|
|
| АРМ - новости | |
|
+23икс leopard MISFIT Macedonian09 1 momo ESN Momak od Gjorce Mrshajnoski kocov Macedonian Knight BoyfromKavadarci Legija91 darkness m-r.niceguy JKD Panter РИС debarska dzole Alvar Зоран SIG 27 posters | |
Автор | Порака |
---|
РИС
Број на мислења : 2576
| Предмет: Re: АРМ - новости 28/1/2016, 00:10 | |
| Хм Кредитот ќе го земеме во евра а каматата ќе ја враќаме во долари . Незнам како да го разберам она СКЛОПНИ ВОЗИЛА , дали е правено муабет самите да си склопуваме некој оклопен транспортер или новинаров врска нема што пишува . Колку што знам само Французите кога одржаа презентација за војна индустриска соработка се спомнуваше наши фирми заедно со француските да склопуваат оклопни транспортери во Македонија . | |
| | | РИС
Број на мислења : 2576
| Предмет: Re: АРМ - новости 30/1/2016, 14:55 | |
| | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 2/2/2016, 14:59 | |
| Неколку прашања до Министерот за одбрана – Јолески Зоран http://www.dokaz.mk/nekolku-prashana-ministerot-za-odbrana-joleski-zoran/1.Министре, дали е точно дека веднаш по вашето назначување за министер за одбрана, за шеф на кабинет сте го ставиле својот роднина Петре Велковски? Дали знаете што е непотизам? Или пак неговото поставување е со цел да ви помогне во реализацијата на вашите криминални цели? 2.Министре, дали е точно дека синот на вашиот шеф на кабинет Петре Велковски, сте го пратиле на обука во САД, како питомец? Дали знаете што е непотизам? 3.Министре, дали е точно дека вашиот шеф на кабинет Петре Велковски, сте го пратиле на школување до Италија? Дали знаете што е непотизам? 4.Министре, дали знаете дека поради овие состојби врие во Генералштабот на АРМ и во Министерството за одбрана? Никогаш толку привитизирано министерството за одбрана не било како сега во ваше време. Тоа ќе остане запишано во историјата на ова министерство! Толку да се нема логика за проблемите во министерството, освен за лично богатење и слава. Но, да продолжиме со прашања: 5.Министре, дали е точно дека на сметка на министерството за одбрана во 2015 година го прошетавте до Кина вашиот син? Дали знаете што е непотизам? Да не е министерството за одбрана детска градинка? Што кажуваат сметките во финансиите на министерството? Дали знаете дека ќе одговарате кривично за тоа? За фалсификување документи, но пред обвинители кои работат чесно и законски? 6.Министре дали ќе и кажете на македонската јавност колку го плативте школувањето на вашиот син во САД во износ над 150.000 долари? Од каде ви се парите? Дали го пријавивте овој податок во антикорупциска комисија? 7.Министре, дали имате акции во некоја македонска компанија? Како ги заработивте тие пари, уште во времето кога му се залепивте на поранешниот претседател Трајковски? А да ве потсетивме кога влеговте во неговиот кабинет бевте во многу незавидна економска состојба! Има луѓе кои многу добро ве познаваат и кои се нудат да ги објават сите ваши битни детали од дома, странство итн. 8.Министре, дали ќе одговорите зошто ве елиминираа од невладината организација на поранешниот претседател Трајковски? 9.Министре, дали ќе кажете…..ајде да оставиме за следното писмо до јавноста за вас! 10.Нема да ве оставиме мирен и да уживате во министерската фотелја додека целосно не ве разобличиме пред очите на јавноста, премиерот и сопартијците! | |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: АРМ - новости 2/2/2016, 23:55 | |
| Овие прашања може комотно да се постават на сите политичари,и од плавиве и од црвениве,и од албанскиве партии.Комотно.
Ова со ставање свои луѓе,па не знам кој не става,тоа кај нас е нормална работа. | |
| | | m-r.niceguy
Број на мислења : 46
| Предмет: Re: АРМ - новости 3/2/2016, 18:40 | |
| - JKD напиша:
- Овие прашања може комотно да се постават на сите политичари,и од плавиве и од црвениве,и од албанскиве партии.Комотно.
Ова со ставање свои луѓе,па не знам кој не става,тоа кај нас е нормална работа. Па по македонски стандарди ако не ставаш свои луѓе на позиции не си фамилијарен човек. Треба домакински да се работи, да се сочуваат традиционалните македонски семејни вредности. ... ______________________ Не постојат факти, само добро основани претпоставки.
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 5/2/2016, 11:46 | |
| ЈАВЕН ОГЛАС за прием на 125 професионални војници за служба во Армијата на Република МакедонијаLINK | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11122
| Предмет: Re: АРМ - новости 8/2/2016, 11:10 | |
| АРМ поставува уште еден ред жичена ограда на јужната граница Скопје, 7 февруари, 2016 - 19:26 (META) Уште еден ред жичена ограда на јужната граница почна да поставува Армијата на Македонија за да се зајакне безбедноста на оваа граница, а во пресрет на заострените мерки за пропуштање на бегалците кон Европа. Мрежата се поставува интензивно лево и десно од котата 59. АРМ на крајот на ноември минатата година почна со поставување на првата жичена ограда од левата и од десната страна на кота 59 на македонско-грчката граница. Кон средината на декември лани, АРМ постави жичена ограда на македонско-грчката граница и кај граничниот премин Меџитлија, во близината на Битола. http://meta.mk/arm-postavuva-ushte-eden-red-zhichana-ograda-na-juzhnata-granitsa/ ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: АРМ - новости 9/2/2016, 13:44 | |
| Дечки може некој да ми помогне да каже кој документ од каде треба да го побарам? Државјанство и извод знам дека се од полиција, ама другите сумљиви ми се хаха Фала од напред |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 9/2/2016, 14:31 | |
| Уверението дека не ти е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност се вади од Основен суд 1,или пак од Централен Регистар,јас стално го вадам од централен регистар,полесно и побрзо е,зашто се вади преку едно шалтерски систем,готов ке ти биде за еден ден.
А лекарско уверение се вади од матичен лекар,се купула лекарско уверение од книжара,и се уплака во банка 50ден мислам,ке ти каже сестрата тоа,и се плака околу 700ден кај матичниот,сега е намалено порано беше 1200,знам пошто ја вадев сега пред месец дена за на работа | |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: АРМ - новости 9/2/2016, 15:12 | |
| - Momak od Gjorce напиша:
- Уверението дека не ти е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност се вади од Основен суд 1,или пак од Централен Регистар,јас стално го вадам од централен регистар,полесно и побрзо е,зашто се вади преку едно шалтерски систем,готов ке ти биде за еден ден.
А лекарско уверение се вади од матичен лекар,се купула лекарско уверение од книжара,и се уплака во банка 50ден мислам,ке ти каже сестрата тоа,и се плака околу 700ден кај матичниот,сега е намалено порано беше 1200,знам пошто ја вадев сега пред месец дена за на работа каде на работа Момак ? инаку Мисфит,основен суд 1 ти е кај парк,ако се решиш да го вадиш од таму. | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|