Иницијална планирачка конференција за вежбата „Македонски Блесок 11“Во период од 16-20 март 2015 година, во Центарот за обука (ЦО) Пепелиште се реализира Иницијалната планирачка конференција (ИПК) за вежбата „Македонски блесок 11”.
Планирањето на вежбата се реализира врз основа на Планот за оценување на декларираните единици по Концептот за оперативни способности и Директивата за планирање на вежби Bi-SCD 75-3.
За време на отварањето на иницијалната планирачка конференција беа искажани примарните и секундарните цели на ИПК и се изработија потребните документи за развој на третиот модул од сценариото : Резолуции на Советот за безбедност на Обединетите Нации и Договор за прекин на огнот; Стратегиска проценка на регионот, Директива за активирање на Северно Атлантскиот Совет и Директивата/Насока за планирање од Стратегискиот Командант на НАТО во Европа, SACEUR (Supreme Allied Commander Europe).
Во продолжение на конференцијата се реализираа следните активности:
Иницијална идентификација на персонал за Контрола на вежбата;
Првична идентификација на Листите на главни настани;
Идентификација на потребните побарувања кон командите и единиците од АРМ кои ја поддржуваат вежбата;
Идентификација на задачите и одредување на рокови за примарните и секундарните единици за обука и
Капацитети за разместување на единиците на АП Криволак.
За време на ИПК на ден 19.март се реализира извидување на теренот од страна на НЈ-7/ГШ на АРМ, раководството на вежбата, командирите на оценуваните единици и директорите на оценувачките тимови со цел согледување на потребите и можностите за инжинериско уредување на реонот на разместување на единиците и креирање на услови за што поуспешна реализација на вежбата „Македонски Блесок 11“.
http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/03/iniciracka_konferencija_mb11.html