Предмет: Re: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) 18/12/2020, 16:54
Па од 59 возила за Бразил , Латвија и Македонија ,успеав да најдам податок дека 12 се за Бразил , другите треба да ги делат Македонија и Латвија
Alvar
Број на мислења : 11131
Предмет: Re: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) 25/12/2020, 23:07
Од 34-тата седница на Владата: Одобрена е постапката за набавка лесни оклопни возила од САД
Владата на Република Северна Македонија на денешната 34-та седница, ја разгледа и усвои Информацијата со предлог за продолжување на набавката на лесни оклопни возила на тркала за потребите на Армијата на Република Северна Македонија со склучување на амандман/анекс на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија со Владата на Соединетите Американски Држави и донесе одлука да се продолжи со реализација на овој договор со прифаќање на Писмото на понуда и прифаќање на понудата од 21 декември 2020 година.
Владата го овласти државниот секретар на Министерството за одбрана во име на Владата на Република Северна Македонија, по информирањето на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Северна Македонија, да го потпише амандманот/анексот MK-B-UCC (A1) од 21 декември 2020 година на договорот за набавка на лесни оклопни возила на тркала за потребите на Армијата на Република Северна Македонија со Владата на Соединетите Американски Држави со што ќе се смета дека меѓувладиниот договор за амандман/анекс на Договорот за набавка на ЛОВ е доделен и склучен.
Со оваа одлука Министерството за одбрана е задолжено веднаш по потпишувањето на амандманот/анексот на договорот, да изврши уплата на договорените финансиски средства од Буџетот на Министерството за одбрана за 2020 година во висина од 762.000.000 денари до Владата на Соединетите Американски Држави.
Заклучоците за потребата од склучување на анекс на договор со Владата на Соединетите Американски Држави за набавка на лесни оклопни возила за потребите на Армијата на Република Северна Македонија ќе бидат доставени како Информација за известување до Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Северна Македонија.
Предмет: Re: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) 25/12/2020, 23:53
Пошто нашиве не објавуваат ништо детално да прајме ние некоја математика,горе доле околу 26 комада би требало да се,за цена од 12,4мил. евра,голи без купола,со купола околу 15/16 комада ако се иде со истата купола M153 CROWS
РИС
Број на мислења : 2585
Предмет: Re: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) 26/12/2020, 00:09
Лани беа 33 за истите пари .
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) 26/12/2020, 00:15
Не со 11мил. ги платифме само M153 CROWS куполите за нив,возилата,делови,обуката,и нивниот транспорт ги добивме на поклон пакет вреден 30мил.
Зоран likes this post
РИС
Број на мислења : 2585
Предмет: Re: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) 26/12/2020, 00:24
Ќе причекаме собраниска седница може таму нешто подетално да кажат , или министерката на пресконференција нешто повеќе да каже
РИС
Број на мислења : 2585
Предмет: Re: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) 4/1/2021, 22:54
Предмет: Re: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) 2/2/2021, 23:46
РИС
Број на мислења : 2585
Предмет: Re: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) 3/2/2021, 10:47
Ха , еве во јуни американска донација на пушки М 4 , ЕСН ќе има шанса да ја испроба , инаку добро би било да се оствари планот , конечно ќе видиме нешто ново од опрема во армијата .
Alvar
Број на мислења : 11131
Предмет: Re: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) 3/2/2021, 12:15
Во август договор за 7,62mm снајперска пушка и 9mm пиштол. Баш да видиме што (им) одбрале.
Се надевав дека ќе добијат М4А1, но изгледа дека ќе добијат обични М4 кој веќе не ги купуваат американските вооружени сили.
______________________ Si vis pacem, para bellum
Sponsored content
Предмет: Re: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации)