Предмет: Re: БСС - Баталјон на Специјални Сили 17/8/2021, 23:29
Дечки, едно прашање. Чисто информативно.
Како функционира пријавување за на селективна обука во БСС? Сигурно има овде ама ме мрзи да пребарувам низ 70+ страни на тредов.
Поконкретно: - Дали треба да поминеш 3 месеци волонтер во АРМ? - Каде се објавуваат конкурсите и отприлика колку често? - Колку време трае селективниот?
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: БСС - Баталјон на Специјални Сили 17/8/2021, 23:49
Има два вида на конкурси,првиот интерен за веќе вработени во АРМ и вториот надворешен за "цивили",првите не се објавуваат јавно,вторите се објавуваат јавно од страна на МО,двата се објавуваат во зависност од потребите
Прелиминирантите проверки пред селективниот курс се исти како и кај другите родови во АРМ со една мала разлика,документација,лекарски преглед,физички проверки трчање (3км) склекови(50+),стомачни(50+) и + пливање на 50м
Селективниот курс е од траење од 24 дена,на полигонот Пепелиште
tinski likes this post
tinski
Број на мислења : 20
Предмет: Re: БСС - Баталјон на Специјални Сили 18/8/2021, 00:00
Momak od Gjorce напиша:
Има два вида на конкурси,првиот интерен за веќе вработени во АРМ и вториот надворешен за "цивили",првите не се објавуваат јавно,вторите се објавуваат јавно од страна на МО,двата се објавуваат во зависност од потребите
Прелиминирантите проверки пред селективниот курс се исти како и кај другите родови во АРМ со една мала разлика,документација,лекарски преглед,физички проверки трчање (3км) склекови(50+),стомачни(50+) и + пливање на 50м
Селективниот курс е од траење од 24 дена,на полигонот Пепелиште
А, така. Ок -- фала ти!
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: БСС - Баталјон на Специјални Сили 14/9/2021, 16:36
Предмет: Re: БСС - Баталјон на Специјални Сили 19/12/2021, 13:26
ESN напиша:
Alvar напиша:
Полека, полека заличуваат на SOF. Но најверојатно пристоен дел од опремата сепак е набавена во сопствена режија.
Другар како прво Волците не се SOF туку SF. Второ далеко од тоа дека почнуваат да личат на специјална сила,затоа што единствено ново нешто што е на нив а е од армијата дадено се кафените носачи на плочи и високо сечените шлемови.Е сега тука е иронијата и патетиката затоа што се само 50-тина на број,што значи дека само 50 дечки ќе ги експонираат цело време,а другите?
Другар, со тебе од прв ден се фативме за изразиве. Да разјасниме, "Волците", моментално баталјон за Специјални Сили, поранешен баталјон за Специјални Намени, како прво е грешка, претходното име беше посоодветно. Во Македонија нема специјални сили. Има специјални единици. Специјални сили се посебен вид на единица со посебна мисија, кои на прв поглед изгледаат многу слично на обична специјална единица(според изгледот и тактиките). Специјалните единици како што ги знаеме ние на англиски се викаат Special Operations Forces или SOF. Во нив спаѓа и бСС. Special Forces е термин резервиран за единици кои имаат посебна мисија да соработуваат со домакинското население инкогнито(со торби пари, пропаганда и директна поддршка) со цел да ја бутнат моменталната власт или да остварат некоја друга цел, меѓутоа без да ризикуваат нивни животи, без воопшто да се знае дека таа единица и таа држава се во игра. Тие играат стратегија, а не тактика. Задача на специјална едница може да трае пола ден-ден, задача на специјални сили може да трае 5-10 години. Ако не ти е јасно отвори за US Special Forces на интернет, Јутуб и ке ти се разјасни. ќе ти излегува една иста единица на која тоа и е официјалното име, а светот ја знае како Зелени Беретки. мислам дека не е едина во светот, ама е многу карактеристична во работата и ретко некоја единица да може да се спореди со неа директно.
______________________ To us and those like us, damn few.
Macedonian Knight
Број на мислења : 325
Предмет: Re: БСС - Баталјон на Специјални Сили 20/12/2021, 03:40
Прашање, зашто сега почнаа Волциве апла да соработуваат и заеднички вежби да имаат со Грциве?
MISFIT
Број на мислења : 281
Предмет: Re: БСС - Баталјон на Специјални Сили 20/12/2021, 15:01
Macedonian Knight напиша:
Прашање, зашто сега почнаа Волциве апла да соработуваат и заеднички вежби да имаат со Грциве?
НАТО. Веќе сме на иста страна.
______________________ To us and those like us, damn few.