - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 25 Empty6/12/2012, 12:49

Командитор?! Glava v zid Glava v zid Glava v zid Тоа е назив за една од страните во тајно командитно друштво, инаку економски термин! lol!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

МВР - новости - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 25 Empty6/12/2012, 13:38

Уапсен директорот на езерската полиција, Дарио Клечкаровски

Во полициска акција „Пента“ утрово е уапсен директорот на езерската полиција Дарио Клечкаровски и уште три лица од Охрид и Струга кои учествувале во недозволен лов на риба од Охридското езеро. Директорот Клечкаровски се сомничи дека бил главен организатор на групата.

„Пред почетокот на летото добивме информации дека командирот има своја операттивна група преку која врши недозволен лов на рива во Охридското езеро.

Утрвдиме дека е во контакт со три лица од Охрид и Струга на кои што им давал задачи кога да влезат во езерото да ловат и дека притоа нема да бидат контролирани“, рече директорот на Бирото за Јавна безбедност Љупчо Тодоровски.

Според него Клечаксровски наместо да го блокира неовластеното ловење на риба тој го правел спротивното. Овоие три лица уловените риби најпрво ги носеле во своите домови, а потоа ги продавале.

Денеска со наредба од истражен судија полицијата ги приведе четирицата, изврши претрес во нивните домови и откри голема количина техника за ловење и одредено количество на риба.

Против нив се поднесени кривични пријави, а се однесени на сослушување во охридскиот суд.

http://a1on.mk/wordpress/archives/69689

Ако не сте знаеле сега го унапредиле во Директор...

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

МВР - новости - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 25 Empty6/12/2012, 16:32

ВИДЕО: Апсењето на командирот на езерска полиција
Четврток, 06 Декември 2012 15:16

Четириесет годишниот Дарио К., командир на Полициска станица за граничен надзор Охридско езеро и уште тројца стружани заработија кривична пријава.


Имено, командирот во текот на годинава им овозможил на останатите пријавени континуирано вршење на незаконит риболов во водите на Охридското езеро, односно во повеќе наврати не извршил службени дејствија што морал да ги изврши согласно законските прописи и не превземал мерки за вршење на контрола во водите на Охридското Езеро.

Имено, од преземените мерки и активности утврден е начинот на вршење на кривичните дела и обезбедени се докази за инволвираноста на Дарио К. и потврдено е дека истиот им овозможувал на останатите пријавени лица вршење на незаконит риболов во Охридското езеро. Незаконски уловената риба била наменета за продажба во угостителските објекти лоцирани на крајбрежјето на Охридското езеро, рибарници и физички лица.

За време на истрагата утврдено е дека командантот континуирано остварувал контакти и средби со останатите пријавени лица при што ги известувал за полициските контроли на езерската полиција (за времето и местото) со цел да ги избегнат истите, да ги постават мрежите на места каде нема да патролира езерската полиција во конкретниот ден со цел да не бидат откриени и да не им биде запленета опремата и мрежите со кои вршеле незаконит риболов.

За ваквата „услуга“ Дарио К. од останатите пријавени лица добивал одреден износ на парични средства или дел од незаконски уловената риба. Од страна на пријавените Н.Т., К.Б. и Р.Г. незаконитиот риболов се вршел на тој начин што истите најпрво испловувале со чамци во водите на Охридското езеро, ги поставувале мрежите на одредени места, а по успешниот улов, рибата најчесто привремено ја складирале во нивните домови и понатаму незаконски ја дистрибуирале и продавале на заинтересирани купувачи, (сопственици на угостителски објекти, рибарници и физички лица).

Во текот на денов, а по претходно обезбедени Наредби од истражен судија од Основниот Суд во Охрид, од страна на ЦСОСК приведени се пријавените лица, а во тек е вршење на претреси во нивните домови. При претерсите досега е пронајдена разновидна риболовна опрема (мрежи, блинкери, пловки, мотори за чамци) и помала количина на риба. По завршување на активностите пријавените лица заедно со кривичната пријава ќе бидат предадени на Истражен судија при Основен суд, Охрид за натамошна постапка.


______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





МВР - новости - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 25 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
МВР - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 25 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 14 ... 24, 25, 26 ... 62 ... 100  Next
 Similar topics
-
» АРМ - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Министерство за Внатрешни Работи - МВР-
Отиди до: