Аха, се разбравме. Така изреагирав бидејки има голема разлика. Ко прво овие турбопроп авиони немаа право да бидат во темава, бидејки немаат клипови. Второ, незнам дека уште користат борбени клипни авиони, а и да има(освен тие останати од Втора светска војна) многу малку се и нема потреба од посебна тема. Инаку, овие турбопроп авиони имаат карактеристики на клипни авиони, со тоа што можат да полетуваат/слетуваат на многу кратки писти, дури и земјени патеки немора да биде писта. А и со многу помала брзина можат да го изведат тоа за разлика од млазните авиони(jet), кои бараат подолги тврди(асфалтирани/бетонски), чисти писти(пак ќе кажам и најмал штраф може да предизвика огромни проблеми). Затоа на носачи на авиони неколку пати дневно целиот екипаж се реди во линија и ја поминуваат цела платформа од почеток до крај, барајки предмети. Но сепак турбопроп се млазни мотори, имаат многу сила и авионите можат да развиат голема брзина, скоро колку млазните авиони. А и воглавно сите имаат механизам кој го менува аголот на перките како кај хелихоптери. Кога лета право-хоризонтално, го зголемува аголот на перките, тие зимаат поголем залак од воздухот и така миоже да лета побрзо, а моторот ќе се врти поспоро, со што се бамалува и потрошувачката.
П.С. сега за матуриве наутро на Видиковец прелета biplane на 50 метри од нас, ваљда прскаше, помина неколку пати на различни места, е тој брмчеше... Клипен мотор. Дур да се појави мислед дека е хелихоптер дека МВР е во близина