Војниците се повредени од митралез што испукал додека го пренесувале кон хангарот
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид во хангарот на АРМ каде при чистење на оружје од воена вежба беа повредени двајца припадници на армијата.
„Според првичните сознанија, настанот се случил кога двајца војници од тимот, по враќањето од воена вежба во Штип, го симнале митралезот тежок 35 килограми кој бил монтиран на хермелин. Во моментот на пренесување на митралезот во хангарот, тој испукал еден куршум кој повредил други двајца војници кои го чистеле оружјето“, соопштија од Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител разговарал со неколкумина војници кои биле очевидци на целиот настан и кои објасниле дека митралезот неколку пати заглавил и за време на воената вежба во Штип.
За целосно расветлување на случајот, велат оттаму, по наредба на надлежен јавен обвинител ќе биде извршено вештачење на митралезот и на чаурата пронајдена на лице место, а ќе биде прегледан и целокупниот протокол на изведената воена вежба во Штип. Дополнително, ќе биде прибавена и целосната медицинска документација за двајцата повредени војници, кои во моментов се во стабилна состојба и надвор од животна опасност.
Настанот го испитува и Одделението за криминалистика при Воената полиција, кое исто така својот извештај ќе го достави до надлежниот јавен обвинител.
https://www.mkd.mk/crna-hronika/vojnicite-se-povredeni-od-mitralez-shto-ispukal-dodeka-go-prenesuvale-kon-hangarotНајверојатно ДШК според описов.
Македонец од тетовско и Албанец од Скопје се ранетите војници
Мирослав Јовановски, роден во 1991 година, од тетовското село Сараќино, и Вели Шабани, роден во 1981 година во Скопје, се двајцата војници на Армија на Република Македонија што добија прострелни рани при чистење на оружјето по воена вежба во Еребино.
Двајцата војници од тетовската касарна „Кузман Јосифосвски-Питу“ околу 10:15 часот беа примени на одделот за хирургија во волницата во Тетово, а поради сериозноста на повредите на нозете обајцата биле префрлени на Клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар во Скопје.
„Едниот војник е на 28-годишна возраст, а другиот на 37-годишна. И двајцата се со прострелни повреди на левата натколеница, се наоѓаат во стабилна состојба и не се во животно загрозувачка состојба. И кај двајцата ќе се направи интервенција во текот на попладневните часови“, изјави министерот за здравство Венко Филипче по посетата на војниците.
Двајцата професионални војници на АРМ се повредиле утрово од истрелан куршум при чистење митралез.
http://expres.mk/