Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 МВР - новости

Go down 
+32
Goust
Birac
1
viko55
Predator1990
Macedonian09
BoyfromKavadarci
РИС
leopard
Braveheart993
darkness
totomkd
Цане
ace89
Mrshajnoski
debarska
Legija91
Rashid
Генерал
икс
assasian
SIG
Smrtnikot
Зоран
Alvar
dzole
Спенсер
Momak od Gjorce
ESN
JKD
Panter
mstislav
36 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 5 ... 7, 8, 9 ... 25 ... 43  Next
АвторПорака
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

МВР - новости - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 8 Empty20/6/2015, 14:36

Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

МВР - новости - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 8 Empty20/6/2015, 16:37

Интересно некој има многу пар во швицарска

МВР - новости - Page 8 1545576_460466997462533_7696293229430585255_n

______________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




МВР - новости - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 8 Empty20/6/2015, 18:39

Дај кога поставувате слики од луѓе објаснете кои се и што е документов со сликава.

Зоки имам приметено многу пати пишуваш нешто и никој не те разбира што значи, дај некое појаснување во иднина кога пишуваш постови.

Кој е овој, од каде е, што е со документов, што е поентата на постов?
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

МВР - новости - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 8 Empty20/6/2015, 20:21

HolyTemple напиша:
Дај кога поставувате слики од луѓе објаснете кои се и што е документов со сликава.

Зоки имам приметено многу пати пишуваш нешто и никој не те разбира што значи, дај некое појаснување во иднина кога пишуваш постови.

Кој е овој, од каде е, што е со документов, што е поентата на постов?  
Извини не се пострал целиот пост
не го сејфнал текстот.
Жените на Погинатите од куманов примаат пенија од фондот татковината вика.
Ова еподржување тероризам и подршка на фондови од западна банак во случајов Рајфазен.

______________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




МВР - новости - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 8 Empty29/6/2015, 22:18

Контрола на агенцијата за разузнавање без опозицијата
29 June, 2015 - 18:45




Без комисиски претседател и без членовите Албанци, со една опозиционерка-во некомплетен состав под привремено водство на Антонио Милошоски, собраниската комисија за надзор на тајните служби ги помина портите на Агенцијата за разузнавање и ја посети оваа тајна служба.
Се запознале со надлежностите на тајната служба само две недели откако со таканаречениот извештај на Прибе, Брисел испрати порака дека нема речиси никаква контрола и надозр врз македонските тајни служби.
Милошоски вели дека за прислушувањето не се зборувало затоа што не е во надлежноста на разузнавачите додека со првите луѓе на агенцијата се разговарало и за кумановските настани.

Во агенцијата каде денеска биле пратениците работи и агентот со иницијали Ш.М. за кого се објавени телефонски разговори во косовските медиуми како разговара и се среќава со водачите на кумановската терористичка група.
Агенцијата за разузнавање се закани дека ќе гони македонски медиуми кои ги пренесуваат пишувањата од Косово каде беше откриен идентитетот на разузнавачот. Милошоски не коментираше многу на овие теми поврзани со Куманово, но ја држи линијата дека треба внимателно да се известува за разузнавачки работи па дури и во странство му го откријат шпионското занимање.
Од СДСМ остана на петочниот став дека оваа посета не нуди ефикасен надзор и контрола на службите затоа што нема претставници на опозицијата која го бојкотира Собранието поради сомнежи за изборни манипулаци на ланските вонредни избори.
Групата која била во Агенцијата била еднопартиска со исклучок на Роза Топузовска Каровска. Ниту пратениците од ДУИ не биле на кафе-муабет со разузнавачите. И 14 месеци по изборите на Зулфи Адили и на Рафис Алити не им се издадени безбедносни сертификати.
И двајцата биле дел од структурите на ОНА во 2001-ва, а 14 години подоцна сметаат дека е недозволиво ваков феномен да им се случува постојано на пратеници на ДУИ кои се дел од безбедносните комисии. Ќе дебатираме и ќе бараме промена на законот, рече Алити.
Во агенцијата, на пратениците им рекле дека најголеми безбедносни предизвици се можноста од инфилтрирање на исламисти преку мигрантскиот бран, како и растот на верскиот радикализам.
Во извештајот на Прибе најголеми забелешки беа нотирани за огромниот неконтролиран прислушувачки систем кој е во УБК, а Милошоски рече дека наредна собраниска визита ќе биде во тајната полиција на МВР најверојатно во втората половина на јули.
Доколку забетонираниот цврст став на СДСМ за парламентарен бојкот не распукне и тогаш за посета на УБК парламентарната комисија повторно ќе ја води пратеник од власта наместо законски предвидениот претседател од опозицијата.
Миомир Серафиновиќ

http://www.telma.com.mk/vesti/kontrola-na-agencijata-za-razuznavanje-bez-opozicijata
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




МВР - новости - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 8 Empty29/6/2015, 22:26

Тајна полиција на МВР?
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

МВР - новости - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 8 Empty29/6/2015, 23:12

Море дај Боже на никој да не му дадат легитимација од такви говеда...ааама за жал,ги има премногу екс борци на ОНА,сегашни безбедњаци/специјалци/разузнувачи...ама јбг,тоа е рамковниот договор.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11123

МВР - новости - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 8 Empty5/7/2015, 14:02

05.07.2015 СВКПС
Дисциплински мерки за 13 вработени во МВР

Во текот на минатата недела, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 13 решенија против 13 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки  2, 3 и 5 и член 207 став 1 точка 1, 4, 8 и 15 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на осум вработени изречена им е мерка  – „парична казна”,на еден вработен мерка - “запирање на постапката“, на еден вработен мерка - „писмено предупредување“ и на тројца вработени изречена им е мерка „отказ“ а станува збор за:

Полицаец во Единица за ЈРМ и интервенции, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (физички нападнал лице);

Полицаец за ПСОН-Aeродром, СВР-Скопје, изречена му е мерка „отказ“ (бил под дејство на наркотични средства за време на извршување на работните задачи);

Полицаец- водич на службено куче во ПСОН-Велес, СВР-Велес, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (бил затекнат како седи во приватното возило за време на извршување на работните задачи);

Полицаец за ПСОН-Ѓорче Петров, СВР-Скопје, изречена му е мерка „отказ“ (бил под дејство на наркотични средства за време на извршување на работните задачи);

Самостоен инспектор во Отсек за финансиски криминал и акцизна стока, СВР Скопје, изречена и е мерка „запирање на постапката“ (запирање на постапката поради престанок на работен однос);

Полицаец за патрола и интервенции во Единица за прв одговор и интервенција - АЛФА, СВР Скопје, изречена му е мерка „отказ“ (навремено и писмено не го известил работодавачот за отсуството од работа и неоправдано отсуствувал 3 (три) последователни работни дена;

Полицаец за патрола и интервенција во ПО Ростуше, ПС од ОН Гостивар, СВР Тетово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (во разговор со непосреден старешина се однесувал недолично и неодговорно);

Полицаец во ПС од ОН Центар, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (го нарушил јавниот ред и мир со физички напад);

Полицаец во ПС за ГП и ГН Ново Село, РЦ за ГР Исток, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (на работно место разговарал со мобилен телефон);

Полицаец во ПС од ОН Карпош, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (заспал за време на обезбедување на задржано лице, поради што овозможил на задржаното лице да избега од полициската станица);

Виш инспектор за прифат-сменоводител во ПС од ОН Карпош, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (задржаното лице не го сместил во просторија која била наменета за задржување, а воедно требал да врши и контрола на подреден ПС, а не го сторил тоа);

Дежурен полицаец во ПС од ОН Карпош, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (овозможил на задржаното лице да избега од полициската станица);

Помошник дежурен во ПС од ОН Карпош, СВР Скопје, изречена и е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (овозможил на задржаното лице да избега од полициската станица);

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

МВР - новости - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 8 Empty5/7/2015, 14:15

Ставам 1000 евра дека овие се од младите примени.

Јас лично знам еден што е влезен а низ маало се знае(ше) дека е наркоманче.Ама фатил,не врски,не кабли...не знам,кажете поголемо нешто,тоа го има фатено.

Уште по трагично да биде,другар му од мали нозе што му беше,беше сосема друга слика од него...висок,крупен,силен,вежбаше од дете,тренираше и кик бокс...3 конкурса се пријавува,не влага.Овој се пријави на еден,го примија.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11123

МВР - новости - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 8 Empty5/7/2015, 15:47

JKD напиша:
Ставам 1000 евра дека овие се од младите примени.

Јас лично знам еден што е влезен а низ маало се знае(ше) дека е наркоманче.Ама фатил,не врски,не кабли...не знам,кажете поголемо нешто,тоа го има фатено.

Уште по трагично да биде,другар му од мали нозе што му беше,беше сосема друга слика од него...висок,крупен,силен,вежбаше од дете,тренираше и кик бокс...3 конкурса се пријавува,не влага.Овој се пријави на еден,го примија.

Тоа ти е, кога ќе ги вадам некој жгољави пред ПС Беко, како пропаднале во тоа панцирот... со пушка поголема од нив, и ја се прашувам по кои критериуми се примени во Полиција.


Двајца браќа од Скопје нападнале полицаец на скопскиот аеродром

Полициски службеник бил физички нападнат од двајца скопјани вчера пред објектот на аеродромот „Александар Велики“-Скопје.

Како што денеска соопшти МВР, на 04.07.2015 година околу 05.45 часот пред објектот на аеродром „Александар Велики“ - Скопје,  полициски службеник бил физички нападнат од М.М. (23) и неговиот 15 годишен брат, двајцата од Скопје, при што го удриле со тупаници и клоци во пределот на телото.

Од страна на полициски службеници од ПС за ГП„Аеродром Александар Велики“, М.М. и малолетникот биле приведени во полициска станица и во присуство на нивниот татко А.М.(51), е извршен разговор со истите.

На полицискиот службеник му била укажана лекарска помош од страна на медицински лица во ТАВ.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
http://www.sitel.com.mk/dvajca-brakja-od-skopje-napadnale-policaec-na-skopskiot-aerodrom

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





МВР - новости - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 8 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
МВР - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 8 of 43Отиди на страна : Previous  1 ... 5 ... 7, 8, 9 ... 25 ... 43  Next
 Similar topics
-
» АРМ - новости
» АРМ - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Министерство за Внатрешни Работи - МВР-
Отиди до: