Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 26 ... 48, 49, 50 ... 74 ... 100  Next
АвторПорака
beowulf

beowulf


Број на мислења : 765

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 EmptyНед 03 Мар 2013, 22:24

Е ај не се нервирај после....абе да му го ебам племето гнасно шиптарско. Glava v zid
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 EmptyНед 03 Мар 2013, 22:27

Го гледав вчера на вести пичка му матер...ама се вратиле денес во собрание...све да му ебам...томаховките кај ни биле... Glava v zid Glava v zid


Последната промена е направена од Momak od Gjorce на Нед 03 Мар 2013, 22:31. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 EmptyНед 03 Мар 2013, 22:30

Генерал напиша:
Хакиран сајтот на ВМРО-ДПМНЕ

Анонимни го хакираа сајтот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 WmWmVkC

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 EmptyПон 04 Мар 2013, 08:51

Alvar напиша:
Ексклузивно: Косовската полиција ги уапси извршителите на убиствата кај Смилковското езеро

Сител дознава денес околу 19:00 часот косовска полиција ги уапсила Африм Исмаиловиќ и Демири Алил.
Лицата обвинети дека се непосредни извршители на убиствата кај Смилковско езеро.
По двете лица кои се осомничени дека ги убиле четирите момчиња и 45-годишниот жител на Црешево, трагаше и Интерпол.

Тие по грозоморното убиство, беа во бегство.

Судскиот процес за петкратното убиство почна на 20 декември 2012 година, а на обвинителната клупа седнаа Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири.
На 12 април минатата година кај Смилковско Езеро беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и Борче Стефковски.
http://sitel.com.mk/ekskluzivno-kosovskata-policija-gi-uapsi-izvrshitelite-na-ubistvata-kaj-smilkovskoto-ezero


Јанкулоска во контакт со косовските власти - осомничените од Монструм итно да се екстрадираат во Македонија

Според информации тие биле уапсени вечерва. Се уште нема информации дали полицијата ги привела по меѓународната потерница или пак сториле некое друго дело на Косово.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска веднаш стапила во контакт со косовските власти, дознаваме од полициски извори. Според нашите информации, Јанкулоска побарла Косово по итна постапка да ги екстрадира осомничените за петкратното убиство кај Смилковското Езеро.

Според информации тие биле уапсени вечерва. Се уште нема информации дали полицијата ги привела по меѓународната потерница или пак сториле некое друго дело на Косово. Се уште официцијално не се идентификувани, иако пред косовските власти се претставиле со тој идентите а според нашите извори тие одговараат и на физичкиот опис.
http://sitel.com.mk/jankuloska-vo-kontakt-so-kosovskite-vlasti-osomnichenite-od-monstrum-itno-da-se-ekstradiraat-vo


Da sum ne daj boze na mestoto na roditelite na ubienite jas ke baram krvava osveta.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 EmptyПон 04 Мар 2013, 10:42

Отворено писмо од генерал Стојанче Ангелов до премиерот Никола Груевски
Обраќање на поранешниот генерал-мајор на специјалните единици на македонската полиција и актуелен лидер „Достоинство“ до премиерот Никола Груевски.

Премиеру Никола.

Како прво, јас не сум “наречен Стојанче“ туку Стојанче е моето крстено име од раѓање до ден денес. Инаку, повеќето македонски граѓани ме знаат како “Генерал Стојанче Ангелов“ и ми се обраќаат со “Генерал“ или “Генерале“ па би било убаво кога во иднина, и Вие, би ми се обраќале со “Генерале“ или кога ќе зборувате за мене, да ме нарекувате “Генералот“ или “Генералот Стојанче“, кога веќе толку Ви е мерак заедно со вашиот д-р Латас, да ми се обраќате со моето родено име Стојанче, мислејки дека на тој начин ќе ме минимизирате, односно ќе ме направите помал. Изгледа моето име Ви остана единствениот аргумент кога сакате да го намалите мојот авторитет. Колку за илустрација, пред неколку дена, додека го фрлав ѓубрето, еден од неколкуте Роми кои се мотаа околу контејнерот, почна да вика по мене: Генерале, Генерале, каде да се потпишеме за референдумот? Но тоа се сепак само гладни и полуписмени Роми. Најверојатно не знаеја дека се викам Стојанче. Затоа и ми се обратија со “Генерале“. Вие сте друго. Вие сте Премиер. Вие знаете дека јас сум Стојанче. И уживате во тоа.

Премиеру Никола.

Во мојот живот сум работел многу дискретни работи кои останале тајна дури и за моите најблиски соработници. Посебно во периодот додека работев во специјалната полициска единица Тигар. Понекогаш, дури ниту ние, кои учествувавме во самите борбени акции, не знаевме каде се и што прават останатите наши тимови. Сме извршувале специјални полициски и воени операции во маскирни униформи на специјалната полиција, во плави униформи на регуларната полиција, сме работеле и во цивилна облека но сме работеле и во маскирни униформи на УЧК. Имам работено работи кои Вие и вашето опкружување можеби сте ги гледале, но само на филм.

По завршената работа молчевме. Молчевме и молчиме до денес. Ќе молчиме се додека сме живи со мала можност, некои од нас, а можеби и јас, на стари години, да напишеме некој мемоар. Се разбира доколку доживееме старост, нешто во што јас најискрено се сомневам.

Премиеру Никола.

Во мојот живот јас научив да чувам тајни. Без притоа тоа да ми смета или оптоварува. Ги чував тајните дури и кога можеби не требаше. Но кога денес го слушнав вашиот детски говор во Универзалната сала, детски говор во кој меѓу другото рековте дека на Бранко му помага “платеник за ситни пари наречен Стојанче“ едноставно не можев да оддолеам на желбата да споделам една партиска тајна на “Достоинство“ со македонската јавност. Бидејки вие сте тој кој прв го прекрши непишаниот договор за дискреција кој ние премолчано го постигнавме со вашиот човек. Партиска тајна за која веднаш го известивме раководството на нашите коалициони партнери. Партиска тајна поради која нашите коалициони партнери имаат неограничена доверба во нас.

Премиеру Никола.

Кажете и на македонската јавност колкава беше вашата последна понуда од пред неколку дена, понуда која ми ја дадовте на 28.02.2013 година, денот пред да ја одржите средбата со еврокомесарот Штефан Филе во Македонија, понуда која ми ја дадовте преку еден од вашите најблиски соработници, министер од претходните состави на вашата Влада, кој сепак потекнува од старото ВМРО-ДПМНЕ и кон кого сеуште имам доволно почит за да не го спомнам неговото име. Бидејки, тој и не е виновен. Тој само требаше да биде убедлив посредник, посредник кој повеќе од сигурно се јави по ваша наредба или барем со ваше знаење и дозвола. Кажете ја јавно вашата последна понуда до мене, бидејки во спротивно можеби јас ќе ја кажам. Во мојот мобилен телефон сеуште чувам неколку СМС пораки кои се повеќе од доволен доказ за да се види нечесниот, валкан и гнасен начин на кој вие и вашите најблиски луѓе работите.

Премиеру Никола.

Кажете и за вашата понуда од мај и јуни 2012 година. Кажете за да не кажам јас. Ве разбирам дека сте бесни и фрустрирани бидејки не сте навикнати некој да ве одбие. Но запомнете. Во Македонија има и чесни луѓе, чесни луѓе кои не можете да ги исплашите, чесни луѓе кои не можете да ги купите, чесни луѓе кои не се продаваат како стока, чесни луѓе кои имаат достоинство. За жал, вие не сте навикнати да соработувате со такви луѓе бидејки такви луѓе околу вас најверојатно има многу малку.

Лидер на македонските бранители
Претседател на “Достоинство“
Генерал СТОЈАНЧЕ Ангелов

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 EmptyПон 04 Мар 2013, 12:50

Колку е лицемерна политиката, односно политичарите. Кога 2006 им требаа бранителите, Стојанче за крстен кум ќе го ставеа ако им речеше, а сега демек „некојси Стојанче„ ех туго туго...

Од колега на Стојанче од Тигрите слушнав, дури Стојанче им требаше ради бранителите во секое време имал број на Гоца да и се јави за што му треба, во секое време. Му нуделе разни позиции само да се стрпи, пошто одбил еве го кај е сега.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 EmptyПон 04 Мар 2013, 13:50

Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 EmptyПон 04 Мар 2013, 13:55

За тајмингот со апсењето на 2цата учесници во убиството кај Смилковско езеро, секоја чест на продуцентот!

Демек, да се изедначиме а? ај овие палие автобуси, кршеа, тепаа полицајци, ама сега еве смирете се ги фативме овие... или пак второ сценарио е кое несакам да го помислам, албанците пак да излезат на протести поради апсењето на овие двајца. Ама нека одат на Косово тогаш да протестираат, таму ги фатија.

Кај ке му оди душата на нашиве..
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 EmptyПон 04 Мар 2013, 14:41

САД и Албанците: залетувања и опомени

Скоро секогаш кога некој има максимална поддршка, кога добива незамисливи подароци (Косово – држава), ја губи ориентацијата и неизбежно се залетува.

Така, и Албанците ги злоупотребија покровителството и заштитата кои ги имаат од САД. Амбициите во Тирана, и не само таму, пораснаа бидејќи достигнувањата, во решавањето на „албанското национално прашање“, во последниве 15-тина години, беа над сите големоалбански соништа, кои тие и те како ги имаат.

Губењето самоконтрола особено дојде до израз во подготовките за прослава на 100 годишнината на албанската држава. Предизвикот беше преголем. Меѓу повеќето екстремности, демонстрирани во тие рамки, Бериша порача и дека албанските територии се од Превеза (Грција) до Прешево (Србија) и од Скопје до Подгорица. Навлезе во четири суверени земји. Реагираше висок претставник на Стејт департментот кој, за МИА, изјавил – „САД не го поддржуваат прецртувањето на националните граници на Балканот. Непродуктивен и дестабилизирачки е секој обид да се стори тоа“ (1 декември 2012).

Со идентична изјава излезе и американскиот амбасадор во Тирана. Тоа беше првата сериозна опомена од Вашингтон која, меѓутоа, остана без резултат.

Националистички провокации од Тирана продолжија и се ширеа. Кулминираа околу преместувањето на споменикот во Прешево. Бериша рекол – „тоа покажа дека Србија е расистичка држава“; дека „етничките Албанци на Балканот мораат еден ден да се обединат во една држава“; дека „тој акт покажал уште еднаш дека има само еден начин – обединување на албанскиот народ, за Албанците да ја уживаат слободата која со крв ја стекнале“.

Во меѓувреме, по дипломатски канали, САД сигурно повеќе пати јасно им ставале до знаење на надлежните во Тирана, ама и на Албанците пошироко, дека (пре)нагласените големоалбански, националистички истапи, барем во моментов се - контрапродуктивни. Во Тирана, очигледно, тоа не го есапеле (мора да се констатира дека Албанците во земјава, барем јавно, не ја злоупотребуваат кризата низ која врвиме. Не треба да има никакви дилеми дека е тоа резултат на спомнатите пораки).

Во Вашингтон, пукна филмот. Стејт департментот испрати Меморандум до албанското МНР. Текстот не е објавен ама главните поенти, намерно во секој случај, протекоа до медиумите. Без тоа, потегот ќе беше залуден. Било оценето дека - нагласената националистичка реторика на Тирана води кон конфронтации; е оддалечување од регионалните приоритети; се отвора простор за насилно однесување; ги еродира мирот и стабилноста на регионот; може да ги загрози односите со САД. Во Мемото најексплицитно се порачувало – не се мешајте во внатрешните работи на Србија! Се тврди дека во него се нотирало и дека споменикот во Прешево бил илегално изграден за да се провоцира српската власт.

Користењето на формата Меморандум зборува дека се работи за исклучително сериозен политички демарш. Потврда за тоа е и посетата на Рикер, кој во Тирана пристигна веднаш потоа и остана неколку дена. Во интервју за ТВ Топ канал, тој нагласи дека САД се цврсто против промени на границите (не кажа само од кога?!?). Оцени дека „повиците за обединување на сите Албанци или за обединување на групи, базирано на етничка или национална припадност, се контрапродуктивни и неодговорни“. Меѓутоа, на забелешка од новинарот, дека во Преамбулата на албанскиот Устав пишувало дека аспирација на Албанците било национално обединување, што значи дека Бериша настапува уставно, Рикер немаше соодветен коментар. „Како што јасно реков – границите во Европа се поставени“, заклучи тој.

Пред Тирана, Рикер бил во Брисел и се сретнал и со Тачи, и со Дачиќ, кои таму преговараа. Овие средби покажуваат дека Вашингтон е концентриран на средување на односите меѓу Косово и Србија, што е последна, клучна етапа од нивниот проект „Косово-држава“. Непотребните залетувања на Тирана се штетни кога, поради своите европски амбиции, Србија е спремна на концесии. Класичната политика на стап и морков доаѓа до израз – Србија ќе попушта околу Косово, а ќе напредува кон Европа. За да се постигне тоа, во моментов, САД се на страната на - Србија.

Фактот што на албанската залетаност реагираше Вашингтон, а не Брисел, заслужува посебно внимание. Во основата, екстремните национализми се предизвици со кои се справуваат НАТО и ЕУ, а не САД. Ова е само уште една потврда дека сите конци во регионот ги држат САД, особено кога се Албанците во прашање. Не дозволуваат никој да им се меша, а начинот на кој е реагирано покажува дека е доведена во прашање американската регионална политика. ЕУ, пак, потврди дека нема релевантни надворешно-политички и безбедносни капацитети.

Сите овие случувања, сепак, воопшто не значат дека има какви било суштински промени во американската политика во регионот. Тврдењата дека „Вашингтон ги буди Албанците од сонот за голема Албанија“ (ударен текст во Нова Македонија од 19 февруари 2013), се преуранети и нереални. Мемото е само опомена за залетаните дека тие се само извршители на туѓа политика и дека не смеат да се истрчуваат. Преговорите кои се водат меѓу Белград и Приштина, се сега приоритет и не смеат да се доведат во прашање. Целта на САД е да се осигури иднината на Косово, кое е нивни капитал, а Албанците остануваат главен партнер на Балканот. Токму преку нив, за првпат во историјата, САД станаа доминантен фактор во регионот и немаат намера да се повлечат.

Случајот личи на едно историско искуство. Сите се бунат, пцујат... пресветли кнеже, му носеле јатаците загрижувачки вести од теренот на српскиот водач, Милош Обреновиќ. Релаксиран, вождот наредувал нови давачки. Така било се додека, еден ден, јатаците, задоволно, не му пренеле дека на теренот се е мирно и тивко, никој не кревал врева. Загрижен, Милош наредил веднаш да се попушта, да се намалат даноците... Нешто се спремало...

Идентично на тоа, и Тирана ја преминала црвената линија и затоа е реакцијата на Вашингтон. Меѓутоа, не треба да се залажуваме. Проблем е реториката. Таа мора да се промени. Агендата останува апсолутно иста. Проектот „Голема Албанија“ не само што не е напуштен туку, со косовската независност, тој е веќе околу 70 проценти и реализиран. Останува само уште делот од Македонија. Трите општини во Јужна Србија и четирите во Црна Гора, со доминантно албанско население од по неколку десетици илјади, се многу помалку важни за албанската кауза. Грција сè уште не е на дневен ред. Залагања на САД за непроменливост на границите, од друга страна, се чист блеф. Македонија тие ја рушат од внатре. А, со промена на името на државата, ќе се разнебитат и Македонците.

САД немаат објективен интерес да дозволат скоро спојување на Албанија и Косово. Многу полесно им е вака да ги контролираат. А сигурно се свесни и дека обединувањето лесно може да води во граѓанска војна. Албанците се единствени за националната кауза ама, како политички противници, се гледаат само преку нишан. И во Албанија, и на Косово, и во Македонија...

Во секој случај, исклучително е добро што, одеднаш, Вашингтон „се сети“ дека - Тирана зборува за „албански територии“ надвор од државата; се меша во работите на соседните земји каде има Албанци; отворено се залага за се-албанско обединување, конфронтирајќи се со четири држави... иако сето тоа е дамнешна практика. Досега се затвораа очите како ништо да не се случува.

За жал, новите тонови не водат кон промена на политиките кои ја загрозуваат Македонија. Во прашање е само инцидент.

Ристо Никовски
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 EmptyПон 04 Мар 2013, 16:13

Frogfoot напиша:
Кај ке му оди душата на нашиве..

Во Чешка и Австрија. Wink

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 49 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 26 ... 48, 49, 50 ... 74 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: