Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+23
икс
leopard
MISFIT
Macedonian09
1
momo
ESN
Momak od Gjorce
Mrshajnoski
kocov
Macedonian Knight
BoyfromKavadarci
Legija91
darkness
m-r.niceguy
JKD
Panter
РИС
debarska
dzole
Alvar
Зоран
SIG
27 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 16 ... 28, 29, 30 ... 52 ... 75  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 29 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 29 Empty28/1/2018, 22:50

Проблеми кој се влечат со години,јбг НАТО стандарди

Војниците се смрзнуваат – во касарната Илинден во Скопје и во Кичево нема греење
http://republika.mk/875520

Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 29 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 29 Empty29/1/2018, 22:23

Министерството за Одбрана и АРМ рентаат хеликоптери за 3.250 евра на час, офицер за 2.000 денари, оркестар за 10.000 денари
http://news24.mk/ministerstvoto-za-odbrana-arm-rentaat-helikopteri-za-3-250-evra-na-chas-ofitser-za-2-000-denari-orkestar-za-10-000-denari/

Ако во вашиот живот ви недостига летање со хеликоптер, војничко гравче или воен оркестар, тогаш Армијата на Република Македонија со одобрение на Министерството за одбрана нуди остварување на тие желби.

За овие услуги граѓаните се информираа пред две недели кога министерката за одбрана Радмила Шекеринска во рамките на транспарентноста на Министерството ги објави на веб страницата кои се во согласност со Правилникот за утврдување на надоместокот на услугите, а кој, од она што може да се види, прв пат е донесен во 2012 и со поголеми измени во 2014 година.

Правилникот вели дека хеликоптери на АРМ можат да ги изнајмат сите правни или физички лица и за 3.250 евра за еден час да летаат над територијата на Македонија. Досега оваа услуга била искористена за пренос на елементи за изградба на жичница до планината Кожув, а со транспортниот хеликоптер МИ-8/18 биле пренесени контејнери за потребите на приватна компанија.

Но, не е само тоа, АРМ во услугите за „авантуристите“ и љубителите на оружје ги нуди своите воени капацитети за сите, како што е наведено во Правилникот, заинтересирани домашни правни и физички лица и странски војски.

Доколку сакате да го искористите армискиот полигон „Криволак“, а притоа да извршите обука, сакако за таа обука можете да ангажирате и армиски офицер, тоа ќе ве чини одредена сума. Ако вашата желба е со армиски хеликоптер да пристигнете на кампот „Стрела“ на Кривилак кој е еден од поевтините сместувачки капацитети бидеји се престојува во контејнери тоа ќе ве чини 300 денари по лице и плус за хеликоптерот.

Секако за да ги испробате вашите стрелачки способности „Криволак“ ги нуди стрелиштата за гаѓање на цели на земја со атилериско ракетно оружје, за цели во воздух, за артилериски бојни гаѓања, опитни гаѓања, стрелиште куќа за гаѓање „Волк“, а за тоа задоволство ќе треба да се издвојат 2.500 евра за еден ден или 10.000 денари за еден час. Истата цена е и за стрелиштата за гаѓање со пешадиско вооружување, „Шкорпија“, „Брест“ и „Слатина“.

Поевтина варијанта МО нуди на стрелиштата во гарнизоните во државава каде еден час чини 1.000 денари. По напорната обука АРМ не би била таа доколку не го понуди познатото војничко или друго мени. Таа услуга е една од најевтините и за целодневен оброк ќе ве чини 360 денари. Војската ја изнајмува и кујната со трпезаријата и куварите, што тоа во „Стрела“ чини 28.000 денари дневно.

На Криволак стрелиштата се наоѓаат на различни страни па затоа може да се изнајми и борбено возило, а во меѓувреме да се направи и пауза во еден воен шатор кој може да биде и команден и опремен со полска столица и маса.

Теренското возило за еден ден со возач чини 3.600 денари, шаторот 3.000, а столицата и масата по 100 денари. Армијата во понудата има повеќе видови куршуми и гранати кои ги наплаќа по цената која ги набавува и плус 10 проценти од таа, како што наведуваат, за манипулативни трошоци.

За „не дај Боже“ обезбеден е и медицински тим кој дневно ќе чини 200 евра, а доколку авантурата е во лето за секој случај противпожарната единица со седум лица и петтонски камион е достапна за 27.000 денари. Најинтересна од сите услуги е ангажирањето офицер, подофицер и професионален војник за цена од 2.000, 1.800 и 1.200 денари. По напорниот ден, после вечерата, за опуштање можете да го најмите воениот оркестар кој до Криволак за вас ќе дојде за 10.000 денари.

За оваа авантура да се реализира, односно кој се може да ги користи армиските услуги, од Министерството за одбрана ни одговорија дека користењето на капацитетите на АРМ се врши согласно следната процедура: Се доставува барање до Министерството за одбрана при што следува координација со Генералштабот на АРМ. За капацитетите на АРМ, велат од МО, неопходно се прави безбедносна проверка.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11123

АРМ - новости - Page 29 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 29 Empty31/1/2018, 13:55

Платите во Армијата се зголемија за 10 отсто ВИДЕО

Армијата на Репиблика Македонија во 2018 година ќе се подмладува со прием на 375 професионални војници, најави денеска министерката за одбрана.

Армијата на Репиблика Македонија во 2018 година ќе се подмладува со прием на 375 професионални војници, најави денеска министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, која ја посети Здружената Оперативна Команда (ЗОК).

Од јануари платата на целокупниот персонал во служба на армијата е зголемена за десет проценти.

- Покачување навистина долги години немало и тоа покажува дека оваа Влада ќе води сметка за подобрување на животниот стандард на вработените во Армијата на РМ, а со тоа и ќе ја зголемува и подобрува борбената готовност на нашата армија - изјави министерката за одбрана.

Роковите за прием на професионалните војници ќе се спроведат сукцесивно, во три наврати, првиот рок уште во првата половина на февруари, вториот пред почетокот на летото, третиот кон крајот на годинава. Со новиот кадар се очекува да се подобри и борбената готовност на Армијата и да се понуди можност за воена кариера за младите невработени лица.

Владата, додаде таа, е подготвена да инвестира во подобро опремена и подобро платна армија.

- Долги години бројот на професионални војници, но и на подофицери во армијата, стагнира и се намалува. Во изминативе две години повеќе од 400 припадници на армијата: војници, подофицери, па дури и офицери, ја напуштиле армијата од различни причини и сега веќе тој недостиг е многу видлив - рече министерката.

За одлуката за прием на нови војници, обезбедени се средства од буџетот и има поддршка од Министерството за финансии. Заинтересираните треба да се информираат за критериумите и да одлучат во кој рок ќе конкурираат.

- Се покажа дека најавите кои ги кажуваме навистина не се дадени од ракав, туку се најави кои се базирани на бројки. Јас се потсетувам на една од посетите што ги имав со министерот за финансии, во касарната во Штип, кога го најавивме првото зголемување на платите во армијата. Свесна сум дека многумина припадници на армијата не беа сигурни дали треба да веруваат или да имаат сомнеж околу таа најава, сметаа дека можеби е дадено во предизборен контекст, сметаа дека можеби е само ветување што ќе биде одложено. Денеска ми е драго што можам да го потврдам решението што го дефинира бодот во платите во армијата и што го потпишав во текот на овој месец. Решението е важечко и првата плата во 2018 година ќе биде зголемена за 10 проценти - рече министерката.

Во буџетот се предвидени средства за униформи за припадниците на армијата. Надлежните служби треба да подготват техничка спецификација за да почне процесот на јавни набавки. Министерката ги повика и текстилните компании од државата да се консултираат, да присуствуваат на презентации, со цел да се добие поквалитетна и по можност домашно произведена униформа.

На средбата во ЗОК, било разговарано за подобрување на логистиката и капацитетите на АРМ.
http://www.plusinfo.mk/vest/141727/platite-vo-armijata-se-zgolemija-za-10-otsto-video-



______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 29 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 29 Empty31/1/2018, 14:11

АРМ - новости - Page 29 Yqw5T0t

АРМ - новости - Page 29 Soy2Ddv

АРМ - новости - Page 29 WFqXYr0
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11123

АРМ - новости - Page 29 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 29 Empty6/3/2018, 12:41

Министерството за одбрана испрати одбранбено аташе во Вашингтон без указ на претседателот
https://www.mkd.mk/makedonija/politika/ministerstvoto-za-odbrana-vo-vashington-isprati-odbranbeno-atashe-bez-ukaz-na

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 29 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 29 Empty7/3/2018, 14:01

Незз колку е точно ова ама...

ВОЈСКАТА НЕМА ХРАНА И ВОДА: Додека Шеќеринска јаде морски плодови и се вози во луксузни возила,војниците немаат храна и вода – тенковите не работат

инфомах

Имено во АРМ недостига храна за војниците и тоа: свинско, пилешко, риба па дури фали и СДО. Покрај месните продукти фалат и други основни прехрамбени продукти како, шекер, сирење, зачини како и флаширана вода. Проблемот со недостигот на храната постои веќе неколку месеци.

Недостигот на флаширана вода е резултат на неажурноста на министерството кое повеќе од 2 месеци нема склучено договор за набавка на флаширана вода. Армијата набавува флаширана вода поради фактот што во повеќе касарни водата е бактериолошки неисправна. Во касарната пак во Штип војниците готват со превриена вода поради тоа што во водата се наоѓа ешерихија коли и истата не смее да се користи.

Покрај проблемите со недостигот на храна и вода постои и проблем со немање на превоз за војската на релациите Виница-Кочани-Штип-Куманово и Кочани-Штип.

Минатата недела објавивме дека армијата нема моторно и хидраулично масло за тенковите, а тенковските вежби минатата недела се одвивале во тенкови без запален мотор, војниците си играле „влези излези“. Шекеринска покажа тотална неспособност во управувањето на оваа министерство, а армијата е претворена во средство за потсмев.

Ситуацијава иако е смешна, е трагична за државата. Имено од вкупно 35 тенка колку што има Република Македонија, ниту еден не е функционален, односно немаат масло и гориво. 31 од постоечките тенкови немаат ниту акумулатори, а акумулатори има само за 4 тенка. Тенковската единица е во целосен аут.

---

ТЕНКОВСКАТА ЕДИНИЦА НА АРМ НЕФУНКЦИОНАЛНА: АРМ нема моторно масло за тенковите-Војниците вежбаат со тенкови без запален мотор
инфомах
Вратете се на почетокот Go down
ESN

ESN


Број на мислења : 1594

АРМ - новости - Page 29 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 29 Empty7/3/2018, 19:58

Како прво нашата армија нема 35 т72,како второ шеќеринска е првиот министер кој после една деценија(10 години) им ја покачува платата на војниците и воениот буџет исто.За првпат после 2005 годинa АРМ има поголем буџет од МВР така да не знам баш scratch

______________________
СЕКОГАШ И СЕКАДЕ ПРВИ
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

АРМ - новости - Page 29 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 29 Empty7/3/2018, 21:01

ESN напиша:
Како прво нашата армија нема 35 т72,како второ шеќеринска е првиот министер кој после една деценија(10 години) им ја покачува платата на војниците и воениот буџет исто.За првпат после 2005 годинa АРМ има поголем буџет од МВР така да не знам баш scratch

Logicki ne e taka , odkako GB ( pogranicna brigada podpadna pod MVR logicki e d ae budzhetot na MVR pogolem.
12000 luge - sprma 8.000.
stavkite z a plata se naj golemi vo site ministerstva .
popravime ako gresham.

______________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
РИС




Број на мислења : 2576

АРМ - новости - Page 29 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 29 Empty7/3/2018, 22:59

Нели и од еврообврзницата одвојија 30 милиони евра за одбраната ?
Вратете се на почетокот Go down
ESN

ESN


Број на мислења : 1594

АРМ - новости - Page 29 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 29 Empty7/3/2018, 23:06

Зоран напиша:
ESN напиша:
Како прво нашата армија нема 35 т72,како второ шеќеринска е првиот министер кој после една деценија(10 години) им ја покачува платата на војниците и воениот буџет исто.За првпат после 2005 годинa АРМ има поголем буџет од МВР така да не знам баш scratch

Logicki ne e taka , odkako GB ( pogranicna brigada podpadna pod MVR logicki e d ae budzhetot na MVR pogolem.
12000 luge - sprma 8.000.
stavkite z a plata se naj golemi vo site ministerstva .
popravime ako gresham.
Па не баш 2004 година граничната полиција ги превзеде границите и арм имаше поголем буџет од мвр се до 2007 година,значи дека дури 3 години после превземањето на границите арм има уште поголем буџет од мвр, па после од 2007 до сега 2018 буџетот на мвр беше цело време поголем од армискиот.

______________________
СЕКОГАШ И СЕКАДЕ ПРВИ
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 29 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 29 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 29 of 75Отиди на страна : Previous  1 ... 16 ... 28, 29, 30 ... 52 ... 75  Next
 Similar topics
-
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: