Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+23
икс
leopard
MISFIT
Macedonian09
1
momo
ESN
Momak od Gjorce
Mrshajnoski
kocov
Macedonian Knight
BoyfromKavadarci
Legija91
darkness
m-r.niceguy
JKD
Panter
РИС
debarska
dzole
Alvar
Зоран
SIG
27 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 10 ... 16, 17, 18 ... 45 ... 73  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 17 Empty13/9/2016, 23:05

Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 17 Empty20/9/2016, 22:44

Годишна награда Ѓорче Петров 2016 за АРМ
http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2016/09/nagrada_arm_gjorce.html

---

Посета на делегација на НГ на Вермонт на јужната граница
http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2016/09/poseta_granica_stiv_krej.html
Вратете се на почетокот Go down
BoyfromKavadarci




Број на мислења : 624

АРМ - новости - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: ...   АРМ - новости - Page 17 Empty2/10/2016, 15:20

Аташето за одбрана на Франција за време на посетата истакна три проекти од областа на воздухопловството за можна соработка со вооружените сили на Франција, и тоа:
“Користење на АП Криволак од страна на воздухопловните сили на Франција“,
“Надзор на воздушниот простор и остварување на суверенитетот и противвоздушна одбрана“ и
“Презентација на можностите на повеќенаменскиот воздухоплов F2000XLS“.

За време на посетата учествуваа и старешини од командата и потчинетите единици на вбр, и истите се запознаа со изнесените идеи и можности од страна на Аташето за одбрана на Франција кои се однесуваа за француската воена индустрија. Во текот на дискусијата се разменија мислења и искуства од областа на надзорот на воздушниот простор и неговиот суверенитет, операции со борбени и транспортни хеликоптери и можностите на повеќенаменскиот воздухоплов F2000XLS. Исто така се разговараше и за можно планирање на обука во Франција за споменатите области во периодот кој следува.

Што треба да значи ова ... ?
Вратете се на почетокот Go down
РИС




Број на мислења : 2553

АРМ - новости - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 17 Empty2/10/2016, 16:42

Па највероватно под надзор на воздушниот простор мислат да ни продадат радари , под суверенитет на воздушниот простор или мислат ние да им платиме тие да не чуваат или да ни продадат некоја осиромашена варијанта на МИРАЖ .
Ако го користат Криволак бар ќе видиме некој француски борбен воздухоплов
А за повеќенаменскиот немам зборови да кажам колку не ни е потребен . Wink
Вратете се на почетокот Go down
BoyfromKavadarci




Број на мислења : 624

АРМ - новости - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: ..   АРМ - новости - Page 17 Empty3/10/2016, 14:24

РИС напиша:
Па највероватно под надзор на воздушниот простор мислат да ни продадат радари , под суверенитет на воздушниот простор или мислат ние да им платиме тие да не чуваат или да ни продадат некоја осиромашена варијанта на МИРАЖ .
Ако го користат Криволак бар ќе видиме некој француски борбен воздухоплов
А за повеќенаменскиот немам зборови да кажам колку не ни е потребен . Wink

Аха , значи од прилика се совпаѓа моето мислење со твоето , а јас колку што сум запознаен ние како држава се имаме изјаснето дека нема да користиме воени авиони туку само можеме да користиме хеликоптери , таков договор со НАТО нели има уште од 2004 или кога е склучен , уствари никој нас не не праша за тоа туку НАТО се изјаснува дека ние како држава немаме потреба за нашата територија да користиме авиони демек не ни се потребни за чување на нашето небо , туку ако е тоа потребно тогаш тие ќе го сторат тоа , со што по мое јас мислам дека сепак можно е како што кажа и самиот француски авиони да ни го чуваат нашето небо , а за да ние купиме , одржуваме авиони а и фактот дека немаме пилоти за тој вид многу тешко таа варијанта да се случи барем за сега , за во иднина неможам да кажам конкретно .. Убаво би било по теркот на Србија да се набават неколку борбени авиони од некоја држава и да се отплаќаат на рати , уствари да бидат како земање кредит , и би се отплатиле во наредните неколку години , ама тоа е mission imposible. А за радарите би било супер да може да се наместат такви и тоа како се потребни , А за овој повеќенаменски за што би ни служел нас еве да речиме ако го купиме ? Мислам кој ќе може да го користи , дали ќе биде во склоп на АРМ или ?
Вратете се на почетокот Go down
РИС




Број на мислења : 2553

АРМ - новости - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 17 Empty3/10/2016, 23:44

Ние на НАТО требаше да му обезбедине досега еден појачан механизиран пешадиски батаљон и уште пар единици во разни области и да купуваме нивно оружје , тогаш ќе немавме никакво ограничување во опремувањето на АРМ .
А тоа што го пишуваш за Србија тоа Руско оружје и авиони ќе ги видиме НИКОГАШ . Баќушка не дава без пари а Србите се со скинати џебови .
Вратете се на почетокот Go down
BoyfromKavadarci




Број на мислења : 624

АРМ - новости - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: ..   АРМ - новости - Page 17 Empty4/10/2016, 20:39

РИС напиша:
Ние на НАТО требаше да му обезбедине досега еден појачан механизиран пешадиски батаљон и уште пар единици во разни области и да купуваме нивно оружје , тогаш ќе немавме никакво ограничување во опремувањето на АРМ .
А тоа што го пишуваш за Србија тоа Руско оружје и авиони ќе ги видиме НИКОГАШ . Баќушка не дава без пари а Србите се со скинати џебови .

Реално гледано во право си за тоа со србите , но јас дадов само еден таков пример само како може ние како држава да направиме ако веќе сакаме да купиме авиони ... А и србија купија неколку транспортни хеликоптери од Русија пред 6-7 месеци така да не е и ништо чудно ова со авионите да се случи во иднина ...
Вратете се на почетокот Go down
РИС




Број на мислења : 2553

АРМ - новости - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 17 Empty4/10/2016, 23:12

Србија купи само ДВА транспортни хеликоптери и тоа со најобична опрема на нив , а за авионите кои сакаат да ги земат на старо МиГ-29 додека се договорат ќе им истечат ресурсите исто како и на МиГ-21 .
А ние во Македонија најако што има каква таква шанса да купиме е или некој борбен турбопропелер или некое млазно авионче од типот на М-345 , иако и ова е тешко остварливо а за некој полнокрвен борбен авион ич не сонувај .
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11099

АРМ - новости - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 17 Empty5/10/2016, 13:12

Во Скопје отворено постојаното седиште на Балканските медицински наменски сили

Во скопската касарна „Илинден“ денеска свечено беше отворено постојаното седиште на Балканските медицински наменски сили, составени од припадници на армиите на шест земји и тоа Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Словенија, со поддршка на Норвешка и САД.

Овој круцијален регионален проект, нагласи министерот за одбрана Зоран Јолевски, пред неговите колеги-министри за одбрана на Босна и Херцеговина, Марина Пендеш, на Словенија, Андреја Катиќ и на Србија, Зоран Џорџевиќ, кои присуствуваа на отворањето, има за цел да изгради регионални медицински капацитети кои ќе бидат способни да дадат брз одговор на широк спектар на кризни ситуации, како што се природните непогоди.

– Проектот е во духот на концептот „паметна одбрана“ на НАТО, а ќе ги подобри националните медицински капацитети за работа во регионална мултинационална средина, изјави Јолевски, додавајќи оти ќе се создаде мала, мобилна, брза организација која секаде и секогаш ќе биде таму, каде што им е потребна на граѓаните.

Министерот за одбрана на Србија, Зоран Џорџевиќ, како земја која прва ја превзеде командата вкупно 86 припадници на Балканските медицински наменски сили, која ќе ротира секои две години, нагласи дека сите држави во регионот се соочуваат со исти или слични предизвици кои повикуваат на заеднички одговор за нивно решавање и ја нагласуваат потребата за заеднички настап со цел одржување на меѓународната безбедност.

– Единицата ќе биде способна да обезбеди медицинска поддршка во кризни ситуации и брзо да ртегира со цел да се отстранат последиците од катастрофи во регионот, рече меѓу другото Џорџевиќ.

За министерката Марина Пендеш организацијата на Балканските наменски медицински сили на шест министерства за одбрана е на некој начин основа за тоа како треба да се работи во иднина.

– Сметам дека со овие медицински сили ќе покажеме како без оглед на одредени разлики во нашите концепти, можеме заеднички да делуваме, истакна Пендеш. Таа додаде дека природните катастрофи кои се случија покажаа дека постојат одредени проблеми во комуникацијата поради не постоењето одредени спогодви и тешко е, подвлече, адекватно и на време да се одговори, а во случај на природни катастрофи и несреќи времето е многу важен фактор.

Овој проект е воен, истакна министерката за одбрана на Словенија, Катиќ, но добро е што е наменет за цивилите и за сите оние кои им е потребна помош при евентуални природни катастрофи и несреќи.

Според амбасадорот на Норвешка Арне Санес Бјорнстад, формирањето на Балканските медицински наменски сили е пресвртница и битен настан за иднината. Овие сили, оцени, ќе ги зголемат капацитетите во регионот, но и националните капацитети за заеднички операции во рамки на ЕУ и на ОН и надвор од регионот.

Полковник Кевин Хил, претставник од Пентагон, САД упатувајќи честитки до 6-те земји членки на Балканските медицински наменски сили, истакна дека оваа единица не е обична воена единица, туку е уникатна мултинационална единица според НАТО стандардите и е конкретен пример за регионална соработка.
http://lider.mk/2016/10/05/%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%BE-%D0%BF%D0%BEvo-skopje-otvoreno-postojanoto-sediste-na-balkanskite-medicinski-namenski-sili%D1%81/

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 17 Empty5/10/2016, 13:49

Отворање на постојаната организација на Балканските медицински наменски сили
http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleGalleryTest/133373449/1?month=10&year=2016&day=5&desc=0

АРМ - новости - Page 17 CqDmYOT

АРМ - новости - Page 17 8QdxN5r

АРМ - новости - Page 17 K7ImW0V

АРМ - новости - Page 17 H0QoyMJ

АРМ - новости - Page 17 InY0mcR

АРМ - новости - Page 17 J6ThXaT

АРМ - новости - Page 17 C6oXc2C

АРМ - новости - Page 17 WXyGKbP
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 17 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 17 of 73Отиди на страна : Previous  1 ... 10 ... 16, 17, 18 ... 45 ... 73  Next
 Similar topics
-
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: