Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+23
икс
leopard
MISFIT
Macedonian09
1
momo
ESN
Momak od Gjorce
Mrshajnoski
kocov
Macedonian Knight
BoyfromKavadarci
Legija91
darkness
m-r.niceguy
JKD
Panter
РИС
debarska
dzole
Alvar
Зоран
SIG
27 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 40 ... 75  Next
АвторПорака
Гостин
Гостин




АРМ - новости - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 5 Empty24/1/2016, 17:33

Alvar напиша:
Ајде, ајде... како ќе се челичи армијата, мислиш туку така во НАТО се влегува. Smile

Ова се изгледа подготовки за источен фронт, ако се тргне на Русија некој ден. Cool

Аха, да видам некоја армија од НАТО да издржи во вакви услови, ќе се жалат заради биолошко војување Laughing
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 5 Empty26/1/2016, 15:10

Брифинг за борбената готовност на АРМ за 2015 година пред Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили д-р Ѓорге Иванов

Денес 26-ти јануари, во Генералштабот на АРМ во Скопје, пред Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили, д-р Ѓорге Иванов се одржа брифинг на Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски за борбената готовност на Армијата за 2015 година. На брифингот присуствуваа: Министерот за одбрана Зоран Јолевски, Заменикот на министерот за одбрана Иљми Селами, Заменик претседателот на комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија, Сашо Аќимоски, претставници од кабинетот на Претседателот на РМ, раководители во МО и ГШ на АРМ.

Претседателот Ѓорге Иванов од страна на Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, беше информиран за реализацијата на плановите и задачите во 2015 година, согласно функционалните области на АРМ. Во текот на своето излагање генералот Величковски ги истакна активностите кои ја одбележаа 2015 година како што се: ангажирање на дел од единиците на АРМ за поддршка на Министерството за внатрешни работи во справување со мигрантската криза, учеството на армијата во справување со елементарните непогоди, успешно извршување на меѓународните мисии надвор од Република Македонија и редовната обука и вежби на единиците на АРМ.

Како заклучок на анализата беше изнесено дека и покрај сите предизвици со кои АРМ се соочи во текот на изминатата година, сите задачи се потполно и квалитетно извршени со максимално залагање на персоналот на сите нивоа.

Претседателот Иванов оваа прилика ја искористи да им изрази признание на припадниците на Армијата на Република Македонија за нивната несебична посветеност при извршувањето на мисијата и задачите на АРМ потенцирајќи дека АРМ ја има најголемата доверба во општеството. Меѓу другото Претседателот Иванов ја истакна улогата на АРМ во справувањето со мигрантската криза и укажа на потребата за донесување на нова стратегија на одбраната која ќе претставува основа за изработка на Планот за одбрана со цел ефикасно справување со модерните безбедносни закани.

Министерот за одбрана Зоран Јолевски истакна дека во 2016 година приоритет ќе биде подобрување на условите за живот и работа на припадниците на АРМ, модернизацијата, опремувањето како максимална поддршка за подигнување на борбената готовност за успешното извршување на нејзините функционални надлежности.

Пред почетокот на реферирањето беше извршена презентација на публикации изработени во Командата за обука и доктрини, кои ќе бидат подлога за квалитетна и суштинска подготовка, образование на кадрите за одбрана и безбедноста, Воената академија и останатите универзитети во државата.

http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2016/01/brifing_bg.html

АРМ - новости - Page 5 1

АРМ - новости - Page 5 2

АРМ - новости - Page 5 6

Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 5 Empty26/1/2016, 15:13

Реферирање за борбената готовност на АРМ
http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleGalleryTest/133000501/1?month=1&year=2016&day=26&desc=0
АРМ - новости - Page 5 133000502

АРМ - новости - Page 5 133000507

АРМ - новости - Page 5 133000512

АРМ - новости - Page 5 133000503

АРМ - новости - Page 5 133000514

АРМ - новости - Page 5 133000510
Вратете се на почетокот Go down
РИС




Број на мислења : 2576

АРМ - новости - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 5 Empty26/1/2016, 23:42

Знае некој што ќе се модернизира и со што ќе се опреми АРМ во 2016година ? Wink
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11121

АРМ - новости - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 5 Empty26/1/2016, 23:51

Ја разбрав дека ќе земале дополнителни количини на муниција, како и хемиско оружје.

АРМ - новости - Page 5 EwHOBOA

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 5 Empty27/1/2016, 13:12

Тоа оружје го конзервираа сега ке го деконзервираат ?
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 5 Empty27/1/2016, 13:31

Koлку има во ова вистина не знам...има доста печатни грешки

МИНИСТЕРОТ ЈОЛЕСКИ ФАТЕН ВО ТЕНДЕРСКИ ПРОФИТИ ВО АРМ


Министерот Јолески, на ден 11.01.2016 година подготвувал набавка со директна спогодба за склучување на договори за: ремонт на хеликоптери, за склопни возила и нивно осовременување,  за логистички средства. Сето тоа во вредност не повеќе или помалку од околу 250 милиони евра. Се разбира дека набавките во областа на одбраната се одвиваат под посебен член од Законот за јавни набавки со што се овозможува манипулации. За да ја изврши набавката Јолески сакал да земе кредит од странска банка и истиот би требало да се враќа во маредните 10 години со камата од 100 милиони долари.

За да ја реализира набавката за ремонт на хеликоптери во АРМ форсирал фирма од Полска која и би требало да го добие тендерот според  математиките на Јолески. За чудо еден месец пред  да ја фаворизира полската фирма, нејзиниот контролен пакет го купува фирма од САД чиј што сопственик е близок на Јолески и со кого Јолесеки правел многу матни бизниси.

Јолески уште кога дошол во министерството единствен интерес покажал за тендерите. Веднаш почнал да им дава насоки на работните групи или тендерските комисии за 11 набавки при што со усмени наредби директно упатени до членовите на овие комисии вршел притисок која фирма да помине, која да се фаворизира, а доколку некој член се спротивставел истиот бил веднаш сменет.
Колкав е интересот на Јолески за тендерите покажуваат и следните факти:

1. за началник на Ј5  во ГШ го назначува Александар Велковски, кој му е главен координатор за сите тендери. За да биде наивноста уште поголема, веднаш после назначувањето за период од само 1 месец  Јолески го наградува Александар Велковски со парична награда за успешна работа во период од само еден месец. Инаку истиот не исполнува законски услови за работа.

2.најблиски соработници на Јолески веднаш стануваат: полковник Љубе Дуковски, против кого се води кривична постапка за  злоупотреби при набавка на сателитска опрема во вредност од 200.000 долари. Истиот ги исполнува условите за пензија но, Јолески бидејќи има потреба од соучесници во неговите криминали не го праќа во пензија, а испрати вредни  работници во пензија. И уште планира да го награди за претставник на Министерството за одбрна во мисијата во Њујорк;  втор најблизок соработник му станува Зоран Темелковски кој е поставен незаконски за шеф на инспекција во Министерство за одбрана. Истиот два пати паѓал на полагање на испит за ревизор, заради што од комисијата за полагање му е забрането понатаму да полага. Ама изгледа го положил испитот кај Јолески и за награда ја добил токму ревизорската работа во Министерство за одбрана.

http://centarnews.net/HQ/mk/index.php/news/mk/item/15211-ministerot-joleski-faten-vo-tenderski-profiti-vo-arm
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

АРМ - новости - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 5 Empty27/1/2016, 13:34

ма нека прави и нека купува само,и онака армијата ни е каша,јас би се радувал кога би ремонтирале и би модернизирале,а па кога би купиле и нешто ново...тоа би било шлаг на тортата.

И не заборавајте чив портал е овој,ништо позитивно нема да слушнеме од нив за овие сегашниве,а нормално ни обратно,така да...
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11121

АРМ - новости - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 5 Empty27/1/2016, 16:58

Momak od Gjorce напиша:
Тоа оружје го конзервираа сега ке го деконзервираат ?

Изгледа, и ќе го подгреат за полесно да се извади козмолинот. Very Happy

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 5 Empty27/1/2016, 21:17

JKD напиша:
ма нека прави и нека купува само,и онака армијата ни е каша,јас би се радувал кога би ремонтирале и би модернизирале,а па кога би купиле и нешто ново...тоа би било шлаг на тортата.

Па после олку години,и мене не би ми било криво ако некој дрпне пари а набави барем нешто,ако има вистина у текстов ремонт на хеликоптери оклопни возила и логистички средства,добро би дошле...
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 5 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 5 of 75Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 40 ... 75  Next
 Similar topics
-
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: