По пауза од неколку години...
Отворање на техничко гаѓање на цели во воздушен простор „Предизвик 2017“http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2017/10/predizvik_otvoranje.htmlВо Центарот за поддршка на обуката (ЦПО) „Пепелиште“ се одржа свечено отворање на активноста за реализација на техничко гаѓање на цели во воздушен простор (ВоП) „Предизвик 2017“, со што продолжува билатералната соработка со вооружените сили (ВС) на Република Словенија.
На чинот на свеченото отворање присуствуваше заменик командантот на воздухопловната бригада, полковник Заим Шкријељ. На отворањето обраќајќи се пред учесниците на вежбата тој го истакна значењето на оваа билатерална соработка за баталјонот за противвоздушна обрана (бПВО). Исто така го искажа задоволството од продолжување на билатералната соработка со ВС на Република Словенија.
На присутните се обрати и командантот на бПВО, потполковник Трајче Денчевски, кој во својот говор го истакна задоволството од обновувањето на соработката со ВС на Република Словенија во делот на противвоздушната одбрана и продолжување на серијалот на вежби „Предизвик“. Воедно истакна дека ова е седма по ред вежба, во чии рамки ќе се реализираат технички гаѓања со лесен преносен систем Игла-С.
Свое обраќање пред присутните имаше и командантот на контингентот на ВС на Република Словенија, полковник Винценц Арко, кој ги повтори очекувањата и задоволството за продолжување на соработката со претставниците од Армијата на Република Македонија.
Во текот на утрешниот ден ќе се реализираат тренажни гаѓања на цели во ВоП со изведувачите на гаѓањето, додека задутре (среда) ќе се реализира боевото гаѓање со лесен преносен ракетен систем „Игла - С“.