Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 МВР - новости

Go down 
+32
Goust
Birac
1
viko55
Predator1990
Macedonian09
BoyfromKavadarci
РИС
leopard
Braveheart993
darkness
totomkd
Цане
ace89
Mrshajnoski
debarska
Legija91
Rashid
Генерал
икс
assasian
SIG
Smrtnikot
Зоран
Alvar
dzole
Спенсер
Momak od Gjorce
ESN
JKD
Panter
mstislav
36 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 14 ... 24, 25, 26 ... 34 ... 43  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11123

МВР - новости - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 25 Empty16/8/2016, 17:08

Кумановец девет години работел како полицаец и две години како инспектор без завршено средно

Кумановец девет години работел како полицаец во кумановската полиција и две години бил помлад инспектор за општ криминалитет без завршено средно образование, односно со фалсификувана диплома за сообраќаен техничар.

Тој во 2002 година за да се вработи во Министерстото за внатрешни работи без завршено средно образование, изготвил четири свидетелства за завршени четири години во Авто сообраќаен училиштен центар „Боро Петрушевски“ Скопје, како и диплома за положен завршен испит за сообраќаен техничар.

Ваквите документи во четири наврати ги употребил во правниот промет како вистинити и тоа кај нотар од Куманово каде ги заверил истите, во Агенцијата за вработување, во Одделението за заеднички работи во СВР Куманово и при упис во Државниот универзитет во Тетово каде во текот на 2015 година се стекнал со уверение за завршена висока стручна спрема.

При тоа, во периодот од 24.02.2005 до 30.01.2014 година бил вработен како полициски службеник во Куманово, а од 30.01.2014 година со решение е распореден на работно место помлад инспектор за општ криминалитет во СВР Куманово.

Против триесет и девегодишниот кумановец е поднесена кривична пријава за „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.
http://makfax.com.mk/crna-hronika/kumanovec-devet-godini-rabotel-kako-policaec-i-dve-godini-kako-inspektor-bez-zavrseno-sredno

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

МВР - новости - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 25 Empty29/8/2016, 13:13

МВР доби 25 возила „Шкода јети“ донација од Чешка

Донација од 25 возила „Шкода јети“ во вредност од 740.000 евра денеска предаде Чешката амбасада во Македонија за потребите на граничната полиција при МВР.

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков истакна дека оваа донација е исклучително важна за потребите на граничната полиција која моментно се справува со мигрантската криза на јужната граница.

– Имаме набавено 25 возила кои ќе бидат во функција на граничната полиција и тоа ќе биде силно засилување на вкупните капацитети на граничната полиција во МВР и не само тоа, туку генерално и на сите капацитети на Република Македонија во справувањето со бегалската криза бидејќи овие предизвици не завршија со затворањето на западната балканска рута, истакна министерот Чавков.

Според него, Македонија и понатаму е изложена на активности поврзани со превенирање и сузбивање на криминални мрежи коишто се актуелни, а кои затворањето на балканската рута сакаат да го заменат со нивните организирани криминални активности на меѓународно ниво.

Со донацијата, посочи министерот Чавков, МВР ќе покаже уште посилен капацитет во справувањето со разбивањето на криминалните мрежи кои ја злоупотребуваат неволјата на бегалците.

Заменик амбасадорот на Чешката Република Јосеф Брож истакна дека вистинските пријатели се препознаваат во тешките моменти, а така се препознаваат и државите која од нив е вистински пријател. Република Чешка ви е вистински пријател.

– Се надевам дека Македонија чувствува која е вистинската држава пријател, дека тоа е Република Чешка, а тоа го покажавме и со посетата на нашиот претседател, но и во рамките на долготрајната помош на Република Македонија во нејзините амбиции за членство во ЕУ и НАТО, истакна Брош.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-dobi-25-vozila-shkoda-jeti-donatsija-od-cheshka/

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11123

МВР - новости - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 25 Empty29/8/2016, 14:27

МВР - новости - Page 25 UpsDSuJ
МВР - новости - Page 25 OZ5YSoW
МВР - новости - Page 25 Xy5dCfj
МВР - новости - Page 25 SN7qTdV
МВР - новости - Page 25 GfC75oO
МВР - новости - Page 25 RhbEadn
МВР - новости - Page 25 XMxUGkS

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

МВР - новости - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 25 Empty29/8/2016, 14:45

Sledniot pat i Zbroevka da ni frlat !
Falai na jetite tamn novo lichno a I TATRI dobro bi ni doshle !

______________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
leopard




Број на мислења : 583

МВР - новости - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 25 Empty29/8/2016, 15:10

Зоки,ти како почна со желбиве...кај и да е ќе побараш нешто и од момакот од Czech Streets да ти нафрли.Ленд Роверите исто беа донација кога се формираше граничната полиција,2006 год,машки издржаа експлоатација,природно им дојде крајот,Јетиво тешко дека ќе издржи 10 год служба во вистински експлоатациски услови-теренски.Како и да е,добро и квалитетно парче техника е добиено,обезбеден сервис,унификација,еднообразност.
Вратете се на почетокот Go down
РИС




Број на мислења : 2576

МВР - новости - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 25 Empty29/8/2016, 16:05

Да ви кажам поштено малку сум разочаран , не се ова возила за гранична полиција можеа да дадат од овие
http://vtm.e15.cz/transporter-vega-odola-minam-a-preveze-10-osob
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11123

МВР - новости - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 25 Empty29/8/2016, 16:13

Скупо е ова друже, па ни они немаат 25 комада од ова.

Ако бараме нешто по наши спецификации, или сами ќе си купиме (не дека нема пари, само се трошат на глупости), или ќе чекаме да влеземе во ЕУ па ќе бараме средства од таму.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

МВР - новости - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 25 Empty29/8/2016, 16:33

leopard напиша:
Зоки,ти како почна со желбиве...кај и да е ќе побараш нешто и од момакот од Czech Streets да ти нафрли.Ленд Роверите исто беа донација кога се формираше граничната полиција,2006 год,машки издржаа експлоатација,природно им дојде крајот,Јетиво тешко дека ќе издржи 10 год служба во вистински експлоатациски услови-теренски.Како и да е,добро и квалитетно парче техника е добиено,обезбеден сервис,унификација,еднообразност.

Ако дават нека давват и со тоа уличарките ке се справиме.
Ехх Ландровери фина работа !
Али ТАТАРА - ејјј татара викам можеше да побараме. radost

______________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
РИС




Број на мислења : 2576

МВР - новости - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 25 Empty29/8/2016, 16:37

Знам друже дека се скапи ама Чесите сакаат да си ја бранат својата граница од далеку односно на оваа територија да биде прва линија на одбраната а тие таму да си бидат мирни е затоа на нив не требаше да им биде скапо
Шкода Јети и Гранична полиција и граничните беспаќа
Вратете се на почетокот Go down
leopard




Број на мислења : 583

МВР - новости - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 25 Empty29/8/2016, 17:52

Треба да се има во предвид дека ова е донација,сигурно перспективата на граничната полиција не се салонски шкода јети.25 возила не се ништо за прилично голема организација.Се надевам дека во наредните 5-7 год ГП ќе набави џипови согласно карактерот на работата.Декларативно за овие 5-7 години,ако толку фалат возила,можеа да се искористат екс АРМ пинцови.Истите веќе во најголем дел се расходувани.ЕБР ги искористи максимум од 2001 наваму(почнувајки од Лавовите)Зошто Пинцовите?Имаш ситуација(актуелна во последниве 3-4) год,мигрантска криза.ГП фаќа мигранти некаде усвет по шумама и горама,тие мигранти мора да се спроведат до одредена ПС,групите на мигранти како што може да видиме се движат од 2-3 па до 100-150.Тешко дека помала група ќе се превезе со Јети,и тешко дека истиот ќе се искачи по планинските патчиња.А пинцот има товарен дел и максимално е прооден.Дури и да се фатат мигранти со Јети треба да ги ескортираш до најблизок локален прооден пат,па да повикаш друго возило да ги преземе,се тоа одзема пари,време,и амортизација на два типа возила и ангажман на повеќе службеници.Точно е тоа дека пинцовите се стари и дека повеќе чинат и потешко се наоѓале делови за истите.Меѓутоа неможе повеќе да чинат од погоренаведените расходи.Е да пинцот нема климаSmileмириса константно на бензин.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





МВР - новости - Page 25 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 25 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
МВР - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 25 of 43Отиди на страна : Previous  1 ... 14 ... 24, 25, 26 ... 34 ... 43  Next
 Similar topics
-
» АРМ - новости
» АРМ - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Министерство за Внатрешни Работи - МВР-
Отиди до: